Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.639
    Допаѓања:
    34.001
    Пол:
    Женски
    Има, има... Барајте си изговори вие :D
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.286
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    Исто, значи цица, цица пола сат на цицка, го легнувам станува на нозе за лазење, пак го земам пак цицка, па пак исто па мм го зема в раце го ниша, абе раце и грб отидоа, се не боли двајцата. Исто тешко е и денското заспивање, 1 ден со една дремка беше завчера, па 2 вчера.. 100ка мозочето му е сега, секој ден нови работи учат и затоа така ама не се издржува, и ноќеска стануваше на 2 сати и цицка бара :nod:
    Пориодов и помалку јади...
     
    На јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.478
    Допаѓања:
    19.986
    Пол:
    Женски

    Исто потпополно исто.. од 3 саат нишкам што не правам бадијала и реков ке го оставам да заспие сам од умор жими се, на глава ми сед
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Не ни крши фантазии, остај не да си замислуваме дека до тоа е :D
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Еден апдејт од мене. Се вративме синоќа касно од пат и бебо нанкаше. Сабајле околу 6 и нешто се разбуди и кога го земав да го презаспијам му понудив да цица. Прво ми упати еден чуден поглед, ама после кога почнаа.. цицаше толку многу..срце мало. Си продолжуваме со доење и среќна сум што поради патувањево не се одби, не сум спремна за тоа.
    Инаку ми е лут и ме избегнува малку. Со татко му се гушка, цело време сака да е кај него, мене ќе ми се насмее ама не сака да дојде да го гушкам како порано што сакаше.. :| Тешко ми е, многу… ама веројатно ќе му помине. Изгледа од мене се осеќа понапуштено отколку од татко му зошто од него се делел и порано на 2-3 дена, а од мене никогаш.
    Со спиењето и он има мака како сите што ве читам. Ама мислам дека се должи на промената што му се случи и на тоа што во петокот влезе во 10ти скок.
    Мајка ми и сестра ми како малку да го ‘разлигавиле’. Ако нешто не е по ќеф одма трча да го кренеш во раце и да го анимираш, а не беше таков. Јасно ми беше дека нема да биде без последици патувањето, ама ќе гледам што поскоро да си се вратиме на нашиот ред.
     
    На Mother of 2boys, јolene, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Ќе се стабилизирате сега. Ете и ти си со позитивно искуство и не откажавте од доење.
    Пак ќе се гушкате дај му време. Ве гушкам:hug:
     
    На Mother of 2boys, Mumoftwo30 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  7. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали им давате на децата на пр мојот е скоро 17 месеци, храна вчерашна, или секогаш тазе зготвено?
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.286
    Допаѓања:
    111.725
    Пол:
    Женски
    Давам. Не можам да постигнам секогаш и особено откако тргна во градинка давам се и вчерашно и нетазе. Едино компир и спанаќ не подгревам, спанаќот и јас го јадам ладен така да јаде тоа а компир манџичка строго тазе направена.
     
    На јolene, Carolin., Amore123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Давам и вчерашно, поретко ама давам. Па и ние треба некогаш издишка да имаме. 15 месеци е моето.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Давам, само на топлово нормално да стои во фрижидер.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Давам и јас ама не загревам ништо, мојот секако на собна јаде. Вадам од фрижидер и го оставам да постои малку да не е ептен ладно.
     
    На Amore123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на одговорите :)
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    192
    Ми требаат плус идеи за анимација.. сите играчки (посебно оние со звуци и песнички) брзо и здосадуваат. Секој ден измислувам нешто ново ама пресушив мислам хаха. Има коцки, 200 топчиња (буквално), мечиња, кукли, итн итн. Скоро 14 месеци сме. Вчера тие пластичните топчиња и ги налепив на една лента салотејп, тоа ја држеше 10тина минути додека ги одлепи сите. Па во корпата за алишта ставив пелени она да ги влече од дупчињата, пак 10 мин. Ќе си најде она по нејзино, уште 10 мин. А другите 14 саати?? :D Се, буквално се, става во уста од 5 месеци и затоа и малку се пазам со овие “измислени игри” што ги гледам по интернет. Аа да, покрај топчињата дома што ги имаме за извоз и не ги погледнуваме, само на комшискиот батко ни се свиѓаат топките.
    постов каша попара како главата ми е, ама не ми работи мозокот.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Ова како познато ми е хаха. Мојот најмногу се заигрува кога ги види играчките средени под конец. Тогаш така издишува на глас од возбуда се залетува и почнува да ги фрла. Се дури не ги исфати сите и фрли не престанува. И потоа пак нема што да си играме. Буквално ништо не го интересира. А за не играчки плаче и вреска колку може за да му дадеш, или ако дофатил и му земеш од раце.
    Периодот ли е таков или самите деца ни се такви не би знаела да кажам.
    Ама моето одамна не сака со ништо да си игра, јас правам кула тој ми ја растура. Сака да расфрла и крај. А јас можам и на клепки да застанам и пак ќе ми е џабе.
    Ни книги не можам да му читам, сака да ги кине. За тоа ми е најмногу криво. Една веќе од тврди корици ја искина и изгриза (facepalm)
     
