Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.154
    Допаѓања:
    8.721
    Пол:
    Женски
    Ке видиме како ќе биде од 1 ви. Очекувам првиот ден да биде хаос секако.
     
  2. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Која од флашираните води е најдобра? И кој пробиотик ви се покажал добар при запек?
     
  3. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.289
    Пол:
    Женски
    14-Watermark-NBL-probiotic-d3_Anni-Farm-1-510x510.jpg
    Јас флаширана давав Роса,но сега ставивме филтер и секоја препорака. Инаку пробиотикот на НБЛ + д3 нема подобар дефинитивно , и не го менувам .од лани кога доби бактерија на цревата само овој пробиотик го користам и фала му на бога до сега е се супер и штити од бактерии вируси итн .
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    1.934
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам од 8.5 м како е проодена не застаната ни 5минути,а тука ни се некаде.Јас незнам од каде и е силата ама незнае да застане 200 на сат е,нема сила веќе ова недела 4 ја чувааме и папсани сме,не можеме да ја дочуваме.
    Само кога спие е мирна.
    За јадење немаме мака,се јаде буквално,дали од градинка ама немаме да не ја подречам со јадењето.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Ние скоро 14 месеци. Нас ни почна транзицијата пред помалку од 1 месец (нормално пред одење на одмор :D) и уште трае. Мислам последнава недела пак е на 2 дремки, кратко е будна на сабајле и мора уште една. И нормално вечерното почна да е касно, се случувало 11 да не фати.:worried::yawn: Дефинитивно најтешка транзиција. Мислам дека ќе е подобро со една.

    И мојата се уште не оди. Не форсирам нормално, игнорирам коментари. Не ми се брза нигде ама искрено Сакам да прооди за да се смирам, а и нормално уште поважно нејзе животот ќе ѝ стане поинтересен. :D Вака сега сака само да ја креваш да ги допира работите што се горе. Гледам дека како досадно да и е веќе само да седи долу и да игра или да се движи по мебелот, за тоа ми е најмногу искрено.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    И јас сум очајна. Леб, грчки јогурт, палачинки (мора да се со банана), кашкавал, супа(ептен малку), некое смукалче и од ноќните каши на Хип. Најмногу што ме загрижува и за тоа те цитирам да те прашам, како сте со столицата, кака редовно? Мојата не. Многу често има запек, па ќе кака неколку дена, па пак. И така во круг. Нормално од храната, јасно ми е. Работите што ги јаде не се poop friendly а и мала е количината.

    И дали пие млеко/цица? Ние уште сме на цицање. И еве овде ќе споделам едно искуство што имавме пред неколку дена. Почна да повраќа, ја фати очигледно стомачен вирус. Следниот ден сакавме кај матичниот, на годишен беше, па завршивме кај еден доктор кој ме нападна зошто уште сум доела. На децата им требало млеко до 1 година само, а најдобро било од 6 месеци да се намалува и да се форсира цврста храна. Ако можело и од 4-5 месеци со храна да се почнело. Според него не беше вирус туку повраќала заради млекото и заради нередовно празнење на цревата. Ме убедуваше да ја одбијам веднаш, дека инаку само ќе го повраќала млекото. Нормално, не ја одбива. Фала Богу се стабилизираше и покрај пиењето млеко.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.772
    Пол:
    Женски
    Машките се побесни, по активни, повеќе по глупостите и помалку послушни мислам дека, исто де како и понатака :D
    Мислам да не се замараш со храна толку зошто има деца што јадат и што не јадат. Ќерка ми и внука ми се два различни света за јадење. Мојава сака да јаде и само прави ам, ам, а другата ништо не јаде, ако јаде е 2-3 залчиња и е најадена. Знае да поврати и да се такне исто од храна. Едноставно такво е детето и нема толкава потреба за внес на храна.
    Цццц..
    Добро бе што е со овие наши доктори ?
    Може ли некогаш да се синхронизирани.. да ти кажам јас би го направила партал. Уф, само да ми се погоди некој ваков.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.364
    Допаѓања:
    47.531
    Пол:
    Женски
    Да бе докторот многу паметен. Секаде во светот се форсира ако може доење до 2г, само кај нас да можат од 2м ќе речат да го храниш.
    Побогу, не знам што е со докториве сериозно.
    Мојот кака редовно, нема проблем со столица. Ретко ептен се случува да скокне ден со какање, обично сабајле си кака штом стане и може некогаш пак во текот на денот, нормална столица.
    Ама мислам дека игра улога овошје дека јаде многу, тоа има влакна, друго може не јаде ама во овошје се дави.
    И цица уште да, 16м и не планирам да го одбијам до 2г, освен сам ако не изрази желба.
     
