Jaс дадов сега на одмор прв пат од овие Киндер со интегрално брашно и млечен крем, немаа многу крем, искрено прво ги пробав јас и тоа беше најдобрата опција од ужинки вакви и му дадов. Значи после годинаипол. Ама ова со второто, со првото до 3г ништо вакво не проба. Сеуште не давам нешто ептен благо со кремови со се, давам нешто што е полајт.
Нема потреба ова да се дава додека не побара сам. Јас уште не давам специјално за него да ги купувам, само ако види од друго дете или ние да јадеме кога ќе сака давам по малку
Нигде не касните, како сунгери се и многу брзо памтат. Сега да почнеш да го учиш нешто, до вечер ќе го знае. Не се оптеретувај, важно е да не стои во место туку да напредува. А дали на другарка детето кажувало повеќе зборови и правело повеќе работи не треба да те интересира. Секое си става фокус на различен дел од развој во различно време и си има свое темпо. За неполна година знае супер работи. Моето е година и 4 месеци па не знае кај е окото, кај е носот, моја вина е ваљда пошто не ми текнало да го учам. Премалку е 1 саат дневен сон за негова возраст. Треба да спие 10-11ч ноќе и 2-3 часа дење, во една или две дремки. Затоа е после хиперактивен, не е одморен доволно. Пробај да смениш нешто во рутината, освен ноќниот и дневниот сон е многу важен за нив.
Знам. Ноќе си спие 11 саати секако, некогаш и повеќе. Само ова денското не знам што му стана спиеше два пати по саат време, сега втор пат никако не сака да легне. А навечер исто порано не сака. Прав хаос. Бега за да не го успиеш
Може е спремен за една дремка. Колку време поминува до првата дремка откако ќе стане наутро? Гледај отприлика 5 часа да поминат да е буден.
Спремен е за една дремка штом ја отфрла втората. Транзицијата од две на една дремка е најтешка, и најмногу време им треба да се навикнат, ама ако ја тргате не се враќај назад . Пробај после тој саат да го презаспиеш, затемнувај, шшкај, легни до него. На почеток и кај мене беше така. Ќе спиеше само саат или саат ипол. Некогаш успевав да ја презаспијам некогаш не. Ама сега се навикна и спие по 2ипол саати.
Пробувам да го презаспијам. Не ми успева. Ај се надевам дека ќе се оправиме. Инаку не го враќам на две. Го оставам така со надеж дека ќе почнеме и ние повеќе да спиеме денски. Доаѓа многу саати буден пред ноќното, ама не сака ни порано навечер да легне. Денски сам оди се качува на кревет и вели нани нани. Некна ми заспа в скут дур седеше,и пак еден сат спиеше. А си реков ќе спие чим вака заспа. Ама јок
Ноќе максимумот треба да му е 11 часа, ако спие повеќе исто има влијание врз дневниот сон. Има врска секако и тоа што крати дремка. Уште се навикнува, дај му време. Ако гледаш дека спие повеќе од 11 саати ноќе, разбуди го порано и дремката нека му биде негде на средина на ден, околу 5 часа откако станал сабајлето. Моето уште си спие два пати, не дава знаци дека е спремен за еднаш, ама секогаш кога сме имале кратење на дремка одреден период од недела дена сме немале ред, па после си се враќа во нормала. Пробај да го презаспиваш кога ќе се разбуди од дремката, не успева секогаш ама биди упорна.
@Ceneva и јас мислм дека ти е спремен за една дремка. Пробај пред дремка држи го околу 5 часа буден и после нека спие 2 саата мин, пробај да го презаспиш на било кој начин додека навикне, кога ќе се разбуди не прави апсолутно ништо, не ми давај знаци дека е време да стане, не го рашенувај, дали ќе презаспие за 15 мин или 45 небитно, на почеток битно да превикне на една дремка. А што е со будењето во 4-5 секое сабајле и спремен за почнување ден? Значи ме пукна цела недела, јасно ми е дека е регресија ама јас немам сила веќе. А не заспива рано, околу 8:30. Спие сабајле до 8 некаде, ама со чести будења, ефективен сон многу малце, не знам кај грешам. Инаку секој ден вади некој нов збор ама на негов јазик, додека се разбереме што кажува он ќе фати да се нервира и да плаче оти не го разбираме и така цел ден. А сега најново му е кажување да за се што го прашаш, додека не ми беше главно до скоро, сега е да. Сакаш да спиеш, да, сакаш да јадеш, да, вода да. Исто најново паркот го вика пако и се научил зема патики и повторува пако пако, дење, ноќе, пладне он во парк оди. Најново отсбајле ми е гомно. Оди по мене и вели мама гомо. Смешки е.
