Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    7.922
    Пол:
    Женски
    @LizzyGrant , баш ме потсети. Тоа Ка го кажува често и покажува со прстето.
    Поим немам ни што покажува, ни што значи.

    Кај ќерка ми пример Папа значи чао, папа значи пајаче, папа значи патики и така пола работи наоколу се папа.
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Некогаш во глава ми се врти ка? Ка? :D
    Или ГАГААА ако сака нешто.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    На corrine de farm од Зегин. Розово со Елса е, не сум дома да ти сликам. Дури и мене ме расчешла :)
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    50.913
    Пол:
    Женски
    Ќе си пукнам од ова мое дете :devil: како си дојде петокот од градинка викендов ништо не стави во уста, ништо не јадеше.
    Не знам како издржува две дена без храна.
    Се ја молев дури и чипс и давав не сакаше ништо не сака, ништооо.
    Во градинка ми кажуваат си ручкала и доручек и ручек, ужинка ама дома не сака.
    И онака не јаде многу ама сега ич, мене почна психички да ми делува, плачам само, за ништо желба немам.
    А весела е цело време, активна е не седнува ни минута, ама јадењето ни е голем проблем, во лудница ќе завршам ми се чини.
    Некој има ли ист проблем како нашиот? Бар за утеха малку, да знам дека не сум сама.
     
    На H.VAGA и 1209 им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.532
    Допаѓања:
    38.784
    Пол:
    Женски
    Супер, фала :hug: ќе земам уште денес.
     
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    13.409
    Пол:
    Женски
    Пробај со Б комплекс на Бекутан сирупот. Пробај како во градинка јадењата да и ги правиш, поманџесто, слични идеи. И друго што ми текнува да видите на орл да не има некој проблем, па затоа да не јаде.
    Мислам може и нема никаква причина туку едноставно такво си е детето. Мојот почна да јаде после шише ипол Бекутан, беше ослабен цело кило, сега вративме пола кило (facepalm)
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    50.913
    Пол:
    Женски
    Таа си е и таква ама јадеше порано повеќе.
    Кога ја прашувам ќе јадеш ли некам ми вели ни чоколадо не сака.
    Претходниот петок имаше тт и од тогаш се смени не сака да јаде многу.
    И да напоменам сеуште цица и само цице бара, дај цице можеби и ради него не сака да цица.
    Треба под итно да ја одбивам ми здосади веќе а и голема е 2 години е.
    Тој сирупот за која возраст е?
    Дали ќе го пие ич не сака сирупи да пие, во вода нешто може да се раствара?
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.067
    Допаѓања:
    13.409
    Пол:
    Женски
    Пишува над година дека е, после оброк се дава и може во сок или вода да се раствори.
    Најверојатно е до цицањето, пробај да намалуваш подои.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    50.913
    Пол:
    Женски
    Сега сум и на одмор и по цел ден сме заедно и на секои 5 мин бара цице, порано така не е правила.
    Мислам бидејќи сум со неа цело време така прави дури и во други не сака да оди само во мене а не правеше од пред една недела така.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.289
    Допаѓања:
    111.750
    Пол:
    Женски
    Нарачај ги од Росен шампончето, маската и спрејчето, врв. Јас го купив подарок за девојче и мајката еве ја 2ипол години не прекина да ги користи.
    Јас откако го одбив пројаде и за 1м качи 700гр, а претходно едвај по 100гр качуваше.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.277
    Допаѓања:
    50.913
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е до цицањето.
    Посебно па сега овие 2 недели како сум дома на секои 5мин дај цице.
    Ми здосади веќе, а сево ова време уживав во доењето ама веќе не можам не е бебе.
    Тешко ќе ми биде да ја одбијам и на неа исто ама мора еден ден.
    Ти како го беше одбила? Имав прочитано ама сум заборавила.
     
  12. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    409
    Пол:
    Женски
    од кога почнавте со миење заби?
     
  13. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    1.020
    Од годинка некаде.

