Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Да, со двете деца го имав тој период, па после не сакаа косата да ја мијат и така во круг. Помалото ми е 23 месеци, исто не го сака тушот, па му ја пуштам водата на чешма и со чаша го плакнам. Една чаша за него да ја полни и да си игра, со другата го полевам јас.
     
    На lackygirl и Secret-Angel7 им се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.726
    Пол:
    Женски
    Хормонска се прави ако не расте во висина доволно, не за килажа. Најчесто колку што сватив се прави над 3г, пошо тогаш е важно да напредува во висина, не е толку многу битно кг. Мене првото дете исто ми беше слабо, 8,5 имаше на годината , а ова ми е 8,600 сега на 15 месеци, тоа и не ме загрижува, туку висината пошо кај нас во фамилии нема "ниски" па да речеме од некој ген земала. Заби растат ама и со тоа е спора некако.. сега излезе горе вториот кец.
     
  3. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Аха, фала ти на одговорот, не сум знаела за ова. Ќе ја однесам да ја измерат обавезно тогаш и јас во висина, се надевам ќе успеат.
    Исто и кај нас забите се споро - само четирите кеца ги има засега.
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.043
    Пол:
    Женски
    Сигурно е некако поврзано, зошто и на син ми споро му растат забите. Има 4 кеца, 3 двојки и една на повидок. Во висина нема шанси да не приметиш дали растат, ептен се познава зошто се слабички. Моето е како соленка, долго и тенко.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.726
    Пол:
    Женски
    Така беше големава, тенка ем висока, од кога направи во фебр оваа година операција на крајници, крена 4кг до сега, моево не гледа слабо второво таман гледа оти е ниско :rofl: како и да е, напредува ментално супер, повеќе размислува него првово, посамостална е ама за висината ќе напнам да се заинтересира некој доктор повеќе од колку само ќе порасне
     
    На lackygirl и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Мојата еве гледам на 9 месеци била 68 цм и од тогаш не е измерена.:| Ама вака ми гледа доста издолжена во последниве месеци - по облеката приметувам најмногу и кога ќе се истегне таква цела во креветчето.:D

    Во врска со забите еден доктор кога му кажав дека подоцна и излегле забите ми рече дека и фалел витамин Д бидејќи очигледно не внесувала доволно цврста храна, па затоа така. Не знам дали има врска. Истиот ме убедуваше дека е глупост што ја дојам после годината.
     
  7. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Глупости ти кажал ;)
     
    На Skyler и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  8. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    12.037
    Пол:
    Женски
    Ова докториве кога сакаат да измудруваат нешто вон нивен капацитет ми се значи...
    Како да им е срам да кажат "не знам" и влегуваат од глупост во глупост.

    Еве моево прв заб на 6 месеци, на 17 месеци 10-12 заби. Има ли вишок Д вит не ми е јасно?
    Кога има доволно витамин Д у организам, колку заби треба да има 17 месечно дете, еве да ми пресмета равенка со три непознати.

    Не само твојот доктор, општо зборувам дека непроверено инфо тресат од ракав колку да кажат нешо, начитани многу демек.

    Така ми бодна во око ова пошто муабетов ми е на ниво на "после 9 месеци вода цицаат само".

    Мајка, ништо лично :hug: кажувам само мислење вака тригерната. :D

    Да се пријавам и јас со моево 9400 што тежи. Висина не знам, а ова првпат слушам за хормонски испитувања. Кај мене, нагло се извиши околу 14ти-15ти месец.
     
    На 1209, Lavender13 и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  9. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Баш муабетот со млекото е на тоа ниво. Ептен ме изнервира со тој муабет, не ми се веруваше што слушам. Сопругот дури изреагира. Среќа не е мојот доктор - замена му беше, мојот беше на годишен. Мојот доктор секогаш е за цицање - секогаш ми вели терајте додека можете!
     
