Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    За 3 дена ќе му помине. Мене истово ми се случи пред месец дена. Диплев алишта и да се прекачи падна, се задржа со рачиња ама и со устата плесна доле и крв насекаде.
    Спиј си до него секако вечер, прати повраќање, зениците да не се различни и тоа е. Ама верувај дека не е ништо страшно.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    6.715
    Пол:
    Женски
    Нас кај вакцините, педијатар ни рече, првата есен после година, вода од чешма. Дека лето ради стомачни вируси, таа е нејзина препорака. Така и направив. Во септември бевме на одмор, после одмор и дадов од чешма.

    А за во маркет, количка за пазарење ми е спас. И за малку да влезам, количка зимам. Рај ми е
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.920
    Пол:
    Женски
    Во градинка воспитувачките им купуваат флаширана, за дома кога од чешма, кога флаширана давам. Веќе јаде и од наши јадење, јаде овошје, зеленчук, месо. Сладолед што ќе лижне 3-4 пати, не го сметам за некој проблем. Општо благо не сака многу.

    Е за маркет, ја носам буквално од кога е родена. Сега ја седнувам во количка и давам нешто во раце прво што ќе дофатиме од тоа што ни треба и така поминуваме без многу врескање. Подава раце да дофати, не дека не, по штандовите ама нема барем засега тантруми.
     
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    19.990
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ние официјално утре се селиме тука ама јас имам прашање што ме мачи. Дали е можно бебо да сака сам да ми се одбие? Цицнува дали 2-3 минутки и сака кај мене во раце навален со главата на рамо така да заспие. Пробав вчера и да не му дадам да цица си заспа. Јас планирав да го одбијам сега есенва ама некако ова неспремна ме фати, не знам како да изреагирам :tmi: ноќе си станува ама не цица она да голта туку да се залаже колку минутка две и си продолжува со спиење
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Можно е имам пишувано мене слично ми се одби второт. Првиот пат баш на годинка протестираше цел ден. И јас како тебе неспремна утредента понудив пак. Продолжи уште еден месец да цица. Наредно кога пак испротестира цел ден да не сака да цица веќе не понудив и така ја завршивме доенечката приказна без драми.
     
    На 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  6. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Женски на деца околу 15,16 месеци ме интересира дали се залепени за вас и плачат ако некој друг ги земе?
    Ние сме лепенка со ќере, не се дели од мене ни секунда, не сака кај никој друг дури некогаш ни кај мм, ако и избегам од видик е крај, плачење додека не се вратам. Дали на оваа возраст нешто доживуваат, што се случува? Дали дека со неа сум од раѓање и скоро никој досега не ја чувал повеќе од 2-3 часа?
    Од септември ќе оди во градинка, па малку ме плаши овој дел и нејзиното привикнување, а толку многу е поврзана со мене.
    Кога ја чува мм, а јас одам на кратко до работа мислам дека може 2 часа да вика мамаа, мамаа и да ме чека пред врата.
    Оваа недела успеавме да тргнеме дневни подои и тоа е успешно и добро, ама ме фаќа страв за овој дел и нејзиниот страв да е кај друг, а да не сум јас.
     
  7. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Уште не можам да се соземам. Во мене цела треперам ама издржав да не ме види дете загрижена. Моите од мк дојдоа дете цело кефови, и чичко му дојде. Радости живи и пред спиење сега што му текна да лази и така се имаше улетано си се лизна на рачето и се удри. Го земав и ме гушна и не можам да го видам и ја слушам мајка ми - му течи крв.
    Се заледив. Си ја прекцал устата. Сега му е потеченка. Душа мала моја како плачеше само ;(.
    Се смири брзо до душа. Па на чичо му покажа се што знае и научил во последните три недели од кога се видоа последно.
    Се исплашив дека нема да може да цица па да биде хаос вечерва. Ама цицаше, фала му на бога, инаку убаво си ја засече горната усна.
    Пишам и ми се плаче. Има паѓано и ударано и модро на чело има носено, ама кога ја слушнав мајка крв му течи, не можам да ги опишам ужасните морници.
    Дали ќе го боли утре од кога ќе се излади местото. Дали и запчињата ги има потчукнато па да го болат и тие и да не може да јаде. Прашалници еден куп. Ама си велам кога цицаше, мал гавол, со лесно поминавме а ?
    @Bella_Stella мајка не е наш ден денес. Леле само нека поминува и бог да ни ги чува од полошо :hug:
     
