Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.289
    Допаѓања:
    111.749
    Пол:
    Женски
    Со прашањето мислев на ова доле.
    Screenshot_20240804-144936_Chrome.jpg
    Се исплашив кога прочитав што си ми пишала ама го прочитав коментарот под мојот риплеј и сконтав. Детето си е топ, не му се секирај. За секирање е алп нема никаков глас, нема контакт со очи, нема поразен гест, нема извршување таскови... Немаш место за грижа.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    109
    Да некој пат е така, колку порано повеќе. А ако е преморен мит е дека ќе спие повеќе.
     
  3. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    109
    Топ сте мајка. Кинески шо би рекла зборат, ке се разбистри полека. И плс не споредувај деца. Моето за нешто каснеше за нешто понапред во секој поглед на раст. Се секирав али веке глеам мува да не ме лази.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    160
    Мајки, јас уште не сум зс групава, ама имам прашање да ми дадете совет. Бебе скоро 11м, почнува да лупа по нас по лице, поготово фаќа наочари и фрла.

    пробав различен пристап, дс бидам смирена и да повлечам граница, дефокус да му направам, да го искарам, меѓутоа безуспешно. Кога ќе го чуе зборот “не”, како да добива сила и посилно мава. Дома сме скроз смирени, не знам од каде му е оваа агресија. Знам дека тестира граници, нашите реакциии се многу важни овој период, но барам совет за оваа психолошка битка што допрва почнува
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Нигде не пишав такво нешто. Фала му на Бога сѐ е во ред.
    Нее таман работа да ги споредувам, секое дете си е приказна за себе и си напредува со свое темпо.
     
    На jance му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Мислам дека скоро сите деца на таа или приближна возраст го прават ова. Не треба да те загрижува зошто моментално немаат друг начин на комуникација и така изразуваат незадоволство најчесто. Јас во такви ситуации не викав не, му го зимав рачето со кое што замавнал и ме удрил и почнував да се галам по лице и му викав мама се гали не се тепа. Само неколку пати беа доволни за да престане да прави така. Период му е, не се оптеретувај.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.289
    Допаѓања:
    111.749
    Пол:
    Женски
    Не не, кога прочитав дека нема никаков збор. Макар било на кинески, важно е гласови да излегуваат од уста и тоа значи нешто. Немај гајле. До 2г треба да има оформено некаков говор, па макар мама тато само, едноставни зборчиња.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Ич да не му се секираш, има да биде зборлесто само така, запамти што ти пишав :)
    Обично тие деца после се најзборлести што почнуваат и со изговарање на мама тата.
    Твоето моторички е напредно по тоа што имам читано од твоја страна. А паралелно и во моторика и говор да се развива, со исто темпо, е невозможно.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    46.332
    Пол:
    Женски
    Моево уста не затвора, глава ме боли од него некои денови, како денес пример, ме пукна. И се повторува, дури и имињата на кучињата ги има научено, не точно ама приближно, пример едната се вика Жаки, он ја вика Гаќи:D омилена му е и цел ден по неа во двор оди и Гаќи, Гаќи ја фаќа со рацете и ја става нејзината глава до неговата и прави ооо, многу е смешен, а она ум си нема од него, многу е плашлива:D
    Ама луѓе цело време се повредува, многу лошо се осеќам дека не можам да го допазам, нема застој значи прав Денис напаст е, некни пример за секунда се свртев да ставам нешто во фрижидер и го слушам свири на хармониката, се вртам да погледам од каде иде звукот дека чудно ми беше, а он се испентарил на работ од прозорец и ќефен свири и се смее, леле кога го видов. Како толку брзо од кревет се качил таму не знам.
    Цело време некаде се пентари, се фрла, се удира, качува, паѓа, се џитка, трча, ум немам веќе, а кај ми се ептен тодлерските години, ќе полудам.

    Друго многу сака да свири и да игра, знам дека сите деца сакаат и играат ама сите што го видоа и што имаат деца рекоа дека многу изразено се приметува кај него и дека сериозно натаму ако продолжи со интересот да го запишам на некој инструмент, не ме чуди да има талент додуша на мм цела фамилија се музичари, исто и брат ми и мајка ми, само јас сум тапа за музика:D

    И се ова супер ама со јадењето се од лошо полошо, само 3-4 јадења јаде и тие ептен ако е гладен, пребира и има денови кога буквално ништо не става во уста освен овошје и цицање. Колку лошо се осеќам само да знаете, како да си го изгладнувам детето, а уствари он не сака што и да понудам.
    Исто и со играчки не сака да игра, може чат пат животните да го заинтересираат ако ги бања или така нешто, книгите некогаш и толку,
    со што ги занимавате вие на 15м?
     
