Најбезбедно е назад, ама ние имаме мака со гадење во кола, па назад ни капки не помагаат. Ама мислам доволно безбедно е и нанапред.
Најбезбедно секако е свртено наназад, ама искрено не верувам дека дете до 4та година ќе седи така. Посебно ако родителите седат напред, а штом се две дечиња претпоставувам дека ти седиш напред. Не е можно до него да седиш и цело време да го анимираш. Доволно ќе е безбедно ако е врзано во седиште и свртено нанапред.
Назад. Скоро сите седишта ги имаат поминато тестовите со седиштето свртено назад. Едно или две седишта само на пазарот ги имаат поминато истите тестови со седиштето свртено напред.
Синко е 22 месеци седи свртен наназад, а ние седиме напред. Не знам до кога, ама освен ако он не почне да се буни не планирам да го свртам во скоро време.
Пред некој ден и течеше носето на малечкава. Помина брзо без тт и други симптоми. Денес треба да ја прими последната за сега, ДиТеПер ревакцина. Им кажав, ми рекоа донеси ја ќе видиме, ако е здрава ќе ја прими. Не знам дали да одложам или да ја однесам кога веќе нема симптоми?
Дали вашите деца имаат навечер пред спиење период кога се хиперактивни, 100 на саат? Неколку вечери по ред е моторче, не застанува, брбља, трча, се бунтува да спие се додека ептееен не се предаде. Вчера заспа во 11, еве ја уште спие.
Имаше и тоа како,ама веќе не.Гледам вечерата до 7 ипол да биде изедена ,лесна храна, никако чоколадо и благи работи поготово не навечер . Излегуваме и шетаме ,8 ипол ја бањам ја облекувам пижамчиња ,гасам ламби и легнуваме двете на креветот.Се галиме и така заспива.
Хммм.. не давам ништо од благо. Навечер исто лесна храна летово зошто одбива вечера. Повторува сега зборови т.е едно исто цееел ден па си викам од тоа да не е, возбудена што кажува нешто. Таква беше и на одмор кога отидовме, кога се случува нешто ново. Рутината не и е сменета, истото го правиме секој ден и дремката е во исто време. Кога легнуваме на кревет, она се спушта и продолжува да ровари
И ќерка си брмчи додека да заспие,интересно и е дека секој ден нови зборови нови работи и си повторува реченици хаха..период е ,а кога гасиш ламби,тв и тогаш ли не легнува ? Јас и раскажувам приказни ,тоа што ја интересира и сака да го слуша,си измислувам разни и заспива.
Да.. и давам млеко, гасам светло, после продолжува да цица (тоа и за заспивање), додека цица на мене јас и пеам најчесто нани, нани или и раскажувам нешто, порано ќе се заќутеше и успиеше овие неколку денови не брееее, нема шанси.
Ништо страшно,период е ќе и помине..не и дозволувај да спие до 11, јас би ја разбудила во 7/8 и излезете шетајте сега и убаво е времето .
Исто и кај нас. Вчера еден час измислував приказни. Не знам колку пати слезе од кревет и се врати назад. Утрово пак во 7 си стана.
Мислам дека кога совладуваат нешто уште потешко им е да заспијат. Јас сега после една година го нишкам за ноќно споиење ама го нишкаам луѓеее до потење чорба се правам, а беше бебе што заспива со цицање. Сега а легнеме да цица и за спиење он магично добива енергија да се пентари секаде, а обавезно сме излезени 2 часа надвор, пред тоа јаде, гледам да се измори го оставан да лази на игралиште трчакаме по децата по топките, доаѓаме дома бањање и кревет. И таман сме легнале почнува веселбата
Има нешто со спиењето деновиве со месечини ли или кој знае што. И сестра ми и две другарки се жалат дека потешко заспиваат. И кај нас има промена, од дете што заспиваше за 5 мин сега цел саат се фрла по спална ме закача и си брбори додека не се измори ептен. И ден и вечер ова. А изморен е шетаме 2 пати во денот и тоа пешки без количка, се движи многу. Јас го легнувам најкасно 8ипол-9 за во 10 веќе да е заспиен. Се надевам дека е период и дека ќе помине скоро зашто веќе кога дојде време за успивање мене паника ме фаќа, ич не ми е убав моментот а порано уживав и не давав друг да го успива. Сега не ни чекам мм да праша, одма си наоѓам друга занимација демек
Јас многу истражував за купување на седиште. Инаку да 500 пати е побезбедно наназад да се вози и тоа минимум до 4 години. Иако ви изгледа на многу за нозе не природно, подобро е да му се свиткани, отколку да му висат и трнат нозете. @Anturium те тагнувам ради нозете што велиш нема кај да си ги стави. Има група на фб ја имат формирано советнички за седишта, имаат сертификати и тие советуваат што е можно повеќе време наназад да се возат. Имаат видеа како докази од плус тестови што се правени зошто е тоа така. Еве линк ако некоја е заинтересирана да истражи дополнително https://www.facebook.com/groups/1333949660140378/?ref=share&mibextid=adzO7l
Лошо е кај мене што никој не се нуди да ја успива. На прсти се брои деновиве кога за 10-15 минути е заспана. Немаме плачки, ама скокање низ кревет, брборење итн. Да знам дека нема да ја крени во воздух куќата, ќе почнам да ја оставам сама во кревет да си заспива.