Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    А каде тоа, во кој пункт?
    Јас секогаш сум правела крвна слика пред вакцина, ама никогаш не ја гледале.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.156
    Пол:
    Женски
    МРП се правела врз пилешки протеин, ако дете е алергично на јајце нема да ја прими односно ќе прими друга вакцина не оваа врз пилешки протеин. Така мене ми објаснија.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.549
    Пол:
    Женски
    Арогантност и его.
    Зошто да не ти објасни?
    Некои вакцини може да содржат протеини во нив и се препорачува детето да има пробано белка од јајце пред да ја прими, за да се знае со сигурност дали е или не е алергично на јајце.
    Значи за да се избегне алергиска реакција од вакцината.
    Што е тоа тешко да го објасни?

    Ајде за леукоцитите можеби е подолг одговорот или посложен, ама ако решила да работи со луѓе треба да си најде начин како ќе им објасни, а да биде разбрана.
    Моето дете беше на 3 години хоспитализирано заради ниски леукоцити или леукопенија. Имаше некаква вирусна инфекција, најверојатно некој грип, заради кој имаше висока температура. Го однесов заради температурата на дежурен и по направена крвна слика, заради леукопенија (0.9 имаше леукоцити) решија да не задржат во болница.
    Ми објаснија дека мора хоспитализација зошто без доволно леукоцити телото нема одбрана од други секундарни инфекции. Се плашеа дека ако не пуштат може да добие дополнително и бактериска инфекција.

    За време на престојот во болница ми кажаа дека кај некои деца едноставно вирусите им ги уништуваат леукоцитите, таков им е имунолошкиот одговор. Исто и дека температурата додека е покачена и додека се даваат лекови за нејзино снижување тие се намалуваат заради лековите. А мораш да дадеш кога е висока..И така се вртиш во круг. Така да чекаа да му се симне температурата, секој ден му земаа крв за да му мерат леукоцити. Му правеа и некои други хематолошки анализи зошто е пред се проблем со крвта и тие беа во ред.
    Ни препорачаа контрола на хематологија после неколку мес. кога ќе се опорави, во здрава состојба, з а да видат колку му се високи леукоцитите кога не е под инфекција. И испадна дека му се нормални, ама ниски и блиску до долната граница. Секогаш му се такви.
    Значи некои деца природно им се ниски, а вирусите само ги намалуваат дополнително.

    Здрава храна, хидратација и добар ноќен одмор им беше советот.
     
    На 1209, Mother of 2boys, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Мене последно во пункт во ј.сандански кога кажав дека таа ја одложувам за кратко заради недокажана алергија на белка ми рекоа дека тоа повеќе не се смета за пречка.
     
  5. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Горе-долу како јас да сум пишувала. Ние сме главно на благи палачинки, грчки јогурт, шмукалчиња, некоја каша од портокаловите што викаш, некои од ноќните и толку. И тоа се врти. И смоки Лино најново. Од манџи, давам лепче потопено во манџа, ќе касне ама малку. Јајце со спанаќ исто ќе касне ама малку.

    Многу сум и јас загрижена. Исто во викенд пробувам нешто ново да воведам ама не е прифатено, па пак остануваме на истите работи. Покрај малиот внес на храна, ме загрижуваат и други работи од типот држење на прибор и "џвакање" различни структури на храна. Лажицата со грчки јогурт пример ја зема и јаде (тоа трае 2-3 минути) ама не знае сама да си земе од јогуртот. 12++ сме.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    4.191
    Пол:
    Женски
    Ко да се читам себе. И не е утеха ако ти кажам дека 3 години ќе полни и се уште не е јадач. Дома го немаме видено манџа како јаде. Овошје, зеленчук, благо, грицки никако во уста не става.
    На суво лепче расте. :doh:
    Муабетот ми е дека стварно има јадачи и нејадачи иако после некое време сите преминуваат на страната на нејадачите. :x
    И јас се тресев на секоја крвна слика како ќе му е крвта, последно кога беше болен докторката кога ја виде рече што и да правите со исхраната продолжете така, школска му е крвта. (facepalm)
    Само да се здрави што може ќе се прави, не е секогаш се до нас.
     
