Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Девојки од МК, некако после година изгубив ориентација за вакциниве. На апликацијата бебо гледам има вакцини на 12м, па на 18м.
    Како оди редот?
    Прашувам за без МРП, за неа знам.
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Мрп на 12+
    Превенар нас ни рекоа на 15+, па после тоа од 12-24 месеци било кога, не морало точно на 15 месеци.
    Дтп на 18 месеци и толку.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    46.357
    Пол:
    Женски
    Кај нас пишува на 12м само мрп, а после на 18 останатите. Јас ниедна не дадов за сега, ќе чекам да се вратам во Лондон и таму ќе го боцкам, посигурно мо е, веројатно може било кога да се дадат овие што се ставени за после годината.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    Превенар да не ја доцнеше ти? Таа до 6м се става и толку, на 1г нели мрп, на 18м дтпр. Нас бар така ни кажаа и така тераме. Додуша мрп ја немам ставено, ќе ја ставам дтпр после одмор па после дури ќе ја ставам мрп некаде пред нова година.

    Дете крвна слика стакло, одлична, ама секрет е полн и црвени увциња. Вчера доби нова терапија, Тобрадекс и Амоксиклав, претходната не му помагаше, зошто секогаш ваквите уши го носат до голема температура и многу болки во уши. Не сум дала уште, не ми се дава на ваква крвна слика некако, што знам. Ќе го земам, секако, ама ќе почекам докторот да ми каже што да правиме.
     
  5. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Женски
    Не е така. До година се 3 дози превенар, над една година се 2 дози, а над две години е 1 доза.
    Ако се оди со три дози не мора да се примат до 6м., туку до една година.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    Јас кога зимав потврда од вакцини ми рекоа се гледаме на 18м за дтпр, а мрп кога ќе одлучите тогаш. Ништо друго не ми спомнаа. А прашував мислам и овде после 13м што иде и рекоа директ на 18м дтпр. Не знам искрено, може грешка сум, ќе го носам за дтпр ќе прашам.
     
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    8.636
    Пол:
    Женски
    По календар се мрп, па превенар, па дтпр.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    На колку месеци е превенар? Ќе појдам после да прашам, успат ми е.
     
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.377
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Мојот на 18 месеци прими и ДТП и Превенар.
     
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    8.636
    Пол:
    Женски
    Мојата мрп прими на 14 и ми рекоа после месец дена за превенар ама често настинуваше од градинка и ја прими покасно.
     
  11. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Женски
    Така ти кажале зошто веќе ги имал примено сите 3 дози на превенар до 1г. Затоа следни ти се дтпр и мрп, односно само тие останале.

    За превенар дозите се распределени како што пишав погоре.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    3.266
    Пол:
    Женски
    На Чико спрејот го имам јас, плус алка земав демек ама на количка и ја имам ставено (зошто на неа ако е ја вади и јаде). А ако ја касне некој со Уриаж ролон-от мачкам и поминува.

    И мојата и сите околу дечиња на таа возраст што се околу нас истото го прават. Нормално е. Премногу нови работи учат и прават, се сакаат да истражат и ако ги спречи некој во тоа што наумиле нормално е да има плачки. Секое дете е различно. Ќе пробуваш и ќе видиш што функционира за твоето. Некои деца сакаат да ги гушнеш во таков момент, некои да ги оставиш да помине, некогаш ќе упали да одвлечеш внимание. Јас за сега успевам без плачки да направиме тоа што треба со зборување и одвлекување внимание кон тоа што сака. Пример се бања и не сака да стане од када, а не сакам плачки пред спиење и да се вознемируваме сите, па почнувам да и ги носам книгите, да и викам ајде мама те чека мачето, ќе читаме. И неколку пати така и на крај сама ќе каже ајде за да ја земам. Некогаш и не функционира, па морам да ја земам во раце, плаче, ама бргу и одвлекувам внимание со нешто друго, или ја гушкам и поминува. Верувам дека се потешко ќе станува ама ќе се обидуваме да се справиме некако. Далеку од тоа дека сум секогаш смирена и зен, ама знам дека ако и јас викнам или бурно изреагирам, бетер правам, а не дека не вријам некогаш во себе, сосема нормално е. За луѓе од страна воопшто не ме интересира, не ги приметувам. Мое дете, моја одговорност, нека си гледаат они нивното.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    11.787
    Пол:
    Женски
    Како ги залажувате, ги терате да четкаат заби? Со еден скоро излезен катник и еден што наѕира е и плус напред двојки кецови излезени. Му ставам паста на четката, четка две секунди и почнува да ја смука пастата оти му е блага.
    Мене не ми дава да му ги четкам, сака сам.
    Додуша веќе сѐ сака сам, а уште е некадарен.

