Знам.. ама од што сакам да поминеме лесно си правам филмови. Не бевме цел ден на сонце, не ќе да е од тоа.
Кај нас е ист концепт, само што и кога не се во градинка кај нас парковите се све со песок и со кал, па така да машината пере растура. Мојава кога ќе се врати од градинка не може да се соземе од умор хаха цел ден се надвор, летно време во базенчиња, па така да и купаќи переме нон стоп. За на есен е лесно, ќе си земете тие оделца што се за дожд и нема толку да се валка. @Ceneva кај првата матична ординација ( таму се повеќе доктори) ни еден не ми даде упат,а на преглед е кој ќе ти се падне, одговор беше као има време до 18 години, а пошо сега се преселивме барам уште матичен што ќе ги прими, па ќе пробам. Ако не Мк кога ќе дојдеме..
Здраво мајки, за недела дена одиме на одмор ама подолго од сеа што сме оделе се било 3-5 дена максимум недела дена и дур се свеснеше бебе кај е што е дома сме биле, додека сега одиме на одмор, колку ке биде одмор и плажа со дете што проодува и се пентари на се ке видиме Сакав да ве прашам дали давате нешто витамини плус? Јас му давам само пробиотик, омега со д3 + д3 чисто и имуноБ сируп пие ама веќе пред крај ни е, ни го дадоа кога се разболе за зајакнување на имунитетот, друго нешто да давам треба или не? 1година има бебо
Тука е поладно, уште сеа е во одело. Ама џабе, песок има дури и во пелените Гледам дека му е убаво и ужива, така да не се замарам. Ќе пери машината, тоа и е работа
Син ми, 13 месеци, не трпи никакви обувки на ноџињата. Нормално е ова? Има некаква финта нешто? Си прави чекорчиња акo го држиш за раче, па во градинка гази по чорапи, сакам да се навикне на обувки некако. Или ќе шетаме боси и по улица.
Ќе му помине за ден-два. Многу од луѓево со деца кои се дружиме им се случи ова па се на се им траеше 2 дена. Мислам дека и самиот воздух и морето ќе потпомогне. Некое вирусче е. Со лесно само и без нервози.
Се надевам дека ќе помине, жал ми е што првиот одмор кога веќе е свесен и си игра и сака во вода баш ова се деси, ама тоа е..
Кај нас во секој скок ова се дешаваше, само што ќе помине скокот му се враќаше желба. Период е , ама буквално истото го правеше, помина и наеднаш магично присака да се бања.
Со што миете коси на девојчиња? Има густа коса, ја мијам со Веледа ама некако не ми дава сјај како што сакам. Секој ден ја мијам инаку цело време и е залепена од што се поти. Сакам да и биде убава ама и да нема 300 хемикалии. Дајте некоја препорака. За година и 4 месеци има коса еден тон, така и се роди, а сега и и се витка.
И во Лондон мислам дека се на овој концепт градинките и ме радува тоа дека моево дете вака расте моментално. Цел ден во двор, кал, вода, песок, гол и бос, се качива на дрва, на ограда, се вала низ травата, лази со кучињата Јас ич не се замарам, 90% од времето е искашкан и сигурна сум дека има изедено многу глупости од надвор. Еве денес се шлапавме на дождот и трчавме низ двор, многу беше ќефен Вели мама гим гим, дека грмело, а нема веза само врнеше. Ама го научи ова гим гим и многу ми е смешен како го кажува. Моево дете не сака да се облекува и се научил сам да трга пелена, ме пукна. Три пати ми се помочува во дневна и 2 пати се искака на сред соба, го ставам на туте, ќе рече как как и ќе стане демек завршил работа, пробав и на шоља и не сака, ама ме нервира со ова вршење потреби секаде
Веќе многу време не сака да се бања т.е сака ама додека да се соблечеме се молиме многу. Уште што не ја лажам и едвај некако влегува во коритото после па едвај излегува, кога доаѓа време за бањање ми се стемнува. Сакам во бањата да се бања ама не сака да чуе за таму и кажувам дека мама и тато се бањаат ме има видено дека се бањам таму сум и викала ќе се бањаш ли и ти тука кратко и јасно не и натаму не можеш веќе што да кажеш.
Чим покажува желба ќе се научи, ти среќна мајка си, оставај го почесто на нокширче и наградувај го кога ќе заврши работа успешно, со тоа што сака, и потенцирај дека е награда. Моево на пример ем не ги сака пелените ем му смета каката ама ем не сака да седне на нокшир да заврши работа.
Ние бевме 10 дена јас не давав ништо превентивно. Последниот ден кога да си одиме му се затна носот, но тоа го препишувам на климата што беше нон стоп пуштена зошто беше прежешко.
Исто е и моето. Мочка еднаш во памперсот и го трга и после мочка кај ќе стигне, се утепав од рибање. Пред некој ден се затвори во купатило и се покака на плочки и ме викна "мама иди кака". Не сум зела уште нокшир ама во план сум, бар во него нека се учи, да не прави вирчиња низ дома.
Исти сме. Не сака никакви обувки оди насекаде по чорапи. На одмор што бевме нон стоп во чорапи одеше и по шеталиште и по двор, а веќе многу оди изодуваше цело шеталиште..
И моето не сакаше да слушни за обувки тој период. Јас секакви му изнакупив со надеж дека ај тие не одговараат други ќе сака. Ама не. Додека не помина извесен период не сакаше никако, е откако убаво прооди почна да носи патичиња и имаше едни крокс ама буквално ги изнаноси.
Таков концепт секаде треба да има, ништо не е тешко само песок да стават во градинките и по цел ден да се надвор.. тука не ги замараат со представи и учење на памет стихотворби ама и ниедно дете не е предотерано за в градинка хаха Нема поубаво од децата да се деца. Тоа е најздраво. Туку, јас на мојава и редам памперс гаѓи, нема шанса со лепење, а на преслекување ме препотува, ме изморува.. е сеа знам дека е мала и јас не сакам ама луѓе она кажува пред да кака и пишти од нервоза оти се праам начукната, па видела не видела ќе се искака и иде и кажува дека се искакала. Мала ми е за на нокширче, а ова го праи 2 недели веќе.