Иста возраст веќе само си наоѓам рачки, де скок, де заби, де не знам што. Успивањето ни е мачно од кога е родена. Имаше после роденденот подолг период кај што без проблем цела ноќ си ја спиеше. Сега последниот месец обавезно секоја ноќ со врескање се буди. Прво мислев на одмор дека, ај промена на место. И дома си продолжи исто и веќе прекинав да барам причини. Немам храброст да ја оставам неколку вечери да си вреска без да реагирам, пред се зошто цело маало ќе го дигни во воздух и некако си се помирив со тоа дека таков начин на спиење има и надежно некогаш во животот ќе се среди. Едит: кај мене почнува да вреска, давам шише вода/млеко било што и за некоја минута е заспана. Не ја оставам долго да вреска.
Исто значи, јас одма нудам вода, ама ретко да земе од прва да се напие, а некогаш една голтка ќе се напие и одма сам си заспива.. ама додека не се изрика нејќе ни вода ни гушкање ни во раце ништо. Се тегне и се фрла со главата наназад.
И моето се буди за вода, ама за воља на вистината и јас се будам, топло ми е и мачно и жедна сум. Исто и он, се буди да пикне водичка па си продолжува. Може да побара повеќе вода од една голтка, да се напие убаво, млеко и сок не давам, само вода, сметам дека е ок, не е штетно мислам. Овој вирус со тт, има мрсули и кашлица? Може и прашав ама не се сеќавам веќе. Мрсули густи и жолти, кафени, зелени, прв пат такви мрсули гледам значи. Кашла со секрет, ама не нешто често, чат пат. Синоќа од нигде никаде крена 38 да имаше макс, не би дала ништо ама јачкаше, се мачеше да заспие, го грчеше нешто, не знам што, како да не можеше да заспие убаво не знам. Дадов парацетамол и дури сега почнува да се подстоплува пак, ама сам се лади. Дадов Виранто иако не верувам да помогне, да не ми е од мисла дадов. Преку ден еве го весел, расположен, јаде, пие, спие, игра...
Има да, и мене и на син ми прв ден само тт, втор ден со малку течење на нос и поткашлување и трет ден затнат нос без тт, така и двајцата со скроз исти симптоми го минавме
Леле мајка не збори, некоја регресија, заби и скок во едно, јас душа немам веќе, месец дена заспивањето е со саати, со плачење и трускање, не дава да го оставам, не сака да цица, не сака да го држам, ме боди во стомак со прстите модрици имам веќе, половината ми откажа, секоја вечер по саат времме на улица во раце го успивам и плус дома 2-3 саата, се друго е интересно ама преморен е и ако не му дадам што ќе посака тантруми има и не можам да го смирам. После цела ноќ се буди оти е истрауматизирам од плачење. Он не е плачко, а и скоковите лесно ги поминавме, ама овој скок ни наплати за сите, денес е во громчето и јас моментално седам во темна соба и пијам виски, сама, дома! Ме притресе денес, успивањето беше апсолутен терор. А секоја вечер сама го успивам дека мм од 7 оди на работа.Крај сум веќе ако ме верувате. Кажете ми, модар ми е под очите, од неспиење е? Од заби што никнуваат горе 3ки, болен е или има алеригија? Или анемичен?И обично е модар мм е таков и сите негови, генетски е вајда, ама сега ми е и модар и црвен некако различно.
Како е со крајници? На големава почнаа маките на 18-19 месеци, она беше маче право, бледо, до уста подочњаци, највеќе се приметуваше на слика, сега кога ќе ги гледам сликите до фебруар оваа година она душиче изгледало жалосно, колку е само сменета немаш појма.
Па немаше проблеми до сега, не бил болен, освен еднаш со ушите. Можам да го носам да го проверат. Не му се стално такви нешто овие денови вака поизразено, а денес особено, мада реално лошо спие и секако не е наспиен, ама сепак ме јаде црвот да нема некој проблем.
Давате ли вода од чешма за пиење? Сега ќе почне во градинка па таму нема флаширана, се мислам дали да давам и дома по малку.
Од слики што се гледам од мала сум така со темни подочњаци до ден денес. Немам некој здравствен проблем. Може да е ако има светла кожа а и од неспиењето.
Кај нас во градинка даваат флаширана бар плаќаме де за флаширана да даваат. Инаку уште пред роденденот знам да дадам и од чешма. Сега како ќе стасаме така. Од кога направи 1,5 година скроз сум опуштена и за јадење и пиење. Не давам само сувомеснати, мајонези, кечап, сосови такви. Благо не е фан ама знае да касне некогаш. Кога денес изела куп овошје и зеленчук, не ми е проблем една коцка чоколадо пример да касни. Или 1/3 крем банана. Не дека не давам повеќе туку толку јаде.
Дали некоја давала мед со лој од гуска за бронхит и ако да - како го дававте? Читав дека може во млеко (бидејќи така од лажичка не сака да го јаде), а страницата од каде што го порачив рекоа во никој случај да не се топли во млеко.. 22 месеци сме и веќе 2 месеци е со кашлица и бронхит, имаме закажано овој месец за дополнителни испитувања во Козле, но сите ми препорачуваа да земам и лој од гуска бидејќи било многу ефикасно.
Он секако е таков од мал, и мм и сите од негова страна ја имаат оваа карактеристик, внуката од сестра му исто, ама сега некако различно ми е темен, и црвен како да му се иритирани очите. Мада ми текна дека вчера со дедо му “косеше” трева во дворот и се маваше натаму наваму во прашината, може и му се иритирале, ќе видам денес кога ќе стане како ќе е.
Да ти се плукнам во градинките гнасни, да ти се наплукам. Извинете на безобразните зборови, ама многу се нервирам. 2м дома бевме, здрав прав, тргна и за 1 недела коксаки, следна недела бактериска инфекција, се е фатено, очи, уши, нос... Ми се темни! Добивме локални капки, нос, уво и еве сега и очи. Цел е секрет зелен. Па има ли смисла?!
Ја откривме мистеријата со нејадење и пребирање, изгледа до одморот беше. Денес назад во градинка и кога дојде се најаде гулаш со макарончиња па шмукалче побара, па и јогурт дури бараше после. И татко му кога седна да јаде му бараше месце. Значи јас сум будала што од сѐ се секирам одма.. до сега нешто да научев. Него мајки како ги учите за раче да одите? Не знам како да му објаснам да ме сфати. На пример од зграда до кола; да го земеш не, да го фатиш за раче не, се тепа. Го фаќам и го носам под мишка додека вришти.
Нема, стварно нема смисла! Ја замразив градинката ради ова, а толку бев позитивна на таа тема, сите ги убедував како тоа е најдобро за него. Веќе не знам што е најдобро, не знам кај терам. Каде 1000 евра ја плаќаме, па и саалам плата не можам да земам ради боловањата. Хаос Ова само да знаеш дека не си сама, не има илјадници кои ти ја разбираме нервозата
Ова збориш за приватна градинка? Радо би покренала иницијатива да плаќаме да имаат флаширана вода во државна. Одвратна вода имаме
Зависи каде живеете. Кај нас водата од чешма е попитка од флаширана. На малиот му давам негде после годинката, ама кога одиме во Скопје пример кај тетка му, сите пиеме флаширана зошто ми има прегрд вкус и многу бигор.
Значи стварно не е фер, ќе побудалам веќе. Нема ни 1 недела од коксакито, сега лом, сирот е за гледање.
Давате ли оризови галети како ужинка? Ќе идеме на пат, да има нешто да грицка. Или се сметаат за висок ризик задушувачи?