Твојот е и малку помал од мојов. Мислам дека нема потреба да брзаш, дај му шанса бар уште некој месец. Искрено јас немаше никаде да го носам зошто невербалната комуникација му е одлична, а физички е многу силен и пргав само што уште не решил да се пушти да оди. Во 10тина дена набрзина совлада и стоење и станување само од земја, ама еве од тогаш стагнираше со чекориве, ако може да се нарече стагнација, зошто он прави обиди, ама едноставно не му дошло да се пушти. А за зборување сега кога му повторуваме зборови се гледа дека прави напор да повтори, ама мислам дека уште му фалат одредени гласови. Кај нас мм е малку попаничар па на негово инсистирање го однесовме, ама само се потврди дека се е во ред и по ортопедот и по матичната едноставно се му се собра наеднаш, почна градинка, почна и почесто разболување, обиди за одење. Кој знае каков хаос му е во главчето мжво моментов. Според ортопедот, дете кое лази, стои се исправува, се пентари и до 3 години се толерира за проодување. Ете така, цело време си викаме и ние нема да споредуваме, ама потсвесно си доаѓа тоа. Инаку малиов веќе интензивно сам се исправа од седечка позиција, па ќе си направи браво па ќе си седне . Прееска јас со брат му читав во друга соба, мм вика со перница во раце се обидувал и направил неколку чекори. Знам дека со нетрпение чекаме, ама знам и дека дури тогаш ќе биде мајко мила. Тој сега не се сопира . Ама баш така, да се живи и здрави другото ќе се издржи. Се се фази, некои потешки, некои полесни.
Не знам дали ми беше повеќе стресно кога проодуваше и не беше стабилна, често знаеше да падни. Или сега убаво проодена, трча, се качува кај ќе стаса. Се смрзнувам кога ќе ја видам на гарнитура простум или си оди така лабаво, на раб да падне, на спална. Така да уживајте додека можете. Ќе научат се во свое време.
Нема потреба да се замараш толку, еве моиве со животни пораснаа, на село, немаат гајле. Подобар имунитет се создава така, подобро тоа, отколку во стаклено ѕвоно да го чуваш.
Па не би рекла дека стагнира, сепак се обидува на свој начин да стигне до целта одење. Баш хаос им е во главчињата. Во исто време толку многу работи да учиш и осознаваш, сигурно не е едноставно. И ние со нетрпение чекавме да прооди, а сега по 5839375 пати дневно го спасувам од опасни каскадерски ситуации. Многу се храбри, бар моево е такво, претпоставувам повеќето се. Нема страв од ништо, мисли дека може сѐ, а не може. На земја кога се исправува од седење и оди нема спорно, ама почна и на спална, а меко е и не е стабилен. Се приближува до ивиците и ако не го гледаш ќе тресне главечки. Некни така добив мини срцев удар. Го оставив на кратко во креветчето во спална за да исчистам хаос од каша што ја истури на тепих. Кога се вратив после 5 мин што да видам. Господинот се симнува од спална! Успеал да излезе од креветчето на спална и ете ти го доаѓа он. Крвта ми се смрзна како само можел да се препрчи. Лудички си се, и 16 пара очи да имаме некогаш се малку.
Бандо моја каде сте? Се одбивте ли или како моево до забавиште ќе цицаат? Нема веќе ноќно будење и плачење по Цицееее, цииицеееееееј ама пред спиење цицање, па го гушка цицето и така заспива. Значи два подоја иаме уште.
Сабајле го счекувам испентсрен на онакво мало масиче од ИКЕА. Тие и не се баш ниски, ама господинот успеал да се качи и си рипка среќен Очекувам кога ќе се прибереме дома дека за него креветче нема да е опција, дека ќе мора да бараме друго чаре. Таман го донесов монтажното тука, веќе се размислувам да не е попаметно да го вратам Инаку на оваа возраст незнаат за страв, затоа се каскадери и ние ќе треба да се плашиме за нив.
Јас морав да го одбијам, неполни 18 месеци. Многу потешко е навечер за успивање сега. Да можев ќе продолжев, од здравствени причини беше. Јас мислам ако се осеќаш дека уште можеш продолжи си, зошто да не. Мене ми беше многу тешко минатата недела после одбивање и уште ми е, се надевам ќе помине веќе.
Хахаха епа очекувај во скоро да се пушти да оди. Мене неколку дена пред да прооди така ме извади од памет. Буквално на 30 секунди се свртев да го наместам прекривачот на гарнитурата и кога погледнав назад он беше испентерен на клуб масата си седеше на коленца и рипкаше. Тек ќе има лудории.