  10. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.381
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Мојата се што има дома "вози". Нокшир, количка, табуретки, столчиња. Се е кола и ги шета навака натака. Главни играчки се даљинско, лажици, шишиња, и се останато што не е играчка. Ако седнеме да редиме пример коцки, јас редам она растура. Игра и е да ми дава работи. Зема нешто и вика мама, мама дур не го земам. Единствено книги и задржуваат повеќе внимание, макар и најобични книги наши да се, си ги листа. Сака да се бања многу и со молење излегува од када. Се крие по дома, ѕе прави, и сака да ја бркаш и трча ко мува без глава. Генерално тоа се игрите, џабе сите играчки по дома. И јас се чудев што да и купам ново, со што да си игра, ама и врсници нејзини се исти ко што гледам и околу нас, така што се откажав за сега.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Најинтересна игра: се пика во плакар, се крие внатре па кога ќе и здосади тоа сите алишта ми ги расфрла низ дома. Плакар веќе решив да не местам зошто е џабе. Сите фиоки ги отвара, си наоѓа наочари па ќе си ги стави на себе. Ќе си најде нешто ситно па ќе го анализира. Отвара машини, затвара, стиска копчиња, ми го зема телефонот да збори демек и така во круг :D
    Мене малку ми е на мисла, кучињава кога лаат се плаши и почнува да плаче, а кога се до неа трепка постојано. Не знам дали да ја оставам, се надевам ќе и помине.

    Од зборови инаку вика: мама, тата,дада (за дедо),баба, повторува по мене да, не (уште не и се овие со значење), кака, гага, ањањања, адаааа и некои нејзини ама цело време брбља нешто.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Постојано нагласуваме дека секое дете е различно и си се развива по свое темпо ама па мислам дека сите ќе се согласиме дека едноставно сакаме да чуеме мислење и искуства од другите. Не за споредба. Чисто онака да ги имаш и на ум другите искуства, па и за да се увериш дека не треба да се загрижуваш или па треба да преземеш нешто.

    Така и јас имам нешто што ме мачи. Скоро 14 месеци и се уште не оди. Релативно доцна почна да се исправа на мебел (на 11 месеци). Ама еве значи веќе скоро 3 месеци како се исправа и се движи по мебелот ама како да нема абер од одење. Доброто е што откако ќе стане знае да седне сама назад без да падне. Паткање не сака никако - седнува одма. Не користам никакви 'помагала' за одење како проодувалки, дубаци.

    Знам велат дека откако ќе почнат да се исправаат сами дека за 2, 2 и пол месеци треба да проодат. Какви се вашите искуства? Дали да посетам ортопед?
     
    На Lavender13 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.860
    Допаѓања:
    40.588
    Пол:
    Женски
    И малата покасно прооде, на 16м. Мене ми кажа педијатар дека нема проблем ако сама се дигне и стое на нозете,кога и да е сама ќе се пушти да оде. Проблем е ако воопшто не може да стое на нозете.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    46.332
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш потреба, може уште се плаши, се учи и му треба време да се пушти.
    Моето пролаза на 9, на 11 почна да станува и недела после роденденот се пушти и такво пуштање, трчаше одма не да оди и ете незастанува сега. Ама и јас и мм релативно рано сме прооделе, може нешто генетски од кај знам.
    Како и да е не користев и јас помагала, ако не сака да патка подобро, не е убаво да патка секако, моево паткаше ама ние не успевавме да го одбиеме многу беше досаден, цело време се тегнеше и стануваше и сакаше да го водиме за рака.
    Ќе прооди скоро, уште малце да се преплаши му треба, мислам дека до 16м е ок и да не оди, ако не сум грешка, ама ако ти е на мисла закажи еден преглед.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.347
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум грешка ама пошо јас имав/м мака со нејадач, тогаш баш ми рекоа дека сируп за апетит се дава над 2-3 години. Конкретно тој сега шо го пие е над 4, само витамини се во прашање или баш наменет за апетит?
    Иначе и моево се фрла на назад директ на кичма/глава ако не е по нејзино, ако ја држиш во раце на штрек мораш да си оти ти испадна од раце како се фрла, ме иритира ептен.

