Добро утро мајки, имам близначиња 19месеци , проблем имаме со спиење со едното. Како бебе спиеше убаво, ппсле 6 месеци не знам што му стана најдобра ноќ ни е ако врзе 4 саати. Ај демек скок во развој, па четворли, па градинка, па тројки за се викаме демек тоа е причината. Во последно време на 2 саати се буди и без сок никако не се смирува, знае да седи по 2 саати да не може да заспие. Се пробавме, ама џабе. Почнав да се загрижувам веќе да не има некој друг проблем. Ве молам за совет дали е нормално ова или треба нешто да преземеме
Фала на советот и мене ми беше во план да пробам да ризикувам неколку ноќи. Ако и тоа не успее, не знам што ќе правам, веќе искрено се мрднав. Јас жена навикната претходно на 8саати сон (голема спанка сум) сега ова ме уништува
На 19м веќе почнуваме да се разбираме за муабет, ме запрепастува, сабајле се договирвме да нема плачење за во градинка и мртов ладен си потврди, си пративме бацка и толку. Со големиот немав вака и затоа сум запрепастена. А големиот не го вакцинирав до 3г од страв да не не прозбори, тој на 3 прозборе овој боцкан се со ред еве го кај и да е кафето ќе си го пристаиме да си напраиме муабет. Нејсе друго ми беше муабетот, горе ова да си искажам само. Витилиго кај мали дечиња, недајбоже да сте имале, ама имате некој знаете некој, сте слушнале, сте виделе? Синко има еден белег позади на ногата што го имам и јас исто, ама одма до него има и друг белег кругче побело, споени се, ми личи на тоа искрено ама страв ми е да помислам. Изгледа ко 2 белега едно до друго, еден темен еден светол, двата се различни од бојата на кожата.
Мислам дека први знаци на витилго се појавуваат дланки, стапала, глава. И најчесто се бели дамки, не шарени колку што се разбирам. А и не мора да значи дека ќе се рашири и да е тоа. Гуглни си најубаво.
Моите и двете деца имаат по еден бел белег. Кога ја прашав матичната кога прв пат го забележав, ми рече витилиго е ама не е страшна болест. Па јас дома морав да читам за болеста. Потоа го носев на специјалисти, и никој со сигурност не може да потврди, мал бил. Се роди и второ бебе со белег, ама тоа е со светол тен, а белегот се познава. Е сега кај него е побела и кожата на стомакот, како една линија бела има, . Ама не се секирај, не било страшно, само така изгледа
Сори што пак ќе улетам, мислам дека не се раѓа со витилиго. Преретко е кај деца. Белег е белег. И јас имам, потемен од кожата.
Ама не се темни, се светли, ваш како витилиго, и не се роди големиот со белег, од после му се појави. И матичната ми рече дека е витилиго, јас не знаев дека има такво нешто до пред 4 години.
Како се понашате кога ќе скокнат дремка? Моето денес не сакаше да спие за жива глава, регресија на најјако. Сигурна сум дека е преморен, кога да го заспијам вечерва? Обично во 8:30 спие, ама до тогаш ептен ќе стане хиперактивен, а сега ако го заспијам ќе се разбуди обавезно. Пукнав.
Моето крати една дремка сега овие денови. Не се трпи до вечер ама не го заспивам порано. Некна ми заспа порано, па стана уште похиперактивен, трчаше низ куќа 50 мин и го заспав. Вака го заспивам стандард и поубаво ми спие ноќе
Моето е на една, денес ни таа не ја спиеше. И вечерното успивање е хаос, знам дека има регресија сега овие месеци(16м) ама досега не скратил дремка скроз, обично исто време околу 1 часот заспива и спие 2.5 саата и после заспива 8,8:30. Денес многу доцна ем стана оти ноќеска се будеше 100 пати, не дремна и сега јас сакав да го држам до 8, ама бев у вц кога пишав и кога се вратив он веќе спиеше на кревет до татко му. Сам заспал зс 2мин. Така да кој знае како ќе биде ноќва, останува да се молам дека ќе ја преспие.
