Може ли од штекер да се исклучи кога не ти е потребен? Кај мене додуша нема опција за во шпорет да чепка, бар од тоа не се плашам. За трпезариска маса сега повеќе изразува желба да се качува и јаде на истите столици како и нас наместо во нејзиното столче. Доживувам јас мини срцев удар ама кој ме прашува. Не е за овде прашањето ама тука ќе пишам. Дали секој септември правите брисеви за во градинка или само првиот пат? Немаат пишано кај нас во група ништо.
Па не е баш достапен штекерот да го исклучивам на секое. Ама ќе мора да се најде некое решение секако.
200гр на месец ипол на таа возраст не е слабо качување. Моето има одвај 9 кила. Таман отиде над 9, не јадел добро дур не бевме дома и кога се вративме го измеривме 8700. Деновиве се разјаде пак и одма качи. Важно ми е дека е жив и здрав, кога си е сѐ друго во ред килажата е споредна.
Нема врска тоа со потребата за одбивање. Секој организам е различен и некои жени се посклони од други. Јас до 9 месеци старост на син ми фаќав три пати, со температури, трески и сѐ по ред. Сега веќе има година и 4 ипол месеци и не сум имала проблеми.
Уште нешто мила, претходно успеав да поминам без антибиотик. Само масирав и ставав зелка. Ама тогаш имав и температура до 38 најмногу. Е овој пат температура немам. Ама вечерва осеќам како да почна да ме жеже градава а зелка дома немам. Пробав со ладни облоги џабе. Си велам да не може од пвие лепенки за температура да залепам што ги ставаме после вакцина на боцнатото
Да стави слободно сѐ што може да те излади. Можеш и Ациди Борици, замрзнато нешто замотано во крпа можеш да држиш, рендан компир можеш. Во принцип сѐ што вади температура. И секако форсирај ја таа града кога го доиш бебенцето. Да помине со лесно.
Мојот е искличен од осигурувач, пошто е вграден и не можам од штек да го исклучам..јадење печам само кога спие инаку е научна фантастика да се зготви нешто. Среќа плотната не може уште да ја достигне да ја вклучи...Мојот е скоро 2 години и по цел ден и јас и маж ми се објаснуваме и џабе...
Мајки син ми качи темп а во Турција сме на одмор. На мисла ми е што да правиме, дали да си седиме во соба. Што правите вие кога се болни на одмор одите на плажа или во соба само и внатре низ хотел?
Спушти осигурувач Клуч на врата од кујна - ова јас го практикувам. 3 чекори е додуша од дневна до кујна и ако отворам врата од дневна ќе ја видам што прави ама не ми е сигурна оти си има достигнато висина за да фати и да направи беља Иако до сега, за чудо некое тоа е меѓу ретките глупости што ги нема направено
Ке мора нешто. Клуч на врата не можам ... Кујна дневна ни е поврзано. Ама ќе се смислува решение некое. Инаку ова опседнатото понашање во полу сон навечер... И фрлањето наназад ќе заврши ли некогаш?
На жешко т.е на сонце никако не го вади, кога ќе зајде сонцето посебно на вечер обавезно покрај море на ветерче. Моите кога сум била мала со саати седеле покрај Дрим да ми дувка и спуштале температура така. Мене лани ми кренаа и двете темп на море ама еден ден само ги држеше.
Бе Белки само денес ќе е. Тука после 5 заоблачува, ќе го извадам тогаш кога ќе го снема сонцето. Фала ти мила
Обично има некој тригер што прави да имаат такво однесување додека спијат, барем според тоа јас што сум читала. Моето имаше неколку такви епизоди и мислам дека топлото му беше тригер. Тогаш почнав да исклучувам парно скроз кај него во соба навечер и престана да се буди така. Инаку тоа беше страшно за гледање.
Никако на сонце со температура. Сега треба да се лади, не да се загрева дополнително. Приквечер кога ќе нема сонце извади си го на воздух. Побрзо да помине.
Да не е сончаница види. Не го вади во најтоплото, Турција е многу жешко јули/август, а и мака ќе му е сигурно. Давај сирупче, туширање, и ќе помине. На одмор кога качуваат тт е ужас, ти се зафркнува одморот. Ама тоа е со деца нема правила.
Мајки не знам кај да прашам во која тема. Се мислам што да купам поклон за година и пол детенце машко, нешто што сте го искористиле добро? За масичка и столчиња мали се на таа возраст? Нешто поскапо сакам да купам, 4-5000. Прашав ништо не им требало, или тоа значи најдобро е пари да подарам?
Ај и тука да прашам. Сега се јавив во градинка, ми рекоа да прими трета доза дитепер, па после 4та доза. Нели 3 дози беа? Ми рекоа дека сега нешто смениле, се давало на 18 месеци ама после пандемијата порано. Ние сме скоро 16 месеци. Дали така се вакцинирани вашите деца? Со вакциниве во глава ми е хаос.
Не е малку 200 грама на таа возраст, не се секирај, плус и педијатарот штом рекол дека се си е таман.