  15. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    192
    Исто, јас да ги спојувам коцките, таа да ги растура.. кај неа можеби и влијае што не оди сеуште, па се што е на маса и комода е поинтересно (a.k.a тоа што не е играчка) (facepalm)
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.199
    И на две години иста е. Само да се растурало :D
    Сега пелените може да ги стигне во шкафчето и ми ги шета низ цела куќа.
     
    На јolene, Mumoftwo30, deasmamas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    8.532
    Пол:
    Женски
    Моето оди, и се друго е поинтересно, штекови, кабли, шпоретот да го уклучива, уредите што ни се за ладење и грење да ги уклучува. Шпајзот му е неостварена желба да влезе таму и се да исфаќа. Денес кога ја виде вратата подотворена, така се улета и не процени убаво и дирек во неа удри и сега е модар на челото. Прав хаос. Сега почна да дофаќа и на повисоко, се крева на прсти како прав балетан :rofl: само да дојде до нештото. Уморна сум од тргање опасности ама тоа е. Нека се живи здрави, и да се надеваме дека малку ќе менат. Што не верувам јас, таков му е табиетот.
     
    На јolene, Mumoftwo30 и deasmamas им се допаѓа ова.
  18. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Еј ме умре денес.
    Си се смее, си тера по нејзино, се фрла со главата назад (очекувам некој ден да ми скрши заб), интересно и е се што и забранува и чека реакција кога ќе го направи по 100-ти пат, знае да ме удри и да се смее, па после ќе ме гушне, па ништо не и погодено, па демек и се спие, а седи уште 2 часа будна и лудува и така. Од дете што јадеше СЕ, денес беше на пола банана со сила, некоја смока и кашика со какао. Не знам што му се задеси на детево. Си беше мирна, послушна..
    Плус денес добив, живциве на граница, колку пати земав воздух и си кажав дека не смеам да се нервирам пред неа. Пред неа можеби не, ама мм ми беше единствената жртва хаха. Не знам што е ама некако поминува или па сега почнува тодлер фазата..
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.243
    Допаѓања:
    26.345
    Пол:
    Женски
    Фазата не поминува до кај 3г, од тогаш се намалува само ама пак си имаат моменти. Уствари 2-3г се најтешки според мене. Моево слуша наредби уште и престанува за брзо, уште нема изгледа до таа фаза дојдено или па ќе е помирна од сестра и, која на пример душата ни ја извади. Моево крвнички на дада ја мава и ја куба ако не и дава нешто, оваа среќа не и враќа. А кога се лути исто наназад се фрла. Ете и моево вчера не јадеше, само на кашкавал беше цел ден, период им е.
    Ние па не поучени од големава, сакаме да шетаме и тоа сега со двете, ај Н почна да слуша, ќе седне, ќе почека ама ова малово тоа не е одење на ручек/кафе тоа е бркање низ околните кафичи и продавници додека другиот јаде, и знаеме дека така ќе биде и пак одиме и после туф туф. Седи си бе дома и парк
     
    На Sun&Moon, јolene, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.561
    Пол:
    Женски
    Кажувајте како да ги вратам во колосек зошто ќе се мрднам жими се. Знаев дека нема да е без последици ако одам, ама ова е претерано. Дали е од 10ти скок, дали е од разделбата или е од двете заедно не знам, ама детето не можам да си го препознаам. Од страствен јадач станат е најголем прибирливко. Ниту омилените работи не ги јаде мирно. Фрла на земја, вришти, пишти, нервози тешки го маваат ако не е по негово. Дур бевме таму ми викаа супер си јаде, за камуфлажа праќаа видеа, слики. Вчера го гледам и ми се виде ослабен. Го измерив и во право сум, ослабел скоро 500гр. Викам добро јадеше ли он нешто и тука се отворија картите. Ептен правел проблем за јадењето, со триста молби ставал нешто во уста ама не сакале да ни кажат зошто нема ништо да се смени, само ќе се нервираме. Вчера така се изнаплакав, толкава грижа на совест почувствував иако можеби не треба ама претешко ми падна. Жалел по нас и не сакал да јаде, греота.. :| Се прашувам сега како ли да се вратиме на старите навики и до кога вака ќе тера. Претешко е жими се, се напнувам на секое јадење. И не е само тоа, изгледа му ‘оделе по газот’ нон стоп и сеа само кенка за нешто, само бара да го кренеш во раце. А кај можам јас тоа по цел ден сама, плус работа, ручек итн. Ќе се мрднам!
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.