Има ли кај нас случај на мајмунски сипаници? Малово се исфрли осип чуден, на стапала, не само одоздола, цели ноџенца, на рачиња и на пеленска регија. Плускавци. Слика ќе ви прикачам колку успеав да сликнам. Нема тт, само осип. Не го чеша нешто драстично, се губат и нови се појавуваат затоа мислам дека не се сипаници типични.
Ooo мила јас вчера збеснав колку ме полуде. Обично знам да подвикнам кога е невозможен, ама вчера така му се издрав што застана и ме погледна чудно и 30 секунди стоеше мирно и пак си продолжи со лудориите. Јас искрено не се чувствувам како не мајка зошто и ние сме луѓе и грешиме. Никој не се родил научен како да биде родител. Ќе учиме заедно со нив и ќе грешиме по тој пат. Јас се осетив виновно дека така му се издрав па му се извинував. Ама тоа е ќе има денови кога нема да си ги исконтролираме емоциите.
Кај ќерка релативно брзо, 5-6 дена. Ама да знаеш дека и возрасните фаќаат, а мажите се свилени. Тој полошо помина од неа
Мене ми е страв што имав трудница на гости вчера... Не беше излезен осипот скроз и не знаев дека е тоа.
Коксаки е, моето имаше на 3 год мислам, имаше во грлото, немаше на раце, нозе ама полн во уста и грло, неможеше да јади, беше гладен и плачеше за јадење, ќе земеше да јади и плукаше, цела градинка помина тогаш. Треше неколку дена.
Хахах ова и јас го праам, децата плачат се тегнат во количка, ако одиме некаде, дома, јас шприцер ладна, неам живци да ги слушам искрено, двете кога ќе почнат кревам раце. Не попуштам за жива глава, со прбото како мало попуштав и скапо плаќаме сега и јас и она. Јас не сум пиела, сеуште не пијам. Така многу мала сум одбила млеко, и ден денес ако помирисам ќе умрам мислам. Големава не ми пие исто бело млеко само со какао, јогурт не пие..
Јас и големава имавме, за недела дена некаде поминуваат. Мене не ме чешаа, немав многу на раце и нозе ама имав полна уста, баш ти ми пиша што да земам за афти, умирав од болка. Големава 2 дена пиштеше од чешање ама и помина, во уста немаше и тт немаше.
Не го чешаат, се понаша дека ги нема, само се поти многу и толку. А да, и се лигави малку. И е ќенкав многу, ама не го чешаат ич веќе. Едно само замеша.
Престана да цица и млеко не дадов. А што ќе им е млекото? Ништо посебно хранлива вредност нема, само шеќер и вода. Ништо нема.
Мајки како одите на одмор со децава годинка ипол-две??? Многу многу ниски очекувања имав ама сепак сум изненадена, како друго дете да е. Во Скопје ги оди 2-3 км низ парк, си игра истражува, тука сака само во раце и тоа кај татко му кај мене никако. Дома и во градинка си заспива без проблем, тука со многу многу плачење. Како исплашен е, како да го истрауматизиравме што го однесовме на одмор зошто така реагира, не ли се осеќа сигурно со нас.. веќе се плашам да не го болат уши или грлце зашто ушите кај него без температура беа воспалени.
Ние бевме Охрид 4 дена, со 1 годишно дете, првите 2 дена беше таков, после фати ред и си дојдовме му треба време да се прилагоди на новото. Големото па 5 и пол год уживаше.
Па нормално е, сега е свесно за се околу себе, поголемо пространство, повеќе луѓе, гужва, сосема е нормално мислам. Дај му време да се прилагоди. Моево исто беше само мама на одмор, у вода само со мене, никој друг.
Девојки кажете како да и објаснам на малава која има 17м дека не е во ред да се качува по столови и маси,пробано со објаснување,со викање никако не бива,кога ќе ја видам косава ми се крева и башка станува и мисли дека се може да направи.Незнам кој ден ќе лупне.
Освен да ја оставиш да падне, да осети опасност друго чаре не најдов ни за моите. Секако да бидеш до неа и да ја фатиш, да не се повреди ама да ја фатиш во последен момент за да се исплаши.
Само раскревај тоа што може да биде опасно. Направи си безбедно да е, да нема кај да се качува. Столови скроз под маса. Посматрање и со смирен тон објаснување -Не се качувај таму. За таа возраст и нема кој знае како да и објасниш. Интересно им е.
Јас немам масички мали за пред тв, малите дтолчиња за деца се скриени, на нашите столови не можи уште да се качи, само на кауч. Просторот треба според мене да е безбеден, колку и да ми фалат масичките пред кауч, не ги редам додека не почне да разбира. Големата од денес-утре ќе трниме, почекавме да се расцепи, тогаш ни дојде умот дека мора да се тргне се. Со малово не чекавме, одма тргнавме. Едино креветот нивни во детска е со скали и може таму да направи беља ама не ја оставам сама
Колку време сте таму? Нас вакви ни беа првите 2-3 дена, на раб бев да се вратам. После се смени и многу му годеше и промена и клима можеби, се разјаде. Дајте му време да ја осознае околината, ќе се нормализирате. Јас возрасна реагирам некако на промени, а не пак тие.
Уфф остај среќа јаде релативно, бар тоа да не се секирам. Ме исплаши што многу плачеше посебно пред спиење и така без причина (т.е. непозната причина) плачеше. Денес ми даде само јас да го носам 12 кг скоро ама ајде силна сум. и кога се вративме во соба викаше неее, мислеше дека дома ќе си одиме ама се објаснивме некако. Направивме и убави сеќавања битно. Фала на сите за мислењата мајки