1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    21.564
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека не е спорно и да се намали, идејата е кога ќе се вратам да тргнеме ноќни подои и да останеме само на два пред спиење и сабајле. Не ни вадам повеќе од 40-50 мл од страна.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.345
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се трауматизираат. Мојата до 3,5г не одеше градинка, јас знам перфект герм, нит неа нит на маж и праам муабет хаха нека си учат сами. Тргна во градинка, ништо не знаеше, ни вода како да побара, еве после 6-7 месеци одење свезува реченици, ми меша мене, јас упорно на мк враќам, она и кога си игра сама почна да користи нивни зборови. Не викам дека е погрешно да им се зборува на друг јазик ама не ја гледам потребата, кога они совршено знаат да се снајдат во такви ситуации, траумата иде од разделба од родител и нова средина, а децата ќе најдат начин кроз игра да искомуницираат и без да се разбираат.
     
    На lackygirl, 1209, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    И јас само што пишав на две, денес една!! Исто и заврши во 13, спиеше два часа. Дури во 9 заспа, до крај беше активна. Нема шанси да си легне во 8 пример. Затоа се надевам ако е една да и трае подолго и да заврши подоцна.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Мајки знам се пишуваше пред некое време ама не можам да најдам. Кои патичиња се добри за проодување? Јас досега го држев бос, ама почнува во градинка и морам да купам некое патиче, ќе излегуваат, ќе шетаат, тука е веќе ладно и мора да носи нешто на нозе.
    Ги гледав овие модели

    upload_2024-8-16_21-55-37.png

    upload_2024-8-16_21-56-4.png

    [​IMG]
    @0ли може знае?
     
    Последна измена: 16 август 2024
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinkerbell22

    tinkerbell22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    3.281
    Пол:
    Женски
    Каламата ,само нив ги јаде
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.308
    Пол:
    Женски
    Последните ги иаме ние, слични де, ама многу ги износи и ептен се удобни вака на фаќање, он леташе во нив. Му омалнаа ќе треба нови да земам есенва ама веројатно слични ќе земам. Сега оди во онакви со гумено како чорапчиња, многу се практични и супер за проодување, ако мислиш дека нема да му е ладно во такви, земи еден пар.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Ортопедот нас не советуваше да бидат по еластични т.е. да се виткаат со се ѓонот. Исто, да има луфта еден прст.

    Скоро гледав едно видео ако го најдам ќе го споделам, чисто за мислење. Вели колку по мек ѓон, толку поголем притисок на колкчињата, што е обратно од тоа што не советуваа.
    Може и да има нешто точно во тоа, ама реално колку време поминуваат во патики, кондурчиња во текот на денот. Мојот е 90% бос.

    Вакви имаме.
    IMG_20240816_222725.jpg
    1723840060655.jpg
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    2.168
    Пол:
    Женски
    19 месеци бебе (добро знам дека не е бебе, така си го викам) :) и сеуште нема пробано печурки и морски плодови. Одиме септември на одмор, дали да му дадам дома да проба нешто за да може да јаде таму морска храна или рано е за тоа? И печурки кои да му дадам и како приготвени?
     
    Последна измена: 16 август 2024
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.919
    Пол:
    Женски
    Морско и кај мене нема пробано. Јас би дала дома, не на одмор, за ако јави реакција да не ме фаќаат таму паники.

    Печурки проба во оброците на Белина, а потоа дома кога готвам месо за нас додавам и печурки. Стрикно само печурки не сум дала, сега веќе јади и од наши оброци така да тоа што е зготвено. Инаку шампињони користам јас, свежи и маринирани.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ги гледав и тие, тие се како апла да е бос, се мислев еден пар такви еден обични.

