Горните двојки веќе некое време се бели и никако да пукнат. Мнооогу бавно вади заби, само кецови горе и доле има. За вакцината ќе почекам до петок изгледа.
Здравооо мајки, ние стасавме во Мк. Гужви пред доаѓање, пакување, завршување работни обврски, па немав време да се вклучам тука. Гледам пишувате за комарци, баш ми е криво што не прочитав порано, може да споделите кој е ролонт он Уријаж и спрејот од фрезидерм? Во аптека за убод ми дадоа некој крем, МК производство, а за прскање исто земав од зегин по препорака на аптекарката, ама не се покажа нешто најнај.
Јас со години го користам на мустикер спрејот за сите и добро се покажа и за нашите и за грчките комарци
Девојки, какви патичиња им земате на малите? Имаше цицибан ги порасна, земавме адидас сега, ама ортопед ми рече по меки, да се превиткуваат. Какви да и земам? Година и два месеци сме, оди веќе месец ипол.
Било кои кои се виткаат кај перничето (оној мекиот дел од стапалото после прстите - се надеван добро објаснив), а да се сепак цврсти кај петата и зглобот. Нашиот ортопед е строго против оние од кеги, зошто има неправилно виткање на средина на ноџето. Сепак за дома на топлово форсирајте што повеќе босо.
https://k-k.mk/category/barefoot-bosi-obuvki Од овие му земам. Ваквите "босоноги" обувки што ги викаат се одличен избор за тазе проодени дечиња.
Мене ми е срам веќе да фрлам шишиња во контејнер. Секоја вечер по едно со мм маваме, да смириме живци откако ќе заспие по лавовската борба што ја доживуваме на спална, како да не се доволни тие што ги имаме по цел ден, па ни прави реванш.
Moдели за трчање барај, тие се најфлексибилни кај прсти, а цврсти кај пета. Има и адидас и најк и рибок (да не набројувам понатаму).
Ние па баш тие ги имаме. Тие со патент што се така? Дајте идеја какви други да земам, некои проверени. Мало ноџе има 19/20, никако не наоѓам броеви.
Види ги овие на пример https://www.sportvision.mk/mk/obuvki/8486340-nike-revolution-6 https://megasportonlineshop.com/index.php?route=product/product&path=191_202_203&product_id=10772 https://megasportonlineshop.com/index.php?route=product/product&path=191_202_203&product_id=22974 Нешто вакво барај
Јас овие му ги купив за роденденот, се виткаат таму кај што треба а во пета се стабилни. Во нив прооди https://ciciban.rs/proizvod/342114u-smart-skate/ Предходно му имав купено nike, вакви само со бело знакче, од нив имаш мали бројчиња, 19.5 се со должина од 10 cm https://www.sportvision.rs/patike/69876240-nike-runner-3
И ние ги користевме тие од кеги. Кога почна да се пушта сам му земав едни од најк како што ни препорачаа, ама многу паѓаше од нив. Не можеше да врзе два чекори и да оди. Ги удараше една од друга и паѓаше. Ги купив тие од кеги и добри му беа. Кога почна да оди стабилно пак му купивме од најк и сега нема мака.
Жени, кажете препорачајте страна, тема со рецепти за пребирлив јадач... ако има лек за дијагнозава... Додуша сѐ тоа е индивидуално, ама ми треба некој извор на идеи што да му готвам и јас и свекрвата што го чува. Преку викенд можам повеќе време да посветам, ама преку неделата свекрвата сама со него не може, освен ако не е некоја набрзинска каша (најчесто купечка). Многу ми ја отежнува работата што е пребирлив. Правам по 2-3 доручеци, за еден да упали па да го рачунам “јадено“ детето. Задоволна сум веќе дури и некое залче да касни да си се тешам дека мели нешто стомачето. За ручек и ужинки преку неделата баба му е задолжена, ама не може жената како јас што можам да зготвам нешто. Нејзините ручеци најчесто се ориз со спанаќ, жолчка внатре и грчки, друга комбинација компир морков нешто такво... месо внесува само од купечките, а внатре имаат по 3-4% телешко/пилешко. Многу саклет и нервоза ми прави ова, веќе е проблем што се провлекува со месеци. Спомнувам на доктори, матичната крева рамења и ми вели “има деца јадачи и нејадачи“, ама ова не е месец, два.. ова е веќе долго време утре и на крвта ќе се одрази, секако беше некое време не Малтофер. Еве ортопедот онојпат прокоментира дека е портокалов да му се испита пак хемоглобинот. Вели веројатно е и од многу портокалова храна (тие купечките се сите со прекумерно моркови), ама може и да е од низок хемоглобин. Само 3-4 јадења вртиме буквално. Апсолутно незамисливо ми е да му дадам да јаде летна манџа со урдичка и со лепче еве пример. Кашкавал не јаде бе?! Плука. Патлиџан? Пиперка? Ќофтенца од зеленчук со месо внатре скриено? Никако, никако. Манџа грашок, боранија, грав? Не доаѓа во предвид. Моево дете нема вечера официјална... навечер шмукалче нешто ако исшмука, секоја вечер легнувам со грижа на совест дека е гладно. Со ваква ограничена исхрана и плус неколичинско јадење ми е страв крв да му испитам. Desperada сум.
Денес бевме за Мрп ама не го боцнаа. Болен беше пред две три недели и гранулоцитите му беа 0.92, на денешната крвна слика се поткренале на 2.20, ама уште се под долна граница. Кога кажав дека беше болен вика аа па да почекаме уште 5 - 6 дена, да се подобри уште малце имунитетот. Ме праша јаде ли јајца, викам да, аха добро. Каква врска има викам тоа. За мене има вика, за тебе не. Докторката си важи за арогантна и баш нејќев она да се погоди ама ете. После гледаше крвни слики од порано и дека кога е болен леукоцитите му се намалени. Ааа а секогаш ли е вака? Викам зошто што значи тоа. Мене ми значи, ти не се замарај. Какви се тие одговори од доктор еве не знам. Ама знам дека следен пат кога ќе одиме ќе се потрудам да не е она на смена. Сега ми стави црв со тие прашања. Демек интернет мајките мислеле само кога леукоцитите се високи детето е болно, ама ете ние сме биле доказ дека не било секогаш така. Кај отидовме не знам, само да се изнервирам ете!
Не ми текнува точно ама мислам ако е алергично на белка или на жолчка не знам точно на што, не ја даваат мрп. И мене ме прашуваа дали јаде јајце и дали имала реакција.
Не знам од каде си ама во Скопје ја носев на вакцина на едно место и сега ќе сменам баш поради арогантни докторки. Те тера со сила да му ставиш на дете вакцина и те праи будала и се прават паметни. Минатиот пат преќутев ама следен пат не им ќутам ако ми се погоди. Ќе плаќам здравство уште ќе ми се с**** на глава!
Кај нас друга крајност. Вика не ми значи крвна слика ништо. Ако е "весело", си јаде, може вакцина. Викам пиеше Сумамед до пред 5 дена. И тоа нема врска. Демек општ изглед на детето. Си познавала таа здраво дете. Од пред некој месец искуство е ова.