Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    20.616
    Пол:
    Женски


    Мојот кака во нокшиир пред година да направи. Не дека јас сакав да го учам туку свекрва ми купувала нокшир за внуката и земала за бебо и јас го ставив у вц, насабајле додека се средам он си седеше на него и ме гледаше. Е после 2 недели почна да кака секое сабајле во памперсот ама кога е на нокшир. И после месец јас почнав да му го вадам памперсот насабајле и го седнував, еве го мочка и кака обавезно одсабајле на нокшир и стенка ко возрасен човек а тоа мм го научи и сеа секое сабајле вика у вц и се гази од смеење. Е преку ден знае да кака во памперс, а ако го види нокширот оди седнува и кака :rofl: ете така спонатно се бидна
     
    На kozuf, Giiirl23, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    2.323
    Пол:
    Женски
    Работата е што веќе не можам да препишам на скок, му завршија сите :) ама се надевам дека е фаза, затоа што наеднаш од дете што ужива во вода, вришти како да го давам
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.214
    Пол:
    Женски
    Да не му има влезено некој нов шампон во очи да го пече или нешто топла вода да не го има изгорено? Кај мене еднаш се наплаши така дека се лизна во коритото и не сакаше после да се бања долг период во него, нешто може му се има сменето и се има наплашено, пробај со коритце и кофа во дневна да го полеваш, без туш и слично, додека да навикне пак.
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.085
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Период е што ќе помине, барем кај нас беше така
    Пред вториот роденден отприлика. Заврши после роденденот. Во меѓувреме уште на глава не застанав во када за да ја избањаме. Влегував со нејзе, и пунев када, сапуници се и свашта ( тоа го мрази и ден денес ), она сама да се бања. Не и не.
    Еден ден само од себе помина, шо да кажам.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    8.814
    Пол:
    Женски
    За разлика од другите мојава абер нема да каже за какање или било што. Општо мал фонд на зборови има, ама дека нешто каките и сметаат не покажала.

    Од друга страна за градинката во Мкд, ни валкање, ни нешто многу игри надвор. Очекувам септември да се сеуште повеќе надвор бар тие како мојава што се проодени и поголемки во група. Од октомври тешко.

    За дома исто проблем, со маж и свекрва. Се им е опасно за дете. Буквално не ја оставаат да се издиши да не се повредела. Не дека јас би ја оставила од балкон да рипне ама ги имаме следните муабети:
    - На одмор, си игра ќерка во песок, миеме раце во вода, колку толку де, зема смоки да јаде одма забелешки од маж, имала уште некое зрнце песок на раката, како јаде така
    - Качување на гарнитура - ти знаеш колку е опасно, може да се повреди.
    Ќерка месеци без проблем во мое присуство сама се качува и слегува од гарнитура
    - качување/симнување по скали - јас ја учам како треба, дете сфаќа, добивам коментар како сум брзала да порасне имала цел живот пред неа да го научи тоа итн.

    Да сме во некоја од градинките што ги опишувате погоре, со игри во кал, на дожд, во ладно мислам после два дена ќе се разговара за отпис. Нели опасно е тоа за дете.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.726
    Пол:
    Женски
    Стариве се сачувај Боже. Тука и кога врне и на снег шетаат по цел ден, соодветно облечени само.
    Иначе јас не сум тип што сакам да им правам тренинг за нешто,што природно би дошло до некоја цел, било откажување од цицање или откажување од памперс. Големата чекав сама да се откаже и од цицање и памперс, без никаков притисок, на 3г тргна памперс дење, на 4 ноќе. За 99% од луѓето тоа е прекасно, за мене и за неа без стрес, без плачки рички, спонтано, исто и за спиењето сама во соба. Така да во ред е што не кажува и мало е да кажува. Заради примерот со големава мене ми е чудно со малава и пак не би ја ставала на нокшир иако можеби вистина бара.
    И да, и големава не и сметаа каките напротив уживаше кога ќе се покакаше:rofl: намерно ни се пикаше во нас и падвеше од смеење :?:
     