Јас да се пријавам тогаш како немајка . 13 месеци е и јас не ја учам на вакви работи, некако ми е што знам. Ај покажи кај е окото или колку ќе пораснеш или колку си голем? Па не сум сигурна дека они тоа го разбираат, за да го покаже. Да ќе го научиш ама ми е повеќе како папагал, ќе повтори и ради нашето одобрување и воодушевување ќе повторува постојано. Не дека знае што покажало. Може и знае де. Поима немам. Ние некаков наш јазик си развиваме и се разбираме генерално. Тоа ми е побитно. Да можеме да си комуницираме, знам што сака што не сака, кај да се оди, што да се прави. И после и го гледам задоволство во очи, дека е разбрана. Кога е гладна ќе каже некогаш мам мам, ама не секогаш. Ќе каже и кака де, ама не значи дека и се кака. Исто ќе каже и ќеќе, е тоа и значи на мене оти и викаме ќеќа на скратено од ќеркичка. На сликите од книгата не вели мама, тато дете туку се радува оти знае дека значи мама и тато и ќеќа. Некои играчки ги препознава по име и ги носи кон нас. Некои воопшто не. Никогаш не сум ја учела, само што ги збориме оти сите имаат име. Не се замарам повеќе, сите се различни. Забележав дека од други деца побрзо учи и сега ја носам секој ден на игралиште да си игра со другите деца. Најчесто е најмала, ама нема врска. Не оди уште. Бабите ме пукнаа. Не сум и покажувала. Ама им викам ете спие добро, оти тоа јас ја учам, по цел ден само си лежиме . Ќе идат свекрви, ете и нокшир купив, нека ја учат слободно и да оди и да кака, ја ќе излезам на кафе сама . Можам да си замислам кога ќе им списка, ко ќе се налути и здрви цела, ќе ме бараат и никогаш веќе нема да се осмелат да ја тераат нешто што не сака. Мене само повеќе ми е страв двојазичност и тоа што од ноември ќе е во градинка. Дали ќе скрати дремка до тогаш и дали ќе се опушти н адруг јазик. Пробувам сега по дома барем тие основните поими да ги научи што значат, да може да се разбере во градинка, да не и е стрес, другото ќе го научи кога и да е. Ама ја забележувам дека кога и зборувам на друг јазик, особено кога и се спие станува нервозна и не сака. Не се осеќа сигурно. Некој со двојазичните деца да се каже како правите?
Леле и јас ова сакав ете да прашам. Моето нели е родено во Англија ама 4м таму не знам дали нешто во глава му има останато од таму. Пробам некогаш и јас да му зборам на англиски, некои зборчиња или некој цртан на анг ама не знам како ќе се снајде во градинка таму. Многу ми е мака кога ќе помислам дека таму нема ништо да разбира и да го разбираат сигурно нема да му е лесно. Посебно зошто сега е тука и уште некое време ќе сме тука, отприлика веројатно 2г би бил кога ќе тргне таму и стварно не знам како ќе биде.
Фала ви на одговорите, да не ве тагирам сите. Ќе бидам упорна во презаспивање. Па да се надевам дека ќе навикне за брзо. Инаку ве читам за учење кај е око, уво, нос, уста. Моето на мечињата покажува кај е окото, а на него не покажува никако, хаха си го фаќа увото и за уво и за око. Инаку покажува колку години има со прстето и кажува една. Крева раце колку ќе пораснеш голем кога го прашуваш. Во Србија има нешто, где пије зека воду и покажува на дланката, демек од дланка пие хаха. Покажува доста работи. Ама почна многу и да изговара зборови. Можеби има и тоа удел во тоа колку покажува на работите.
Јас ова го приметив кај ќерка ми птед некое време и ми изгледа како да се зголемува. Што може да е и дали се третира некако? На ребрата и е ова.
За двојазично. Српски и македонски не се многу различни ама сепак се два јазика. Јас му зборам на македонски а другите сите на српски. Е сега кога сме дома така. А надвор во друштво му зборам и јас српски. Внука ми е иста ситуција српски и македонски. Двата јазика ги зборува перфект и паралелно ги научи. Мајка и на српски и зборува а сите останати на македонски. Психолог за ова вели, ако сакате два јазика паралелно посебно ако се различни како македонски и англиски. Едниот родител нон стоп на едниот јазик а другиот на другиот. На пример ти и на мм кога ќе се обраќаш ќе се обраќаш на англиски, а тој да одговара на македонски. Ова ми го кажа пријателка која живее во странство и се консултираа со стручно лице
Научи Да/Не со главата да мрда и цел ден сега мрда со главата лево десно. Знам дека имаат таква фаза. Нормално е нели?
Што се прави од страна што изгледа како да не е нормално. Дур не научи нешто друго без везе хахаха. Моето имитира ирвас играчка што има на батерии, како игра со главата. И од страна кога го гледаш изгледа многу не природно. Ама нему му е интересно и тоа е. Тоа е едно од работите што му се нему интересни, а на нас не баш