Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.811
    Допаѓања:
    21.578
    Пол:
    Женски
    А зошто ја оставаш да ти го малтретира детето?
     
    На LiquidLuna, Amore123, Erika.greeneyes и 2 други им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.193
    Ќе направите беља. И ќе напраи одбивност и за стоење и за нокшир.

    Има студии дека пред 18м децата не се когнитивно способни да распознаат нагон за мочкање/какање. Мочаат на нокшир пред 18м случајно или ако го седнеш цел ден да дреме дур не се искака. Тоа не е свесно одење во вц така што џабе маката.
     
    На LiquidLuna, Erika.greeneyes, Miss_S и 3 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.764
    Пол:
    Женски
    На темава нокшири мајка ми ми има раскажувано случај, седнале дете на нокшир во градинка и дур не заврши работа не го станале, дебелото црево на детето излегло нанадвор. Беља од ќеиф. Факт дека е претешко со пелени, никој не вика не, скапи се, мачно е особено во жешкото, ама па дете мало да малтретирам ради мои некои замисли, абеее.... Ене го нокширот стои во играчките, купив и јас за да им затворам устите, не сака да седи и крај. Има аверзија на седење, не сака да седне и крај, исто и за во када, базенче, неќе да седи и крај. Се мислам за почеток да му купам некое столче мало, ко фотељка тие што се, да научи да седи, па да видиме. Од 10м ова мое дете нема седнато на газот, и после како да се поправи, живец еден.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.193
    Големиот никогаш не седна на нокшир. Исто вака имаше одбивност, плус големо дете тесно му беше. Научи да мочка со стоење гледајќи го татко му, а да кака со адаптер.
     
    На 1209 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    10.282
    Пол:
    Женски
    Не беше толку драматично, се случи еднаш и толку. Може оти се надоврзав на постовите и така прозвучело. Трет пат луѓе ја гледаат во една година. Она ги сака ептен. Се радува на нивното присуство и сака да си игра со нив. Ама им останало нели, девојче треба да седне уште на 4 месеци и да прооди пред годинка. Да е работна.
    Башка охрабрени од тоа дека другото внуче го научиле на нокшир. А нема врска, детето уште е со пелени. Ама градинките лоши, не му посветиле внимание па се одлучило, оти полесно им било пелени.
    Нема врска, не сакав да драмам. Ајде пробајте. Така и остана како игра, она не ни свесна што проба баба и. Не повтори повеќе.
    Детево расте без форсирања и помагала за седење и одење. Ако може воопшто дете да се научи да седне и стои.
    Нон стоп е на под. Вежба и совладува самостојно вештини. Се заигрува сама. Па на бабите им беше чудно како постојано е во акција, ама не си ја удира главата. Епа така. Се научила. Така ќе се научи и да се исправи. Има деца кои порано тргаат и деца кои покасно.
    На коментаторот, како уште не стои, па не ја учам, не ја ставам во дубак, тоа не е нормално, им реков само дека фала богу што ортопед мисли дека е во ред.
    За коментар оти не на нокширот им реков дека мора прво мене да ме види на шоља. Може да си замислите погледот каков им беше.

    Ама толку помина и тоа. Се вративме дома. Короносани сите тројца.
    За жал или за среќа, на моето дете сите трауми од мене ќе му се :worried:. Ми се плаче искрено. Веќе четири дена е затната. Бавно оди. Температура фала богу нема. Ама не може да дише.
    Инхалации се трудам да правам. Носе чистам. Ама е плачки, еј плачки. Мислам дека траума има кога ќе ме види веќе.
    Ноќеска не можеше да дише веќе. Спиеше ама тоа рчење.. сакајќи да и помогнам, да и ставам капки. Кога се вознемири. Кога почна да плаче. Без воздух ми остана. Ќе си умрев од мака.
    Ај нишкање, ај на балкон на свеж воздух, едвај ама едвај се смири. Каснува само по едно залче. Нудам течност, ама освен вода и АД не сака ништо друго. И тоа вчера малку. Ама па за таа сметка вчера барем јадеше малку.
    Доктор преку телефон, рече дека мора да исечкаме и да ја носам ако качи температура.

    Што правите вие преку ноќ кога ви се болни виросани? Будите ли дете да пие, за инхалации или оставате да спијат додека спијат?
     