У Моето има две дремки денеска втората само 20мин спиеше и од 1ипол е разбуден еве сега заспива не е премногу тоа има 13месеци никако несакаше да заспие трета дремка нема ама денеска многу рано му беше втората
Моето од 13 префрли на една, ако продолжи така пробај помести ја првата и заспивај го порано вечерта и ќе видиш дали му е време за една само.
Здраво мајки, стигнав и јас да пишувам кај големите, се осеќам како факултет да имам завршено пак иако имаме уште неколку дена до роденденот Сакав да прашам што правеле вашите бебиња тој период околу првиот роденден? Другарка и покажуваше пред некој ден каде и е окото и носот и сега знае да каже. Се осетив глупаво дека треба да работам со детето повеќе, ама ете за вакво нешто не ми ни текнало. Знае да мавне за здраво и чао, плеска со рачиња, покажува во една книгичка што ја има каде е бананата и пилето, лустерот, пробува да кажува некои зборчиња: мама, тата, баба, деде, тете, банана (њања). Јас мислам супер е, ама бубачето ми влезе дека треба повеќе внимание да обрнувам. Други идеи како тоа со окото да пробам?
На кукла или мечемќе покажуваш, па на него после. Ама не с еоптеретувај, секој со свое темпо, супер е ова што го кажуваш.
Одамна не сум се жалела, ама денес буквално ме пукна синко. Ау каков е станат, се заинает ко да прави. Јас тргни тој пак, јас тргни го тој пак. Па и вришти плачи оти не е по негово. Прав хаос. На улица сака сам да трча, а удолница е блага. Ќе падни ќе се сољушти. Во маркет сака да оди и да чачка се по ред, не сака во количката за пазарење никако. Инаку маркетот во вис го креваме. Не сака да јаде,тоа ми е најголемата мака. Од јадач за мераци,не знам што се случи како да имам друго дете. Маки мачам. Почнав со сирупот б комплекс, ама рано е за резултат тек три дена со ред давам. Се надевам ќе му го врати апетитот. Инаку ќе побудалам. Имаме една дремка веќе една недела, ама мамасити не спие повеќе од еден саат. Многу малку ми се гледа тоа. И после е како брцнат во струја. Трча низ куќа, се качува кај стигне, и само чекам момент кај што пак ќе падне и ќе има плачки. Ај доста се жалев за денес, да оставам за друг пат да има што да напишам
И јас како тебе се осетив глупаво кога свеки дојде пред роденденоти го научи некои нови работи, а мене не му текнало. Тој период можеш да му покажуваш со прсчето како да го каже дека ќе наполни една година, како да дува свеќи на роденденот, колку голем ќе порасне, како си мие заби и со прстот на забите прави, како си чешла коса, со рачињата на прави “дојди”, како јаде и демек џвакаш со устата. На тоа ми текнува моментално, мислам мојот тие работи ги научи месец-два околу роденденот
На 11 направи годинка јас сум мам, знае баба, тата и папо (јадење) брм по сите предмети што се движат. Кога сака нешто а не го разбирам што, му кажувам пр: вода, овошје некое, нешто за јадење, играчка и он за тоа што го сака вели "ова да" инаку ржи Плеска за браво, знае чао,пољубац праќаме, куку да, да пукне, здраво и да покаже колку годинки наполнил. Знае ако му речам дај ми го тракторот, или каде е камионот/кравата/коњчето тоа одприлика некои 4-5 играчки кој му се интересни. Внуката на пр она знаеше сите животни да ги имитира овој освен ав ав ништо друго не знае. Ама се разликуваат она знаеше други работи мојов други, можам да споредаж пошо се блиски 7 месеци разлика. Секое дете своја приказна, ке се научат со време се.
Од која возраст можат да се даваат вакви работи? Секако не секој ден ама ете понекогаш, на размена......
Добро утро мајки, само што го земав малиот од градинка. Се исповратил и ми се јавија. Пишав и на матичмата, ама дур да одговори..што да давам ако се повтори?