Е добро де ќе порасне, јас сум била многу,многу ситна, и ниска и слаба, да ме видиш на слики како мала ќе речеш детево не е можно да е пораснато во ова сега Сега сум троа полничка, се извишив и поправив после добивање. А брат ми беше многу дебело бебе, буцко прав, сега е шпагета. Сите деца со свое темпо си растат, нека се живи и здрави ако имаат онака добра кс и изгледаат дека се во ред мислам дека нема простор за грижи. Мене може ќе ме карате ама моево на контрола го немам носено од Јануари Му правев крвна слика двапати кај снаата го ординацијата, таму доктор ги погледна рече супер се, го мерам дома, го гледам дека вака си е добар, го носам на контрола за бубрези и толку. Во Лондон за една год има само една контрола, јас по нивно терам
Пишав во другата група ама сфатив дека веќе не сум во во бебиња, ми направи бебето една година! Прашањето ми беше за ползење. Ползи еден месец на 4, сè како што треба нормално. Денес почна да ползи на едно колено и на стапалото. На што може да се должи, сте имале вакво искуство?
И мојата некогаш знаеше така да направи ама ретко. Мислам дека истражуваше и пробуваше нешто. Кај нас не беше често.
Девојкава моја оди скоро месец дена. Деновиве ја приметив дека едното ноџе го криви навнатре кога оди. Кога се роди, матичната ми кажа дека поради положба во стомакот тоа е малку навнатре,правевме вежби и ја исправував, па после тоа немаше проблем. Ортопедот тогаш воопшто не го зема тоа за проблем, дури кога и кажав направи фаца. Закажав за 4 јули преглед на ортопед ама не сум мирна. Некој можеби нема ни да ја примети ама јас ја гледам. Некоја со слично искуство?
Демек бидејќи биле несигурни напред, отворени, да не се лизга ноџето. Не приметувам такво нешто, засега ок оди. Ако видиш дека му бега ноџето напред прстите тогаш реагирај. Додека не го одбив мајмунот мој не качи килажа. Немаше на годинка ни 9кг, за 6м имаше качено 450гр само, што е ништо. Намалив подои и скратив доење, за 2м качил 750гр. Неќам дебело дете, сакам здраво, ама беше неубаво слабо ова моево, шпагета.
И мојата на година ни 9 кг. Ништо, морам да скратам подои и да се надевам да почне да јаде повеќе цврста храна.
Доењето на никаков начин не му пречи во количината што ја јаде. Цица и за саат време пак бара јадење. На дневна однова јаде повеќе од мене. Како би променило доењето нешто во ваков случај?
Исто беше и мојот, цицаше али и јадеше. Ама додека цицаше какаше многу, од сабајле 2 пати во рок од 1 час какање ко возрасен, попладне уште 2 пати. После оброк обавезно. Престана да цица и престана да кака толку често, еднаш наутро и еднаш навечер. Дали од тоа или не не знам, знам дека многу брзо качи килажа.
Тоа нема врска кратење подои со повеќе јадење цврста храна. Бар во моите случаеви. Двајца од 3 доктори во нашиот случај беа да не ја одбијам иако не јаде, да јаде тоа само што сака без форсирање, обично е совет нуди додека ти зајаде ама кај нас беше тотална одбивност и сега после 2-3 г проба повторно јаболко,грозје и јагоди- реакција-повраќање од гадост ( тежок случај сме). Третиот доктор беше со став дека чим ја одбијам ќе почне да јаде. Не беше во право. Јас не ја одбив одма туку чекав сама да се одбие и тоа според мене беше најубава одлука. Се одби сама без плачки без трауми за сите, но не почна да јаде, нити почна да има желба да пробува храна.. 8.5 имаше на годината, лани на 3г имаше 13кг, фебр месец ден пред операција имаше 15г, сега има 18кг, знае уште да е во денот на едно чоколадно млеко и една банана.
Мојот не кака толку често, два пати, преку сила некогаш три. Јас најверојатно од друга причина ќе морам да го одбијам во скоро време. Ќе пишам друг пост за тоа кога ќе соберам храброст да прочитам мислења.. Да се прашувам би цицал до 2г или до моментот кога он сам ќе се одбие (не покасно од 2г), ама по се изгледа нема да биде така.
Фала за споделено, ми значи. Само веќе се фрустрирам ептен дека не јаде, па не знам што да направам. Не ја форсирам ни ништо слично ама загрижена сум дека толку малку јаде. Другиве деца на 12 месеци јадат буквално сè. Исто еве пред годината ја мерев тежеше 8600-8700.
Aha. Ok. Jas vikam pa da ne ne e pravilno neso za nodzeto so sabdali On so merak gi nosi u race da mu gi oblecam Inaku i mojot e slab, 19+ a ima 11kg, se uste cica, probav namackav gradi so crn kreon, i so senf, on zima vlazna maramica i brise cice, ne se odbiva Neka se samo zivi i zdravi
Големото до 6г, планирам и малото до тогаш да го терам да спие обавезно. Сметам дека сонот е здрав за децата и треба да спијат што е можно повеќе.
За слабички деца и јас да се пријавам. 10кг едвај стигна на 20 месеци, од годината до сега не мрдаше од 9кг. А се јаде, дури и количински многу. Јас и мм сме ниски, ама не сме слаби, само јас до 3то одделение сум била многу слаба. Не се замарам многу, само ми е криво кога ќе го видам погледот на сите кога ќе кажам колку месеци е а тие ме прашуваат дали има годинка Не ни сакам јас дебели бебиња ама па и толку ситно како моето не бива. Летната облека од лани 74ка уште му е точна. Од внук ми облеката дури догодина ќе ја носи иако 8месеци се разлика. Тоа е, нека се здрави, ќе се поправат кога ќе пораснат
Мајка исти сме и ние многу се фрустрирав да ти кажам, прави фрли цело време, 10 пати пишав во темава и на крај престанав да му давам значење, мислам не му покажував нему дека ме фрустрира што не јаде. Го ставав ако не сакаше да јаде му велам добро и го тргам и не нудам друго, ужини, грцки ништо. Пред две недели некаде почна да каснува по малце од тоа што има ви чинијата, 3-4 залака ама и тоа е нешто во споредба со предходно. Сега бара и кога јадеме ние од нас да проба, нешто што не правеше предходно. Значи не реагрирај и не му покажувај дека влијае на тебе што не јаде, они сакаат да предизвикаат реакција и сакаат да мислат дека имаат контрола, со тоа што ние се фрустрираме и нудиме после де ова де она, они добиваат чувство дека имаат контрола и нормално не сакаат да јадат. Пробај вака, може ќе упали и кај вас. Значи 14м е, пред две недели почна да јаде по малце. Буквално само на цицање, овошје и јогурт живееше.
Скоро 2 години, 10тина кила, плус минус. Се нервирав, форсирав јадење. Сега веќе не. Јаде колку сака кога сака. Има денови смути пие, појадува обилно, руча месо зеленчук, јаде супа за вечера. Денеска на третина геврече е, пола банана, и хелоу грисини чат пат. Не седнува, не била болна повеќе од 5 пати за две години, а и во градинка оди. Зборува повеќе и повеќе. Не ме става на уво кога ќе речам не. Најупорно дете е. Не се фалам жими се, само да ви олеснам.
И само тоа треба да ни е важно, да се здрави и да се развиваат како што треба. Мене па гојазни деца не ми се ич по ќеиф, нека е и ќежаво ко моево ама да е здраво.
Здраво мајки, како да извадам флека од фломастер од алишта? Од обичните фломастери не се од оние што се мијат со вода.