Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.299
    Пол:
    Женски
    Генерално ако ептен прави глупости и не можам да го контролирам со заигрување и слично, го земам и си одиме. И мене ми е глупо вака кога им разместувам на луѓето, не дека одам на гости многу ама пример кај другарки кои сеуште се без деца ептен ми е безвеза, кај другите со деца веќе секако се е кренато:D
    Сега јас сепак мислам дека моето барем генерално е уште мало да објаснам зошто не се прави така или овака, нема да разбере и се му е ново и се му е интересно и сфаќам дека сака да фати. Така да додека не почне да разбира станувам и си одам ако не можам да најдам начин да го смирам.
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.339
    Допаѓања:
    28.182
    Среќен роденден
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.286
    Допаѓања:
    111.729
    Пол:
    Женски
    Чек стај ме на листата немајка после тебе одма, ама одма. Не е дека оправдувам, ама те разбирам скроз и немој да се потресуваш те молам. Така свекрва ми си имаше навика да ми каже дека она не одела на гости никаде додека не пораснат. Еве нема проблем, нема да живеам до прво одделение. Апсолутно не планирам. Имам станато од гости, сега скоро се деси, имам остро изреагирано и еднаш и по газе го имам чукнато иако и јас не сум се осеќал убаво и сум се покајала одма, ама не сум успеала да му одвлечат внимание никако на годинаипол дете. Ми викале и остави го не е проблем, и нека скине и нека скрши, ама не, не е во ред тоа и знам дека и мене како би ми било да ми уништуваат по дома, не би ми било сеедно. Со големото ја немав оваа мака, со малото ја имам, успевам досега некако да му одвлечам внимание, но ете се случува да ми истури се и да не можам да изреагирам. Мислам дека премногу се обвинуваме како мајки, и ние сме живи суштества и реагираме некогаш несоодветно и поради околината најчесто си создаваме стрес и оп депресии, анксиозност, панични напади, триста болести од што не можеме да ги исхендламе сите работи и да се однесуваме како што налага околината. Пак ќе повторам, не оправдувам, ама па дете ќе заборави за 3 секунди а ние цела недела ќе мислиме и ќе си ставаме грижа на совест. Нормално ако се работи за ретки ситуации, ако не добива дете ќотек на дневна основа.
     
    На Anturium, DaftyCrafty, Giiirl23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    2.168
    Пол:
    Женски
    Јас му земав еден пар вакви и да имаа бројчиња од сите модели ќе земев. На ортопед кога бевме на преглед ги носев, рече дека се најдобри обувки за после проодување. Буквално како да се боси
     
    На LivingGlam и Mandela им се допаѓа ова.
  5. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Мајки со бебиња што биле на АД ве молам за искуства и совети кога и како треба да прекинам со формула.
    Направи една годинка на 6ти август, но иако има 3 оброци и ужинки тој си сака пак млеко.
    Пред двете дремки си пивнува по 120мл, можеби од жед или навика плус пред ноќното заспивање пие 210мл. Значи вкупно во денот му се собира 450мл АД.
    До сега нема пробано друго млеко. Единствено јаде овчо кисело млеко кое го имаме свое и е органско. Би можела да преминам и на овчо варено.
    Планирам кога ќе се вратиме од одмор да разговарам и со педијатар, но би сакала да слушнам ваше мислење
     
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    Јас му купувам од овој тип на обувки, само од К&К ги земам.
    На контрола кога бевме после проодување ортопедот ми рече дека се најдобар избор на обувки за тазе проодено дете.
    Тогаш имав ваков модел земено:

    https://k-k.mk/product/detski-bosi-obuvki-za-odenje-vo-bela-boja-so-nezhno-zelena-vezda-barefoot

    Разгледај има и други модели. Сите се широки напред, лесно се виткаат кај прстите и се цврсти кај петата.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    13.408
    Пол:
    Женски
    Лошо си изреагирала (претпоставувам) зашто на прво место си ставила ‘што ќе кажат луѓето’. Тоа одма извади си го од глава и прво размислувај како да му одвлечеш внимание. Многу е мал за да сфати што му збориш и твоето Не ништо не му значи. Дете ко дете отишло на ново место, се е ново, украси, цвеќиња и мора да испита терен. Следен пат пробај да му свртиш внимание со играчка, храна, тераса, носи си омилени играчки од дома итн, ти пак скарај го што смее, а што не ама ако не бива станете и идете си.
    Запамти дека таква му е возраста сега и ќе помине.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.299
    Пол:
    Женски
    Уште е мал, ќе си пие, само смени му бројка на ад ако немаш сменето. Можеш да пробаш постепено со тетарпак да замениш па да исфрлиш скроз ама не гледам причина сеуште да исфрлиш ако сака.
    Тоа е исто како и со цицањето еве моето уште цица 16м, иако си јаде.


