1. Мое скромно мислење е дека друго ќе се однесува ко ќе види дека нема кој да му даде цице. Може и прелесно да испадне на крај 2. ДМ имаат 50ка фактор Sun&Kids мислам дека им се викаше колекцијата, евтино е а ефикасно. 3. Мислам дека е доволен факторот само, купаќите дали и ќе ги носи. Може ќе се шета со гол гз по плажа
1. Ќе види нема цице ќе прави драми првата ноќ две па ќе си најде начин како да презаспива. Вака кога си тука потешко му е на друг начин да презаспива. Не се секирај чим имате начин како да заспива, ќе има како и да презаспива. Млекото не е пресудно за заспивање, уште подобро што не прифатил. На долг рок од шише ќе требаше да се одвикнувате. Убаво да си поминеш, децата се многу поприлагодливи од што мислиме.
Мое мислење, дека полесно ќе го заспиваат кога ти нема да си присутна. Моето исто така први во последно ако не дадам цице. Нешто и денски пред дремка фати да бара а имавме изфрлено таков подој. Знам дека ти е тешко сега ама сметам дека и тебе а и нему убаво ќе му дојде малку да се оделите. Можеби така и ќе ги тргнете ноќните подои. Опушти малку срце и помини убаво на патувањето, децата полесно се прилагодуваат од нас тоа гарантирам. За одмор ние одиме на 1 ви и не планирам да купувам купачи со заштита туку ќе го мачкам почесто и капчето на глава и тераме сабајле поручек плажа. А за крема не знам која баш да видам и јас што предлози ќе ти дадат
Фала ви девојки. Знам дека треба и тој ден да дојде, не може да се вечно залепени за нас.. ама ете тешко си е. Ќе пробам да се опуштам, иако со мојата overthinking природа малку тешко ми оди. Знам дека на него ќе му биде полесно отколку на мене. Маж ми ми вика немој таму да ми правиш драми и да рикаш викам не гарантирам.
1.Попаметни се од што мислиме. Само првата ноќ се будеше и толку, не побара веќе цице. Знае вода да побара ама општо е пијач на вода. Е сеа, види мајмун, спиеше со татко му една ноќ и замисли, цела ноќ ја преспа, со мене се буди да се гушне, да си види тука ли сум и да пивне водичка. Мајмун. 2. Јас користев Каротен, воопшто не изгоре. 3. Не користев купаќи туку пелени за во вода зошто еднаш му влезе песок во курето и додека го извадиме пиштеше, го гребеше ваљда, по паметот на баба одев и го оставив голо да се луфтирало. Едвај додржа да го измиеме. Одевме 2 пати на плажа, од сабајле беше голо до кај 11, од 11 до кај 12 кога си одевме носеше маичка, исто и попладне, од кај 5 кога одевме до кај 6ипол носеше маичка, после ја вадевме. И обавезно капче оти плав па му се вцрвуваше темето.
Каротенот 50 беше намален по маркетиве, 650некаде Доволно е само често мачкање и обично блузе можеш да ставиш, многу од децава не ги сакаат тие блузиња не знам зошто, може материјалот нешто ги нервира
Лесно заспива и моето без мене, и кога ќе види дека ме нема ќе се намали врз татко му и ќе продолжи да спие. Јас го оставив уште на 7-8 месеци, два ноќ ќи беше без мене, а не пиеше ни АД, ни молзено, ни кравјо. Му даваа по 3 оброци и две ужинки, бидејќи не пиеше млеко, ( тоа беа помали количини, ама мораше да даваат по некоја лажичка почесто) И супер поминаа, се вратив и продолжи да си цица. Исто и на година лани го оставив, супер поминаа, по една недела не ме гледаше два месеци,. Не го мисли, ќе се снајдат некако. Ти земи си пумпа, на по два три пати на ден извади по малку млеко да ти олесни.
1. Не му се секирај, голем е, ќе преживее 4 дена без млекцето. Јогуртче, грчки ќе му задоволат потреби. По моево гледам, 'најтежок' е со мене, другите сите го фалат колку е лесен за гледање. Имаат друг нарав пред мајките. Ќе биде подобро од што мислиш, ама дека прва разделба. За презаспивањето, водичка, цуцла, нишкање, галење.. Сите методи освен цице, нешто ќе упали. Може патувањево и тебе ќе ти ја олесни работава отпосле. 2. Почнав со Chicco жолта туба, 50ка фактор од Флос го зедов. Супер ми се покажа, лесно се размачкува и измива отпосле. Го потрошив и од Грција зедов на Фрезидерм, еве уште тераме со него и докторката ми го беше препорачала тој. Water resistant e и не го измива морето, ама дома не го измива ни сапунот. Потешко се размачкува ама наводно од природни состојки бил. За цената и двата беа пристојни, Фрезидерм и на некој попуст го начекав. При крај на сезона ги намалуваат. 3. Јас купив сѐ од тоа. Капчето го тргаше, а купачите ги трпеше. Ги носеше само од сабајле, а приквечер не, дека послабо сонце. Претежно беше гол и ок минавме. Од ваикики едниот пар ги зедов 500 денари, другиот од овде искрено во паника ги купив. Ќе поминев и со еден пар.
