Има некоја дете што не му пие млеко на 15 месеци? Ме умре, не сака да види веќе млеко, не го пие. Ѝ подметнувам во јадење, но само 150 ml на ден успевам да ѝ дадам. Пие јогурт, јаде млечни, но ете млеко веќе не сака. Мене страшно ми е тоа што не сака, мала ми е да не пие млеко. Некоја со слично искуство? Девојчево ќе ми наплати за раатот што брат ѝ пиеше до 3 години Аптамил
Немаш зошто да се секираш. Препорачлив внес на млеко и млечни после година е околу 500мл. Ако си јаде млечни производи, јогурт и слично, нема зошто да форсираш. Деца на доење тој период кога се одвикнуваат после не примаат никакво млеко, исто е и со ад. Мојата пие 1 млекце само на сабајле, околу 200мл ама затоа јогуртот не го пушта од рака преку ден
Мислам дека немаш потреба од грижа. Моето уште цица, ама кога би прекинал за неколку месеци, секако нема да пие млеко, не сака ни ад ни кравјо. Внесува доволно млечни производи и не се секирам.
Откако ја одбив на 14м не пие никакво млеко. Јогурт и млечни јаде. И толку е доволно ми потврди и Др.
Женски ај само на брзинка, знам се зборело, ама да сум сигурен де. Кога ќе се расчукаат, се додека не почнат да повраќаат или качат температура, не е опасно нели? Се истреска со глава во еден стол со метална рамка. Излезе чумка одма, ја боли кога ќе ја фатам таму и на челото има како цвена линија уште една. Ептен оти со глава се истреска, па се мислам да не потресе мозок. Играше после, се жалеше, па збореше, сега млеко пиеше и заспа после три саати од чукнувањето, кога уствари време и беше. Ноќеска не спиеше како што треба, сабајле гледам двојките долни излегле конечно, па цел ден си е таква неспретна од што е недоспиена.
Ништо не и е. Верувај се познава ако има потрес на мозок, ќе има загубен поглед, нема да ти биде активна. Плус сама напиша ќе почне да повраќа итн...
Пред 3 недели му ја ставија, супер помина. За чудо ни на кс ни на вакцина глас не пушти. Ниту беше кенкав ниту тт крена. Со лесно Нека ти е за утеха големиот на година ми беше 7,5 кг. Имаше и други фактори кај него, ама глувче на мама ептен беше прцул. На 13 се одби од цицање, млеко(ад) нудев 2-3недели и после престанав. Ништо не му фали. Ако внесува други млечни воопшто не се замарај и не нуди.
Добра е да. Фала ви. Се клетери, јаде, пие, вика, се клешти. Ми падна камен од срце. Абе кај бе со дете мало, си се чудам на умот сега, купивме столови со метална рамка за терасата. Па и со ќошеви остри сите. Еднаш мајка за себе ќе си купи згодно да и е, и ќе се зезне. Како не зедов дрвени или пластика.
Ако ти е за утеха, ќерка ми пред некоја недела од обичен стол трпезариски успеа да падне, и се удри у ѕид паѓајќи и еве ја уште има џумка толкава на чело. Сакам да кажам, ќе си најдат од што да паднат. Не е до столицата или тебе
Ја па сега си викам, ајде уште малку, па после ќе залади и догодина веќе ќе знае да се чува . Е баш ти фала .
И јас деновиве се осеќам како лоша мајка. Брзо се нервирам, немам трпение, знам да и подвикнам дека нешто не смее (не бев таква) и се осеќам дека на детево му праќам деновиве двојни пораки. Од тоа што не јаде, и давам каши готови и тука се осеќам виновно зошто секогаш и готвам и давам глупости и еве сега заспа, а јас се мислам зошто така му правам на детево. Не бе не сме со сите, тоа ќе ви кажам.
Ако ти е утеха, моето на 8 месеци го расцепи окото на дрвена столица, така да нема правило, за беља малку треба. Помалото на играчка диносаурус падна и се исече на веѓата. Не можеш да ја допазиш, ќе паѓаат само со лесно да поминува.
На иста возраст син ми прекина да пие млеко. Па пред тоа прекина да јаде и мазни јадења (пример како млеко со бисквити) и немав како да подметнувам. Од тогаш еве го не пие 2 години е, но јаде се друго млечно, грчки, кидело млеко, сирење, урда, посебно се дави во јогурт и прекинав да се нервирам зошто не пие млеко