И јас сум тај лик со Зегин под мишка. Облека ќе тргнам, ама несесерот со аптеката no way. Фала ви на сите за листите, помогнавте за некои работи што сум ги изумила. Да прашам јас. Оваа вечер ни беше за нигде. Нит јас наспана, нит маж ми, нит детето. Си заспа за ноќно спиење околу 9:30 можда накај 10. Се разбуди таму накај 00:00 и око не склопи не знам колку саати. Не бараше нешто посебно внимание, само лежеше и гледаше во таванот. Па нешто ќе си се насмееше. Со ококорени очи беше. Па ај ќе го свртам за спиење, демек замижува, па станува нешто, па легнува џиткајќи се. Па се нервира од што не може да заспие. Па го слушнав еднаш двапати така загледан во таван “мама“ и си се смешка нешто си се кикоти. Вака ненаспана не сум била одамна. Имаат ли некаква регресија на 15ипол месеци, совладуваат ли нешто? Не знаевме ни јас ни маж што да му правиме едноставно го оставивме да си блее во таванот, да проба сам да си презаспие оти нејќеше ни со цицање, ни со нишкање, ни галење. Таман ќе подзаспие, се буди станува и одново се џитка така поспан. Не знам што беше ова. Има ли врска со учењето зборчиња можеби? Се труди го гледам последните денови да каже “мајмун“ од една сликовница и по цел ден си пробува... Единствено тоа гледам промена во однесувањето, ама вака да се одрази на спиењето? И денското му е лошо многу...
Памтам дека и јас проверував дали има регресија околу 15 месец зашто секоја вечер се будат и беа будни со саати. Инаку да, кога поминуваат низ развој се случуваат такви промени. Некои работи ги приметуваме како зборење одење, Некои се посуптилни за нас ама за нив се огромни, како рецептивен говор, сфаќање на апстрактни концепти и слично.
Ние сме 14 месеци, периодов станува исто и збори, повторува мама, тата цело време. Веројатно им се развива говорот и тоа за нив е голем чекор па преживуваат се навечер мада ние сме и во скок.
Имав пишано тука истото ни се случуваше 4 месеци од 12ти до 16ти, ама последниот месец беше ептен екстремно. Кај нас беше регресијата, проодување и кратење на втората дремка. Баш приметив дека беше навикнат да станува во 8, а со втората дремка саати спиење во 24 часа му беа многу па си кратеше сред вечер и пак стануваше во 8 Можеш да пробаш да скратиш дремка ако уште има две, првите 3-4 дена е тешко само додека да се навикне на ритамот, ние кога му беше време за дремка одевме во парк и така го одолговлековме спиење за таман вечер во 8 да заспие. Ако е на една дремка нема многу што да правиш освен да чекаш да помине. Тежок период ми беше многу, ама ете поминува, за утеха ова
Ме утеши. Моево втора дремка нема одамна. После годинката преминавме на една од 2-3 часа. Многу често се случува во последно време да е и саатипол таа денската. Кога отспива барем 2ипол саата, некако немам впечаток дека му треба втора дремка и одиме право на ноќна. Значи сепак ми останува да чекам фазава да помине. Многу слично се однесуваше ноќе и кога пролазуваше. Буквално во полусон беше и се местеше за лазење, пробуваше. Сега искрено се надевам дека ќе видам напредок околу зборчињата оти уште е само на мама, сѐ е мама. На баба му мама, на татко му...