    На Giiirl23 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  9. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    903
    Каков кашкавал им давате мојава има 19м и не и давам кашкавал, и давав на 12м чедар, ама почна алергија да и се прави на ноџињата, тогаш бевме на матичен и ни рече од кашкавалот дека било, мислам немаше врска со кашкавалот и не искара рано било да и давам и престанав сега пак сакам да почнам да и давам ама незнам каков.
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.345
    Допаѓања:
    9.006
    Пол:
    Женски
    Од пред прв роденден јади кашкавал. Каков имаме дома купено, таков. Најчесто ајдамер. Реакции на ништо не покажала, а и никој не ми рекол дека е рано.
     
    На tinkerbell22, 1209, ija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.154
    Допаѓања:
    8.721
    Пол:
    Женски
    Исто :)
     
  12. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    3.219
    За препораки јас се водев од solidstarts, за чедар пишува од 6 месеци може.
    Еве види си за сите: https://solidstarts.com/search/?query=cheese
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    903
    Маслинки какви давате?
     
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.594
    Ете вчера како што пишав така и испадна. Вчера дремката три саати, денес саат и 20 мин. И сега како? :sweat:
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.746
    Пол:
    Женски
    Moево е на една дремка некаде од роденденот, после роденденот, така нешто, кога тргна уствари во градинка. Ако спие малку го легнувам порано, 8-8ипол е легнат, ако спие повеќе го чувам до 9-9ипол. Летово дур беше дома спиеше ем подоцна, од кај 1 саат па дури некогаш до 4ипол, зависи кога легнал, тогаш па и во 11 сум го легнувала. Во принцип следам да има 13-14 часа сон во текот на денот, не ми е толку важно кога легнал, но се трудам многу да не скокам од редот во градинка. Легни го вечер порано, нема друго.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    5.594
    Па да ама дремката беше од 11:30 до 13, сеа треба во 6 да го легнам за да избегнам втора дремка.
    Никако ред да фатиме, месец и пол е вака.
     
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    7.317
    Пол:
    Женски
    Издржи го докај 7ипол, и тогаш почни припрема за во кревет за во 8 да спие. И кај нас беше така кога ја кратеше втората дремка, супер беше кога ќе спиеше 2-3 саати дење, ама кога ќе спиеше помалку не го заспивав втор пат излегувавме до парк до 7ипол и во 8 беше кома. За недела два ќе си фати ред
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.063
    Допаѓања:
    22.157
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите доволно ли е да се молзам 2 пати дневно по 40-50 мл од страна дур сум на пат, чисто да си олеснам и да одржам лактација овие 5 дена? Бебо цицаше 2 до 3 пати дневно, од двете гради паралелно. Земав и Лецитин за да не направам Мастит, иако одамна не се случило да се тешки и да се преполнат градите. Бтв супер сум засега како за прв ден, иако мислев дека ќе ми е многу тешко добро се справувам. Он е многу среќен, ми праќаат видеа и цело време се смешка. Синоќа се разбудил неколку пати и си поплакал ама го презаспивале со водичка. Изгледа сепак ми требаше малку оддишка и рестарт на системот, во право бевте. :)
     
    На Mother of 2boys, Giiirl23, medena147 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    12.070
    Пол:
    Женски
    Ја би молзела толку пати како што цицал, по 10-15 мин. Во мојот случај е толку отприлика од кои поголем дел е само лигавење на градата.
    Уживај ајде, сѐ ќе е во ред.

    Едит. И моето цица 2-3 пати дневно.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.746
    Пол:
    Женски
    Не, молзи до крај, инаку ќе ти се намали млекото. Молзи исто ко што би цицал, ако цица 4 пати, 4 пати ќе молзиш, дури и навечер ако станува и навечер ќе стануваш. Инаку ќе му дадеш аларм на телото дека не му треба повеќе производство и во најмала рака ќе ти се намали количината.