Кој е со нас во скок број 9? Си станува навечер, сака да оди по кревет, си збори тато, мама, мафта, се мава она од среќа, ја гледа камерата што ја гледаме кога спие и се смее, мисли 10 сабајле е Денес прв пат ми падна од кревет и тоа не еднаш ДВА пати. Еве уште се тресам, како можеше да падне 2 пати??? Уф, стресен ден.
Фала ти многу, нарачав, па се надевам ќе ги носи. И мојата соблекува се, затоа веќе неколку месеци е боса. За дома не ми е воопшто проблем, уште поубаво што е само боса кога се движи по мебелот. Ама за надвор сакав некои ако сака да пробува веќе и надвор да се движи.
Да, мали се за самостојно јадење. Ама не ни пробува да земе сама и од тоа што и се допаѓа. Само смукалчето си го зема и јаде сама и пие вода. И само водс прифаќа од течност. И цица. Можеби се "поспретни" тие што се хранети по blw, еве веќе не знам, не сум паметна. Исто и јас кој и доктор да сум прашал одговорот бил Не знам што да ти кажам мајка, мора да јаде. Јас па сирупи не давам во моментов. Пробав еден Well Baby мислам беше, не го пиеше воопшто, се гадеше као (а беше 1000 денари негде) и веќе не купив. Ама ќе испитам за брзо кс, па ако мора нешто ќе земам.
Како да давам пробиотик со антибиотикот на детево? Прва доза ант е во 9 сабајле, он спие до толку не би да го будам пред тоа оти веќе неколку пати го будам за капки за ушите и плус за антибиотик синоќа и друг антибиотик пие и цела ноќ станува 10 пати…не знам како да организирам се што треба да земе на време. Иам во кеси пробиотик само еднаш во ден мислам се пие или?
Еднаш на ден за пробиотикот околу 2 часа пред или после антибиотик. Јас така знам. Јас се организирам ако е сирупот исто еднаш на ден, пример антибиотик околу 17:00 кога ќе стасам дома. Пробиотик околу 19:00 Ако е 2 пати антибиотик, пример давам во 7:00 наутро и 19:00. Пробиотик околу 17:00. Едит: најчесто Ваја користиме. Како капки се. Во лажиче ставам и така ги пие.
Колку порано почнеш да нудиш парчиња, толку посамостојни стануваат. Моето до душа не јаде од сам старт, прво месец дена блендирав, па пасирав и од 9 месеци почнав да нудам парчиња. Он од прв ден јаде како да се родил јадејќи, ама уште не користи прибор, мал е. Јаде со рачињата и со лажичка ако му ја наполнам и оставам си ја носи до уста. Сам брка во чинијата со неа и нешто ќе улови, ама сеуште не е тоа активно јадење да си срка сам. Има време за тоа. За капките јас давам витамински и покрај тоа што немаме проблем со храната. Ги давав Well Baby па паузирав, пред 2-3 недели кога се разболе земав Baby Vit, ама ќе ги сменам сега за некои други зошто не ми се свиѓа како се зима од нив со пипетата. Јас ги давам зошто му падна имунитетот кога беше болен, може веќе и не морам зошто јаде сѐ. Ама на ваше место со деца што не јадат јас обавезно би давала витамини.
Јас на пример оставив детето да ми диктира. Почна сам да одбива каши и јаде сега како што јадеме ние, само кога спремам оделувам за него а нашето додатно го зачинувам на крај. Само што сака јас да го хранам. Нема интерес за сам. Само мачка по столицата Сега планирам да му купам мини лажички да пробаме со нив. Инаку си зема сам цела пиперка и си оди низ куќа и јаде, пресмешен е. Краставица исто така да му давам нон стоп, никогаш нема да престане да јаде. Јаде буквално се, само риба ми одбива. И пак хемоглобинот му е малку понизок. Последно му беше 108 Не знам до што би можело да биде.
Кога сме веќе тука, дајте список essentials за одмор за 15-16 месечно дете оти глава веќе не ми мисли
И јас почнав список да правам. Блокмакс, парацетамол, пробиотик, електролити, сируп за алергија (Летизен ќе земам). Уриаж рол он за убоди од комарци, и спрејче. Тобрекс маст за инфекција на очи, хидроген, стерилни гази, завои и фластери и Octenisept спреј. Ваква листа ми даде лани педијатар. Ако некој нешто плус има нека каже.
Отприлика истото го имам на ум плус Синомарин спреј, Омега + Д3 можеби. Octenisept сега го прогуглав, убава работа за на пат ми се чини, не го знаев. Каква препорака за електролити имаш, освен ОРС на Хипп? Ај за ова ќе најдеме чаре, него со нејадачите што правиме? Планирам теглички Хипп, Бејбилав, Нутрино да зимам... не сум паметна ама ич.
Јас само влегувам читам и толку. Нешто не стигам да чкртнам. Дете само оди низ куќа а јас по него. Нозе немам. А тој од како доби нозе не застанува. Полни е со енергија. Простор обезбеден, но оди кај fan coil уредите и ги отвара перките,или затвара ако се уклучени. Нив нема како да ги заштитам од моево дете Само останува да оди некој по него додека не научи дека тоа не треба да го чачка... А тоа кога ли ќе биде се прашувам Вие како сте?
На Алвоген имам орс, тие ќе ги земам. Спрејче, физиолошки и за влечење мрсули ќе земам и тоа секако и топломер за не дај боже. Витамини исто. За нејадачите, готови каши и шмукалчиња
Се си знаеме веќе, не ни треба мислење Се шалам. Јас читам редовно баш вчера ќе пишев за вадење за заби чааре, ама пишејќи сфатив дека се правам и тоа е, мора да се издржат деновиве Ерген мој реши долни двојки да вади, нема спиење и агресија на најјако е веќе 5ти ден Ќе помине а
Затишје пред бура. Кај нас забавно е деновиве. Се преселивме во нов стан и човекот има многу за истражување. Се качува кај ќе стигне, целта е што повисоко. На дневна основа му го спасуваме животот едно 49503846948 пати. Многу смешен е станат, по цел ден брбла нешто, како јапонец е. Си раскажува нешто со играчките и си се смешка. Весело детенце си е ептен, освен тук таму по некоја плачка ако не му го дадам блендерот, ножот или тавата што ми ги покажува со прсте дур јас готвам во кујна, а он јаде. Се на сѐ, забавно ни е. Напорно, ама среќно.
Еве ја мојата листа: -парацетамол, летизен, пробиотик, електролит, јаглен, парацетамол за возрасни, некој антибиотик само за секој случај за нас и дете (ама со годиниве никогаш не сум го искористила), спреј за нос, капки за нос за сопруг, тобрекс капки и виранто од лекарства -дермазин, јекодерм, хидроциклин, белогент, пантенол од масти -бетадине, хидроген, спреј за рани и алкохол, завој и фластер, ханзапласт за прва помош Матичниот ми вика ништо од ова не ми треба, освен за алергија и тт, ама ја носам и досега не сум употребила скоро ништо освен летизен за мм кога го касна стршлен и дете кога го искасаа многу комарци.
Женче ти Зегин под мишка и тргај. Не не и јас си носам се, и пак прво на Мапс проверувам најблиска аптека, кај и да одам