Ние турбо од станување до легнување Леле ние се спасивме и избегавме од горештините, цело лето не се прибираме во Скопје. Кај нас е весело, де со едниот де со другиот, секакви комбинации се прават за да биде според организацијата што ја воведовме. Понекогаш ни успева, понекогаш се импровизира, се тера некако. Малата е весела, убаво спие, вади заби, јаде, збеснуваат со брат ѝ, само ние се слушаме каде и да одиме. Си мрмори нешто по свое, кажува по некое зборче, прави гестикулација за „дај“, многу се закача со луѓе, социјализирана е дури и премногу Не оди самостојно, уште се придржува на мебел. Некако сум многу поопуштена со неа, не анализирам нешто којзнае колку, побезгрижна сум. Летото го поминуваме фино, активности имаме многу. Утринските рани прошетки се задолжителни, попладне или пак прошетка или на плажа се оди, а и возење со велосипед е во комбинација. Со дремките нешто сака да забушава, па понекогаш е со две, а понекогаш со една.
Моето таман почна да спие и да се буди два пати ноќта, пак се вративме на старо и будење по 500 пати. Настрана ова туку и денски почна да спие два пати по 40-45 мин, а до пред некој ден имаше една од саат а друга од саат и пол дремка... Дали ова значи дека треба да му скратам дремка? И да има само една. Што ми делува невозможно.... Зошто по будење наутро после 3 саати бара да спие. 13 и пол месеци има .... Веќе сум преморена од ова негово такво будење ноќе. Плачам за сон.... Кај ќе ми биде крајот ако биде вака и потаму кога ќе треба на работа да одам,здравје на есен. Самата помисла не ми се допаѓа. Од тие луѓе сум што без сон не функционираат ама ич.
Ќе почнеш полека, прво да го легнуваш подоцна да стане подоцна, па да пролонгираш спиење за малку по малку. После годинка веќе може да се премине на 1 дремка а твоето јасно си дава знаци.
Моето само премина на 1 дремка, во 12-2 спие, ако е саат и пол знае да ја фати криза кај 6 ама не заспива, само е невозможна. Кога станува? Кога легнува на вечер? Не знам шо има врска покасно станување/легнување ама идеално време за будење за секоја возраст е 7. Иначе и мојата беше на 13месеци катастрфална на вечер, скокот ги дрма тогаш јако. Сега спие добро ама не се заигрува човек со ништо, само сака да оди на кревет и да се качува шо е можно повисоко, ми здосади значит кружење околу кревет. Па кога ќе почне да се треска наназад се фрла мислиш ќе се искрши цела, денес баш не бев до неа кога се затреска и наназад падна со главата
Си го враќам филмот наназад и дефинитивно големиот ова не ми правел. Со него во количка до Велес можев да стигнам, ова бре ако нема занимација не седи. И станува, нит каиши го занимаат нит ништо. И оди сам ко да ја ослободил населбата. Среќа не сака по улици само на тротоар оди. Сите мачиња се наши, ги брка да ги гушка, сака да ги фати, а ги фати ли душа им вади. Не знам како ќе издржиме 4ч пат до море, еве не знам. Исто ме вади од такт оваа негова опседнатост со мене, никој друг не смее да го пипне, мама и крај. Многу го сакам, човек би убила за него и брат му, ама ме уморува постојано јас та јас да сум таа што мора да го држи, да го бутка, да го гушка, да го заспива, никој не смее да ми се доближи, војна избива. Наутро јас се будам и уште не сум измила заби и не сум мочала, он веќе е буден, љут и нервозен зошто не сум до него, иде налутен и мора да дојдам со него во спална назад да удриме 15мин гушкање после се спремам. Ама коа ќе ми рече мамаааа, па ќе ме гушне со двете раце и ќе ме гмечне и ќе ми затрепка со тоа трепките од 15цм се му е простено.