Ние се одбивме еве веќе 5ти ден не цица. И јас мислев до прво оделение ќе цица ама ете некако успеавме. Меѓутоа успивање ние хорор. Со плачки со се. Денес дури во 3 и пол заспа а секогаш во 12 беше кома. Ред никаков. Незнам што ќе се прави. Дајте утеха дека има надеж да се среди. Иначе одбива да спие дури неможи поќе да издржи и збеснува прај бели и ќе го искарам ќе се расплаче и тогаш одма заспива. Мислам ќе полудам веќе. Претажна сум значи.
Јас сосема случајно приметив дека lullabies му помагаа и заспива за 3мин. На телефон или на шумишот имам музика, топ ми е.
Не сум загрижена сеуште, тек пред две-три недели конечно седна самостојно, знам дека моментално е фокусиран на тоа, исправање, одење по мебел, итн. Само пошо "каснеше" со овој мајлстон, самостојно седна на 1+, се замислив пред некој ден, ама дефинитивно не сум толку испаничена за зборувањето колку што бев за седнувањето. Знам дека сеа цел фокус му е да го сврти цел стан држејќи се за некое парче мебел, нема време да се фокусира на зборување
Какви сандалки би препорачале за неодамна проодени деца? Им земавме од кеги проодувалки, отворени со 3 дупчиња, ама пак многу им се потат ноџињата.
Мене ми кажаа првата година откако ќе прооди отворени сандали не. Имам од брат му сандали па тие ги носи, отворени се, напред подигнати и ок се снаоѓаме. Да немаше може ќе купев затворени од Ипанема. Носи и крокси најдов на пазар Мк производство многу се убави и меки.
Цела недела нејадење, откако ќе дојде од градинка ништо не става во уста. Таму ми кажуваат јаде супер. Не знам дали има потреба за паника. Ни јогуртче ни смути ни леб ништо. Полудев
Izvini sto upagam, no zosto NE za otvoreni sandali prvata godina otkako ke proodi? Jas mu zemav pred nekoj den na moevo, rider sandali mnogu se meki, lesno gazi i gi obozava, ima 19 meseci. Sega bas me zamisli!? Mozebi gresno pravam so zemav sansali
Мајки денес бевме на контрола, значи детево е 8.300 со си комплет облечено, ќе се шекнам, ми здодеа да слушам прашања од типот, 10месеци е? И шокирани кога ќе кажам 13. Не е ни долга, првото бар долго беше аку слабо.. не знам на кој вака, ни јас ни мм не сме ниски, ни па нашите. Јаде се, не е многу количински ама цел ден меле нешто. Уште не е проодена, стои сама без држеље некоја секунда и паѓа, а тргнува човек толку самоуверено дека ќе прооди и оп долу. Оваа болкава на нозе после вакцина колку време трае? Нит седи, нит прета, нит се врти само лежи како препарирано и плаче
Вечна мака имаме и ние со таа килажа. Со облека некни измерен 8670гр. Јес да беше болен и не јадеше скоро ништо 3-4 дена, ама и претходно немаше ни 9 кила. Оди во должина само, не ми е измерен, ама би требало да има накај 80цм по облеката. Во струкот е тенок претенок. Некни му извадив куси панталончиња од ланско лето, таман му се, а се од 6 до 9. И јас си викам не се секирам зошто многу убаво си јаде, ама сепак не сум рамнодушна. Изгледа помало од бебиња што се помали на возраст од него. Ни јас ни татко му не сме ситни, мада што маж ми бил ситен како бебе/дете.
Bubish, оди ли во градинка? Наша внука не се поправаше никако а јадеше цело време, открија дека од градинка глисти има фатено. Да си провериш за секој случај? Моево од 10кг нема мрднато, во струкот е шпагета, носи пантолончиња од лани летото, ама моево не ни јаде, а цел дне не седнува, со една дремка е. Нема ни 14 м, не можам да опишам како трча, не оди туку трча буквално.
Не оди, големата исто ми беше 8.500 на годината, крена од кога извадивме сега крајниците ама си е во висина таман дури и повисока, а ова е цело мало ситно. Ние сме скарани со фатмерчиња само слим фит и скроз тесни хеланки. Големата на 14м исто трчаше, се качуваше секаде, дури и со џогерот низ дома минеше ова малово не е така напредно физички. Уште пред да се роди се водеше за помало, од старт понежно беше ( и те како се бори сега и куба штипи) и треба за се време ама ем повеќе јаде од големава ем пониско и послабо е, тоа ме буни
Внука ми има 2 години и има 9кг. Слабичко, мислиш ќе се скрши. Здраво, право дете, едноставно таква е. Мојава од 1 година носи поголеми алишта и пелени од неа. Место да ми даваат алишта за мојата, јас давам на нив Такви си се децата, не им се замарајте, битно да се здрави.