И мојот 15 месеци се качува така. И ништо не функционира. Мислам колку повеќе го тргам и колку повеќе зборам и кажам и не таму да се качуваш бум бум, како за инат оди и се качува упорно. На тросед се качува и знае да погледне надолу и да каже бум бум и врти газе и слегува, ама не е свесен дека може да тресни, нема паднато од висина сеуште, се надевам дека нема, што мислам дека е малку веројатно дека нема. Само бог нека ги чува од лоши повреди, ама мора да се удри, падни за да научи.
Покажи и на стол кога ќе се качи на пример како може да падне. Јас му висам до него цело време, еднаш и така до него бев а падна качувајќи се од спална во креветче. Постепено е ептен, објаснуваш и ги пазиш и со тек на време ќе престанат како што растат.
Тој е периодот кога сакаат да се качат секаде. Исто го поминавме и ние, се си мислам детево ни порасна во висење. Кога видов нема фајде од зборување, го оставав, кога падна кога не. Сериозно да, се качуваше на хранилка и така скокаше - падна, од тогаш научи само да стои на неа И од трпезариската падна Сега гледам столиците да се залепени и нема укопчано да ја тргне и да се качи така, ако ја начека летечи се качува. Е на малата маса се качува и не паѓа, има периоди кога детето ни живее на маса Ама едно научив, кога викаш НЕ, упорно ќе го прави тоа. Остави го, само осигурај дека нема да расцепи глава после падот И ден денес околу мене сите ми викаат, леле ќе падне… ма нека проба за да знае. Подруго како ќе му објаснеш дека се паѓа?
Жени дало некоја има бебе/дете што поголем дел од времето ги преспива ноќите? Мислам на преспивање у смисла се буди ама одма презаспива и си спие до сабајле? Јас сериозно веќе се загрижувам дека нешто не е во ред, откако е роден не спиел многу ниту преспивал ноќ, на прсти се брои тоа, ај си велам прво беа промени, заби, скокови, чуда бесови ама веќе не се трпи. само првите 2-3 саата од ноќта спие цврсто, после тоа е будење на секој циклус, има денови/недели само со цицање презаспива, има денови кога бара нишкање, има денови кога плаче се корне, преиодов само кенка во сон, се буди се труска плаче и не дава да го допрам, цела ноќ така на 45мин до саат. Постојано сум со мисла дали му е ладно/топло, дали не му одговара околина, дали е гладен оти не е јадач, дали го боли нешто, дали сериозно има проблем со спиење…не знам веќе измачувачки ми се ноќите. Страв ми е стварно да не го боли нешто долго време а јас да не сфаќам, ама па денски спие мирно и убаво, нормален е вака. Прво дете и не знам дали нешто грешам, а може па вака е нормално кај децата првите години ама никој не зборува за тоа…кажете ми нешто, утеха, совет?!
Од мое искуство такво си е детето. Се будеше по милион пати ноќе, хронично ненаспиена бев дури и ако сврзеше 2-3 саати јас по навика станував да видам зошто не се буди Имавме голема промена кога се одби од доење на 14 месеци, значително помалку се будеше. И конечно на околу 3год почна да ја преспива ноќта, сега па како спие, се комира. Едвај станува за во градинка. А помалото па од раѓање е кома Само првиот месец го будев ноќе за млеко, од вториот месец ја преспива цела ноќ. Морам да се пофалам, мојот тренинг за заспивање сами напредна многу брзо. Четврти ден двајцата заспаа сами за 10мин, не ми се верува што се случува.
Првото кога беше ептен бебе на 3 саати се будеше, ама добро мирно беше после кога испомешавме ден/ноќ не се знаеше, на три години се оправи со спиењето.
Моето постојано де буди од жешкото, многу немирно спие цела ноќ само вртење на сите страни, око не можам да склопам. Не знам колку ти е големо детето, на на мои блиски во периодот од 1 до 2 години детето ноќе им се будеше со страшно врескање во траење од скоро два часа. Со ништо не успеваа да го смират. Се дере се треска по кревет. Луѓево беа избезумени дека нешто не е во ред со детето. Станувало збор за тантруми од преголема возбуда преку денот. Траеше неколку месеци и помина само од себе. Можеби и кај вас е таков период. Јас не верувам дека нешто не е во ред со детето, си имаат такви периоди кога претерано тешко се трпат.