    Абе и тука за проодување препорачуваат со тврд ѓон, дури и високи, зглобот да е заштитен. Ама па се шо читав на Интернет вели спротивно.
    Прати го баш видеото ако го најдеш. Мојот ќе е цел ден во градинка и нон стоп се надвор, затоа ми треба нешто во што ќе ми е раат душата.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.308
    Пол:
    Женски
    Јас лошо сум се изразила, да за проодување додека не биде стабилно детето треба такви, со убав ѓон и со цврсто високо на зглоб, само да се свиваат кај прстите. Откако ќе прооди и ќе е стабилно може од тие како чорапчиња дека многу се практични, посебно за деца што сакаат секаде боси да одат како моето и секое облекување патики е страшни драми.
    Моево искрено секаде босо оди, двор, влез кај моите, дома, тераси, природа, ептен на улица и парк го облекувам.
     
    На mal.ecka и Lavender13 им се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    IMG_0719.png
    Овие ги имаме, сега и втор пар купивме исти само црни. Мојот ги обожава, само во нив кога оди не бара да го зимаме во раце, лета. Ептен се лесни и гонот е мек. Мислам дека уште долго нема да ги смениме, само ќе го обновувам бројчето и бојата :)
     
    На Tiny Love и Lavender13 им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.345
    Пол:
    Женски
    @Lavender13

    Малава патичињата и сандалите ги наследи од дада и, големата со најк порасна и уште ги носи тие модели, она се сопињаше со отворени сандали ( уште), а малово се сопиња со затворени, само со отворени можи да оди, арно ама пошо 90% и на улица е боса, ги изгубивме некаде и сега тера типката сегде боса, околу маала, влезови лифтови дури и чаршија.. Мк знам ги нема ама вие оти странство, од елефант сме ние задоволни. Тука кај нас исто ни рекоа да се витка патиката и да има 1 прст напред простор, моиве се со тенки стапала и потешко ми е нешто соодветно да им најдам оти во се шлапаат ако им е напред 1 прст, па ете nike revolution и елефант ни се најпогодени. Супер фит пример нити мене ми изгледаат удобни,нити пак полесно одела големава, со малава немам прибано.
     
    На lackygirl, Carolin., Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Еве го.
    Држи вода и ова.
    Нека споделат членки какви препораки добиле.

    Мое искуство, колку помеки и по флексибилни толку подобро.

    И овој инста профил е информативен на темава.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Имам дадено ракчиња. Лигња не сум сигурна. Воведи за да си раат и да можеш да даваш. Печурки исто и јас со оброците од белина воведов, а инаку свежи шампињони користиме. Иста возраст ни се.

    Двајцата ортопеди кои сум ги консултирала - свитливи кај прстите, цврст во задниот дел и цврсти кај зглобот. Не мора високи, само цврсти. Тоа со еден прст е стандард препорака.
     
    На Tiny Love и Lavender13 им се допаѓа ова.
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    5.773
    Пол:
    Женски
    Да, било кои од овој тип на патичиња можеш да зњмеш. Лесно да се виткаат кај прстите, како моделите за трчање.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    На муабетот за патичиња, има некој од овие?
    [​IMG]

