Нас ни е 9 часа сон ноќе, ретко 10. Дење 2-3 часа. Не знам зошто толку малку ноќе. Им завидувам на тие со 12 часа.
Искрено од многу рано го фативме тој ритам и среќа нема промени освен нели настинка, заби и сл моменти. Ама и кога се заби во прашање (еве сега тројките), станува и презаспива одма. Мислам дека после 6-7 месец го фативме овој ритам да од 7 заспива и во 7 се буди. Летово ни беше криво што не може да игра и дружи со другрчиња навечер зошто заради топлото никој немаше по игралишта порано ама па од друга страна не сакавме да го промениме ритамот со месеци што го држиме. Мислам дека се е навика кај нив.
Колку порано заспиваат толку повеќе спијат. Јас имам деца кои не спијат до доцна наутро, најкасно 8 се станати и тоа е премија, ама затоа зимно време во 8ипол-9 се легнати, лето еве вака во 10 макс. На одмор се дешаваше да си легне покасно, 11-11ипол, напор жив, нит преспивање асално нит сон цврст. Мене ме нервира што ако сум до него он ќе спие 4 саата на пладне, сабајле до 8ипол ќе спие, а станам ја он е кукурек. Крлеж мајкин. И коа сум дома он станува со плачење со урлање, кога не сум вика мм станува ко да не спиел, ќе ми викне само Татооо, татооо и ќе го земам и мирен бајче, со мене ѕвер.
Мојот е обратно, овие два дена имаше доцна долга дремка и едвај го успивав до 23ч. После цела вечер ја спие цврсто и наутро спие до 10:30 (ова не се десило од бебе кога беше) Инаку е дете како твоите, рано легнува и рано се буди, а во текот на ноќта станува 173638 пати
Син ми има година деновиве е хаос навечер станува плаче таке може 20мин дур пак заспие преку ден нервозен денеска на гости и почна пискање не се смируваше никако он не спие нигде само у креветче негово ни на кревет несака ама само што дојдовмо дома се смири незнам дали е период или до забите е дека му излагаа горните сега
Од забите е и мојов 3 дена вака правеше, од никаде ќе почне да плаче и писка, сред ноќ како опседнат плачеше, ете денес напипав дека има пробиено 3ки и 4ки горе. Денес е мирен и синоќа исто спиеше така мирно. Сигурно е тоа.
Многу е језиво, баш како опседнати се. Јас многу се исплашив кога се деси ова, он уствари двојките да ги ваѓал. Со другите заби не видовме мака, ама за двојките неколку вечери со ред беше баш вака. Не верувам во бабини деветини воопшто, ама така лошо плачеше и се фрлаше по креветот, како опседнат буквално,што баш се замислив дали да го испрскам со крстена вода.
Даа и јас се исплашив особено првиот пат, плачеше се корнеше, се фрла ме удира, не дава да го земам, ми скока од раце, јас да ти кажам и го миев со светена вода После таа вечер беше малце подобро, и јас ме видов мака со кецови и двојки ама овие…плус што раце не вади од уста, се гребе со ноктите по непцата, ме каса мене на рамо или прст ќе ми грабне и директ на апење, колку им е мака можам да замислам, души.
Читам сите истата мака со тоа "опседнато понашање". Таков страв имам в коски од тоа, се ми се чини ќе се скрши. Мојов така се фрла наназад и кога нешто не е по негово. Инаку најмногу така прави кога го мачат забите. Секој ден нешто ново, сега е на ред да лежиме по земја. Пробува да изговара многу, да повторува. Не е чисто туку него како му одговара. Ода(вода), абта(јаболка), топта(топка), нона(дона), шише, дуња(уна)... Има уште да не редам. У главно к ја заменува со т кога изговара. Друго нешто што имаме мака, слабо ми јаде периодов, решив да давам сируп б коплекс. Па може малку ќе се разјаде.