Каква вода дaвате на 15-16+ месечни? Кога почнавте со таа од чешма? На одмор му давав флаширана од таму оти не ми стаса Бебелан од мк што донесов. Уште за некои работи се однесувам како да имам ептен мало бебе, а комај годинаипол е. Исто сакав да прашам за тантрумите претежно во продавница, маркет. Од толку многу ствари, шаренило сака сѐ што му е во висина да чепне, да помести и кога го кренам да го тргнам почнува драмата. Џиткање наназад, апење, штипење, се случува многу пати нокти да ми забоди да ме раскрвавари. За трескање со главата со сета сила по уста да не зборам, мислам вилицата ќе ми ја помести. Многу ми е страв кога ќе почне така, не можам да го додржам. Кога да очекувам да потсмири ова однесување?
А ти мислиш бебелан е нешто друго посебно од флаширана? Исто е, флаширана вода обична е. Јана Бејби, Бебелан, Хип... тие сите се исти. Едини различни се водите на Маја, со повисок пх е, Пролом и таа Нема критис во Зегин што ја има, другите сите се исти. Почнав да давам чешмовача од пролетва, кога тргна во градинка поупорно, дека таму нема флаширана и ми беше беспотребно да давам дона за неколку саати флаширана а таму цел ден пие чешмовача.
Давам одамна од чешма, после годината некаде, е сега не знам кај вас каков е квалитетот на водата, бо нашиот крај е супер па не се плашам. Мислам давам и купечка обична како ние што пиеме ама давам и од чешма. Кажете ми сладолед давате на децат? Јас шеќер не му давам и благо општо ама за сладолед многу е стрвен, му давам да лизне неколку пати, си велам лето е зошто да не проба, ама мајка ми вчера цел му дала(мал ама сепак цел) Сеа шубе ми е.
Еееееее... ќе застане пред фрижидер и вика Дајш то(р)та! Торта му е се што му е убабо, било солено, било благо. Торта е и краставица и сладолед и кашкавал и макарони и се што сака многу. Давам и јаде се и јаде повеќе и поквалитетно од брат му. Брат му дека до годинаипол немаше пробано ништо индустриско гледам многу по здрав од него. Ако јаде се балансирано, едно лажиче две ништо нема да сменат. А јаде машала, јаде и овошје и зеленчук и се што ќе му понудам.
Давам веќе неколку месеци од чешма, зпшто и во градинка и онака им даваат таква. Се додека јаде овошје, зеленчук и балансиранна храна не гледам зошто да не. Давам и јас сладолед. Не претерано ама давам.
Се прекачи од креветчето и тресна на земја, на челото има огромна џумка и едното окце дури малку му отече од што плаче. Се тресам цела, не можам да се смирам. Го измив, пробав мраз да ставам не дава, ставив од тоа за модрици. Не поврати, контактибилен е, гледа во очи. Што друго да правам? Ќе се изедам, до него бев и пеглав, за секунда се прекачи по пеглата да дојде. Се тресам и имам огромна грижа на совест, ќе пукнам!
Доколку имаш можност не го носи по такви места ако приметуваш дека се тригер. Ако веќе мораш на следна таква сцена, оставаш ствари и го носиш надвор. Чекаш да се смири па влегувате пак или одите дома. За траење ќе потрае. Кај некои деца е поизразено и подолго кај некои пократко. Ама доста зависи и од начинот на кој пристапуваме на тантрумите. Оние кога бараат нешто или им се забранува нешто мора да бидеме истрајни и да не попуштаме за да научат дека со плачење ништо нема да постигнат. По смирување зборење зборење зборење како со возрасен, смирен монотон глас. Моите се 2 години и скоро 2 месеци, класичен тантрум со исклучување не сум имала, тантрумчиња имаме по 10 дневно. Се држам до ова што пишав и се крстам дека брзо ќе завршат. Најмногу ми пали игнорирање, тогаш и најмногу се срдат ама најкратко. Е сега не сум од камен знам да ми се спојат жички и да викнам ама кај мене тоа најлошо поминува и само ја влошува ситуацијата.
Прво, ти смири се да не те гледа потресена. Друго, чим се е океј од тоа што си проверила, значи океј е. Се дешаваат вакви работи доста често. Ќерка ми проба на стол да се качи со газот и падна директно на глава, рог има.моментално. Гушкај, бацувај, играјте си. Добар е, ќе му помине
Е сте пишале ако јаде се нема проблем сладолед, ама моево дете е дефиниција за нејадач. Јаде само 5-6 работи, има денови кога живее на воздух и кисело млеко, готвено скоро ништо не јаде освен макарони со сос, ориз тавче, чат пат тиквички и ќебап. Месо не, јајца не, зеленчук јок. Обошје јаде и млечно јаде се. Така да не би рекла дека јаде се па и сладолед да јаде Ама ќе продолжам по малце да давам, не цел ама ќе давам и така скоро ќе мине сезоната. @Bella_Stella изгледа твоето онака ич не паѓа штом толку се нервираш. Јас веќе отрпнав моето нема недела да помине, да не е со нова модрица, џумка, пресечено, расчукани колена… некни образот му беше потечен знаеш колку, од базент падна директ на плочките на образ, многу го болеше и плачеше доста ама му помина. Ако не дава знаци дека има последици тогаш сигурно е добар, не се јади толку, се случува, деца се. Да ги чува Господ ние тешко дека секогаш ќе ги упазиме.