Да се надоврзам и јас за јадењето последнава недела речиси цел ден ништо не јаде. Ама почна мноооогу вода да пие, тоа ме радува ама со јадењето што сд случи не знам. Не дека претходно којзнае колку јадеше ама сега цел ден може да седи без оброк само овошје да јаде и чат пат лепче. Од оброците само две три лажици и толку или пак ниедна. Кога излегуваат 5ките? Се тешам да не е до тоа , пошто и многу нервозна е и почна чат пат и преку ден да ми побара да цица а одамна не бараше. Секогаш кога вади заби бара и навечер исто почесто се буди.
Исти сме со јадењето, многу помалку јаде многу и може да касне нешто безвеза ако е благо или суво. Толку. Се тешам дека е од жешкото
Кај нас почнаа некаде околу 22/23 месец не знам точно зашто кога проверив цела 5ка имаше извадено. Имаше плачки 2 3 вечери и помалце јадеше ама генерално ок помина. Кај другиот 2 почнаа на 23м и имаше драми
Мојава за некој ден прави 23 месеци може и 5ките да се. Пошто секогаш вака прави кога вади заби. Многу е нервозна и досадна. Само што ќе помине забораваш и еве пак се нервирам што вака прави и после ако видам запче ќе си речам ете до тоа беше, ама не сум на чисто додека не видам со сигурност. Фала мајка.
Зарем на година и неколку месеци тек може да се појави сепарациска анксиозност? Од дете што си игра по цел ден на земја само, пред 2-3 дена почнаа плачки ако не го земеш во раце кога он замислил. Во раце е мирен ама ако пробам да го спуштам се дешаваат драми, ги крева нозете мислиш ќе нагази на жар ако згазне на земја. Особено ако сум во кујна, и да е заигран остава сѐ и доаѓа ми се плетка во нозе и плаче. Ќе го кренам, со една рака готвам со друга го држам, па се витка се пушта да зима предмети и само покажува со прстот што да му дадам, а ако не му дадам драми. Бара невозможни работи како нож, тенџере, блендер, пегла. Ако не е по негово од нигде никаде почнува да плаче дури се вцрвенува цел во фацлето од што е на сила и се напнува. Во деветти скок е, ама веќе при крај. Не знам до тоа ли е до што ли е, ама ме утепа овие неколку дена. Зомби не ми е рамно, преуморна сум.
Допрва таков ќе биде. Мојава ептен лоша стана еве сега зема земја да јаде. Уште какви глупости не прави а колку мирна беше. Легнува на сред пат, сака по улица сама да оди не дава да ја држам.
На моево во очињата му се гледа дека ќе ни е*е матер. Нека се живи и здрави ама некогаш се баш напорни.
Моево е такво во последно време. Залепен ми е. Иде одпозади ме гушка за нозе. Само мама мама. А мислам дека допрва ќе биде таков кога ќе се вратиме дома. Ама си велам да тргнам на вежбање и ради грбот а и да се заучува без мене малку. Ме плаши тоа да ми биде лепешка
Мојата и ден денеска е ваква ко што опиша а има 23 месеци. Сите што ја гледаат надвор кога шетаме ми викаат ооо баш живо дете и сите сакаат да ја погалат да ја штипнат и само машала машала. Па коментари дека за нејзините месеци била прехиперактивна нивнитр не биле такви и слично. Не сакам да те плашам ама допрва почнува јакото
Како моето да го опиша, исто, посебно мерак има на вог тавата, а она чинам потешка е од него, се научил и да вика ка за качување и само се тегне и ка ка ка повторува како папагал. Леле луѓе комарците го прават лом, цело време мачкам аутан ама просто не можам да го испазам, полно е врие. Кочани сигурно сте чуле колку го има, и тоа секое апење му отекува местото и стои така отечено и разрането цело, искцан во колената, изгребан насекаде, расчешан, како ние кога си игравме на улица како деца, е таков е. Јас деновиве ќе пукнам чинам, ќе пукнам. Мм како што не беше добар со здравјето, фамилијарното куче е многу болно веројатно нема да преживее, 14 год го чувавме, срцето ме боли како за човек, цел ден плачам. Пробам да се скријам од него ама он цело време е мама мама, чекам да заспие да се изнаплачам, и така. Во дворот седевме по цел ден под сенка, вчера од невремето падна дрвото што правеше сенка, сега нема ни сенка, кај ќе тераме по цел ден ете не знам. Ќе полудам, тонам буквално како полудена сум.