    На 1209, lackygirl, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Те гушкам за поддршка :hug: Ладни облози ставај, нека си брка рацете во водичка. Многу е мутаво кога се болни на одмор, ние едвај 3 дена одмор осетивме, утре си одиме. Мојот само 2 дена го држеше и тоа вториот ден 37 темп имаше само. Денес е како нов.
    Ќе помине и кај вас брзо :l:
     
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Леле да ги видиш тука какви се, буквално песок јадат, едно девојче во групата на син ми во 8:15 ја оставаат чиста, до 9 е како оџачар. Со кал во коса, во нос, во очи, во уста, секаде буквално. Па и уште мрсули кога ќе и потечат :tmi:
    Мојов пошто не оди, буквално се низ градинкава ми е хазард, не ми се верува дека некој ќе го пази како јас деновиве, ама ќе падне еднаш, два пати па ќе се научи.
    Надвор ќе се цело време, надвор и спијат и сега и зимово. Викинзи.
     
    На јolene, 1209, Ano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Твојата свекрва и маж удар ќе добијат ако видат како го пуштам моево да оди кај сака:D ние по дома расчистивме колку можеше, но е пуштен да се шета кај сака.. се качува по малата маса и се симнува од друга страна. Кога сме на викендица скалите ги качува и симнува лазејќи, јас секако стојам до него ама го оставам се сам да прави. Баш вчера бевме и сега зошто е прооден сакаше и да се држи за ограда и да ги качува...:whew: на одмор додека беше го бањав целосно по 3 пати дневно од толку што се валкаше...
     
    На јolene, 1209 и Miss_S им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.641
    Пол:
    Женски
    Хаха ова како мојата свекрва, како така сме го пуштале да трча сам на улица. Ќе падне и ќе се сољушти на асфалтот муабет имав. И само и реков па ако не го оставам да трча, треба дома да си дојдеме и да биде дете заробено во 4 зида, причина од што сака сам да оди и не дава раче. Некни ни трчаше ни ништо дур бевме на улица, се наведна и што се случи, се струполи со главата на асфалтот. Прост пример дека не секогаш кога детето е активно се случуваат бељи. Едноставно е, така растат децата, така сме растеле и ние ама многу брзо заборавиле. И само ќе и речам син ти не паѓаше. И тогаш само ќе ме погледне и крај на муабетот цел.
    И ете ја денес таа трчала со него на улица :D... Добро е, се учиме да прифаќаме ;) можеби малку забегав со муабетот:lol:
     
    На јolene и atz1995 им се допаѓа ова.
  11. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    8.203
    Пол:
    Женски
    И мажот ми е малку така.. Напорен да не речам, ама со свекрва ми не може.
    Х не такааааа, Х седи малку нозете ќе те болаааат. Ова издолженово е лигавешница. Купивме тротинет, лелеее У (на маж ми името) немој со тоа, ќе падне детето.
    Ќерка ми има навика да си седи на џамот, имаме така како продолжено малку, внатрешно нормално, со заклучен џам, на приземје, скроз безбедно, и си бои таму. Мн cute. Нека не седи таму, ќе се прелади, а може и да падне.

    Мислам дека на тоа ни е сведен муабетот.

    Она паничи. Јас : Таман е.
     
    На 1209 и Miss_S им се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    20.616
    Пол:
    Женски

    Мојот најголемите стресови ми ги има дадено кога падна седнат и се струполи на глава си ги подгриза бузите и му течеше крв а јас се препотував, и се изнарика плус. Вчера спружам алишта горе на балкон низ балконска врата и го гледам лазејќи падна на глава не знам ни сама како се изнаплака. Ама па денес ке пази повеќе и нема да падне. Неможе да се довардат, господ нека ги чува само.
     
