Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    2.311
    Пол:
    Женски
    Да, исто и во мојата околина дечињата и син ми неколку дена веќе е така..
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    177
    Колку вода пијат вашите на ден? Моево во последно време некако многу вода пие (и полни пелени нормално), и ноќе се буди еднаш и пие по едно шише најмалку.
    Жешко е и се поти многу, плус во градинка не знам колку пие, па претпоставувам затоа е толку жедна ама некако ми е мисла да не има некоја мака.
     
  3. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Исто. Ноќеска две шишиња испи скоро. Дури се подзамислив. Влијае жешково време и на тоа.
     
    На Jana7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    До времето е.. Денеска посвежо, да не се жалам убаво си изеде.
    И сокче одбиваше дури.
    Ама вода и сладолед, никогаш не одби.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    Жешко е.. Не можеме да се навасаме дома. Само се дополнува фрижидер, и пак нема ладна. А не па децана, активни нон стоп.
     
    На Jana7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    20 месеци има моево, ама оддамна вака терам. Нормално, на почеток помалку разбираше и како што викаш ме гледаше ко теле, ама колку повеќе зборев, повеќе почна да разбира. Гледав да ги научи клучните зборови како падне, удри, боли, скрши, жешко, нема, и сл. па кога почна убаво да го разбира нивното значење веќе супер се разбиравме. Е сега нормално некогаш ме игнорира и си продолжува со науменото, ама тогаш го оставам да ја види последицата на тоа што сака да го направи (освен секако ако не е животозагрожувачка сутуација).
    На пример, се шетавме низ парк и виде вирче подлабоко ама полно со тиња беше. Му објаснив дека ќе ги извалка сандалите и дека ќе нема други за да може да се шета и ќе мора да седи така валкан додека стигнеме дома за да се пресоблече (до скоро детево мое беше прасе невидено, сега па капка вода да му капне бара да се пресоблече одма со плачење). Сепак реши да влезе во тињата и го оставив. Се направи лом и почна да урла - мамаааа бечиииии, мамаааа чистииииии, Мика какаааан вааааааааа ваааа. Ама го оставив така. Го седнав во количка и му кажав дека ќе мора да чека да стигнеме дома за да се измие. Плачеше до дома, ама тоа е :D Тој одлучи да се шлапа во тиња, јас одлучив да седи валкан додека стигнеме дома. Сега да види вирче на 5 метри бега и вика какано таму.


    За јадењето, мојот уште на почеток фрлаше храна, па прекина некаде на 11 месеци. Ама на околу 14 почна да фрла ако нешто не му се допаѓаше. Му враќав на хранилка и му кажував дека храна не се фрла, ако не ја сака да ја остави на страна. Ама почна интересно да му станува тој фрли - јас врти и како игра го сфати тоа, па почна да фрла се' и да се кикоти додека чека да вратам на хранилка тоа што го фрлил. И сменив тактика. Тој фрла, јас во канта. Му кажав дека јадењето што паѓа на под, не е веќе за јадење и дека иде во канта. Еднаш цела чинија со палачинки (што ги обожава) и малини ги фрли на под и фино лепо се фрлив во канта. Му кажав дека нема други палачинки, сите се во канта и го станав од хранилка. Сфати дека ќе си остане гладен и почна да плаче, ама го оставив гладен до следен оброк (го поместив малце порано). Следен оброк се помисли дали да фрли, го предупредив дека пак ќе нема јадење и толку беше од фрлањето на храна.

    Јас сум лабав тип на човек и трпението супер ме држи, кога се објаснувам гледам да сум со ај да речам неутрални емоции. Маж ми па е понервозен и нема толку трпение, знае да му подвикне и да го искара, ама мали не само што продолжува, тука и се помалува од смеење. Ефект од карањето 0. Па дури и намерно прави некоја глупост и вика по него за да го види што прави за да го кара(facepalm).
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На LiquidLuna, 1209, Giiirl23 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Мика се вика?
    Супер насоки инаку, баш лабаво и опуштено и валда така треба, природно да ти доаѓа да воспитуваш дете.:)
     
