Па искрено и јас не сакам со козметика уште мал да го шлакам цело време, наводно природно е ама пак е хемија и што можам избегнувам.
Ti blagodaram majka za odgovorot Go imame I nie siseto so klun,ama ne saka da pie od nego,pie od obicno sise so cucla. So voda nemame problem,pie po 800ml voda,pa I povekje. Ovaa nedela jadenjeto e problem golem,I nenajdenoto prekinuvanje na mleko. Barem mlekoto da ostanese... Eve na primer denes, do ovoj moment ima izedeno 5 lazici kasa, 5 lazici lekja I dve mali parcinja kaskaval..se drugo odbiva I si igra so hranata. Preeska koga spiese,barem si poplacev na raat od maka. Inaku na kilaza dobar e ko za 20 meseci, 13 kg e. Utre ke odeme do maticen, pa moze I well baby da zememe, prezadovolna sum od niv vo vakvi situacii.
Првото дете на 14 месеци го одбив, дотогаш цицаше, никакво млеко не прифати, воопшто, нема потреба од млеко после година ако јади др млечни производи, моево не јадеше ни млечни, за 3ките имаше страшен период со нејадење, и тоа што го пиша е ок, бар пробува, мојот уста стегната и не зинуваше, а килажа уба имаше, тој на година беше 13.5 кг на 2 год 20. Значи поубо што не пие млеко, оти ќе го дуе и уште помалку ќе јади. Др нз шо да речам, само трпение, нз колку нерви потрошив од година и пол до 4 год, само неколку работи јадеше исто па исто....
Мислам дека немаш простор за грижа, моето е 23 месеци и е 10 ипол кила. Доручек слабо јаде, 5 залчиња ако касне, ручек исто. Вечера малку повеќе јаде, на пример денес сварив 3 лажици тарана (малку варам зошто ми се смачи да фрлам, јас не јадам глутен), изеде пола без ништо, не сака ништо да и ставам. Пие млеко три пати дневно, не по моја волја, ама кога ќе запне за млеко ела разубеди ја... дури не беше жешко надвор ќе излезевме после ручек па забораваше, ама сега до 6 не излегуваме и морам да и дадам зошто не можам да ја дефокусирам од млекото. И буквално пред летото да почне малку повеќе јадеше количински, ама сега многу слабо. Едит: Во секој случај одбирам да не се нервирам, колку и се јаде толку. Мое е да и понудам повеќе работи, и се трудам да се здрави, а на другото не можам да влијаам. И јас кога бев дете бев проблематична со јадењето, па еве пораснав олкава
Прошлиот месец малата 2 дена не можеше да седне и да стои на нозе од вакцините, свеки идат петок, а тогаш има малава пак вакцина, па тука имам прочитано дека редите лепенки за намалување на температура на местото кај што се боцнати. Вакви ли да им нарачам?
Да јас последно му ставив, првите 2 пати не, последно мислам и тт не крена заборавив Порачај и за затнат нос, респиранто лепенки ако немате таму, мн помагаат.
Ај да напишам. Ни ја одложија мрп ради жештиниве, инаку тој е добар, здрав. Немаме триплирано родилна килажа. 9670 има, а не делува вака слаб кога го гледаш. Докторката кога го виде колку е жив и не застанува. Па вели што сакаш да додаде, а и плус жешково вели и тие не јадат многу. А он богами си јади не дека не. За 4 месеца пола кило има само ставено. Небитно скроз ама ете да си кажам де. Тој си е здрав, килажа ќе си додаде потаму
Во врска со спиењето, ќерка последно често се врти, разбудува, се преместува де до мене на спална, па по некое време ќе се врати во креветче. Не го сметав за некој проблем бидејќи не плаче, не седи будна со часови, повеќе на жештини и заби препишувам. Е сега пред некој ден на преглед кај матичната (општ лекар, не педијатар) и кажувам дека повремено знае во сон да се закашла, а со историјата на опструкции не ми е сеедно. Бидејќи крвна слика е во ред, на гради на слушалка тоа нема ништо, грло чисто, секрет нема, заклучивме нема потреба од терапии. Е сега искоментира нешто како во смисла ако мирно си спие не е никаков проблем. И толку муабетот. Доволно за да ме стави во мисла, затоа што ќерка и не спие баш мирно. Немаме препорака за понатамошни испитувања и што би можело да биде, битно нели јас да си правам филмови.