    На LiquidLuna и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Срце мало. Побрзо да помине. Оставај ја да спие дур спие. Кога ќе е будна нуди вода. Во купатило на пареа, јас знам и камилица да ставам во тенџере да испарува в соба да го влажи воздухот, а и да седнам во близина да ја вдиши парата, не дирек. На синко така најмногу му излегува секретот, од топлата пареа. Од инхалациите со инхалатор нема толку ефект кај нас.
    Ќе се помачите ама ќе помине.
     
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    10.282
    Пол:
    Женски
    Секрет е полна, затната е, ама не може да го исфрли. Пробав во купатило со тушот. Ништо.
    Затоа со инхалатор и со физиолошки за инхалација, повеќе пати на ден. Ќе ја поопушти малку ама пак не тече нос. Повремено ќе се закашла и толку.
    Веројатно голта нешто. Ама мене ми е дури страв што ја слушам како хрчи..
    Кромид сечам и ставам, тоа како најмногу да и помага. Не соработува воопшто. Дадов шируп сега парацетамол, има болки се познава. Истовремено и двојки вади. Ммр пред три недели. Имунитет и е паднат. Абе да знам како да му помогнам барем :@. Вака само чекам ден да мине.
     
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.052
    Допаѓања:
    8.535
    Пол:
    Женски
    Ако помага кромид сечи. Правиш се што можеш тоа е. Жални се,мали незнаат да издуваат нос и маки големи се. Па се тргат не даваат да чистиш. Ама тоа е на сила, среќа забораваат брзо.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.193
    Стави и мералис или оперил П. Моето бебе е 9м, минатата недела беше скроз затнат, ми кажаа во систина оперил п до 4 дена, и толку го држеше стварно. Помала е штетата од капки, него да не дише.
     
    На јolene и le.soleil им се допаѓа ова.
  10. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Тие што имаат анемични деца, какви капки користите ако може слика? И цена на истите
     
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    6.048
    Јас на своја рака сум им ставала оперил п пред спиење по ден или два кога биле ептен затнати. До колку пати дневно те советуваа дека смее?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.343
    Допаѓања:
    28.193
    3 пати на ден максимум, до 4 дена. И реално проаѓа за 3 дена најчесто.
     
    На јolene и le.soleil им се допаѓа ова.
  13. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.218
    Допаѓања:
    5.773
    Пол:
    Женски
    Sideral gocce околу 700-800 ден.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Во странство или во Македонија?
     
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Помага оперил да, суши мрсули и секрет.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    26.349
    Пол:
    Женски
    Бела исто. Денес кога не не фркна нешто, никогаш. Олку жешко ние немаме осетено тука, најавени гости шпоретот фучи, она во раце цел ден, ми иде да седнам на под и да плачам со неа. Човек ни во количка повеќе не сака, хранилка никако , се фрла на назад драма прави ќе се искрши мислиш. Па и граба на големава работи и ако не е по нејзино научила, од каде не знам ама зема и ја кубе крвнички, мава по лице, оваа само и чути нема шо да прај. На вечер се буди 30 пати мислам, зомби сме сите.
    Се сеќавам така беше и со големата и тоа што она се расонуваше 4-5 дена траеше тоа, слроз расонета сите во дневна и не се смееше да се седне, ако седниш креваше зградата во вис.
    Иначе сепарациска анкциозност имаат и на 2, па 3г. Големата траума до тој степен да уште станува секоја вечер да провери дали сум до неа.. ќе се шекнам ете.
     
    На Mother of 2boys, Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    46.360
    Пол:
    Женски
    Луѓе веќе две недели ноќно време се буди со ќенкање, плачење и презаспивање, денски е ок, ама ноќно време се буди на секое преминување во нов циклус и плаче онака исплашено. Може да се заби, има само 3 на 14+ месеци, верувам дека други се спремаат да излезат, може и скокот е, ама веќе се загрижувам да не е случајно нешто друго, нешто да го боли…ви прават вака вашите?
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.244
    Допаѓања:
    26.349
    Пол:
    Женски
    Кога се затнати јас ставам наводенати крпи низ цела соба.. нив им помага. Исто така бањам со масло против настинка, и мачкам на грб со маст.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.218
    Допаѓања:
    5.773
    Пол:
    Женски
    Во Македонија.
    Од странство имам користено Малтофер капки.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    10.282
    Пол:
    Женски
    Купивме вчера едни со иста активна супстанца како оперилот, за бебиња па барем се спиеше ноќеска. Овие што предходно ги имавме очигледно не функционираа. Сега е малку подобра, ама се надевам дека барем опасноста за качување температура пројде.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.