    Тантруми или што и да е тоа, има да.
    Надвор се случило 3-4 пати, се ѕверат луѓе, можда и ја сум се ѕверела кога сум немала дете не знам.. ама како и да е сега сочувствувам со секоја мајка.
    Кај моево ни муабет функционира, ни галење ни гушкање, само пренасочување внимание кон нешто што сум скоро сигурна дека му е од интерес.
    Тешко е, теоретски знаме што треба да сториме, примената во пракса е сосем друга работа.
    Пак ќе кажам, да стискаме заби и јачаме живци за terrible two.
     
    На 1209 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    3.266
    Пол:
    Женски
    И мојата не дава да и четкам јас заби. Пробувам секогаш прво јас па ако се трга, а се трга и ја давам четката и ја гризе она. Мислам повеќе е сеуште за навика да створат. Секако после четкањето пие млеко па не дека има не знам каков ефект ама по мое најбитно навика да створи.
    Исто, ко ќе видам дете како вришти инстинктивно ми иде да ја гушнам мајката.
     
    На 1209 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Сите и се примени, 3 до годината и сега 1 ќе прими за Превенар тоа. Не сме биле, се нешто е настината и со антибиотици.

    Ова е од Бебо апликацијата.
    IMG_20240702_111349.jpg
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.292
    Допаѓања:
    111.763
    Пол:
    Женски
    Валда и моево примило штом така ми рекоа. Ми се темни со ова вакциниве.
     
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    2 биле до годината на 2 и 4 месеци. И една после година. Го препроверив календарот. Кај мене таа и Дтп ни се останати за летово. Вакцини, одмори, се да истераме, па одново во градинка.
     
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Колку прифаќате критики упатени кон вашите деца? На пример добивам критики дека ќерка е палава, не седнува на едно место. Дома знае да се заигра и да седи мирна со нејзините играчки, меѓутоа пример пред некој ден тетка ми ја чуваше на кратко и се пожали жената дека префаќала ќерка се и сешто, и било тешко да ја контролира и да внимава да не се повреди. Покрај моево чуваше уште 2 внучиња.
    Еве јас значи го сфаќам сериозно и сметам дека имам многу за работа со ќерка и нејзиното однесување, без разлика што е 1,5 година.

    Маж од друга страна така лабаво искоментира дека не е детето криво, туку жената што не знаела да воспостави контрола.

    И сега како да се воспитаме?
     
    На H.VAGA и 1209 им се допаѓа ова.
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.199
    Кога ќе воспиташ (на цивилизиран начин...) дете од година ипол - две да не префаќа се', кажи ми :D
    Маж ти до некаде е во право, не е криво девојчето, за контрола воспоставување не знам... како аутсајдер е потешко него како родител, ама на оваа возраст дефинитивно треба да се припреми просторијата за тодлери, отколку да очекуваме дека треба да научат ништо да не фаќаат.

    Секако дека нема да ги оставиме да прават се' што сакаат, ама мислам дека очекувањата отстрана се многу нереални. Неретко сум слушала коментари за „невоспитани“ тодлери од луѓе што тодлер во живот не виделе одблиску, или последно виделе пред 30 години.
     
    На LiquidLuna, 1209 и Miss_S им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Реално може и јас премногу очекувам од дете од година и пол ама стварно не можам да ја оставам без контрола посебно кога "критиките" доаѓаат од повеќе страни.