Период им е. Вака ко што читам таа возраст сите истото го прават. Скок и нови работи што учат и се собира. Плус тестираат граници. Иста е, а нигде не сме отишле. Плаче ако не е по нејзино, ако не и дадеш тоа што замислила. Сака да каже што сака а не знае, па покажува со прсте, па дур и погодиш што мисли, се лути, вика. Цело време е опа опа за во раце да ја земеш. Навечер спиењето е со мрдање, зборење, плачење од нигде, дали сонува, или што е не знам. Е сега има врска и што не бил со вас. Знам по мене. Кога не бев дома пред неколку месеци на 3 дена, супер функционирала со татко и, со ред, со спиење со јадење. Кога се вратив јас, се залепи за мене, се лигавеше за се, нејќеше да јаде. Ќе му треба малку време да се врати во нормала. Трпение само. За јадењето не знам што да ти кажам. Уште не ја најдов магичната формула како да јаде. Вртам исти јадења во круг, нешто што знам дека сака, а и тоа не ми е гаранција дека ќе јаде. Едноставно се помирив дека такво е детето.
Бела не е до патот, до скокот е. Ист е и мојов потполно, а јас со него жими 10 мин ако сум била разделена. Има и регресија ви спиење сега, што другарките ме предупредија дека е најтешка и дека општо 10ти скок бил најмачен. Кај нас почна пред недела дена ама многу е напорно. И јас ништо не постигнувам, сабајле и мм ме изнервира дека дете се разбуди пишто плаче и се фрла на спална не дава да го кренам, па мм дури се развика што не сум го земала да го смирам. Му викам ела земи го да те видам. Коњ. Уште сум нервозна од него. А син ми уште спие сега оти вчера одвај 11 заспа и цела ноќ се будеше. Не знам дури се мислам да не го боли нешто оти кенка во сон, може забите се плус…ама не е до патот верувај.
Ние сме речиси два месеци со кашлица која премина во бронхитис. Крвната слика е уредна, брисеви чисти, сатурација добра, ренген со многу слаби знаци на бронхит. Вчера бевме во Козле ни рекоа да продолжиме со инхалации и антибиотик и во септември да одиме преку Мој Термин на понатамошни испитувања. Сакам да ми препорачате добар педијатар во Козле кај кого да бараме термин
Ќе де навикне, тек ден-два поминале од кога сте дошле. Секако е тоа бидено шок за него, освен ако не сте го иставале ( не по цел ден, али на кој саат со нив). Јас големата ја остадов и тоа со татко и кога имаше 2г прв пат, кога дојдов дома толку беше лута што се преправаше како да не постојам. А на промени со луѓе уште реагира, она е тогаш не препознатлива, цел ритам ни се менува, она е непослушна, како ѓавол во неа да влегува буквално. Нит сакам кога некој ми иде, нит кога одам, а кга сме сами јас држам се подконтрола алии после идање од Мк ми треба време додека ја вратам на старо. Му се собрало многу на дечкото, ќе се врати.
За јадењето пробувам деновиве да применувам нова техника. Давам да јаде постепено и нудам храна се дур сака. Пример за ручек почнувам со месо, јаде колку сака па давам јаглехидрат, па овошје дур сака, па бисквит, смока, мафин, се додека сака да јаде нудам различна храна. Пример сабајлево јадеше лепче со грчки јогурт, па една банана изеде, за некое време изеде еден крекер, слива, 1 праска и пола смути и сето тоа беше на кратки интервали. Правилно не знам дали е, ама морам малце да го поткренам во килажа, 500гр не се за потценување. Не знам што организам ќе беше, цело време си јадеше убаво и качуваше бавно, 5 дена нема да јаде како шо треба и симнал толку многу. За скокот и јас сум слушала така дека е еден од потешките. До сега не сум им ставала многу акцент на скоковите зошто не сме ги осетиле нешто екстремно. Ама овој изгледа како за крај ќе не здрма добро. Он до сега бил одделуван од мене и оставан со моите, ама не да преспие, само на неколку саати. Ова ни беше прва подолга разделба и секако дека има послеци и од неа. Со спиењето немаме некоја екстремна мака сеуште, освен што се буди порано од вообичаено и некогаш кога ќе се разбуди сред ноќ толку силно се тегне наназад, сила немам да го додржам. @1209 истото ми го направи кога си дојдовме, не сакаше да го земам од креветчето, се тегнеше и така се стегаат некако нема шанси да го кренеш. Дополнително што ми беше лут. Ќе помине сѐ и сѐ ќе издржиме, ама на моменти е стварно да полудиш.
