4г и 4м и помалото 23м ама малото си спие во креветче од раѓање. Големиот спиеше со нас на спална, па морав од него прво да почнам со навикнување и во креветче и сам во соба. Мене најголем проблем ми беше што двајцата не заспиваа сами туку моравме ние да легнеме до нив или малото прво во количка, па да го префрламе во креветче.
Е па исто е, големиот (5г и 8 месеци) уште сам не заспива мора со мене, јас прво бебево го заспивав (кое од прв ден во креветче спиеше, сега почна до мене пред 3 месеци значи на 9м бидејќи се будеше мн), па после од ко ќе заспие малото спие со мм во дневна до кај 2,3ч па јас со големиот в спална и него да го заспијам, приказна мора да се прочита, па после кон 2ч ми го носи и малото мм в спална и тој оди во детска спие до 7ч (од 7 е на работа). И така до 7 сабајлето малово цица неколку пати за да презаспива јас сендвич, од една страна едниот од др другиот А ако се еден до друг во спиењето неусетно одат еден до друг и се гушкаат е тогаш мајка се заборава срцето полно Спојлер: Слика од одмор
@Bella_Stella ќе те означам тебе. Ти здосадив. Сега на другава града изгледа ми се направи грутка. Нели ти пишував имав на другата града мастит го средив. Е сега од вчера почнаа некои симптоми како претходниот пат ме болеше кај реброто па позади кај грбот. И градава чудна ја осеќам во споредба со другата. Можам да спречам мастит да не кренам температура? Само со масажа на градата?
Мојата се будеше така,се додека не научи без цицање да заспива,додека заспиваше со цицање милион пати стануваше,а веќе 3 недели како не и давам и навечер да цица и спие цела ноќ скоро еднаш за вода ќе стане. А вчера не и дадов воопшто да цица се одбиваме,бремена сум со второ и морав,инаку 17 м сме.Намалувај подои колку можеш.
На 20 месеци, сам си воведе Јадел братучед му палчинка со мед и ореви, му ја прибрал и си ја изел. Сега дома ми брмчи секое сабајле - б(р)м б(р)м (п)челичке, дај мед
Одма после годинка дадов прво плазма, па намачкав чист мед на рачето, не јави реакција и дадов чист да касне, на врв на лажичка.
Па имате пробано ако пробал плазма. Мојата пред годинка проба. Со плазма и со нутела кремот на Драгана.
Сеа некако успеавме само да ја мериме оти нема застој, се понаша и она за возраста, разбира се, без да и покажуваш, само со збор извршува наредби. 72цм е.. во право се кога викаат личи на 11 месеци. За кг не ми е грижа толку пошо големата беше соленка ама си беше во висина таман, сега наеднаш избиши и е од генерацијата повисока ама ова е минијатурно @1209 па сакам да проверам, и не знам освен хормони за што да ги напнам да дадат упат,до сега тука не се најде доктор што би ми дал упат или нешто посоветувал, а муабетот сношти падна баш за тоа оти сите викаат премала е, а познаваме луѓе што детето им примаше хормонска терапија.
Тоа е, уште не се свесни за опасности. А ние колку и да ги пазиме стварно не можеш да ги допазиш, ептен се брзи и непредвидливи.
Прави сѐ што си правела кога имаше Мастит, така можеби ќе успееш да спречиш. И земи си Лецитин пиј некое време. Јас пет дена не доев и се измолзував два пати минимално и немав никаков проблем. Мислам дека ми помогнаа и апчињата, пиев тој период. Очигледно си склона на Мастит, мораш да превенираш.
Не знам искрено, моето во килажа слабо качува, ама се виши. Последно мерен пред месец ипол беше 77цм, сега има околу 80. Распрашај се и испитај што треба чисто да не ти е мисла, мада што не мислам дека има некој проблем.
Ние денес бевме на мерење. И моето слабо качува 200 гр за месец и пол... 9890 кг има 78 висок Кога реков слабичок, тие таму ич не е таман си е детето. Таа што го мереше не можеше да верува дека нема 10 кг, зошто ич не личи така. А после си велам а што да качи кога не е застанат, како моторче да има во газето и само шиба
Марио реши да ги поддржи другарите и да тресне од трпезариски стол. Многу опасно живее деновиве, се беси на прозор преку наслонот од гарнитурата, се качува на трпезариска на стол и така се тегне, сам по скали се качува, симнува... плачеше доста и сега нешто се плаши од се да не се удри па приплакува, ама добар е. Се надевам не напраивме беља.
Денес добро е што куќата не ја запаливме. Не знам кога во кој момент ја уклучил ринглата на шпоретот. Фала богу што бевме в кујна и јадевме со синко инаку ќе ни ојдеше куќата. Дефинитивно не смее човек поглед да тргне на страна оти кој знае што ќе стори за секунда. После му зборував, објаснував и знаете што добив за одговор, како кажува и прави мајмунот. Не знаев дали да плачам или да се смеам. Зборувањето во оваа возраст ама баш нема никаков ефект, бар кај синко мој не допира. Точно како на ѕид да зборував. Давајте идеа како да го заштитам од шпоретот. Немам начин како да го изолирам да не го допира.
А зошто олку брзо фатив и на другата? Да не е време да ја одбијам. До сега не сум имала ваков проблем дури сега. А дојам 2 години.