    На 1209, Mother of 2boys и Mandela им се допаѓа ова.
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Михаил, ама сам си се вика Мика :)
     
    На 1209 и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Слично вака функционираме и ние, ама доста работи уште не ги разбира, има година и 3 ипол месеци. Мада што иако може не разбира зборови, разбира скоро сѐ друго и знае за акција-реакција. Знам дека може не сум во право, ама немам срце да го оставам гладен кога ќе фрли сѐ на земја. Изигравам кловн и се трудам да се најаде зошто и онака е слаб со килажата, одвај 9 кила има. Не дека еден оброк ќе смени нешто до душа, во право си дека тоа што кога он фрла јас враќам назад го сфаќа како игра и нема никакво подобрување, напротив може да стане бетер. Обично не фрла кога не му се свиѓа храната туку кога е при крај со јадење почнува да си игра, ги вади на маса, па ги враќа, па ги фрла итн. И кај нас е исто, маж ми некоја строгост сака да покаже и ќе му подвикне, а овој му се кикоти во фаца. Милион пати сум му кажала дека џабе се труди и нема моментално ефект таквиот пристап, ама тоа е. Еве едно интересно видео на темава.
     
    На Lavender13, Ceneva и Mandela им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    9.334
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам помош.....
    Бевме на одмор ,не одевме во градинка две недели.
    Откако се вративме од одмор детево е друго.
    Не сака кај никој ,со никој. Само кај мене или татко и . Не сака во градинка . Ама никако. Таму им плачела вчера цел ден а немавме никаков проблем пред тоа ,идеше со насмевка. Не сака во количка ,не сака да оди, сака во раце , само плаче и пишти ,тоа е страшно. Земи ја во раце насмеана од уво до уво. Остај ја пишти .
    Исцрпена сум психички како ја слушам да плаче. Некогаш се вадам од ум и ке сцркам , и после ми е криво.
    Незнам веќе што со себе.
    Кога е дома сама со баба, е океј. Ако е некој од нас двајца тука цело време пишти и вришти за во раце .......
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    46.336
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас како тебе, многу сум лабава со детево и некогаш се мислам дали е правилно искрено. На мисла ме ставаат вака коментари од моиве, знаат некогаш да искоментираат и јас ќе се осетам како да не сум добра мајка дека сум лаба со детето.
    За храната се потресував дека не јадеше ништо, сега веќе не, ако не јаде на овој оброк ќе касне после, ако сака цел ден само путер и леб да јаде, цел ден тоа ќе јаде. Не можам да му објаснам сеуште зошто треба да јаде разновидно, кога не сака да јаде не можам да му бутам со сила, нека јаде што сака. Верувам еден ден ќе сфати што треба и како треба да се јаде. За фрлање исто, не практикувам да користам не, му велам гладен си, се најаде, сакаш уште? У таа смисла, ако продолжи да фрла го земам и завршува со јадење.
    За качување, правење работи што не треба, генерално го оставам да прави што намислил еднаш, ама стојам до него да не се повреди, му објаснувам дека ако падне од таму ќе се повреди, дека ќе го боли глава, дека ќе плаче, прво ме беше внимателен ама сега е многу претпазлив кога се качува/спушта и сл.
    За во струја, рерна, стакло, научи дека не се фаќа со експресии од моја страна, не со зборови. Сега веќе јаде во нормален прибор и пие од нормални чаши, секако кога јас сум до него. Ништо дома не ми е заштитено, сакам да научи дека постапките имаат последици и не сакам да го учам дека има работи кои не се достапни оти каков карактер е намерно ќе сака да го прави баш тоа или да го земе баш тоа.
    Кога сака нешто да земе што не треба не велам не, го земам, он плаче ама јас мртва ладна го носам и пренасочувам на друго, некогаш ќе успее, некогаш ќе урла некое време ама ќе заборави и така.
    Генерално многу сум трпелива особа и со дите други, со него екстра плус, ретко имам жолти минути, генерално од неспиење кај него ми се ама за се друго сум лабава.
     