    Моево има широко стапалце, повеќето модели за трчање му се тесни во горниот дел. И првото беше така, па само Nike SC му одговараа, ама се потешки за одење. И сега ич не знам какви да земам...
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.287
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    Здраво, вчера 1 роденден на синко, порасна бебето, од денес тука ќе се дружиме :D
    Цица на најјако, кога сум со него на 2 сати ми бара, ако не добија рика се ака :wasntme: многу напорно ми станува доењето и за 2 3 месеци ќе го одбивам.
    Уште 2 дремки има и многу тешко заспива. Ноќе станува 2, 3 пати за цицање и одма презаспива.
    Од активности, се сака да ваѓа (од кутии, од полици...) и да фрла на под, да ги ака уствари. Веќе неколку играчки му искрши на брат му кој никогаш не скршил играчка.
    Покажува некои предмети како лустер, тв, маче, стол... Брат му секогаш го наоѓа и одма се радува. Напати и му се испушта Ѓоѓи :rofl: тоа му иди како повторување по нас, иначе зборува кинески од пред 2 недели, значи пресмешен е, неможам да го дослушам :rofl: пресладок е кога кажува, објаснува :inlove: првото не зборуваше кинески и затоа ми е ново искуство ама преубав период :inlove:
    Абер нема за одење, ама лазење :drunk: оди стигни го. Се качува по скали сам, сега пробува и на кревет ама повисок е и неможи.
    Го научив покажува колку години направил :D
    Некој поназад пиша го запоставувам не го учам. Исто и јас второво, само се учи, или од брат му, него го повторува, само истражува и мислам дека многу подобро е вака само да се учи, вака ќе биди посамостојно и поснаодливо за разлика од големиот, на кој од 6 месеци му правев секакви активности и се го учев, маче куче се знаеше, коли, сите возила, не дека немаше плод на година и пол зборуваше правилно и по 2 зборчиња врзуваше, и фина моторика имаше и се, ама нема доволно самодоверба, презаштитнички беше мм кон него и затоа така.
    Ова второво се бори од сега за место, му зема играчки ма брат му, му се спротивставува :D и на крај крај големиот плачи, оти плачко си е од раѓање.. Оти прво дете.

    Се ќе научат, ќе проодат, ќе прознорат, за ништо немам грижи со малово, го гледам дека супер си е за возраста. Во добра насока оди, како карактер мн ми се бендисва.
    Само со тантрумите нека помага господ :D
     
    На Carolin., LivingGlam, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Добри се сите, добри се кои и да ги одбереш што се модел за трчање. Цврсти се кај пета, а свитливи кај прсти и лесни.
    Мојот кога прооде, одеше со вакви
    [​IMG]

    И после само поголем број му земав, баш му беа погодени. После не ми се менуваше бренд затоа што ми беше со бројчето лесно да земам поголем и без да пробува. И како тие третите слични имаше, убави се. Поширок модел се.

    Пробај со патики како сините погоре, тие се поширок модел, не се тесни. Овие што ги прати не ми се за проодување, немаат флексибилност. Мене ми се заморни како модел, долго не можам да шетам, не се погодни за трчање и сл.
    Вакви пробај му ако не си пробала, на овие мислам (Tensaur Run 2.0), поширок модел се
    [​IMG]
     
    На LivingGlam, Lavender13 и јolene им се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    Мајки денес имав глупава ситуација ама се фаќам како не знам да изреагирам во такви моменти пред народ и правам глупости од кои после се срамам. Син ми последните два месеци е многу немирен, ај што чепка на секаде крши растура и фрла донекаде разбирам дете е, ама устата пења ми фати од зборување и објаснување а тој воопшто не слуша, ма не регистрира си тера по негово. И со повишување тон пак не реагира, се смее и си прави што си наумил. Денес бевме на гости и нормално луѓето украси си имаа тој проба се да дофати во обид да го фрле, зборував објаснував не бре, на крај дигнавме се (вака кога и правам ремонт на ствари на луѓето ептен лошо се чувствувам ама немам друг начин да го спречам), на крај почна собните растенија да ги кине и прво објаснував зошто не треба ги галевме, таман ќе се тргнам тој пак кине, повишив тон остро изреагирав да престане ама не, и збеснав станав го удрив по раце. Не беше силно или болно ама ептен лошо се осеќам, а само така престана да го прави тоа. Му викам на мм нареден пат стануваме и си одиме или не одиме повеќе по гости додека не порасне и не си ги научи границите, ама па од друга страна си мислам како ќе научи ако нема такви ситуации? Како постапувате вие? Како успевате да се носите кога прават бели по други куќи? Што преземате тогаш.
    Бтв. Знам дека ударањето ми е огромна грешка и доволно ми е криво, не ме напаѓајте на таа тема ве молам. Само барам начин и совет како на друг начин да се справам, зашто еве “немајка” се осеќам