@1209 , моево често спие немирно во смисла се врти, превртува во сон. Некогаш знае и да заплаче ама презаспива одма. Се поретко сега се буди за млеко. Ептен ако е жешко или од Х причини сме прескокнале оброк, па да е гладна. Давам млеко Ад во тој случај само 100тина мл. Го пие и за неполна минута е презаспана. Ова веќе на прсти се брои во месец колку станала.
Даваш ли млеко пред спиење? Си пробала пред спиење, место храна, да знаеш дека е најаден? Јас некогаш гледам разлика кога ќе дадам ад пред спиење и кога нема да дадам. Знае почесто да се буди ако е гладна.
Мила исти е мојов. Хаос ноќно спиење. Три пати мин се биди... Во најдобар случај тоа. Некогаш брзо презаспива некогаш малку повеќе му треба околу пола саат. Не можам да си објаснам до што може да е. Ама не верувам дека им фали нешто, во смисла дека нешто не е во ред.
Моите и двете се будеа/буди, големата до 2 години не сврза ни ден без да стане, малово од 9 до кај 2 ќе спие, после тоа се буди чепне цицка и заспива ама ме нервира, а ја префрлам во креветче станата е. Со големата имав многу изразени промени кога имаше скок, со ова не е така. Она исто знаеше да ми вришти во сон, буквално да течам пред зграда за да се смири некако. 2-3 пати на 15-6 месеци ќе станеше среде ноќ, бараше да се оди во дневна и 2 саати не малтретираше ама буквално, не даваше да седнеме, ако седнеме вриштеше, па некој луди идеи, главата на стол ја редеше така да спие и заспи праеше, за да не падне нирмално ја земавме и ќе вриснешњ пак.. со ова не е така ( сеуште) али големата си имаше бубачки повеќе. Кога растат заби само имаме немирни ноќи и тогаш знаеме дека ќе излези ново. Ако пишти претерано во сон упорно, подолг период јас на твое место би го однела на преглед.
Ако е на татко му натаму во спиењето можно е и да смени и да се комираМислам јас сега го гледам дека сака да спие, му се спие, денски знае да рече мама нана и да легне сам кај стигне ама не спие, се преправа. Он уште цица и мислам дека и тоа е малце е проблем со будењево, оти додека да легнам и јас на спална да спијам он спие мирно, штом ме сети одма се буди за цицање, ќе цицне малце и презаспива, не сакам уште да го одбијам, а немам опција уште сам да спие во соба, мислам нема соба, дека не беше план да останеме толку долго во МК, он мора да спие со мене. Вајда кога ќе престане да цица ќе научи повеќе да спие, си велам Па да личи на тантрум искрено, денски знае да има мали тантруми ама веднаш го смирувам, ретко иаме страшни испади, и да приметив кога дента е многу нешто активен во смисла прошетки, гости ау, ноќе се дешава ова почесто. Мислам јас пробам да не го преморувам ама искрено он си е цело време активен, сам си се преморува. Инаку е 16м, баш сега е најактивен и со зборење и учење и се. Заспива со цицање, и цица пак во текот на ноќта, не сакам да е вака ама често така најбрзо заспива и неам сила да станам и нишкам. А кога сум со него на спална тешко дека можам да го одбијам од цицање. Инаку он не е нешто јадач, има денови живее само на овошје пример, тоа ептен е друга тема ама мислам дека може некогаш е гладен, често ми одбива вечера или јаде со молење. АД не пие одамна, а не сака и кравјо нешто многу. Пробав и со вода место цицање, ќе се наголта вода и ќе фрли шише и одма на цицка да презаспие. Значи генерално горе долу сите се исти…стварно веќе почнуваше да ми биде на мисла, особено последниов месец со плачењето пред спиење и по цела ноќ, не е многу својствено плачењето за негo иако будењето е, па си реков може дете мака има… @Bubish26 не дека пишити вришти, се смирува за 5-10мин, ама кенка во сон, онака како нервозно, пред спиење прави малце драми ама оти се друго е поинтересно и не сака да спие па ќе се премори, ќе му поми е дремката и апсолутно е хаос со заспивање овие две недели, ама некоја регресија има тука овие месеци, плус и во скок е, заспивањето ќе го препишам на тоа. Инаку и на нас ни го прави ова неколку пати, со будење и не сака да спие, не сака а го оставам, не сака да седам, сака да брка некаде, да запалам струја, апсолутна тортура ни прави како во полусон. Јас мислев ушите се пак и го носев нема ништо, скоро 4/5 му никнаа, сега гледам горе 3ките се бели, сигурно и тоа го мачи…он дека е со хидронефроза мм често знае да ме замисли и да рече, а да не ги болат бубрези, ама колку што ни кажа докторката таа состојба не боли… Фала на одговорите жени. Некогаш може ќе се молиме да стане за школо ама додека дојде тоа време, нека ни е со среќа
Туку мајки, мене упорно ме прашуваат дали К има 11 месеци.. почнав веќе да се загрижувам озбилнп ви викам. Докторката што и беше рече као чекај до 18 години има време да порасне, ама 15 месеци има стварно е минијатурно. Она ги носи алиштата од Нина кога ги носеше на иста возраст ама ова ми гледа по ситно не знам. Никој од двете страни не е малечок, можно ли е да има нешто хормонско пореметување? Не можеа да ја мерат на последен преглед, нити пак на вага ( иако мисчам дека едвај 9 да има). Освен хормони дура причина има ли за успорен развој? На сите им е интересна кога оди оти мислат дек е помалечка, па кога ќе кажам колку има ствармо месеци незгодно им паѓа.
