Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Па пред 10 тина години е големиот. Ама пак ке кажам свекрва и и ги одучила таа ги чувала првично. Така да стара школа е сепак хаха
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Мамасити, синко од вчера почна да кака како слузава кака и малку потечна. Не е мрсолав и многу ми е чудно од каде ваква кака. Дали има шанси да е од преладено стомаче.
    Скоро му излегоја два заба, па на некоколку пати во последните две недели имаше ниска темп само една вечер до 38 имаше, и после тоа излегоја забите. Крвна слика му проверив одма по качувањето на темп и крвната слика беше добра. Дали да повторувам крвна слика или да почекам да видам како ќе биде. Иде викенд треба да си одиме за србија.
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.958
    Пол:
    Женски
    И ќерка скоро година и пол, воопшто не ни помислив дека ова лето може да се одвикне од пелени. Ни сме пробале, ниту сум ја оставила гола. Ни пак нокшир не ни текнало да купиме.

    Приказни од баби и тетки дека на 10-12 месеци не учеле да користиме нокшир ми се нон сенс. Или ние на 10 месеци сме имале преголемо IQ.

    Последно што слушнав е дека познаничка ги научила децата од раѓање само кога ќе слушнат одреден звук да какаат и никако поинаку ама ни сум видела пред мене, ни пак ми е многу верно.
     
    На Mother of 2boys и H.VAGA им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.359
    Пол:
    Женски
    Од забите е, т.е од лигите од плунката. Не малтретирај дете со крвни слики, нема потреба. Ни тогаш не требало да го боцкаш, ама ете, биднало. Без јака причина нема потреба од крвна слика.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.153
    Пол:
    Женски
    Порано од 6 месеци на нокшири ги седнувале, форсирале за се (јадење, одење) па и за пелените да ги откачат. Ама има и друг момент. Не е ист осетот да се измочка бебе во памучна пелена и да му е непријатно мокро на секое мочкање цело време и денешните пелени што впиваат се за неколку секунди и држат суво. Не им се непријатни за носење и многу ретко кој фрлил пелени на година година ипол.
    Крајно никој човек не останал пелени да носи цел живот, кога ќе биде спремно дете тогаш само ќе си покаже и многу полесно транзицијата ќе ја направи. Нема потреба никој притисок да врши.
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Исто не сум ни помислила сега да го одвикнувам, не се спремни според мене. Може има што се спремни на 18 месеци ама ретко е тоа. Моментално само му кажувам за нокшир/шоља, доаѓа со мене во купатило секако.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Машки
    Дали има некоја регресија во спиењето околу 20 месец? Дете веќе некое време се буди со вриштење. Ај што вришти почнува и да рита со нозе и тоа трае неколку минути и поѕоа како ништо да не било. Некогаш му се очите затворени како во сон ли е, како уште да не е разбуден јас незнам.Значи последниот месец сме душа ми излезе..такво плачење и рикање за се и сешто незнам. И порано знаел да се налути, ама многу бргу му минеше или го залажувавме, ама во последно време е страшен..
     
  8. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.763
    Пол:
    Женски
    јас не верував на таа прича дека дете толку мло може да се одвикне од пелени ,мајка ми држи до тоа дека јас на 2 години веќе не сум имала пелени :D
    веруваш или не мојата е скоро две години нема уште две, ја оставив кај моите цел јуни ја чуваа почна да кажува за мочање и какање.
    сега сама моча на адаптер ,нокшир не сака ама со адаптер нема гајде.
    не се измочала во гаќи:D
    ова бабиве незнам што прават ама почнав да верувам дека е можно и ова .
     
    На LizzyGrant и Ceneva им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.765
    Пол:
    Женски
    После годинаипол има некоја смисла, кај некои деца, кај големото немаше резон никаков, не зборуваше ништо, малово збори и може муабет да си правиш со него, ќе пробам ама немам многу верба. Ме нервира моментот, касно е сега. Како бе касно, како?
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.896
    Пол:
    Женски
    Мојата има 15 м не сум ни помислила да и тргнам памперс,иако од кај мене моиете ми викаат време и било,јас мислам дека е мала,сепак има мал фонд на зборови иако кога ќе се искака кажува "аи" и се држи за пелена да и ја сменам.
    Да не заборавам да кажам имаме нокшир од 6м веќе ни го купија. :D:D
     
    На Miss_S и Ceneva им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Јас читав статија дека дете се одвикнува од кога станува свесен дека ја врши таа физиолошка потреба,а тоа е некаде околу две години. И затоа чудно ми падна како ѓи одвикнуват порано. Моето не седи ни секунда на нокшир хаха
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.958
    Пол:
    Женски
    Да ги натерам бабите да купат нокшир ако не. Може од тука ќе почнеме со магијата. :D

    Убаво си бев решена дека бар уште година нема да се занимавам со темава. Ок, може стварно уште година ќе тераме со памперси, не дека не.
     