Малку да си кажам грижите. Јадеме се, само риба не сака. Друго се што му давам јаде. Кој како види да јаде нешто и тој е тука нацртан да јаде. Многу е активен не е седнат ни минута да се заигра во место,само шета низ куќа. Малку хемоглобинот му е понизок 108 Кака по три-четири пати на ден од како сме дојдени во мк, дома тоа не беше случај. Го ставам така на вага нема ни 10 кг ако е тоа точно нели де. Поправилно е можеби со мене да го вагам а? 13 месеци имаме. Што ќе советувате за хемоглобинот? Ајде килажата не ме загрижува толку јаде убаво, ама и троши.
Просо, жолтка, месо... Гледај да има размак од 2 часа со млечно. Иритирани црева од сирење, во каката има слуз. Што да му давам да јаде? Му давам храна како за стомачен вирус и дијареа. Ориз, компир, пилешко, корка леб, зелена банана... Што уште? Млечно не смеам зашто тоа му направи проблем.
И на 2 и пол години истово се дешава. Баш ова што го опиша го живеам 4 месеци... Ќе се фрлам некаде. Плаче тажно мамааааа ко мислиш оставена на улица е, не дека сум отишла да мочам...
Залепена за мене од кога е родена, фластер. Само подава раце да ја земам, готвам и ме држи за нога да не избегам Некогаш не сака кај татко и, само мајка и Хаос. Некогаш ме фаќа лудило што неможам ништо да направам за себе, од друга страна сега го прави ова и никогаш повеќе, знам. Работата ми е таква што можам да бидам нон стоп со нејзе, па мислам дека тоа допринесува да биде уште поприврзана. Од септември здравје градинка, па ќе видиме.
Женски помош. Прв пат ми се разболува дете. Речиси годинка е. Дали се виросавме или некоја бактерија е не знам. И двете сме болни. Јас дополнително и цистит добив изгледа. Полна е секрет, и јас сум узатната. Претпоставувам истото е. Хрчи кога дише, не може да спие. Сака врз нас. Не може да голта. Температура сега за сега нема. Ама и се дреме постојано. Вчера беше ок, се играше, денеска е комплетно не заинтересирана, сака само да се гушка. Затнато носе и на грло, поткашлува малку, ама не често. Генерално е лошо расположена и тажна, исплашена. Не знае што му е. Чистев носе од сабајле со физиолошки. Нудам течност, пие АД пошто не ни може да голта. Дури ни банана не сака, а не значеше за доста предходно. Исеков кромид до нас. Што друго да правам? На лекар дали и ќе не примат, ќе пробаме утре ако не се подобри, денес се до 12, а на итна не ми се носи, ќе чекаме ептен. Страв ми е да не спушти на гради. Ќе ги тргнам членките што имавте мака што ве знам. Пишувано е безброј пат, јасно ми е, ама не сум во состојба да пребарувам..ако сметам овде, пишајте ми лично. @lackygirl @Lavender13 @Bella_Stella @Ceneva
Мајки дајте предлог играчки и занимации за дете 20 месеци? Знам дека си играат со све друго освен со играчки ама не можам да му погодам играчка со месеци веќе. За бебешки е голем за детските мал, такво чувство имам. Од такви едукативни имаме многу и ги сака ако играм само јас со него, сам не ги чепка освен да ги расфрли по цел стан. Камиончиња точаци и такви ствари по дома има еден куп и се вози ама ги користи само како превозно средство да ме најде мене и да ме влече по нозе Сакам да му средам собата старите играчки да одат во подрум ама не знам што да земам. Со што си играт најмногу вашите на оваа возраст освен нели со се што не смеат?
Правиш се што треба мама. Викаат дека кога ќе спуштат на гради се осеќа, различно дишеле. Носето чистете го со физиолошки и носко ако успевате да вадите секрет. Кај син ми беше негде позадински секретот и не успевав да вадам па го инхалирав за да се разводни и си го искашлуваше и голташе. Добро е што нема температура, можеш во коритце со топла вода да ја ставиш и да додадеш една шака сол. Не се секирај, знам дека нема потажна слика од болно дете и срце те боли, ама тоа е, така растат..
-боенки и боици, -книги обожава, нон стоп ги врти особено оние со големи слики, -налепници - секаде лепи -колички, камиончиња, тоа стандардно -коцки - големи имаме некои, реди по 3-4 една врз друга, за лего мислам дека е мал