    На kozuf, Ceneva и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  10. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    2.323
    Пол:
    Женски
    Ај баш ќе пробам да го избањам само со чешмата без туш...или ќе го извадам тушот, само со цревото (fingers) поминува брзо ова или ќе потрае? Денес воопшто не го ни избањав од што не можев да го слушам пак вриштењето. Кога сфати дека нема да се бања, се препороди :D
     
  11. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Па трае, скоро цело лето. Јас живци искинав како тоа да легне неизбањат летно време ама се помирив. Еден период само во базенче надвор го бањав. Па купував пиштоли на вода, па оние ги сака балони од сјај што се дуваат, колички, топки, така постепено се вративме во туш кабина, уште косата да успеам без вриштење да му ја измијам…
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    2.323
    Пол:
    Женски
    А одмор имавте? Море? Езеро? Нас тоа ни доаѓа периодов, ме тресе анксиозност дали ќе сака да влезе во море
     
  13. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Ааа тоа без проблем ама пак назад во соба не сака под туш :D Ама таму со сила го бањав дека излепен со песок и сол, најчесто без шампон, така колку вода да го помине. Бевме во јуни и јули, водата беше претопла и не искачаше по саат време, можам да замислам сега каква е.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.043
    Пол:
    Женски
    Да да, затерај си се, напрај си проверки чисто за твој мир. Јас не се секирам баш ради ова што викаш, го гледам дека умствено си се развива одлично. Секој ден се повеќе разбира и не изненадува.
    Ехехех ќе се насмеам на муабетот на ‘докторов’ зошто скинал ептен зелена. Сите им даваме Д вит суплемент соодветен за возраста, плус моето ете пример јаде цврста храна од 9 месеци, каши јадеше многу кратко и пак споро вади заби. За доењето што да кажам. Некни слушнав коментар од тетка ми како и рекла на братучетка ми што уште се ‘замарам’ со доење, одржување лактација дур сум на пат итн, зошто млекото веќе ми било вода. Има среќа што не ми го кажа тоа мене, да и одржам една лекција. Мислиш они ги дојат и нивен проблем е тоа. Ако сакам ќе го дојам до 6то одделение бе, не буквално де ама никој нема право на една мајка да и се меша во таа тема и точка.
     
    На kozuf, 1209, Giiirl23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    38.192
    Пол:
    Женски
    Хахахахах морам да се изнасмеам
    Ќерка до година беше без запче :rofl:
    *Не и фали витамин Д
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Кај нас во задолжителните нема за менигококи. За крлежи е препорачана, ама не е задолжителна.

    Ова адаптацијава бајаги уморува. Трет ден, не можам да се соземам. Вчера се комирав во 10, и сега едвај стојам. Мали во 7:30 најкасно се комира, еве го 4 часа не е ни еден цм мрднат.
    Градинкава како концепт е скроз различна од Мк, значи 8 часа, цело време сме надвор, цел ден е во песок, цело време некаде се качуваат, нешто прават, не знаете колкава самостојност имаат децава. Ги носат во шума на прошетка секој ден, едно се качува по дрва, друго јаде гранки, трето седнало во вирче со вода и се шлака со кал по лицето. Не е дека не се замараат воспитувачките, ама ги оставаат да испробаат апсолутно се.
    Дефинитивно ќе треба да се навикнам дека дома ќе се враќа цел извалкан.

    Леле мојов на скоро 16 месеци има точно 6 заба. 4 горе, 2 долу. А јаде апсолутно се, и разновидно и количински, значи сигурна сум дека во поглед на витамини ништо не му фали. Од мај досега не качил ни грам, напротив имаше и паднато на тежина. А јаде колку мене луѓе, не оди, јас стварно не знам кај оди јадењето.
     
    На kozuf, lackygirl, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  17. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    Сакам и јас таква градинка, каде ова? :D
     
    На kozuf и Bebetoo им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.640
    Пол:
    Женски
    Те читам ама никако да стигнам да напишам. Побарај си упат за детски ендокринолог и таму ќе те упатат за хормони. Јас синко го носев ради тестисите и му испитуваа хормони. Тие се стручни за таа тематика и околу растот на децата.
    Јас верувам дека нема проблем и дека наеднаш ќе се извиши. Секое дете не расте со исто темпо.
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.043
    Пол:
    Женски
    Се случи тоа од што се плашев најмногу. Прв ден на море и сабајлево качи температура. Дадов чепче зошто отиде над 38.5, чекам сега да делува. Доле му расте втората двојка, секогаш кога вади заб се разболува, дали е тоа, дали од климата, од водата.. Прерадосен е на плажа, не можеме од вода да го извадиме. Ако ни се расипе цел одмор многу ќе ми биде криво… Дали е можно од промена на клима да качуваат темп, или од водата или не знам?
     
  20. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Хаха не сме во Мк.
    Мајка височка температура знаеш и ти дека не е од тие работи. Освен ако не сте биле цел ден на сонце па да е сунчаница.
    Има еден куп вируси, сите другарки со деца се со некој вирус. Прати како ќе е денес, тоа е што е.