Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Денес почна да се врти во круг, и се свртува во глава и паѓа. Да ме прашаш од кај и текна, немам појма. Мислам дека никого не видела.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    За двојазичноста нема потреба да се плашеш многу брзо учат, ќе се изненадиш колку бргу ќе почне да разбира во градинка. Совет од логопед тука добив јас да му зборувам само на македонски, дури и во градинката кога се обраќам на него на мк да биде, а не на германски. Така после полесно ќе разликува со кој на кој јазик да зборува и ќе ги учи двата заедно. Вака му правиш збрка во глава ако еднаш му го кажуваш на гер зборов еднаш на македонски. Реално и само од нас учат мак, а германски ќе учат од целата околина, ако и ние и зборуваме на германски ќе го запостават мк како мајчин и ќе имат проблем во тој јазик после. Во градинка за 2-3 месеци разбира буквално се, а како први зборови што изговара повеќето се македонски. Само “бал” вели на топка ама јас му одговарам “да мама тоа е топка” па знае да ја донесе кога му побарам “топка” а не бал. Така да до сега е супер овој начин, се повеќе станувам свесна дека дома нема потреба да употребуваме никаков германски збор кога и двајцата родители имаме мајчин македонски
     
    На 1209, SiMpAtIcNaTa, Ceneva и 2 други им се допаѓа ова.
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    11.832
    Пол:
    Женски
    Не знам како се изразив, всушност друго ми беше, ама сепак ти е супер советот.
    Јас не ни сакам да и зборувам на неа на германски или да разговаме на германски по дома. Тоа ми е јасно дека е скроз погрешно. Колку и добро да зборувам, не го зборувам совршено, па од мене може да го научи погрешно.
    Повеќе ми беше да не ја ставам во непозната ситуација, па да се истрауматизира, дека ништо не разбира и да и створи одбивност кон зборување и градинка. Да мала е многу, ама ја гледам дека веќе почнува да разбира и комуницира. А кога не слуша да зборуваме на англиски на пример плаче. Порано плачеше и на германски кога не слушаше. Значи кога сме надвор или во друштво, поинаку и чудно не гледа.
    Затоа идеата ми беше, да ги научи од дома најкористените поими, и по малку да слуша германски, да се прилагоди по малку и да знае што следува кога ќе кажат на пример време е за јадење, да знае дека иде јадење. Тоа дава сигурност на некој начин
    Тоа дека ќе мешаат, ќе ги мешаат јазиците. Може јас цело време само на мк да и зборам и пак ќе мешаат. Нормално е. После таму 5 години мислам доволно се свесни да ги користат правилно јазиците.
     
    На 1209, Carolin. и Anturium им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.156
    Пол:
    Женски
    Oва е од комарец каснато и белегот бледее поради тоа што веројатно било изложено на сонце. Вакви сум имала и јас. Не е страшно.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    12.035
    Пол:
    Женски
    Што им значи ова? Почна пред некој ден да го прави, има 16ипол месеци.
    [​IMG]
     
    На 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Легендата вели спремајте се за второ дете:wasntme:
     
    На Hellokitty93, Ив10, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Мојот вака правеше кога проодуваше, фактички со ова вежбаше како да се дигне во одечка положба.

    Да те сфаќам. Сепак ти најдобро си го знаеш детето и ако мислеш дека тоа ќе му направи проблем во адаптација преземи нешто. Јас сепак сметам дека за неколку денови ќе ги разбира точно воспитувачките во секојдневните рутини и гледајќи од другите деца ќе знае што треба да прави. Ние пример и кога сме во друштво и со сите зборувам на германски ама на него пак му се обраќам на македонски, до сега ниту јас ни мм не сме изговориле германски збор лично на него кога се обраќаме. А гледам и германски и македонски разбира се иако е само 4 месеци на градинка, претходно никогаш не слушал германски освен нели во парк и игротека
     
    На јolene и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Транзицијава на една дремка ни е месец и пол. Два три дена има една дремка, па ќе дојде ден со две дремки, па тоа значи покасно успивање, па следниот ден покасно станување, значи хаос. Дефинитивно најтешка транзиција, минатите дремки ги скратуваше или преку ден или за една недела максимум.