    Мамс што имаат страсни цицачи, како ги одбивте навечер? Преку ден не е страшно бара еднаш два пати ама последните 2,3 дена не му давам и не цицал веќе 2 дена денски, го залажувам со палачинка чоколатце и после заборава. Синоќа беше хорор. Пробавме со мм да спие он со него јас у дневна. Абе плаче дете вришти се тегне наназад не можеш да го додржиш ми се чини ќе се прекрши, цивка квичи и апсолутно со ништо не се смируваше саат време и му дадов на крај да цица еднаш, накај 12 ипол беше тоа. После накај 3 се разбуди пак ама заспа некако со нишкање и спиеше до сабајле и во 6 стана. Знам дека треба истрајност само, ама дали и вашите вака праеле па евентуално ќе престане да плаче така или што да пробам? Од шише не пие, освен вода од шише со цевка, ама ни тоа ни цуцла во тие моменти неќе ни да види...
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Донесов одлука да не го одбивам кога ќе одиме на пат. Дали е исправна или не, ќе покаже времето. Сега ме интересира какво млеко да му давам овие две недели пробно, за кога нема да сум тука да му даваат пред спиење, сабајле и евентуално ако не можат да го презаспијат само со вода преку ноќта. Веќе 10ина дена пробувам да ги тргнам ноќните подои ама тешко оди. Се буди само еднаш што е ок не е толку страшно. Некои вечери успевам да го презаспијам со нишкање, некои со водичка, ама има и такви кога се тегне, се треска и плаче за да му дадам да цица и едноставно не успевам да се справам и попуштам.
    На мисла сум да земам мало паковање АД и кравјо, па да видам што ќе сака повеќе. Не дека ќе се деси не знам што ако 4 дена не пие млеко зошто јаде многу млечни производи, ама навикнат е така и си викам да не му фали. Од шише знае да пие ама никогаш активно не пиел, па се мислам дали воопшто да му даваат од шише со цуцла или од обично со цевка што си пие сок и вода со него. Кравјо мора да проба ради градинката од Септември, ама не знам кое, дали Алпско е ок? Што ќе ме советувате во врска со моиве 6938502 дилеми?
     
  15. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    Холе го прифати одма. На 9 месеци некаде, после градинка пиеше кога почнав на работа. Ама почнав со 1,па по некое време 2,после година 3.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Јас давам од млекото на Збрегов, а некогаш и Алпско давам со 2,8 масленост. Додека беше ладно го греев во микро за да ја успие топлото, сега директ од фрижидер ладно и гајле нема. Исто, за да ми биде мене полесно користам шишенце со цуцла со рачки и само ја легнувам, она сама си го држи и си пие. Повеќе е врзана за самиот чин на држењето шишенце кога заспива, отколку содржината. Има заспано и со вода :lol:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.007
    Допаѓања:
    34.809
    Пол:
    Женски
    Ние сме на Новалак 3ка пред спиење ;) а од тетрапак Битолско и Алпи :) такво и во градинка имаат


    Пс. Мамички Кога се смета за проодување кога ќе стане сам и направи неколку чекорчиња или постабилно да прави повеќе чекори ?
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.289
    Допаѓања:
    111.750
    Пол:
    Женски
    Приметив кај малово дека ноџињата му забегуваат навнатре. Оди многу, не застанува, нон стоп е во покрет, турбо, не сум приметила да го боли нешто, кога го боли вика ауч, денес голо го видов и му посочив на маж, он вика и јас приметив ама си мислев се трипам. Ќе пробам да најдам слика отприлика како изгледаат. Кога го гледам од позади се приметува. Гуглајќи сега видов дека се работи за дијагноза Сколио кинези. Иди заспиј сега. Нашата ортопетка се враќа после празникот, тоа е следна недела, иди па заспиј сега. Ме изеде црвот. Ако има некоја мајка со искуство да ми пише. Screenshot_20240729-215706_Google.jpg
     
  19. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    6.722
    Пол:
    Женски
    Колкаво е?
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.289
    Допаѓања:
    111.750
    Пол:
    Женски
    Година и 7м, се јавив на една јатрва физијатар ми рече не се сеќирај не е страшно се средува. Ми олесни. Ама ќе го носам сигурно на ортопед.