    Инаки јас малце така дојдов да се пожалам. Свекрвата е кај ќерка и веќе месец дена, моите се на одмор а мм работи втора смена ноќна до 3 и додека се врати веќе 5 го фаќа за спиење и денски секако дека спие до пладне. После тоа го шета и чува ама мене искрено најмногу помош ми треба сабајле, цела недела во круг се вртам со работа, сакам онака на глас да си кажам оти реално и малце ми е криво колку свекорот мува не го лази да рече снао остај го 5мин заврши што треба. Не дека многу ќе ми помогнат тие 5 мин ама криво ми е што нема апсолутна желба со детето да си поигра.
    Значи сабајле зедов да постелам алишта и сега мали обично се вртка околи мене и ми помага ама сега сакаше на скали да се качува и кај деде да оди, дедо му седе на тараса си пуши и си гледа на тел, ме слуша дека му викам спадни мама дојди да ми помогнеш, ме гледа дека едно 30 пати го спуштив и дека пола саат не можам да ги постелам алиштата и луѓе не се помести да рече дојди да го види дедо, 5мин ми требаа еј, 5.
    И некни исто многу се изнервирав ми требаше нешто од маркет, а надвор 40степени на пладне. И сега обично се качувам да прашам да не му треба нешто и се качив со детето, и он одма зеде да си игра нешто се заигра и велам јас, мама ајде со мене сакаш или ќе останеш со дедо, намерно реков да видам што ќе каже оти надвор е пекол плус со него пазарење ми е 20мин, без него 5. И он ни две ни три ајде дедо оди со мама папа. Мислам кој нормален човек ќе го остави внучето на пекол да го шетаат надвор.
    И ми пукна филмот оваа недела цела недела готвам и за него дека сам, а обично он готви за нив, он е готвачот и си велам барем еднаш да речеше еве ќе направам јас ручек, не. И си реков крај ни готвам ни прашувам за пазар.
    Мм не се качува ни да го види ама јас како должна да се осеќам. Свекрвата ми остави абер да сум исчистила барем еднаш горе да не седел во влакна од кучињата, аха важи.
    И сабајле многу му тропала пералната дошол да види зошто и ме прашува зошто за толку малце облека сум ја пуштала, а јас пуштив крпи за чистење, џогер, некои матови од пред врата такви ептен гадни работи што не ги перам со друго и сега зедов да се објаснувам и се сецнав и ми реков само оти немаше со што друго да ја наполнам.
    Ни струја ни вода ми плаќа па и ќе прашува вакви работи.

    Од друга страна моите секој ден ѕвонат да го видат внучето, свекрвата не се јави сама ниту еднаш, само јас кога ја барав на 2-3 пати да го види и толку. Со внуката онака секој ден се слушаат од тука. И така седам и сфаќам зошто мм не сака да живее тука, зошто не разговара со нив толку и зошто не си живее со татко му, јасно ми е како се осеќа во врска со него и во врска со тоа како гледаат на него.
    И еднаш така се зачуди свекрвата зошто синко се одра од плачење по моите кога си отидоа, оти по нив никогаш не плачел. Разбира дете кој го игра. Е сега свекрвата кога е тука знае да го припази ако и речам, самоиницијативно не, ама сепак го чува колку толку, ама свекорот, ништо. И пак ќе кажам не ми е за чување јас си го чувам него ми е криво што не сакаат да поминат време со него, како што сакаат моите, тој момент не можам да го разберам, какво е тоа делење.
     
    На fashion-addict, lackygirl, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    6.545
    Пол:
    Женски
    Мојата не го сака измолзено само на цице а почнувам од утре на работа :(
    Не знам како ќе е :(
    Се навикна без тебе дур си на пат?
    Што да правам да не плаче,ме бара на секој саат :(
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.299
    Пол:
    Женски
    Муабетот сакав во мајчински да го ставам, сум смешала тема. Нека премести модератор, се извинувам.
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.299
    Пол:
    Женски
    Мајки што правите кога многу се потат ноќно време? Мојот е утоп во главата на почетокот на ноќта, дури креветот е мокар кај што лежи. Не е толку топло јас некогаш дури и се покривам, а он спие само на боди на маичка, ај го пресоблекувам кога е мокар он, ама главата како да му ја сушам заспиен?
    Не знам што да правам веќе дури и се загрижувам да не му фали нешто со потењево.
     
