Мене ортопедот кога носев на втор преглед ми рече дека нормално е, се случува често да ги искривуваат нозете, да менуваат положба на стапала и да не паничам, се враќало во нормала до 3 година.
На последниве систематски на мојава и примети педијатарката едното малку навнатре и била, ама ми рече до 3 е нормално. Ама да не те јаде, провери си
На прегледот по проодување, нашиот ортопед ни покажа десетина слики од дечиња со вакви ноџиња, за да ни даде до знаење дека ќе помине низ таа фаза и нашиот. Се средувало околу 3тата година. Сепак ако ти се гледа нешто драматично и страшно, закажи преглед
Не е до цицањето. Сигурно има црвено грло и затоа не јаде. Мојот е две години, има 15 кг и си јаде постојано , па си цица. Освен кога е болен тогаш не јаде. Секогаш почнува со одбивање на храна па други симптоми
Издржи уште малку, не се мачи. Накај две и пол ќе престане сам да бара. Првото така престана, еве сега и второто има две години и еден месец, цица за заспивање и во текот на ноќта ако се разбуди. Спие до мене и кога сака нека цица. До две и пол ќе престане и тој, само трпение. Јас не би малтретирала ни дете, ни сопруг. Кога ќе видиш дека почнува да не цица во сонот, ќе ти остане само заспивањето, па тогаш ќе смислите нешто.
На мајка грижите никогаш доста. Битно си се смирила. А моево пак нешто изведува последната недела, пробува на прсти да оди. Демек многу се научивме да одиме како треба, сега да пробаме и на прсти да одиме Само се надевам дека е некој период и нема да му направи проблем.
Вака се тешам и јас, дека самиот ќе се одбие. Две години е и интензивно цица преку ноќ. Баш убаво ми дојде што те прочитав.
Одење на прсти е мајлстон и треба да го прави. Нас на ортопед дури не советуваа да ги мотивираме да се креваат на прсти така што ќе им ставаме повисоко работи да сакаат да ги дофатат бидејќи треба да ги вежбаат стапалата за да подоцна развијат други вештини како скокање. Сосема е соодветно тоа и е дел од развојот и нема зашто да те загрижува
Исто и нас ортопед не советуваше да стимулираме истегнување на прсти со тоа што ќе ставаме предмети на високо да ги дофаќа.
Не го знаев ова искрено. Тек ќе одиме на контрола кај физијатар. Ни рекоа кога ќе прооди. Ете го тој веќе си оди без никаква мака, станува без да се држи за нешто. Леле ми порасна детето
Мајки ве молам за помош. Син ми има две години, за секоја ситница има огромни драми. Буквално во денот мислам дека 24 часа ги плаче. Некогаш трае и по 1.5 саат плачењето. Никако не успевам да го смирам, мава, турка, се фрла околу него, и што и да пробам да го излажам само ја влошува состојбата. Веќе не знам како да реагирам, и ноќе станува со плачење и не може да се смири. Веќе никој дома не можеме крај да фатиме. Ова се случува за секоја ситница, пример сака да го изнесе количето надвор, му помагам и тогаш настанува хаос. Размислувам да го однесам и на психолог… Да напоменам оди во градинка и таму вака не прави, најмирното дете е. Дели играчки со сите, не плачи кога му зимаат и сл.
Не сум искусна уште со такви ситуации, ама ако видам дека одвлекување внимание и ред други работи не функционираат, би пробала да го игнорирам. Не би му помагала да го изнесе количето надвор туку би го пуштила да прави сам, како тоа да го сака. Вистина не сум паметна. И синко има испади и плачи за глупости ама он е мал сеуште и функционира одвлекување внимание, подлажување. Пробајте да не смирувате, туку онака како да не прави такви испади, понашај се нормално. Можеби ќе престане
Тоа е еден пример, еве и друг пример имам. Сака да игра со шишиња, ми го носи да го отворам и ако тапата не е како на новите шишиња да стои и не паѓа и тогаш е исто. Тука не можам никако да сменам, кај да барам во моментот шише со таква тапа(од новите што не паѓаат) Имам пробано и со игнорирање но не бива, душа не ми дава да седам и да слушам како вришти толку многу време. Имам издржано 45 минути и го најдов раскрвавен во уста бидеќи се мавнал од плочки ваљда. На раб сум да полудам…
Е ова е вистина екстрем. Со педијатар да се исконсултираш за да го однесеш на психолог/психијатар. Или види ако можеш приватно кај некој добар препорачан. Сепак тие по можат да помогнат или еве може ќе се јави некоја мамаситита со слично искуство па да ви помогне. Посакувам за брзо да се среди се.
Да не му растат 5ки? Штом ноќе се буди со плачење.. совет немам освен може да му ги кажуваш емоциите. Лут, нервозен, исфрустриран итн. Ама кога се баш во тантрум не процесираат, тогаш ако сака да го гушнеш а ако мава и фрла тргни се од него, само да знае дека тука си. Педијатарот што вика?
Нека оди бос, да не користи буткалка за нозете, не го пуштај на трамполина, или на било што меко да скока. Стимулирај да се качува на прсти повеќе. Кај синко е исто така, ова беа препораките.