Здраво Малата има скоро 12 ипол месеци,имавме една долга дремка ( оддамна премина на една дремка). Последниве денови не сака да спие дента,често ја скока дремката.Многу сака да оди и само нешто брбори ,се кара мнигу е слатка Сигурно е некој скок или нема да сака да спие дента ?
Што ќе беше ова пребирање, многу убаво си јадеше детево сега еден ден го јаде некое јадење па за 3 дена не го јаде истото. Готви секој ден, смислувај и после "нејќе нејќе" да ми вика. И после нормално гладен, бара шмукалче (смце) или смоки и слично вчера оди во кујна и вика даде нешто даде нешто, 5 работи му дадов и на крај банана изеде, а не ги ни сака бананите одамна. Не можам да му фатам ред.
Период е ќе помине .Мојата јадеше се,па настина малку,па пребираше се,се фрлав од храна еве ја сега пак,сано јаде нешто.
Период е, кај нас често има вака период па после јаде, па пак не јаде... Ама јас не давам ништо ако не јадел ручек, ќе чека до вечера, гладно не е, некое овошје за ужина евентуално и толку. Еве го сега ручекот го јаде а мислев нема да го погледне, пунети модри патлиџани, јаде лапа. Ред фаќање никако.
Ама он е гладен, нас ќе не изеде до вечера.. јас полнети пиперки со урда ама нејќе нејќе и макарони јадеше.
Не не, грешка правиш. Он ќе научи дека ти ќе понудиш друго и се така ќе прави. Ќе помине пола саат ќе понудам пак, не сака фрлам и толку, собирам маса. За 2 саата овошје нудам и после дури вечера. Јас од искуство ти кажувам, ти како сакаш, големото ене го по 3 саата седи на маса од таа мака, јас дај грав он надига да повраќа, дај леб со кремсир, дај мусака надига, дај крем на леб, и секое јадење му е со фаци, е нема веќе, ќе седи и 3 саати ама ново нема.
Знам, во право си. Ама треба да одиме на гости па до тогаш ќе не крене во воздух гладен ако е.. инаку да, не треба да му давам друго, ќе стиснам заби додека му пројде фазава.
За делење во посебна соба засега немаме простор, со ова темпо додека се среди просторот може и 15 години да стаса, па да се оддели. Најрано во моја околина што одделиле е околу 2 годишна возраст. За сама на денски дремки ја оставам во спална за викенди и таа си спие без проблем, додека јас работам во другите соби. Ноќе не сум ја оставила сама воопшто да спие на подолго време. Сеуште се случува да се разбуди со плачење, било од заби или од други причини. Си презаспива сама ама битно од памет ме вади кога ќе вресне.
Моево и дење и ноќе се додека не легниме ние спие само, и а влезам ја во соба она се буди, ако не влезам можеби и ќе тера хаха само што и преку ден и ноќе она спие само со бели звуци, а дада и сег почна сама и знаеме да намалиме као ако стане големава дан не ја сетиме ама се буди. Како на аеродром да живееме буквално
Ноќе кога ќе заспие јас набрзина расчистувам играчки, туш, останато јас да се средам така да може пола час/час да спие сама. И кога ќе легнам нешто не реагира. Е наутро е друга приказна. Само што ќе станам за до Вц, за да се спремам за работа, одма е разбудена и ми се плетка низ нозе. Си имав јас испланирано пола час да станувам порано и раат да си се спремам во бања, дури и алишта во ходник оставам, демек да не тропам низ спална. Па кога јас ќе се спремам да ја будам ќерка за да ја спремам за во градинка. Ама од моите, до нејзините планови... 90% од времето заедно со мене станува. И тоа аларм на вибрации имам само, бидејќи лесно се будам.
Оох утро уште немам доживеано мирно, да пијам кафе, расонам и да тргне денот хаха мене големата и дење не ми спиеше без мене, ова бар спие иначе да бев закована за кревет и сега уухх
Моето спие само во своја соба од 2 недели. Сега е скоро 13 месеци и многу му е јасно каде спие и дека се буди сам. Многу пати сум пишувала за тоа, сепак ова ми е прво дете и не знам дали истиот начин би функционирал и за второ дете.
Да ја преспива ноќта и ја би ама да станувам 5-6 пати да се рашетувам низ стан, не. Се надевам дека ќе почне на 2г да преспива.
Има ли некој скок или што е ова чудо на 1г и 7м? Секоја вечер иста приказна.. си заспива се супер си спие и точно кај 2-3 саат станува и рика.. буквално рика без солзи, како од инат рика. Не можам никако да го смирам, може пола саат плаче се мава од креветче и продолжува спие. Душата ми ја извади немам сила веќе.. Заби има, уште 5ки треба да му излезат сите.. до забите ли е што ли е, ќе полудам
Да да, како реален страв да доживува. Не е онакво плачење со кенкање или лигавење, туку буквално вриштење како да е преплашен. А ништо не му е сменето од рутината. Се исто, преку ноќ се смени