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    3.481
    Пол:
    Женски
    Сите потат од времето, како беше и запурно, најмногу помага ако го истражиме косето, ако е многу испотен ќе го преслечам и само толку, косата ако му смета знај да стани со плачење и ја имам сушено, но само ако се разбуди.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.099
    Допаѓања:
    46.299
    Пол:
    Женски
    И моето знае да се разбуди со плачење и јас претпоставував дека веројатно се нервира од косата оти баш тогаш му била многу мокра. Го шишав јас ама не сакам скроз да го истрижам искрено.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.803
    Допаѓања:
    21.564
    Пол:
    Женски
    Да супер бил. Не пие никакво млеко дур ме нема, само повеќе си ручкал. Ќе мора да се навикне и твоето, можеби ќе и треба малку време ама ќе биде.
     
    На Giiirl23, Mother of 2boys, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.287
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    Од искуство со 2 деца, еве со второво веќе трет месец на работа сум, не бара дури не ме гледа, си јади, исто беше и првото. Ама дур ме гледа ме користи максимално. Значи ептен бара цицање, иди ме трга, вчера ме издраска со ноктињата, ама на 2 сати се цицало бре :worried: 1 год е со 14+ кг, не го имам мерено 2 месеци :D друго млеко не давам никакво и ко ќе се одбие не планирам да му давам млеко, само вода.

    И моево мн поти во спиење, а бебињата потат преку главчето. Ич не го покривам и пак жива вода е, исто помалку моча дека поти, значи со 2 пелени цел ден можи да помини.
    Од вчера почна да се пушта по 2 чекори на гарнитурата :rofl: смешки е, наеднаш како растат :tmi:
     
    На Giiirl23, Mother of 2boys, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    6.545
    Пол:
    Женски
    Почнав јас со работа ама пак си земав боледување малку се кинеше од плачење не седеше ни со татко и.
    Не сме ги примиле вакцините инаку ќе си ја земам со мене во градинка.

    А за потење еве со температура сме пак....
     
  17. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    19.988
    Пол:
    Женски

    Среќен роденден на баткотоо, живи и здрави да сте сите со него, цел жувот да ве радува :^::party::l:

    И јас така имам грижа на совест дека ништо не го учам, а прво ми е. Ама па и ништо не го интересира освен да се качува на се живо и што е можно повисоко. Во хранилка на нозе се дига, во хранилка, сега врзан седи :!:
    И ние од одење немаме абер, се пушта чекор два само дома да дофати нешто што му треба, иначе се влече на газ не лази ама и така стасува кај сака и одма се крева. Омилено му е да се пентари на спална.
    За колку години има дедо му го научи. Куче,маче,коњче и кравата како прават знае од една книга со звуци што ја има. Јас го имам научено да му лепи пари на мм на чело и да го тера да пее и бебп игра :rofl:


    Иако планирав дома да го оставам истеравме и свадба со бебо, мама со фустан влезе во нептун да купи слишалки пошо тие дома му беа мали, а бебо им покажуваше на продавачките како ке играл на свадба :D
    Им се смееше на сите, трчавме по едно девојченце во венчаница да ја држи за раче и да и се смее така слатко и "нано" и правеше, се исплаши од музиката, ставивме слушалки заспа во 8и30 и после ние денсавме до 23:30 и си отидовме дома :lol:

    Тоа се новостите :D

    20240817_204827.jpg
     
    На 1209, kozuf, LizzyGrant и 6 други им се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.287
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    На здравје свадбиче :D среќен роденден и на Д, големи да ни растат, мојов на 2 свадби досега, без слушалки, првата на 7+ месеци, се изнаспа :D сега 2рата на 3ти август беше и до кај 10 и пол беше, па и на оро игравме, со раката крената :rofl: мн сака да игра на музика. Потоа го однесовме дома свекрва ми го чуваше, а големиот доседа до крај до 1 на свадба. Кај 1ва братучеда бевме и мораше да идат :D
     
    На Carolin. и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  19. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    2.168
    Пол:
    Женски
    Малку да свртам тема на нешто што не ми е многу познато. Како ги возите вашите деца во седиште? Свртени према напред или назад? Мојот е 19м, се вози напред...ама сега сме во потрага по второ седиште за брат му...и малку повеќе почнав да истражувам околу безбедност. Секаде стои дека е побезбедно да се возат наназад до 4та година.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    2 месеци откако преоди е свртен напред. И јас се замислив ради безбедност ама купивме ново седиште и ептен е чудно назад свртено, нема кај нозете да ги стави.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.