Малиот е 2 години и еден цел месец, јас секогаш кажувам кога беше бебе бев пренаспана. Се будеше пиеше млеко и презаспиваше. Сега ако нешто шушни одма се буди, плаче итн. Презаспива со сок/ладен чај. Одкако прекина да пие млеко вака се буди често, а јаде преку ден и повеќе од доволно. Имавме период (читај до пред 4-5 дена) како членката што пиша погоре. Плачеше 2 саати без прекин, што и да направев само ја влошував ситуацијата. Тој период и преку ден беше таков, освен во градинка таму секогаш е најмирен/најпослушен. Еве пример вечерва, во 21ч заспа, до сега стана два пати пиеше ладен чај и презаспива, ама мене ова често будење ме прави да сум мртва уморна. До пред 5-6 месеци го презаспивав со нишкање и веќе почна телото да ми откажува па го презаспивав легнат до нас, па така сега цела вечер сите се стегаме. И така додека пишувам стана по трет пат, го преместив во креветче и пиеше сок. Ако успеам 1 час да заспијам ко човек ќе бидам пресреќна. И кога ќе почне да ја преспива ноќта, частам!!! Едит: заборавив да пишам дека плачењата со саати биле од воспалени уши, најверојатно…
И јас така ја заспивам со цицање сеуште ама давам и АД само пред спиење, посебно летово, едно време го тргнав, ама летово одбиваше вечера и пак почнав да давам. Чисто ти споделувам искуство каде јас приметив разлика во спиењето.
Па однеси нека и земат крв за хормони и тироидна да не ти е на мисла, мојов на 16м е одвај 10 и 200/300, а може и помалце не е одамна мерен. Може не е толку ситна како што ти ја гледаш, и мојов е ситен у споредба со врсниците ама вака се нормално се развива па не се мислам многу.
Кај некои деца ни ова не делува. Пишав пред некое време дека се фрли од креветчето и лупна на таркет, отечен беше со затворено око и помодре, ЏА-БЕ! Пак се пентери кај стигне. Од тогаш уште сто пати го имам спасено од голема беља, само се ака негде. Една модрица поминува он прави нова. Сѐ е пробано и нема фајде, инат до коска.
Моето има година и 4 ипол месеци и нецели 9 кила. Жив, здрав, прав, јаде, трча, си игра, расположен си е и среќен. Никогаш не сум помислила дека има нешто хормонско. Едноставно таков си е, поситен и тоа е тоа. На сите им е многу сладок дека е малечок и ко соленка а трча и си се понаша уствари типично за возраста. Кој што сака нека те прашува, свиркај си и не си барај проблеми кај што ги нема.
Ма исти се и овие ама пак не се качуваат како порано. Помалото падна од една комода пред некој месец и тоа над метар е висока, еве го денеска пак се качил и сликовница си разгледува.
Исто поминав со првото, се исто како што опиша, од ко го одбив на 14 месеци стана полошо, потоа на 2 и пол год почна да ја преспива ноќта, конечно па од тогаш пу пу цврсто спие. Малово 1 год, истата песна од брат му ја тера, среќа одма презаспиват, ама мора цицка да осети иначе нема се плашам како ќе го одбивам, како ќе биди тогаш ноќе @Skyler јас си имав план сега на година да преместам креветче во детска и да ги учам заедно да заспиват, ама тешко планов ќе мора да почекам изгледа Колку се твоите? Возраст.