Не знаев каде да пишам па ќе пишам овде. Имам проблем и не знам како да го решам. Не се осеќам доволно поврзана со малата (има скоро 2ипол години). Да не звучи лошо ама не знам дали сум доволно добар родител. Се трудам ама некако не ми успева секогаш да бидам смирена со неа. Ќе седнеме да играме пример и се е ок додека не сака да сфати како правилно се игра некоја игра. Ќе и ја земам раката да и покажам како се отвара штипка пример таа ја трга раката и зема друга играчка. Знам дека треба да се остави дете како сака да се игра, ама после некочку обиди, се нервирам и не сакам веќе да играме. Дур сум на работа цело време читам за добро родителство, едвај чекам да одам дома да си играме, си правам планови и кога ќе стигнам дома друга приказна. Многу брзо знае да ме изнервира, некоја постапка од такт да ме извади. После ми е криво. Во последно време осеќам како да ме избегнува. За се го бара татко и, не се заигрува со мене, едноставно мислам не ме сака. Кога ќе се вратам од негде не ме гушка, не се радува дека сум дошла. Ќе се вратиме од негсе со мм и него му се радува, го гушка, мене не. Ужасно се чувствувам, ми се плаче
Убаво е пред се што го имаш освестено тој момент. Свесна си дека нешто те нервира и зборуваш отворено за тоа. Не постои идеален родител, тоа веројатно го знаеш. Втора клучна работа е дека едино родителите што се прашуваат дали се добри родители веќе се добри родители. А ова нервозата-интроспекција и можеби ќе откриеш дека си ти под некој стрес (неповрзан за родителствување). Или баш напротив, можеби од преголем фокус на детето се занемаруваш себеси, па се јавува како нервоза кога си со неа. Ако е ова второто, кога си на работа-биди на работа. Не мисли на родителство. Дај си оддишка. Биди присутна во секој момент, не живеј во овертинкување. И...мајка си е мајка!
Размисли што потиснуваш, што правиш зошто МОРА И ТРЕБА да го направиш, а што правиш зошто САКАШ да го правиш. Види за колку работи се притискаш, колку очекуваш од себе и колку сето тоа ти прави стрес и напнатост. Работи на причината и ќе дојдеш чекор по чекор до промената. Како мајки имаме еден тон предизвици и некогаш никој не не разбира колку ни е тешко и низ што се поминуваме. Ако сами не си дадеме разбирање, никој нема да ни даде. Чим се прашуваш дали си добра мајка, веќе го имаш одговорот. Да не си, не би си поставила такво прашање.
За месец дена ќе одам на пат без малиот и од кога правам план што ќе правиме со цицањето и никако да направам. Прво не знам како ќе го презаспиваат кога ноќе ќе се буди за да цица, не презаспива само со цуцла, бара да цица. Како да го одбијам од ноќните подои? Планирам да земам АД за да му даваат сабајле и пред спиење (ако сака)! Ама во текот на ноќта? Како се спрема АД? Пред време, кога ќе се разбуди тек одиш да спремаш а бебе чека или како? Како падната од марс сум на темава. Друга работа, не знам дали да ја искористам приликава за да го одбијам или да одржувам лактација таму и кога ќе се вратам пак да го понудам ако сака. Мозокот ми е каша попара ако верувате. Хормоните не ми се ок, лицето не ми е ок, не добивам редовно. Дерматолог ми кажа дур доиш тешко да се средиш, ендокринолог исто. Едната вика ајде одбивај го, другата вика дој си го дур сакаш. Од една страна многу сакам да го дојам уште некое време, од друга страна хаос ми се хормоните и страв ми е дека кога би се решила за уште една бременост пак ќе треба да изгубам месеци(читај години) во средување на хормони и забременување. Хаотичен ми е постов знам, ама ми треба совет, поддршка, идеја…
Ако решиш да го одбиваш не го заменувај цицето со ништо ни со ад ни со обично млеко.Јас така малата ја одбив и на место цице и дадов шише со млеко и еве ја 3,5год уште е со шише со млеко и се буди навечер оди да мочка и пак бара млеко. Големата пак кога ја одбив не и дадов ништо само шише со вода и таа побрзу почна и да преспива цела ноќ и плус немав проблем со одвикнување од шише со млеко. Верувај одбивањето е потешко за мајката отколку за бебето , тоа заборава за 3-4дена така треба само да имаш ти силна желба и решителност и ќе успееш.
Делам мислење со членката. Ако решиши да одбиваш не се дава ни вода на вечер, камоли друго. Дететп треба да се научи да презаспива само или со твоја помош ама без нудење течност, со големата имам искуство така што сама прифати со гушкање да заспива и преку ден/ноќ се одкажа сама ама беше поголема. Во твојов случај ја би се одлучила на одкажување, топ прилика. Децата забораваат за неколку дена, се учат на нова рутина, а најубаво нова рутина се ствара со некој што нема да му понуди цице, оти ти да го одбиваш, ќе има трескање, а вака нема друга опција оствен да се навикне.
И мене ми беше така, сакав уште неколку месеци а мораше веќе да го одбијам. Очекувај малку да ти биде тешко, на него многу ќе му биде тешко неколку дена, ама ќе помине со гушкање, пренасочување внимание. Јас 2-3 недели бев ептен тажна и помина. За будење ноќе ако мислиш дека е жеден дај му водичка а ако не сака со гушкање ќе си презаспие, некоја ноќ може ќе бидете ненаспани ама после ќе се среди.
Хмм одлуката е твоја околу доење но пробај пред заспивање да пие од шише на пример измолзено или ад и тато да го презаспие ако стане вечерта за да немате проблеми тие неколку дена...
Добра прилика за отка Добра прилика за откажување со оглед на тоа дека како растат се потешко оди откажувањето особено кога физички си до него. Ако се одлучиш за АД да им чува страв, ќе си стават спремна вода во мл. во термос и спремно АД до бебе за кога ќе се разбуди одма да го спремат. Ставаш вода + млеко + мешаш.