    15 месеци и уште не оди. Бабите и дедовците да ги прашаш, уште од март велат "спремен е, еве го кај и да е ќе прооди". Јас не форсирам, ама додека бевме МК се карав буквално секој ден, устата пена ми фати да не го паткаат, да не му даваат раце. Го вежбале.

    За двојазичноста, ќе ти кажам за брзо:D
    И мене ми е страв од истото, посебно бидејќи на македонски ме разбира буквално се, значи стварно не сум тип што се фали, ама детево стварно разбира и сложени реченици, и команди. Е сеа не зборува, освен бебешки не кажал ништо друго, ама се разбираме и повеќе од доволно. Некогаш ќе зборам со мм и успат ќе кажам нешто несвесно и ете го тој, го прави истото.
    И мене ми е страв како ќе се снајде во нова околина, нема ништо да разбира, ама си викам недела две ќе му се доволни, ако продолжи со исто темпо толку би му требало да сфати основни работи. Од градинка ми кажаа никако да не му се обраќам на друг јазик, само ќе го збунам повеќе.
     
    На 1209, Carolin., Thinkerbell. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Аууу моето ова го прави веќе скоро месец дена. Не ни е во план второ дете, нека си биде само легенда :D.
    Инаку моево два месеци веќе како оди, може е и за друго вежбање @Anturium
     
    На Mandela и Anturium им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Успеав денес да го презаспијам. Спиеше два саати. Пак подруго ќе е мислам денес. Скоро 5 саати го држев буден. Иако малку порано почна да бара да спие. Ќе ја управиме полека.
    Само на одмор кога ќе одиме како ќе биде ќе видиме. Дека планирам да го будам порано за да фаќаме плажа. Со тоа ќе легнува порано се надевам. Па така таман ќе му го поместам порано ноќното спиење.
     
    На Carolin. и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  11. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    4.953
    За јазикот воопшто да не се грижиш, како сунѓери ги впиваат. Моево е три год и 4 месеци, ги зборува и македонскиот и германскиот многу убаво и ги дели скоро па без грешка, многу ретко знае да убаци германски збор додека зборува на македонски. Некаде околу две ипол почна да ги дели убаво и ако му зборуваш на мк, да одговара на мк или обратно. Воопшто не мораш да ја учиш на зборчиња од дома, прво ти ќе си таму на адаптација со неа сигурно неколку недели и можеш ако видиш дека нешто не разбира, одма да и го објасниш на македонски, за многу брзо ќе научи да функционира на другиот јазик. Јас сега некогаш онака од што ми е интересно знам со малово да се зазборам на германски, така повеќе во игра, инаку исклучиво на мк зборуваме по дома, една причина што ми е битно добро да го знае македонскиот, друга што се плашам да не го научам на некој (или повеќе :D) погрешни членувања.
     
    На 1209 и јolene им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    38.155
    Пол:
    Женски
    Легендата вели врти се на другата страна, да не го гледаш :rofl:

    Се спремаат за одење, и за глупости правење :D @DaisyDoo
     
    На Mother of 2boys, 1209, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    А се крева сам од доле да станува? Може и не била таа причината само се поклопил периодот. Изгледа си изведуваат и испобуваат финти :D
     
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.079
    Допаѓања:
    38.155
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми и ден денес го прави ова бе :D Изводат :D
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Да се крева од долу и станува. Имаа и порано пишано дека е таа причината, еме ете кај нас не е тоа. А некогаш мислам готов е да се преврти и да направи колут напред (facepalm)
    Вежбаат, тие си знаат што :D
     