Паметам баш во тој период околу 15, 16 месеци ми паднаа на килажа, се испотресов цела дека не сум давала доволно,дека треба да појачам на јаглехидрати не знам што. Добри месец дена бев под стрес дека децата сум ги оставала гладни зашто од деца што секогаш добро напредувале или во најлош случај стагнирале ми паднале во килажа. И се испостави дека нема врска, баш затоа што станале поактивни изгубиле на килажа која ја надокнадија и надминаа во следните месеци и тоа со помалце јадење. Не се секирај, периоди се, не е до тебе, не е до патувањето. Верувам дека може му било промена и дека реагира на промената ама брзо ќе се вратите во колосек. Моиве ми беа лути кога почнав да работам и тоа што во друга соба бев. Па изводеа, измислуваат причини да дојдат у соба, се будеа почесто навечер да видат дека сум тука. И како и на се друго, се навикнаа после. Уживај, не се потресувај, ќе бидете добри
Мила никој не му оди кај нас по газ и е таков како што опишуваш. За јадење прави проблем многу време. Кажува њам њам и кога седнуваме запечатува уста и не сака да проба. Борби водам големи ама немам друг избор. Биди трпелива и упорна. Јас не попуштам иако плачи за се живо. Нервозно е многу знам ама јас немам најдено се уште нешто што функционира. И си слушам плачки по цел ден. Не беше таков ама ете стана таков. Кај нас се должи изгледа на 9 ти скок. Баш тогаш кога влезе во скок почнаа овие промени. И сметам дека и кај вас е до скокот, а плус се поклопи твојата одсутност. Јас се надевам дека ќе се смират и моето и твоето и дека е само фаза
Фала ти, ми значи секое искуство. Искрено неизбежно беше да осетам вина, веројатно така ја процесирав разделбата. Он од секогаш е проблематичен со килажата, поточно откако наполни 6 месеци забави со качување. Бев загрижена долг период, пишував и тука многу пати. Ама во последно време бев мирна зошто јадеше сѐ и убава количина и не му се секирав, сфатив дека едноставно е такво дете. Ама сега е ептен приметно дека е ослабен, мислам мене ми е, маж ми вика што знам мене ми е ист. Искрено поважно ми е да му се врати редот, да си седи во столче и да си јаде мирно без да збеснува, килата знам дека ќе се вратат. За некој ден и на одмор одиме, а после враќање треба да тргне на градинка. Тотално сум со помешани идеи и чувства моментално. Не знам кога е најпаметно да го пуштам да почне, дали средина на месец или да чекам да му заврши скокот.
Знам мама дека им е фаза. Многу промени им се случуваат и нормално е да има последици. Ни ние не сме секој ден исти, камоли они што тек го осознаваат светот и премногу им доаѓа. Јас ич не можам да слушам плачки и одма барам начин да му го сменам фокусот и да го смирам, а маж ми вика мора да се навикнеш дека и ќе си поплакува остај го. Немам срце, а и уши да слушам богами.
Нормално е од 6 месеци да забават со качување. Ќерка ми на 1 година имаше 10 кила, на две години 10 ипол Летово многу ми намали со јадење, ослабе соленка. Сега откако залади времето почна пак понормално да јаде. А од година ипол реално секој ден нови рокчиња покажуваат. Збеснати
И јас не можев да слушам, ама сега веќе се правам дека не плачи, три недели е сигурно таков. Ништо не пали и не му одвлекува внимание. Како пијавица е за нештото и крај. Јас не попуштам и тој си плаче и така тераме, а ќе видиме до кога. Плус ноќното спиење ни е хаос и буквално не знам кај терам. Ама што е тука е, мора да се истрпи.
И ние сме на ред за оваа, утре или понеделнил идеме. Дека одамна не сме ставале и ме фаќа страв, плус како ќе реагира сега кога повеќе разбира
Мојава не сака да ја допре некој а камоли нешто друго. Таа не плаче од вакцината колку што плаче од што ги гледа докторите сестрите ама добро поминавме само што излеговме престана да плаче.
На почеток и сметаше ама одвлекувавме внимание некоја минута, со коцки, со сликовници, после "забораваше" на нив.
Она барем има 10 килца, он едвај до 9 и 200-300 стигна и сега пак е паднат под 9. Вечна борба ни е килажата, ама тоа е, само да се живи и здрави. За рокчињата баш така, секој ден се поостри им се. Уф тоа спиењето ептен ја мати работата. Ова барем спие, да не го урочам оти уште тоа ми фали. Без сон сум друг човек, богами тек тогаш нема да функционирам.