    Јадење не прибира вкус, јаде тоа што ние јадеме иако не јаде количински многу ама грозје луѓе цело кутивче ама запек има од него, оди кај фриздерот и додека не и дадеш мозокот ќе ти го потече од пискање, мкогу ми е цар оти уште има само 3 заба, како успева се да јаде било тврдо или меко не знам.
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    Исто почна да оди по мебел на 11 а прооди на 16. Јас не форсирав воопшто, мајка ми еден ден запна со еден стап да го вежба и со топки да ги дофати, и по 2 дена се пушти и сам. Може да го вежбав некако и порано ќе се пуштеше, не знам. Јас сепак стојам на тоа кога ќе се спремни ќе се пуштат сами. Убаво е што оди по мебел, ќе научи да држи рамнотежа и да паѓа. Јас маки немав кога прооди речиси ич не пагаше, а кога ќе паднеше знаеше да си седне на газ и да се задржи на рацете, ептен брзо совлада се и мислам ради тоа што долго одеше по мебел и ѕид.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Ова е б комплек сируп на бекутан... Од 1-3 години пола кафено лажиче, поточно 2,5 мл... Дали е за апетит наменет не знам, ама б витамини зголемуват апетит. Ама не го пие. Многу е густ, пробав и во вода како што пише дека може да се дава, ама ништо. Утре пак ќе пробам ама тешка работа.
    Тој изедува на крај ок ама со стрпление огромно од моја страна и молење. Некогаш чак и одам по него и го хранам од што сакам да касни нешто. Многу убаво јадеше, седнувавме за 10 мин маф и готово. Што му стана не знам. Инаку јаде се. Се надевам дека е период некој и дека ќе се нормализира, зошто вака мислам дека по цел ден дека сум на маса в кујна и се јаде. Прво него нахрани го, па јас да каснам и ете ти пак дошло време да се јади. Ми се темни кога треба да јаде, трга глава трга глава па му текне отвора уста и се така во круг. На нервите ми игра само така :dance:(facepalm)
     
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.050
    Допаѓања:
    8.534
    Пол:
    Женски
    Моето почна по мебел на 8 и пол месеци, а прооди на 13. Тоа е повеќе од два и пол месеци нели ;)
    Ич да не се секираш ќе се пушти кога ќе биде спремна.
    Временски рамки не важат за секое дете. Уживај и гледај ја како се сама постигнува :hug:
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.808
    Допаѓања:
    21.572
    Пол:
    Женски
    Физички е како брцнат во струја, цел ден е активен и не седнува ни секунда. Одмара само кога спие и кога јаде, а дури и при крај од јадењето станува во столче и сака да јаде стоејќи. :D Реално време му е да каже некое зборче, ама желбите наши се едно, а реалноста друго. Знам дека кога ќе се пушти ќе биде зборлест, се познава. Кога си збори на неговиот јазик ептен е експресивен. Менува тоналитет, менува звуци, буквално како да раскажува нешто само на непознат јазик. :) Многу пати му викам на маж ми ех да можев да го разберам. Ми носи нешто и си брбла објаснува, а поима немам што сака да каже. Слатка е и таа фаза, очигледно мора и низ тоа да помине. Кога сум била како него и јас исто многу сум зборела на бебешки и сестра ми, постара од мене 4 години, се фалела во градинка дека сестра и збори на германски. :rofl: Нека се живи и здрави, сѐ во свое време.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    15 месеци, започна да се исправа на мебел на 12. Не е сеуште стабилен да се пушти. Не го паткам, јас баш го форсирам ако не знае како да стигне од едно парче мебел до друго да седне на газ и да оди до таму со лазење. Раце не давам.
    Мојот касно седна, на година. Физиотерапевтот ми кажа дека треба неколку илјади пати да направи стани-седни пред да се пушти да оди. Тоа е уствари главна вежба за заодување, не паткањето.
    Јас ич не форсирам за тоа, гледам дека е веќе стабилен, некогаш не се ни држи на мебелот, сам си стои. Кога ќе се осети спремен ќе тргне.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.