    На јolene, Ceneva и atz1995 им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.044
    Пол:
    Женски
    Фала мама. :l: Нема качено висока од 3ч поручекта вчера, тогаш му го ставив последното чепче. Му одеше докај 37.5 ама не давав лек, само разладував зошто си беше весел. Мислам дека толку беше, поточно се надевам.
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.726
    Пол:
    Женски
    Големава еднаш само како бебе малце се сецна на непцето и после тек ко беше 2 години направи глупост ама арно помина оти повеќе пазена, а второво од што не знаем кое попрво е остаено само на себе, човек паѓа од кревет, коленцето изгревано цело, глава не знае колку пати ја има чукнато силно ама станува и како ништо да не било, затоа е некако уште од сега по спретна од големава, а и не се потресувам јас толку, а маааж оти не е по цел ден со нив, него срцето го фаќа ако види дека се сопнала. А за валкање неам проблем, како ни за јадење од на земја или играчки, ни како бебе не пребришував пред да фане она. Не знам дали е до тоа или така се погодиле ама еднаш не сме имале проблем со бактерии и афти, дури од градинка големава само еднаш префати коксаки и толку, никогаш не правела паузи на секое.
     
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    6.976
    Пол:
    Женски
    Има некој вирус два дена траел. И мене ме фати, ужасно чувство многу треска и вртоглавици ама еве денес веќе поминувa. Мило ми е што сте добри, сега уживајте во одмор и ти пиј повеќе течности и внесувај витамини да не те префати :l:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.044
    Пол:
    Женски
    Не знам што беше ама среќа брзо му помина па да истераме одмор како што треба. Синоќа имаше плачки, двојката доле му пробива и се одра од плачење кутриот. Морав да му ставам чепче зошто се гледаше дека има ненормална болка. Битно температура нема, полесно е вака. И јас не сум нешто нај, затната сум цела само не знам дали од алергија или вирус е и кај мене. Грло ме боли, афти ми излегоа, хаос. Ама ај ќе издржам јас, кога гледам дека он е ок и јас сум подобра.
     
    На Giiirl23 и Ceneva им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.159
    Пол:
    Женски
    Ми се наметна тема од друга тема. Кога ги двоевте во соба со бато/дада да бидат? 20м е иначе. Баткото доцна го одвоивме, па се мислам кога и он да оди во своја соба. Моите идеи се следна пролет таман да е готова детската тип топ, ама да не е доцна/рано? Сега некако мал ми е.

    Инаку детево е така размуабетено, веќе муабет може да се прави со него. Фондот му е 300% зголемен. Зборови и муабети што не ни мислевме дека ќе ги каже. Пример прееска вика Мако(за себе) папа ја(ј)це, тато папа пице(а). Фрли надвор низ прозор пелена чиста и вика Бам, пе(л)ена какана!
     
    На lackygirl и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.726
    Пол:
    Женски
    Големава сега почна сама да спие на 4 и пол, пошо и ние сега им праевме соба, морав да обележам дека е и од Клара, да не биде после не ја пушта да влезе, па од сега ставивме кревет на спрат хаха Клара нема абер уште, станува на вечер и не верувам до кај 2г дека ќе престане да станува амаа план ми е и мило ќе ми биде ако на 2 почне со Нина да спие. За вторите деца слушнав од многу дека почнале без проблем да спијат со брат/сестра и биле ептен ќеифни.
     
    На lackygirl и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.159
    Пол:
    Женски
    Го приметувам дека се повеќе оди во сегашната соба на бато, седи таму, он игра или чита овој реди коцки ама таму седи. Еднаш два пати има и преспано во собата дење и супер е, ама не го форсирам.
     
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Исто и ние планиаме до пролетмданго префрлиме малово. Тој сркако ќе биде во фиока креветот па ниско ќе е да не паѓа. Ќе видиме дали ќе се исполнат плановите. Големиот на 2,5 години го префрливме иако секогаш кога сакаше го земавме со нас на спална. Кога се породив со второто дури и се врати целоцно во спална, ама еве сега пак е во соба (пак кога сака го примаме кај нас). Без форсирање ќе се навикнат мислам да спија цело време таму.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.