Да сега почна да се формира црвен круг. И кренав тт 38. Ставам зелка пиев парацетамол ама нема разлика.
Парацетамол нема да ти помогне дур качуваш тт. Кога ќе качиш напиј се. Масажа под туш најмногу помага. Не се секирај нормално е. Може и треска да имаш не се плаши, ја секогаш имав. Менувај нови листови зелка секогаш кога ќе се стоплат тие на тебе. Ќе се среди. Ја никогаш немав мали грутки секогаш беа една или две големи. Ќе помине за ден два.
Јави се ако си на мерак. Јас не сум била. Знам антибиотици даваат. Ама јас си знам за себе како ми се одвива, на пример еден ден имам тт и треска, ден два додека ја средам градата. Последниот пат и повеќе денови ми требаа да ја средам грутката, ама масажи под туш, зелка и бебе на града и се среди. Како си сега?
Масирам под туш ама многу боли ова и не излага којзнае колку . Бев кај матичната ми ја виде градата ми рече добра била не била црвена или птечена многу како што е вообичаено. Направивме крвна слика ама мирно беше се и не ми даде ништо да пијам. Само парацетамол по потреба. Кога ќе помине болкава? Пошто уште е присутна особено на допир.
Не ме праша мене, ама совет масирај колку и да боли, мора да ја разбиеш грутката и рачно молзи. Јас не стигнав до мастит, ама знам како болат и колку боли масирањето. Ама да не беа тие болни масажи на болница сигурно ќе завршев. Ќе ја тагнам бела таа мина низ мастит ќе ти даде корисен совет @Bella_Stella
Мене искрено не ми кажа дали е мастит ама најверојатно тоа е пошто имав и температура. Е денеска немам температура и прееска кога масирав еднаш ми шприцна млеко, дали тоа каналче било запушено?
Сигурно е било запушено штом си имала и минимално црвенило. Така кога ќе осетиш кружни движења на местото и почни да туркаш во правец на брадавицата да излегува
Мастит е, три пати фаќав јас во мојот доенечки стаж од година и 4 месеци. Со температура, треска, малаксаност и се по ред. Многу масажи под топол туш, мене и сопругот ме масираше зошто сама не поднесував болка. Облоги од ладна зелка, ациди борици и бебето да цица почесто на таа страна. Ќе го позиционираш да влече од кај што е црвенилото за побрзо да го одзатне каналчето. До 72 часа максимум треба да ти помине, ако не на лекар да ти дадат антибиотик. Јас за среќа секогаш успевав сама да го средам, последно имав кога малиот беше 9 месеци.
Немам црвенило. Вчера сосема малку се направи речиси неприметливо. Ама денес го нема. Температура немам цел ден, Болката се намали. Ама уште е присутна на допир. Се надевам одиме на подобро. Кога ќе знам дека сум го решила маститот? Треба скроз да исчезне болкава на допир? Пошто ете јас да препознаам грутка очигледно не знам. Уште не знам дали имав грутки и каде зошто мене меки ми беа градите, ама на допир болна на одредени места и таму повеќе масирав. Малата не ми е бебе, дете е више 2 години има, од старт до сега не сум имала никаков проблем со доење сега ли најде
Немав и јас грутки и баш ми беше чудно, ама очигледно не е правило. Црвенилото исто и кај мене се намали вториот ден и третиот се повлече скроз. Болка имав на крајот само при допир. Утре веќе треба да ти биде подобро. Јас превентивно земав и таблети Sunflower Lecitin на Now, по препорака од членки тука. Искрено не ги пиев редовно, само краток период откако имав мастит последниот пат. Сега планирам да ги почнам пак зошто за 10 дена ќе одам на пат без малиот и нема да цица 4 дена, само ќе се молзам да одржам лактација, па да не направам пак мастит.
За газето можеш кантарион на памукче да намачкаш. Моето така минатиот пат која се крема не ја пробав и на крај докторката во систина ми кажа кантарион масло и одма се смири црвенилото.
Девојки, решив полека, полека да тргам подои преку ден зошто беше претерано цицањето, постојано, без ред, од досада, некогаш на 15минути. На никого не кажувам зошто и така имам грижа на совест, па вака бетер. Маж ми знае да ми каже: зошто и правиш вака? И да ме направи дека нешто лошо му правам на детето ама веќе некако сакам полека да намалуваме барем преку ден, а сепак да не ја пресечам одма и да и направам шок. Деновиве гледам дека навечер и преку ден кога заспива постојано во сон сака да цица, ноќеска беше постојано со цицање што не беше така претходно. Може ли толку да и фали и надокнадува навечер? Може ли толку да знае дека и е скратено? Еве сега спие и неможам да се тргнам од неа зошто ако се тргнам ќе се разбуди, а пред тоа не беше така..
Ако мислиш на куоаќи, носеше пелени за во вода, а нагоре од сабајле голо, како одеше кон пладне, после 11 до одење дома носење маичка тенка и исто и кога одевме попладне, прво со маичка, после голо нагоре, ама надоле секогаш со пелени за во вода.
Ние конечно успеавме. Секако, не дека е тоа миење како јас што мијам ама некако се трудиме . Првиот пат одбиваше ама и дојде убаво на забите па сега сака и сама .