Може и да е замор реално, кога оди во градинка знае да е доста нервозен зашто таму спие пократко од дома. Денес и вчера 3 саати дремна, во градинка сигурно саат-саат ипол спијат (претпоставувам) и посмирен е. А веќе во 7 саат после градинка го фаќа нервоза. Инаку скоро сите тодлери што ги знам се така, сакаат по нивно да биде и напорно е цело време да пренасочуваш внимание ама тоа е.
@Miss_S во скок се мила, тоа е. Исти е и мојот мада поднамалува веќе. Јас искрено не можам да сфатам, нема ни 1м откако пиеше за увото антибиотик, еве го пак е со болно уво. Ќе земам сега ќе каснам чувар куќа, немам друго чаре, до понеделник сами сме секако, ама бар понеделник докторот работи. Ми се темни од овие негови уши. Синоќа само што заспав реално, коа списка, кога рече се дере, плаче, не дава да го пипнам, ставив гелче на актите уште толку се дереше, нит сака вода нит сака во раце, дур не се изнадра не застана. На крај заспа некако едвај и мирно до сабајле. Се надевам на мирна ноќ, дадов парацетамол зошто почна да се тегне пак за уста. И братот е со кашлање лошо, и тој ќе го носам секако. Аман сите деца наследуваат од родители имот, пари, таленти, моиве од мене болни уши. Налет!
Едно прашање кое ме мачи Малата моја има 22 месеци и збори за себе во трето лице. Односно името прво си го кажува па продолжува со што сака да каже. Дали тоа само би се корегирало понатака или треба да и посочувам јас?
Има ли мајка која успешно ја поминува ноќта на 1г дете кое спие во друга соба? Како е тоа постигнато? Тренинг или спонтано? Има ли шанса да се научи да спие без мене иако станува сега за цицање? Сакам со сестра и да спијат заедно, а ја со маж ми приметувам дека чим ја влезам во соба она станува, маа колку и да нечујно одам. Имам слушнато за 2г дете дека само изразило желба да спие со дада и пд тој ден не се вратило во кревет кај родители ама мојава е мала за такви желби
Мајки на дечиња што примиле МРП, кога ја имате ставено? Има година и 2+ месеци, а од Септември здравје ќе тргне во градинка. Сакам да ја ставиме пред да тргне, ама не сум сигурна дали е ок и кога да го направиме тоа. Што би ме советувале?
На 21 месец. Мораше тогаш бидејќи во градинка нели не ги пуштаа без вакцината. Немаше никакви нус појави, а јас се баш плашев. Нема што да се плашиш подобро сега а не како мене од Јануари ја примаме и никако, беше сезона на настинки и скоро цело време беше настината и не можевме да ја вакцинирање.
На 12 месеци. Малку температура, малку осип од температурата.. Се на се добро помина. Оди, трча и зборува како навиена. За една недела 2 ќе полни ако ти е тоа грижата.
Не ми е тоа грижата, барем не во најголем дел. Не сметам дека има поврзаност на вакцините со одредени здравствени состојби. Ама сепак сакав да биде барем прооден и да помине периодот на вируси и настинки. Колку и да сум опуштена изгледа еден мал дел од мене сепак е со резерва, не знам очигледно е резултат на целата фама што се дигна околу вакцините. Дали летото како период е соодветно за да се прими МРП и колку време после вакцината се можни нус појави?
Мајка кај нас порано ги ставаат него во Мк, не знам оти, на страна тоа ,кај мене и двете немаа ни темп ни осип т.е бебево заради вирус втора доза ќе прима следен месец, прва доза супер помина и таа беше на 10месеци, ни двете не беа проодени нити зазборувано кога ставивме. Иначе 2 недели после вакцина најчесто имаат реакција тие што имаат.
Како некој кој во семејството имал проблем со вакцина можам да ти кажам само едно, недајбоже да има некаков проблем, се може да биде тригер. Знам, ова не е нешто што како родители сакаме да го слушнеме, се ми е јасно, ама мора да бидеме спремни на се. Внука ми има автоимуно заболување, вакцината била само тригер да се активира болеста, а не дека од вакцината добила автоимуно заболување. Јас не се разбирам, архитект сум, не сум доктор, така ни објаснија и така и знам дека без оглед на се во еден период од животот ќе се појавела болеста. Големиот бидејќи се роди како недоносен во 8ми месец и поради сеуште присутен страв од внука ми го боцнав дури на 3г со мрп, таа му беше и прва вакцина во животот, проговори веднаш после вакцината и тоа веднаш чисто и јасно, а малово го боцкам од старт, ги има примено сите вакцини освен мрп неа ќе ја боцнам на есен здравје, зборува сега за негова возраст солидно. Се смеевме со матичниот дека сите се плашат од нуспојави после мрп да не зборат децава, кај нас излезе обратно нус појава дете прозборе и не затвори уста. Но пак боцни го пред да тргне во градинка за да биде здрав, да нема стресови болен бил, здрав бил. Јас планирам да го боцкам дтпр после одмор, сега е дома па ќе оздрави асално до тогаш и таман ќе тргне во градинка на чистичко да му се лепат нови вируси и бактерии. Инаку што се однесува до вируси, двајцата беа со афти големи во уста, па после кашлици и болки во уво. Што вирус ќе беше не знам.
Искрено кога ќе тргне во градинка е уште потешко. Кај мене барем е од тие што преку 5 групи да има еден настинат, мојава ќе фати. Морав да ја паузирам и да оздрави, па да прими вакцина и после вакцина да седи дома. И нормално на секое враќање во градинка после 3 дена е со растечен нос кој преминува и во кашлање и опструкции и се по список. Може е само моево дете такво. И за Дтп сега ќе чекам да е градинката на одмор, па да ставаме.
Ние лани ја примивме во август на 13 месеци, никаква реакција немаше. Според мене лето подобро ако си во можност него на есен кога почнуваат вируси и разболувања. Нус појави обично се јавуваат во период од 2 недели но најчесто после 7миот ден.
За истово баш и јас пишав во другата тема за вакцини, не добив искуство, али и мене ме интересира дали има некој што знае каков став се има околу вакциниве и жешкото? И нас ни е мрп уште на репертоар, малку ја каснеме али тоа е што е се беше настината од градинка.
Нас ни е за во јуни ама би ја оставила изгледа за во август/септември здравје. Уште размислувам ама не знам, сега ги гледам децата со температури ептен тешко проаѓаат во жештинитве. Не се брзам за в градинка. Исто сега па и сум позафатена на работа, а нема да ми се остава ако не дај Боже крене температура. И не само што не ми се остава, ќе сака нормално повеќе и да цица и сè, а ќе ме нема. Повеќе сум за не сега.
На 27 и е роденден сега, ја прими што знам. После некој ден. Баш лето.. Можда потешко минат лето. А за настинки, вируси има нон стоп така да..
Бела, на 1г и 1 месец ја ставивме и супер беше...јас намерно брзав за да не фатам сред лето уште поголеми горештини. Нус појави, тт и осип...женсково ниту едното ниту другото ама машкото осип имаше на 10 ден. Зависи од дете до дете
На 16 месеци ја ставивме, од следен ден си одеше во градинка фала Богу без реакции помина. Јас исто мислам подобро пред да тргне во градинка да ја прими, за да не му ја мислите со вируси/настинки тогаш.