Син ми 12м сам седнува да го ставиш на ниге стои и на кревет да се држи и на мебел сака да го водиш и иде ама сам не се исправил сеуште само на колена ама не скроз искуства некој
И јас ќе ти кажам два примери. Првото залази на 6 месеци, на 8 почна да шета со држење, забрза движења буквално трчаше со држење, седна на 7 месеци сама, а се пушти на 13 месеци и тоа паѓаше после 4-5 чекори. Второво на 10 месеци почна и да седи и да лази, на 12 се крена на мебел, на 14 точно се пушти без да се тетерави и да паѓа. Секое дете со свое темпо.
Да прашам, дали и по годинката почитувате правило кога јаде јајце, тој ден да не јаде месо. Јас прекршувам а не знам дали треба да практикувам се уште така
Не почитувам. Генерално јајце како омлет во поголема количина може да касне за вечера и тоа е 1-2 неделно. Во палачинки, вафли, кифлички домашни не ни го сметам тоа за некој голем внес на јајце.
Не, некогаш јаде јајце варено за ужинка иако јадел за доручек кајгана, а се повеќе вклучувам во оброкот месо и риба. Ништо не пазам, давам од наше јадење па и 2 дена стоено да е, од денес за утре пример.
@Miss_S @AngelOfArh Фала ви на одговорите. И моето јаде тоа што и ние. Некогаш почитувам да не јаде јајце и месо истиот ден. Ама и прекршувам. Ми се чини дека нема потреба. Веќе не така мал па да не треба толку внес на протеини. Инаку и јас не рачунам за во палачинки и такви работи. Туку за варено, кајгана мислев. Значи не грешам што не почитувам
Богами добар епитет. Не знам што суштество го има каснато на рачето, огромно црвенило има веќе трет ден. Не ми личи дека е од комарец.
Јас немам лично искуство ама неколку ми го препорачаа FREZYDERM Crilen гел за после убод. А против и јас Мустикер и на одморот се покажа супер затоа не ни искористив гелот.
Колку давате витамин Д3 летово? Мислам ако немаат децата некоја одредена доза од педијатар/ортопед. И ова ми остана дилема - дали Д3 е поврзано со затворањето на фонтанелата? Според мојот педијатар да, според ортопедот не. И дали веќе им е затворена на вашите деца? Јас уште ја чувствувам на допир.
Нема удел витаминот д со затворање на фонтанелата. Бар досега сите лекари што ги имам прашано така велат. Кај моето е скоро затворена, не се ни приметува, ама ја чувствувам и јас на допир што е нормално, не е затворена се уште.
Дали им давате нешто при болка со забите деновиве е нервозен и преку ден и навечер заспивање едвај горните му раста сега
Здраво мајки не знаев каде да го поставам прашањето. @Yowannty ти мислам имаше искуство со ова ако не сум грешка. А и вие другите мајки може да споделите. Еднава града ме боли многу особено на допир. Малата ми има 2години. Цица ноќно време се буди 2,3пати, преку ден пред дремка само. А кога треба да добијам циклус знае да побара и преку ден. Е сега треба да ми дојде циклус и вчера ми беа болни градите, поточно брадавиците. Ама денес на едната не само брадавицата туку и над неа нагоре имам болка особено на допир. Дали можно е сега мастит да имам? Не се разбирам од овие работи не знам ни грутки дали имам вака на допир. Заборавив да кажам од вчера исто и ме фати некој вирус ваљда носот ми тече ми се затнува, телото ме боли и имам некоја глупа тт од 37.3. Јас мислев ова со градиве ми е дека треба да добијам и од настинката, ама дали е можно овие симптоми да се поврзани со градите?
Најверојатно е поврзано ама провери добро. Сигурно местото е потврдо. Крени ја раката нагоре над главата, ако те боли бберојатно е затнат канал. Туширај се и прави масажи и за време на туширањето и после. И одмолзувај се рачно да пробие, мора млекото да истече. Можеш и топли облоги да држиш или шише со топла вода. И масирај/измолзувај упорно.
Се измолзав под топол туш ,млекото одма почна да тече. Ставив лист од зелка, смее нели? Се напив и парацетамол. Ама многу ми е топла градата во споредба со другата. Колку пати на ден да масирам и да измолзувам? Да не се стимулира уште повеќе млеко со молзењето? Едит: колку треба да измолзам? Да ја испразнам градата? Или доволно е само мслку да потече млеко?
Mene mi rece pedijadar paracetamol daleron nekogas ako e mnogu nervozen on denojve e epten nervozen i navecer a gledam mu rasta 3 naednas
@Erika.greeneyes температурата ти е од градата. Чим ти е топла се формира грутка а може и да е голема ама сигурно имаш црвен круг на местото каде што е особено жешко. Само жежок туш на градата да се обезбеди непречен протек на млеко, оти сигурно се затнати каналчиња. И зелка менувај ладни листови, повеќе е за ладење. Се измачив јас со ова ептен. Едит. Не ја молзи целосно, ама измолзувај да се разлабави да не ти е тешка.