Желбата за качување кај нас само расте со нови предизвици секој ден. Упорност вежбање се додека не си ја оствари целта.. иначе само што наполни годинка.
Не верувам дека поминува во скоро време, кај нас моментално само расте. Што повисоко тоа позадоволен е. Секој ден мини срцеви удари доживувам од него. Една секунда да го тргнам погледот и он се има искачено негде. Вчера се качил на највисокиот дел од гарнитурата, ги лиже лајсните на ѕидот, среќен и насмеан како да освоил златен медал на Олимпијада. И мнооогу сака да бута(вози). Секој рандом предмет низ дома го вози.
До лустер стигна. На стол од него на маса и буквално до лустер стигна. А за одење газот уште му тежи Се е за буткање, нокширот, столчиња па дури и неговиот стол за јадење
Јок. И ќе и текне и на лустер да се качи, дај и време само Мојава веќе махер е на радијаторот да се пентари без да се сокрши. Од радијатор на прозор си седнува и мава раче на секој што ќе помине надвор
За качување е решен, од табуретка на прозор и да скокне, животна желба му е мислам. И кога ќе се качи а јас не го земам во тој процес, ногата една горе другата на пол пат и ме гледа дали го следам и се гази од смеење. Само ова од качување, друго се стивна, ама па затоа сега му е зборењето во фаза на усовршување. Душа дава за зборење, само нешто меле, нема застанување кај нас дома, и двајцата се подвижен транзистор.
Исто исто, гломазни работи што мене ми се тешки он ги бутка како да е боди билдер. Трпезариски столови, неговото столче дрвено и тешко, сѐ што ќе излезе пред него се бутка.
Јас Бога ми све ниско т.е масички,столчиња имам тргнато. Се качува на кревет и мојава и трчка по него иако сега проодена е, а јас држам стража . Едино сега им монтираме двоспратен кревет и со скалите ќе биде хит невиден.
Не знам какви штитници имате, ама нашиве не се вадат без клуч. А клучот му е на недофатно место. Инаку генерално сите деца одат по штеќери, кабли, и плус дека забрането уште по слатко. Јас престанав да зборам и само го тргам. Мислам колку и да му објаснувам ко заинат оди. И го тргам, тргам и престанува. Кај нас така повеќе функционира отколку со објаснување и велење не.
Се согласувам, кај нас најмногу пали дистракција со нешто друго. А штитниците и јас искрено се чудам како ќе ги извади, не се со клуч нашите туку се вадат со самиот пунач и не се вадат лесно, а уште помалку со рака.
А ве читам и за качување. И мојот е ист. До кај може се качува. Вчера на роденден во игротека најмал ама не се чуствуваше така, се качуваше како сите деца без мака. Исто столици бута, еднаш му падна врз него арно што не го удри, а не да е тешка, срце ми застана. И пак ја турка низ цела куќа иако се уплаши тогаш. Нема, таков е периодот се да пробаат, да фатат, и не плашат од ништо.
Кога беше помал, му одвлекувавме внимание ама сега е веќе поголем (22 месеци) и не се залажува току лесно. Ако пробаме да го преместиме почнува да се лути да мава . И порано знаеше да се налути ама брзо се залажуваше, ама последниве неколку месеци не си го препознавам детево. Дали дека тргна во градинка и не не гледа незнам. Стватно незнам
Дали ви се случило да се многу преморени децата при растење заби? Денес му проби доле тројка, ми заспа во 7 саат. Беше малаксан, како да не е нашето дете. Или ќе се разболуваме можеби..
Мајки кога се прават СТАПАЛЧИЊА за проодување мали оди од јуни ама за дехојчето не правев и незнам сега како оди тоа млада месечина и сл ... не сум по тие адети за тоа и не правев за керкичката плус беше ковид сега мм запнал па ајде да си прашам
Не сум следела тоа со млади месечини, а сум слушнала дека има нешто такво. Кога почна да оди повеќе чекорчиња без да се држи, одма му нарачав.
Прашања кои ме мачат: 1. За една недела одиме на пат, не ми се верува дека дојде време, а ми се чинеше далеку. Ми се оди само дали и 10%, 90% не ми се дели од бебулето мое. Ама мора да се оди и што е тука е. Е сега он не прифати ни АД, ни кравјо. Ад колку толку пивнуваше првите денови, ама кравјо нејќе да душне. Не заспива цицајќи туку со цуцла, така да за успивање не се секирам. Ама што е со будењето навечер? Краток период успевав да го презаспијам со нишкање, ама последнава недела има страшни драми ако не му дадам да цица. Се тегне наназад, вришти на цел глас и се смирува само со цицање. Што ќе прават моите, како ќе го презаспиваат не знам, ама срце ме боли… Давајте ако имате некој совет.. 2. Каков фактор со нормална цена да му земам за на одмор? Имам мустела ама мала е 40мл, па треба да доземам уште нешто. Предлози? Нема чувствителна кожа. 3. Дали морам да купувам маичка/купачи со ув заштита или доволно е често мачкање, капче и одење на плажа сабајле и поручек?
2. Користев uriage мало паковање исто (ми стигна за 8 дена), земав babylove за секој случај. Беше нормална цена. 3. Ако одиш покасно, после 15, 20 август мислам дека немаш потреба од толку пазење на сонце, секако намачкан зошто веќе сонцето не е толку јако, особено сабајле и попладне. Ние купаќите само за во вода ги облекувавме ама бевме во најтоплото, кога тука беше 40 степени.