Два дена со ред, од што многу често станува навечер, се буди во 8:30-9 инаку 7:30 беше станат. 21-21:30 навечер спие. 9:30 е ретко... Обично 21 во кревет е. А таман беше почнал убаво да спие ноќе, една недела беше супер станува цицнува и продолжува. И јас не го осеќав станувањето. И си реков е фала богу по три месеци хорор спиење да се нормализираме, ете пак почна така,на секој саат. Јас не се водам по тоа колку треба прозор на будност да има туку го следам него, многу јасни знаци дава кога му се спие и брзо си заспива. А задоцнам пола саат е нервозен и тежок за заспивање. @AngelOfArh ќе пробам да му ја одложувам првата дремка да видам дали ќе поврзи два саати. Ама нема да се трпи, колку ќе биде нервозен. Еве денес закаснавме со втората дремка едно пола саат и едвај заспа и само трие очи,ќе си ги поткопаше ми се чини. До сега тој транзит од три на две дремки и предходно, не е бил тежок, туку спонтано си дојде. А сега не ми дава такви знаци како да е спремен спремен за кратење дремка. Туку ноќе се буди и кенка ко да се лути во смисла што ме будиш и тешко презаспива. Само на цице, и тоа не цица туку така само колку да ми ги надразнува брадавиците. Баш ми е мачно. Ама ќе пробувам нешто па белки ќе упали. A ова баш не ми е јасно ...
Епа моево беше до пред недела дена според сликата баш. И сега ја прескокнува таа дремка во 9:30 што и беше, заспива 12ч и така сама си се префрли на една. Нас ни е будење точно 7 и легнување 8:30 обично ама сега зеза повеќе накај 9 и нешо оти кај нас е уште светло тој период. Јас искрено од мала и пратев прозорец на будност, а сега веќе сме во фаза на точно време. Само неспиење имавме и ние на 13 месеци
Се чудам што дете ќе беше ова моево. Две години ќе полниме овој месец и уште сме на две дремки од по 1.5 саат. Ништо подоле од ова инаку би не убил сите дома. Дали жешкото го убива, а и во градинка ваљда недоволно му е, па веднаш кога ќе го земам бара да спие Е навечер заспива во 22:30ч ама барем периодов спие цела вечер мирно.
И мене големото до кај 2г ми спиеше 2 пати така. Ако, деца растат дури спијат. Штом и навечер ти спие мирно уживај.
Мојава дома е со една дремка, во градинка со 2. Јас се чудам и како успеваат да ја успијаат 2 пати во 7 часа. Дома на глава да застанам, не ми успеало.
Не се води по примери од интернет што се генерализирани. Води си се по твоето дете. Кој вика дека се буди зошто треба да му скратиш дремка и кој вика дека после годинка треба да имаат само една дремка? На таа возраст треба да имаат 13+ часа вкупен сон во 24ч, од кои 11ч ноќен и 2-3ч дневен сон. Нормално они не се роботи па да ги програмираме, па бројките варираат, но просекот е тој, уште од кога е роден следам спиење со апликација. Секоја мајка си го познава најдобро своето дете и никој подобро не може да ти каже дали му е време за кратење дремка од ти самата. Моето има година и три месеци и уште има две дремки. Едноставно бара да спие три+ саати откако ќе стане и поручек пак сака да спие. Две дремки за нас функционираат супер, секогаш заспива лесно, супер спие и дење и ноќе и не планирам да чепкам. Сите дремки до сега сам ги отфрли, јас на сила не форсирам ништо.
Па ни јас не сум форсирала, се спонтано се скратија предходно дремките. Ете три и пол саати беше буден и бара да спие. Се пика во мене се гушка за да спие. И не планирам да го мачам. Заспа за една минута. Највероватно порано влеговме во скок па тоа е и се одрази и на денското спиење. Инаку ноќе прво ради заби беше хаос, па почна убаво да спие, сега пак нешто како да го вознемирува и се буди. Ама ќе си терам како што он си дектира. Не бива поинаку.
Ова жешкото изгледа баш му смета. Ништо ново воведено. Назад на грбот се исфрли како знојници. На мене на тоа ми личи. А денес 5 пати кака. Не е течна каката за да кажам дека нешто не е во ред. Си изгледа се ок. Он весел и не застанува. Дадов пробиотик сега малку да се стабилизира. Си велам да давам сега цело време ради жештините.