Исто праевеше и мојот и мие го миевме он и преку ден нервозен е ама денеска го оставиве со баба дома вика она многу мирен располозен игра само што дојдовме јас и мм почна пискање
Син ми е моментално во ‘таткар’ фаза. По мене ретко да заплаче, ама затоа по маж ми крокодилски солзи. Ако отиде до вц оди по него плаче и седнува пред врата го чека. Да го земам во раце не доаѓа во предвид, си седи и си чека. Исто кога ќе го прашаш кај е тато се озрачува цел и покажува накај него, а прашањето кај е мама го игнорира. Зборче не кажува ниту едно, треба ли нешто да се загрижувам или? Разбира многу работи, пример донеси го мечето-го носи итн. Со спиењето немаме мака, ама заспивањето нешто последниве ден два е борба. Си имаме ред, уште од кога беше многу мал спие во исти(слични) саати, ама последниве денови е многу интересен. Кога ќе земам да го успијам се превозбудува, нешто ми кажува на негов јазик, ме гали, се смее, си лежи мирен во раце за сето тоа време и се гледа дека му се спие ама не се успива брзо. Претходно заспиваше за 5-10, максимум 15 мин, а сега и над пола саат не фаќа. Не знам на што се должи ова зошто не е преморен кога го заспивам, едноставно како возбуден е, не знам како да опишам. Некоја фаза ли е што ли е, не знам. Ад пробав и нејќе баш. Првиот ден само испи 75мл, секој следен се помалце. А ем пробавме татко му да му дава без јас да сум присутна и не. Земав и Алпско, денес планирам и тоа да пробам. Се ближи денот кога треба да одиме и ме стега нешто во гради. Прв пат после година и 4 месеци ќе се одделам од него. Многу ми е тешко и ем ми се оди, ама повеќе не ми се оди. Се надевам ќе биде полесно од тоа што замислувам во моментов… Се изнапишав од сѐ по нешто, ама си кажав што ми лежи ај.
Нормално е да бидат слободни пред родителите кога им е мака од нешто, а не и пред другите, така треба да е , вие им сте сигурно место и затоа децата со мајките секогаш се најнемирни.
Имам видео документирано на прашањето Кого сакаш повеќе мама или тато, мртов ладен одговори Тато! Не знам на што мислиш не кажува ни зборче, ниту мама тато, ниту ониматопеа, ниту дај, на, чао?
Јас би ти рекла да не се секираш. Доволно е што разбира. Мојот до скоро немаше ни ономатопеја, ништо. Зборуваше кинески, и уште зборува така многу дури и песни си пее на негов јазик, ама зборче не можев да му фатам никое, и тоа што мислев дека го кажува траеше ден два па го забораваше. Последниот месец наеднаш почна многу зборови да изговара, и речиси секој еден сака да го повтори по нас, е секогаш не го погодува ама барем се труди. Гледај само дали ве разбира, дали знае да ги подаде сите познати предмети и дали држи концентрација. На таа возраст доволно е, со зборови ќе се пушти ако ги праве сите тие работи нема простор за грижи. Имам другарка детето и е 2 недели постаро од син ми, женско е, зборува уште од 13-14 месеци сега веќе муабет си правиш со неа. Кога споредував се плашев многу, ама ете сега сфаќам дека џабе сум ја тупела детето го прави нештото кога ќе е спремно, и за проодување и за прозборување исто
Дава, донесува, прави чао, браво, покажува што сака, покажува колку ќе порасне, дава ‘пољубац’, покажува кога ќе го прашаш кај е нешто/некој, ама не кажува ни еден збор. Да, ни мама, ни тато, ни ономатопеа. Па да, јас мислам дека не е за загрижување зошто има година и неполни 4 месеци. Не е дека оди накај 2 и не кажува ни еден збор. Јас секојдневно се трудам да му го стимулирам говорот. Прашувам, покажувам, пеам, раскажувам. И он исто по цееел ден си брбори, ама сѐ е тоа на негов јазик. Ептен е вокален, нешто раскажува, ‘пее’, се возбудува дури кога кажува, ама конкретен збор нема кажано. Некогаш кога играат со маж ми и он го фрла превртува, ќе го праша сакаш пак? и он вика аде, ама може и не значи тоа ајде, се десило само неколку пати до сега. Еден период и викаше тете на сестра ми, ама мислам дека не беше со значење туку зошто она цело време му викаше дојди кај тете, ајде тете итн. Ќе се пушти кога ќе му е време, прочитав неколку членки со дечиња на негова возраст дека веќе кажуваат повеќе зборчиња, затоа и се запрашав.