    Последна измена: 11 август 2024
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Им проаѓа брзо.
    Исто пред некое време се удри ќере, и потече устата, исто се исплашив за цицање, мислев ќе биде дерење, па се беше добро. Отокот и спадна за саат време и беше како ништо да ме и било.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.315
    Пол:
    Женски
    И мојот се расцепи така на фиока од спална се лизна некако, кога видов крвишта насекаде, мислам духот му излезе, ама смирена бев го спастрив, хидроген ау, смирив и заспав и после рикнав да плачам оти ми текна дека уствари око може да извади или да биде многу пострашно.
    Ем тогаш и јас и мм бевме до него си игравме на спалната и не знаеме како се лизна.
    Сега има малце белег на горната уста, се случи пред 2-3м.
    Ама освен во моментот после не реагираше на болка. Веројатно дека е нежно местото тече доста крв, нека се смири ќе видиш утре дали има штета поголема.
    Ете кога ви велам моето секакво паѓање има искусено за жал. Многу е пргав и некогаш двајца луѓе не можеме да го упаземе, нека е жив и здрав ама Денис напаст.

    @Sun&Moon што повеќе да ти кажам освен дека седам на шоља а он ми седи во скут. Е толку е лепешка. Ако не сум на видик цело време вика мама мама мама мама. И у мм не седе, плаче се корне, јас хемороиди фатив носеејќи го, ме пукна.
     
    На Sun&Moon и Ceneva им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.286
    Допаѓања:
    111.729
    Пол:
    Женски
    И не проаѓа тоа, еве 19м тераме, може да дојде и цела фамилија ама мама е мама. Се испраќавме сега 15мин на врата со татко му отидоа кај баба му, тоа бакнежи, тоа гушкање, тоа љубов и заминаа. Малку попушти ама воглавно мама е намбр уан.

    @Bella_Stella и моето падна така од креветче, малку поголемо ама иста ситуација. Знам како ти е, ама смири се. Ист имаше џумка на чело и оток во око, немаше ништо на глава ама беше малку језиво, модро цело око, црно. Душа ме болеше. Докторот ми рече да не се сеќирам, поцврста ни е главата од што мислиме. И стварно, не се случи ништо, од таа ситуација натака дури детево посвесно стана за околината, дали од стравот или од што, многу повнимателен беше.

    Уствари вака ко што гледам на пола и поише што ви се десило ни се им десено и на нас, тие се изгледа детските болести. Пример на одмор го оставив малово на земја, во раце ми беше, и коа рече шпљас на земја, директ на уста, ја гризна усната и крв му течеше, душа ми знаеше, така да @Ceneva ете и тебе да ти кажам, ништо не им е. Само нас после душата не боли. Ова па ептен, дека од раце го спуштив на земја и уште толку осеќав грижа на совест.

    Со маж сме циркузи у боја. Вчера до развод стигнавме, готово, му викам иди најди си поарна ич не чекај децава да пукнат, денес од кафе пиење сабајле на реновирање. Крај не ни се наоѓа. Али да, у криза сме јака, најтешко е што он никако не прифаќа свои грешки и не сака да комуницира, а ако нема комуникација нема ништо. Крива сум малку и јас тука, не дека не, ама мора да научи да комуницира пошто имаме уште години заедно, не е ова за ден два. Ќе си побарам брачен советник сигурно, одамна се токмам, ама ќе биде здравје од септември. И тоа ќе му речам ова ти е подарок за годишнина, уште една шанса, ако и ова не биде па нема да сме први и последни што се разведуваат. Мое е да пробам се што можам.
     