  16. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    20.612
    Пол:
    Женски
    Ние денес имавме 1 дремка, тоа беше страшно до кај 9 саат :drunk: уште се соземам.
    Ама беше внуката на гости и со неа 2-3 дена никако не сакаше да спие, јас го носам тој се смее за играње и ајде го оставам. Е да видите за 3 дена како се научи во 11 да легнува, сабајле стана во 9ипол, денес бил редот да се врати на ред, за дремка заспа во 1ипол до 3 ипол кај 7 почна да квичи за второ спиење, во количка и надвор, натака навака малку викање малку кенкање, во 8ипол го избањав 9 беше кома, еве го не е поместен како што заспал :rofl: сабајле се надевам на нормално време за будење 8-|

    Би ми одговарало да спие и од 9 до 9 со една дремка ама некако уште ми е мал за една, не издржува 5 часа да е буден, со 4 е никако, ни таму ни ваму, а со 3-3ипол и 2 дремки по саат ипол сме таман :D
     
    На Mother of 2boys и Ceneva им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.212
    Пол:
    Женски
    Јас денес нервен слом ќе добиев, секој ден се повеќе разбира и секој ден на глава ми се качува. Луѓе не застанува. Не знам дали сите се такви сериозно, он ни кога јаде не седи во столчето, ова ужасно ме нервира, 3-4 залчиња и после или нема да јаде или ќе го гонам.
    Јас и мм заедно не можеме да се справиме со него цел ден, нека е жив и здрав ама ме пукна. Оваа регресијава посебно ми го зема здравјето неделава.
    Никако не се успива, со драми, плачки и шетање 200 круга на улица.
    И после будење сто пати у станување во 5. Капам за сон.
    Другарките сите имаат деца и они сами ми велат дека нивните не биле вакви, јас не знам што е со нашево, полудено дете(позитивна смисла полудено)
    Стварно кој како и да ме праша сите велат колку е , 2 има? Викам ни 16м нема, и како зачудени како е толку активен, ете и јас се чудам како.
    Не знам вака карактерни на кој е ама и јас и мм сме биле доста чалнати па изгледа и од двајцата најбесното го собрал.

    Со храната веќе не знам што да правам, искрено катастрофа е исхраната. Пет јадења јаде и од тие на зор. Главно живее на путер и леб, кисело млеко и јогурт и овошје, се дави ви грозје, лубеница, праски…и паста со сос некој доматен, готвена храна пр маџи, динстано, месо, зеленчук и јајца не сака ни да мирисне и има нагон на повраќање кога пробам да ги маскирам.
    Не знам што да правам, очајна сум.
     
  18. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    Колку време трае стомачен вирус? Малиот од вчера повраќа. Вчера поврати 4 пати..По препорака на матичната почнав наусолвит капки. Електролити слабо, војна се води ама на сила давам, пие исто сокчиња и вода. Денес цел ден не поврати и тамн си реков добро е еве го пд спиење стана со плачење и поврати. Се надебам дека брзо ќе помине.
     
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Ние кога бевме на одмор ќерка беше преееевозбудена и прехиперактивна. Требаше 3-4 да се адаптира и таман кога се адаптираше требаше да си одиме :D
     
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.019
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Женски
    Следи си го детето, ништо не треба да се форсира. Кога се заиграни знаат да си го надминат вообичаениот прозор на будност, ама тоа не значи дека не им треба сон. Моето има година и 4 месеци и уште е со две дремки. Од тоа што читав и до година ипол е нормално да имаат две дремки. Секое дете си диктира свое темпо. Он издржува и до 4+ часа ама со 3-3 ипол е идеално и заспивањето и спиењето. Засега не планирам да чепкам ништо. И онака за некое време ќе тргне на градинка и ќе му се смени редот, па сам ќе си покаже кога му треба сон.
     
    На Carolin. и Mother of 2boys им се допаѓа ова.