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    8.637
    Пол:
    Женски
    Чудо не и купиле до сега :wasntme:

    На мојава и купија пред некој месец хахах
     
    На јolene и Miss_S им се допаѓа ова.
  14. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    6.795
    Пол:
    Женски
    Моево сега ќе полни 2 години и во градинка почнале на нокшир да ги ставаат. Ми рекоа летово веќе требало да го одвикнеме. Дома имаме нокшир одамна купија бабите ама нешто не е заинтересиран. Не знам што да правам, едно време покажуваше ама откога ќе заврши работа во пелена а сега и тоа престана
     
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    10.284
    Пол:
    Женски
    Свекрва проба да ја седне на нокшир. Време и било веќе. Дете 11 месеци, падна од нокширот, поима немаше што се дешава. После проба да ја натера да стои и оди, малата крена нозе, не сакаше да стои. На свекрва не и било нормално ова.. што повеќе да речам. Ко да ќе им избега нешто или медал ќе им дадат. :envy:
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ја остам свеќи нека проба :rofl: знам дека ќе биде неуспешно, ама само да престане да збора време било ... А ако успее уште поубаво нема давање пари за пелени :rofl:
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.106
    Допаѓања:
    46.361
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ме замара за ова, свекрвата не, ама мајка ми е упорна дека ние од 6м сме седеле на туте. Викам жено значи физички не е можно, не знам како да ти објаснам дека не се сеќаваш и дека сигурно не било така.
    Јас сум какала до 2 год во пелени и она кога објаснува вели ти до голема какаше во пелени, мислиш до 5 год сум какала, а брат ми наводно уште пред година какал на туте, а како не знам кога до 3 год не зборел туку само звуци испуштал.
    Филмови прават, ама и она му купи нокшир уште пред годината, му служи за да се качува на маса и да ми застанува срце.

    Јас не сум приметила осип од пелените ама го гледам дека не ги сака, почнав денски да го оставам во гол, кога ќе се искака сабајле и кога ќе моча ја тргам и го оставам некое време така, е сега ми се искака еднаш во ходник и еднаш во дворот, приметив дека вика кака и се крие од мене за да заврши работа, пробав на туте да го ставам ама станува не знае што треба да прави.
    Или додека се бања во базент почнува надвор да излегува и е упорен ако го вратам и знам дека му се моча, излегува и моча надвор.

    Јас му земам еден број поголеми пелени искрено, полабави се и не му протопуваат секако и барем не му се залепени за него.
    И судокрем мачкм ако видам цевенило. Исто неколку пати ви денот го мијам, влажни не користиме, после какање обавезно миење.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    8.637
    Пол:
    Женски
    Ова стариве стварно ме нервираат. Од мм неговите се со тој филм дека мм уште немал ни година. Си зборувал убаво. Им викам може мама тато такви зборови. Не бе како такви зборови, зборувал и готово. Им велам не верувам. И сите се со тој став, па дури и бабите. Гарант не ни паметат кога било точно и сега продаваат овде прикаски. Еве јас како поминува времето некои детали не памтам пред една година а сигурно ќе паметат тие пред 30+ години.
     
    На le.soleil и 1209 им се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Каснат. Мајка ми уште пред 3 месеци зборуваше да купиме и ене минатата недела купила и донела :rofl:
     
    На LiquidLuna и Miss_S им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов да се пофалам.
    Синко се пушти и почна да оди и тоа мамасити да видите одење. Не застана цел саат после тоа, радости живи дека оди.
    Преголема радост била. Утре ќе правиме погача :)
    А од сега мама да се спреми за маратон :rofl::rofl::rofl:
     
    На Secret-Angel7, Coco31, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.