Минатато лето трчав со чашата по неа да пие не сакаше ич. Голтка по голтка и давав. Еве сега почна сама да си бара дури и ноќе станува и бара вода. Иако пие знае пелената да и е дува бидејќи сега е многу топло и се поти. Понуди и во чашче со цефче можеби ќе сака така. Или нешто соленко и дади да јаде за да и се пие вода.
Чаша со цевка користиме. И Авент и Canpool ли беа. Оставени и се на маса како в кафана сите чаши, шишиња. Буквално трчам по неа. Ја земам и на чешма директно да пие од филџан само за неколку голтки да се помачиме.
Правев и јас така цело време држев чаша во рака. Или демек од чешма и полниш вода дај и. Пробај во чашче за ракија да пие. Мака мачев со пиење вода ништо немаше ефект.
Ја денес прв пат во негов живот 18 месечен го плеснав по пелена. Зема чаша со цевче, оние од сетот силиконски, ќе пиел сок, ми го истури на тазе чистена гарнитура. Го истураше со мерак. Прво не му ја давав само од моја рака ама запна дај па дај, сам сам сам... лом направи, епа ја стресов пелената. И свесен е дека беља напраил ме гледа под око и вика бејаааа и ќути. Мајмун мал. Ми пукна филм, 5 дена сами се чуваме изгинав веќе.
Речиси се што сте пишале има освен лепенките, добра идеја ќе му земам тоа. Има само такви со вода што се лепат и ги обожава додека се бања. Мислев само кај нас е така периодот, од дете што се заигруваше сам и по цел саат, сега едвај 2-3 минути му држи нешто внимание и тоа ако јас играм со него, сам никако. Тука уште не е доволно топло за игри со вода на тераса, тоа ќе му е интересно знам Ако откриете некои занимации за самостојна игра споделете
Јас незнам што е ова, што се случува...само по завранети работи трчи и само бејли прави. И машината за садови и шторетот ми се исклучени од осигурувач...постојано се објаснуваме што треба, што може...објаснуваме што може да се случи ако фаќа кај нетреба..не бре он што намислил ќе направи, па ти ако сакаш и наопачки сврти се...значи толку инат во толку мали деца не сум верувала дека има..порано ќе го залажев со нешто, брзо се залажуваше..а сега демек се залажал се трга и а се свртам на друга страна, он пак таму кај нетреба..и не прифаќа вина..се некој друг истурил или ишкртал или скинал, само он не е...
Штом се вади дека не е он верувај ќе разбере и за не. Јас се исклучиво вчера скроз. Од такт ме извади. И знаеше дека е крив, не ми требаше да го шлапнам по пелена, не дека го здоболе, ама ме изнервира крајно бидејќи беше со умисла, да ми ја земе чашката за беља да направи.
Не дека не разбираат. Ок, и јас знам да и подвикнам во смисла аман кога ќе почнеш да разбираш и некогаш да се прашам дали стварно ме разбира. Ситуација 1: Носи патики до мене, за да одиме надвор. Или е пример време за вечера или од Х причини, баш во моментот не можеме да излеземе. Објаснувам ајде Х(името) прво ќе правиме ова и ова, нема сега да одиме надвор. Ги враќам патиките на место. Пробува втор пат, пак враќам, на трет пат се фрла на земја, солзи крокодилски, мислиш егзорцизам е извршен над неа. Па се лажеме, се убедуваме некако да се смири. Ситуација 2: се крие под маса, е претходно беше пониска и ја собираше да си шета под маса, сега веќе е повисока и ја чука главата и плачи. 100 пати се објаснуваме да не оди таму. Ме гледа бледо, демек не сум јас од тука, не знам што кажуваш. Ситуација 3: Х(името) дојди да ти покажам како прави индијанецот. Нели раката на уста и викаме Аааа. За 3 секунди знае да го повтори тоа, оти нели е многу битно такво нешто да се научи во животот. Така да од тоа дека не разбира ништо, ми паѓа во вода теоријата.
Да бе, цело маало го знае на име како се вика, не знае дека ако брцне во штекер е опасно а миљарди пати се објаснувало. Не го здоболело, дајбоже да не го, оти кога го боцна кактусот веќе не им се приближи. Мајмун мал.
И моето не пиеше до скоро. Јас нудев на секое ама се беше џабе. И сега почна сам да пие од некапечка чашка со клинче на hipp, ама пак мора да зборам вода вода за да му текне. Се уште не пие некоја значителна количина ама мрднавме од тие 30 мл само на ден. Сега пие 250 некаде. Еве ја чашата, таа е многу одамна дали ги има се уште не знам.
Мојата има количка и си го вози бебето таму и куклите па ги покрива со ќебе ги заспива шшш шшш им прави. Реди коцки, сложувалки со животни што се и превозни средства што кај седи треба да погоди, ги научи сама да ги реди. Боенки цело време шкрта и многу добро ги држи боичките правилен фат има. Со молив и пенкало исто во тетратка шкрта и ми кажува го нацртала тато, мама, лулашки нацртала (а уствари само кругови нашкртала). Лепиме стикери со моја помош и правиме балони. Со овие плишаниве знае да се заигра сама ама најчесто заедно играме. Со Докторското куферче на куклите им прави диши диши, нас ни става инјекции. Друго не ми текнува во моментов.
Мајки дали почнавте со одвикнување од пелени? Немам време да прочитам наназад, може имате коментирано.. Јас не сакам да брзам, не е спремна и свесна за да кажува уште ама толку ми е жал со тој ситен осип назад што го има од жешкото, нонстоп се чеша. И се мислам дома да почнам да ја седнувам на нокширче и преку ден да ја ослободам од пелена, секако само по маичка е. Имаше порано гаќи за одвикнување ама колку што памтам од синот многу дебели беа и тие, да не има подобра опција сега?
Јас не сум почнала. Ама гледам дека и смета памперсот од топлото нон стоп се чеша ако е во фустанче пример рацете тсму и се. И се нафрлува црвено од чешањето. Таа ми ксжува дека и се кака, мама кака и одма почнува да кака. Ама за мочкање не покажала нилаков интерес, нокшир и купија баба и и дедо и, јас не ја форсирам еднаш и кажав дека таму треба нели да прави кака ете со нејзиното бебе и го седнав таму, а таа да седне не сакаше никако и не сум пробала. Мене ми делува дека ќе сака директно на шолја пошто јас кога сум во вц доаѓа со мене и ја интересира.
@Erika.greeneyes мојата па никако не кажува, ќе треба да ја пратам, а за мочкање уште потешко. Можеш адаптер за на шолја да и земеш, големиот така се одвикна интересно му беше да оди во вц и за брзо се научи за преку ден.
Јас сакав многу ова лето ама гледам дека не е спремен. Го седнувам на нокшир ама одма станува. Буквално не знае што е тоа да мочка и кака. Не ми е јасно како успеваат на година да ги одвикнат. Моето е 13 месеци
Гледам дека е малечко. Не е свесен за таа работа. Затао се чудам кога ќе кажат го одучив од пелени на годинка @Erika.greeneyes имам колешка и двете деца на годинка ги има одвикнато. Поточно свекрва и и ги одвикнала.
Ни мене не ми е јасно како децата ги одбиваат пред годинаипол ама ај. Еве пак иста приказна, сме доцнеле, годинаипол имал требало досега да го одвикнеме. Како? Големиот го одвикнав некаде на 2ипол години.
Вакви муабети можеш од старите да слушнеш. Не верувам дека некој од нас младите форсира ова. Нив порано им било напорно нон стоп пелени да перат и повеќе им одговарало така. @Ceneva кога било ова?