Син ми не беше ваков. Од многу мал нејќе да биде држен во раце, се тегне за да го пуштиш на земја, затоа сега ми е чудно. И кон мене и кон татко му иста приврзаност покажува, не сме приметиле до сега некого да преферира. По цел ден дур да си дојде маж ми од работа е со мене и си се заигрува сеуште, ама почна и да прави драми за да го кренам, посебно во кујна ако сум. Кога ќе дојде татко му истото и со него го прави. Го пречекува на врата одејќи, он ќе го земе и ќе го гушне и ако проба да го остави за да се раскомоти се дешаваат тешки драми, а не беше вака до скоро.
Следи за тт, кашлање ако е со секрет е подобро бар ќе исфрла, ако е суво е полошо да речам, во секој случај ако кашла носи на доктор нека ја наслушаат. Апетит нормално е да нема, можи и поќе време да нема, пр 10тина дена, само нека пие течности. Др се правиш, ќе помине, првиот пат е најтешко после е навика. Со помин нека ви е на двете @Bella_Stella мојот исто талов стана од ко почнав на работа. Сега на 10 месеци.
Дур нема темп е добро. Чисти носе и инхалација со физиолошки. Можеш и во купатило да пуштеш врела вода и да поседите во пареата. За грлото е добро тоа. Не знам како изгледа да спушти на плуќа ама сигурно се познава. Следи ја и галете се тоа е за сега.
Јаде се од тоа.... Давам и месо и цвекло и блитва, спанак, просо ,житарки сите врсти ги конзумира,јајце. Беше болен пред два месеци и падна хемоглобинот и никако да го накрениме
18 полни месеци во петок, од година ден до сега е ваков, не се трпи дури. Лепенка. На топлово ќе ми легне врз мене и тоа сака на гола кожа и ме гали. Кај и да е со поглед ме бара и ме довикува, мама, мама, мама...
Моето не збори ништо уште. Само кога се жали за да го кренам почна да вика амамама мамама. До скоро не ја знаеше буквата М. Ни сега не мислам дека се обидува да каже мама и дека знае дека јас сум мама, изгледа само така му доаѓа. Иначе исто и он ќе дојде ќе ми легне на нога, многу е станат гушкалце и се топам. Ама тоа со кревањето нозе и инстантните плачки ако пробаш да го пуштиш на земја ми е пренапорно.
Од кога почнавте да им облекувате гаќички? Имав некои тестери останати дома, му ставив два пати преку ноќ, раат ми се учина. Оти не морав да се борам да го улегнам па да го залажувам да стои додека да сменам. Стоејќи му ги сменив, додуша само мочкани беа. Од ДМ зедов преска едни на бејбилав, споделете од кои сте задоволни и дали се посебни тие гаќички што се за бањање? @Bella_Stella И моето имаше еден период таков и многу беше напорен. Само по мене беше, по маж ми не. Јас си го поврзав со тоа дека одам на работа, па се плаши да не му 'бегам'. Се случува некогаш пак, но многу поретко. Некоја развојна фаза е веројатно.
@DaisyDoo Само гаќички веќе користам. Единствено тие не ми пропуштаат цела ноќ. А и ко што е борба за пресоблекување поедноставни се. Гаќичките си се исто ко пелени само нели различно се облекуваат а за соблакање се кинат од страните. Тие за во вода се други. Не впиваат течност туку се само за кога се бања да не се искака во вода
Земи стерилна игла од аптека и некој цврсто да го држи само едно ќоше да извадиш после со чупалица лесно ќе го извадиш. Од искуство ти кажувам. После со хидрогенче помини, намачкај бетадине и можеш едно лепенче да стаиш додека затвори, за два саата ко ново.
Неам никој моментално да ја држи, мм е на работа во друг град. Ќе одам утре до матичната, ќе барам они да и го извадат, мене ми е страв да не напраам некоја беља, поголема рана.
Со ништо не игра. Сега дека е топло на тераса му дадов вода да истура, претура ама не е интересна дека не е заврането нели сега сака сок, јогурт да истура се друго, освен вода...колку и да се објаснуваме дека сокчето се пие, не се истура, џабе..во очи гледа и истура и така...
Онакво докторско од Џамбо 150 денари дали беше и ги прегледуваме мечињата, им даваме сируп. За готвење имаше во Стокомак едно со тенџерчиња и шпорет и тоа мноооогу го изнаигра. Пиши бриши за шкртање. Има сложувалки дрвени ама не знае уште да ги реди. Ама со животни се и тоа му е интересно сега да ги кажува. Куферчето со алат најомилено, исто од Џамбо, не е нешто посебно оние што се големите. Само ни ги носи и ни ги покажува и поправа по дома. Игри со вода, шлапање во вода <3 А за самостојна игра кажувајте другите, кај нас слабо. Или некои идеи за активности да му направам да се занимава сам.
Како да се убедуваме со ќерка да пие течности на жешково? За вода се молиме. Млеко пие. Давав пред спиење само Ад. Веќе почнав по малку да нудам и преку ден во очај, бидејќи и по 2-3 часа може да се случи да има сува пелена. Чај ако се напие некоја голтка. Сок да не види, електролити знам дека не се за секојдневна употреба ама се случува повремено некое лажиче да понудам. Јогурт може да се напие ама пак и не е поентата само млеко и јогурт да пие цел ден.