    На Mandela, Erika.greeneyes и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Да чкртнам малку. Вчера му се налутив на синко и му реков со лут глас дека не сакам да зборувам со него и излегов од соба. И кога влегов после тој си игра. Јас седнав и не му зборам, лута во фацата. Ме гледа, мама, јас туш ладна молчам. Жени мои иде и ми вика мама ооо ооо и ме гали. Знам манипулира со мене уште од сега, ама на тоа како да останам лута. Почнав да се смеам и го земав и го изгушкав и избацував. Продолжи да се гали, право галениче е иначе.
    И после си реков сепак може допре до него тоа што се налутив и стана свесен дека можам да се налутам. Ќе видиме допрва како ќе биде хехе.
    Добра ви ноќ
     
    Последна измена: 27 јули 2024
    На LiquidLuna и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.643
    Допаѓања:
    34.046
    Пол:
    Женски
    Ахх ќе си пукнам од смеење :D
    И јас вака се надевав, додека она не сфати дека така проаѓа.
    И сега имаш шамар-ооооо мама-шамар. (Пример де, не се маваме по дома веќе толку интензивно :D)
     
    На Mother of 2boys и Ceneva им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Па не е дека нешто ти се многу исправни методиве ама ти си знаеш. Пишав еднаш ама ај пак ќе повторам. Децата до три годишна возраст отприлика немаат развиени когнитивни сподобности. Не знае за утре, после, вчера и живее во моментот. Манипулација е тежок збор за дете од година неколку месеци. Дефинитивно не те манипулира, само преку тестирање граници учи што може и до каде може. Ниту пак разбираат лутење, а уште помалку излегување од соба. Особено ако го оставиш раздразнет, се што можеш да направиш со тоа е да се осети напуштено и колку и да ти се чини сега наивно, може да има последици во иднина.
     
    На Doktor F, bybeDkid, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Ич не беше раздразнет. Како го спуштив, кога ми ги искина нервите, тој почна да си игра. Баба му беше со него, сигурно не го оставив сам. Бев на раб да го плеснам по газ.
    Кога ќе сумирам подобра метода ми е да му бидам лута, отколку да го плеснам. Во моментот мислам дека изреагирав многу попаметно, од тоа што можев погрешно, а ми се промота низ глаа погрешното, а тоа е да го удрам, што никогаш после тоа немаше да си простам.
    Можеби не ти изгледа правилно и методата лутење, ама моментот беше таков и мислам дека добро сторив.
    Тој можеби не знае што е лутење, ама знае да тестира граници да види до кај може да оди и претера.
     
    На Трагедијаупмм и Doktor F им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Хаха. Добри сте :D
    И тој ќе сфати дека му проаѓа сигурно. Што мислам дека нема да му е гајле хаха. Тој си е упорен во тоа што зацртал по секоја цена и не се откажува. За момент си помислувам дека му одвлекувам внимание со нешто друго и по некоја минута оди пак тоа што предходно сакал да го направи, а не треба. Буквално не заборава и со ништо нема шанси да го подлажеш.
    Нека ни се живи здрави.
     
    На Трагедијаупмм и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Да прашам, како успевате да миете заби. Немам веќе идеи како да се убедиме. Пред него миеме заби сите, да види. Пуштам песнички за тоа да гледа. Успевам некогаш без паста ама со паста никако не сака, а му земав таква за бебиња.
    Запечатува уста и крај. А и без паста е ретко миењето. Сакам да му стварам навика, ама не ми успева.
     
  18. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    2.633
    Пол:
    Женски
    Никако, ќе си ја излиже пастата и толку и после четката и е играчка :@
     
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.670
    Пол:
    Женски
    Нервираат и тестираат граници ама тоа им е работа. Учат, осознаваат. Не знаат они дека мајка им се нервира, дека мисли дека треба да направи ручек, да зачисти, да заврши уште 300 работи и дека е напната.
    Лабаво само, прави се некогаш наудрена. Освен ти што се нервираш, никој друг не е свесен за тоа.
    И јас некогаш знам да прочурам па ќе ми текне на ова.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Кога ќе те маваат такви мисли потсети се само дека нашите се генерација според која ќотекот од рајот излегол. За мене ќотекот спаѓа во семејно насилство, па за воспитување на дете баш и не го земам за репер нивното мислење :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.