    На Carolin., H.VAGA, Ceneva и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Фала за утехата. Убаво ја има пукнато устата сега се гледа. Забите дали и колку ги има удрено не знам. Не дава да видам. Слабо јадеше денес, си велам запчињата да не го болат. Битно мала беља. Ќе помине. И бог да го чува од полошо само тоа велам. Да ги допзиме не можеме, така растат.
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Значи или јас сум неодлучна да завршам или уште не е крајот. И кај мене има ден-два да не побара воопшто, и следниот ден да ми ја крева маицата хистерично и да плаче додека не цицне. А не дека цица многу, еднаш во денот и тоа е мислам колку за мазење, млеко немам толку.

    Исто исто. Лепенка залепена. Додуша мојот знае да се заигра без мене, додека е со бабите пример, ама доколку се вратам во собата готово, мора да го земам. И во град кога шетаме со количка, мора или јас да ја туркам количката или друг доколку турка, јас да го држам за рака :D
    И ние почнуваме градинка за две недели, се ми се чини ќе го вратат од таму после два-три дена плачење.
     
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Кај нас јас едноставно не нудев веќе, ама колку што се сеќавам ни он не побара повеќе. Немало никогаш трескање или тегнење маица.

    Со лесно почеток во градинка. Не мора да значи дека ќе прави проблем, таму се други. Малиов јас се плашев дека ќе прави драми, а он за една недела почна да останува со спиење. Јадеше од прв ден без проблем (и тоа јаден го носев зошто, кога е гладен е неподнослив). Плачење хистерично немаше никогаш, знае само по некогаш на намршти муцка, ама толку. И најтрагично таму го фалат дека е многу мирен, а дома:swear: :drunk:, дури и ги препрашувам дали за моето дете кажуваат, зошто дома раат нема од него. Ама изгледа е вистина зошто и со мајка ми кога е она вика мирен дека си е. Ако нека е умен со други да сакаат да го чуваат кога ќе притреба :rofl:
     
    На Lavender13 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.920
    Пол:
    Женски
    Ќерка скоро 19 месеци, се повеќе сортира предмети (коцки, топчиња, стапчиња) по боја. Претпоставувам не е рано за тоа?
    Не ја форсираме ние ништо или да сме ја учеле. Не разликува пример да и речам дај ми го црвеното топче, меѓутоа сите црвени самостојно знае да ги нареди на купче при игра.
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    21.564
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам освен да ги чува Господ од поголеми повреди. Таа им е возраста, мислат дека можат сѐ, а уствари уште не им е кадарно газето и се дешаваат глупости.
    Он не е модар на окцето, само отечен. Дури и на челото не е многу модар, дали дека одма ставивме мраз, ама и не даде многу, а и го мачкам со тоа од Фрези. Секогаш кога ќе го погледнам таква вина осеќам, не знаете. Ама ете денес е мааалце подобро, со душа чекам скроз да му помине.
     
    На AngelOfArh и Ceneva им се допаѓа ова.
  16. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Ве читам сите за качувањето - мојата уште не се прикачува, а скоро 14 месеци. Има врска тоа што не оди се уште?
    Се исправа и се движи по се можно - ѕид, врати, гарнитура, нозе, мали масички, игралната, you name it.
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.642
    Допаѓања:
    34.021
    Пол:
    Женски
    Само шо ти пишав вчера за ова да те утешам, ќерка падна и си ја расчука устата. Денес ко филери на горна уста да има ставено. И огромна модрица на чело. Социјално ќе ми викнат од градинка кај и да е...
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    До детето е. Големиот никогаш,не се пентареше вака. Затоа ова ми наплаќа за се :drunk:
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Моево тек сега на неколку дена пред полни 16 месеци почна. Кога читав овде си велев уф добро е моево по статично е, амааа...
    Скала, столови, кутии за чевли, онојпат на масичката оние од икеа 5 евра. Се качува и стои горд и чека да го забележам.
    Сѐ се случува за секунда. За три дена стана махер, а претходно ни знак не даваше.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    21.564
    Пол:
    Женски
    Свиркај си уште месец дена дур не почнала. :D
    Оф мори мајко, е многу си се бесни значи. :drunk: Секој ден мини срцев удар доживувам жими се. :D
     
    На Giiirl23 и LiquidLuna им се допаѓа ова.