    На 1209, LiquidLuna, DaisyDoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    12.030
    Пол:
    Женски
    Ехее, моево е полни 15 месеци па не знае со прибор. Му полнам лажица, вилушка, ја носи да уста и апнува. Сам да си црпне, не баш.. Нема спретност, а и не сум сигурна дали му текнува.
    Целиот тој процес со хранење сам, користење прибор ќе беше убрзан и можеби до сега повеќе ќе се осамостоеше, ама тие 5 работни дена во неделата буквално рацете ми се врзани на тоа поле и морам да се помирам дека баба му така нема да го храни. Ми остануваат само два дена, а тие два.. Што попрво?
    Јас моето го рачунам малечко за ептен самостојно јадење со прибор (може грешам), а не пак твоето. Не би ме загрижувало тоа.
    Ова со нејадењево е друга песна. Ме нервира што немам решение, совет ни од стручнак. Само сирупи ми препишуваат демек за разјадување.

    Буквално само на леб расте.
    И тоа мислам дека колку по сув, толку по сладок му е.
    Нема да го јаде тој од Фурна Диме или некој друг без адитиви, ама оние дуваните нема проблем...
    Да се помирам јас велиш, м?
    (facepalm)
     
    На Giiirl23 и 1209 им се допаѓа ова.
  8. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    1.096
    Исто како јас да сум го пишела ова. Истата ситуација и кај нас, си имам дома еден огромен пребирлив нејадач. Манџа нема шанси, само тестенини и суви работи што може сам да ги јаде и да не е све збркано у една чинија. Јаде шмукалки чат пат и хип кашата со какао ја обожава. Вртиме едно те исто цело време леб палачинки све суво ама јаде ко врапче по малку. Да не претерам ама сите можни доктори сум ги прашала и одговорот е такво си е детето, сака да мези по малку а не да јаде цел оброк, а и јас сум била таква коски и кожа до средно. 9кила е 18 месеци имаме :(

    едит: и многу ослабнува кога ќе се разболи по една недела ништо не јаде, моментално го чувам дома овие два месеци нема да иде у градинка да пркне малку пошо душа немам веќе со килажава, мн се нервирам
     
    На 1209 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.039
    Пол:
    Женски
    Да не ве тагирам сите поединечно. Во вакцинален пункт во Струмица е ова. Срамота е одговори што треба да ги добијам од доктор да ги барам на форум, ама сепак фала што ми објаснивте. На него леукоцитите не му биле никогаш претерано ниски, не знам зошто го искоментира тоа, без да се дообразложи и само бубачки во глава да ми стави. Ете ги подоле неколку крвни слики кога бил болен и таа без ЦРП од денес. Па почна нешто да ми збори дека сите веќе биле интернет мајки. Епа да ете баш преку тој интернет добив одговор што она беше должна да ми го даде.
     

    Прикачени фајлови:

    На H.VAGA и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Мојата сè уште не оди ама сакам да и земам едни, само боса е досега. :) Кој модел конкретно го имаш?
     
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Жени опуштете се малце. Не мора секоја информација да е споделена со вас. Може сум досадна, ама сите вакцини ( и мрп ) ги прими без крвна слика, без посебни прашања, без прегледи. Одиш во вакцинален пунт, гледаат општа здравствена состојба и даваат вакцина. Ти кажуваат минимални информации, резултати не се споделуваат никогаш без толкување од мед.лице. Кс нема никогаш да биде перфектна, тоа не значи дека детето не е здраво и треба до недоглед да се одложува.
     
    На 1209 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.039
    Пол:
    Женски
    Јас сум генерално многу опуштена и далеку сум од контрол фрик. Ама стојам до тоа дека кога ќе го прашам нешто докторот, прашање кое сам го иницирал со некој негов коментар, треба да ми се одговори. Не отидов јас да и правам интервју, поставив едноставно прашање на нешто што она го искоментира. Отидовме најнормално да го вакцинираме, а она беше таа што почна да коментира се по список. Конкретната докторка важи за арогантна и знам дека тоа што не сакаше да ми одговори беше покажување некоја величина, ама кај мене тоа не проаѓа. Со такви доктори не сакам и нема да си имам работа. И пак ќе кажам, составен дел од нејзината работа е да најде соодветен начин и да објасни одредени работи на родителот до одреден степен. А не да вика мене ми е битно, тебе не те занима. Како тоа не ме занима за мое дете?
     
    На H.VAGA, see.emily.play, LadyInPainting и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    2.325
    Пол:
    Женски
    Повеќе модели имам земано, сите се погодија.
    Прво имавме од зимските модели:
    Screenshot_20240706-164603.png
    Па како овие само друг дизајн:
    Screenshot_20240706-155421.png
    После ги земавме овие:
    Screenshot_20240706-155402.png
    И сега последно овие ги носи:
    Screenshot_20240706-155412.png

    Широки се напред кај прстињата, се виткаат убаво напред, влошката е рамна (нема перниче). На ортопед кога бевме после проодување рече одличен избор на обувки.

    Мојот беше дете што не трпеше ништо на нозе, соблекуваше се, ама со овие обувки немавме таков проблем. Првично му имав купено спортски патичиња, ама со нив не сакаше да оди надвор. Само што ќе го спуштев, бараше во раце да го земам. Со овие кондурчиња одма почна и надвор да оди.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.211
    Пол:
    Женски
    @DaisyDoo иста песна детево си јадењево, знаеш. Јас сфатив дека не сака зачинета храна, за сега што понеутрално на вкус тоа ќе јаде.
    Месо уште не сака, никакво, нудам цело време ама нема успех, јајце исто.
    Почна повеќе да јаде сам ама од работи со железо буквално само овес и житарки што јаде, некое овошје, цвекло. Манџи никако.
    Во болница сме нели, ми рекоа дека не ми е страшно железото ама сепак му дадоа суплемент да пие 3м, ќе видиме. Онака е супер активен и се тоа ама ми рекоа од ниско железо не спие мирно ноќно време, а и точно дека не спие.
    Не знам и јас веќе што да правам ама почнувам полека да прифаќам дека може ќе јаде евентуално некогаш, може и нема, нека јаде што сака тоа е тоа, толку можам за сега да направам кога не разбира зошто треба да јаде се.

    Се измачивме во болницата, поплачлив од раѓање не бил. Душа ми се кине.
     
    На Erika.greeneyes и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.039
    Пол:
    Женски
    Само поддршка да ти дадам мама. Побрзо да помине и да си одите домче. :hug:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Е затоа ја сакам србија во овој поглед. Нема како кај нас. Туку одиш на советувалиште кога е твојот педијатар таму, се прегледува дете, темелно, со мерење и крвна слика, и кажува дали може да се оди на вакцина и внесува во картон. И одиш од спротива и вакцинираш дете.
    А не како мк да се молиш да не налеташ на некоја караконџа што заборавила за што дала заклетва.
    Имаш право да прашаш и да ти се објасни се што треба.
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.156
    Пол:
    Женски
    Зошто сте у болница мајче? Добри сте?
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.211
    Пол:
    Женски
    Денес малце подобри, воспаление на уши најверојатно, уште исклучуваат други работи дека тт два дена не спушташе никако, 41 качи.
    Денес почна малце и да повраќа на кашлање, а кс двапати покажа вирус, т.е мирна е и супер. Зедоа брисеви и се што треба па до пон вајда тука ќе сме, да видат што е со сигурност и дали ќе е добар. Прво разболување ама квалитетно.
    Додуша јас сум таква цел живот, може со години ќе сум здрава и после ќе фатам нешто нема да знам глава кај ми е и докторите ќе ги збунам. Овој син мајкин на тоа ќе е ако не на друго.
     
  19. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Брзо да поминува бројче. Инаку ако се уши ќе реагира ако го стиснеш на тој дел на ушињата од кај образот. Син ми имаше воспаление на уши, ама без температура поминавме зошто на време го приметив.
    Уши болат многу знам и од себе, мислам дека ќе приметат и тие ако е тоа.
    Ама што и да е да се заврши што побрзо.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.974
    Пол:
    Женски
    Оф со помин мајка. Син ми пред 1 месец беше со воспалено уво, кс покажа дека од вирус е од зголемен секрет, немаше бактерија. Помина за 3 дена само со сируп за болка и темп 2 дена имаше. Ставај капки во нос, го разводнуват секретот ќе и олесни малку.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.