Државна градинка, не во Ск. Иницијатива на воспитувачките да купуваат флаширана вода тие. Бар ни кажуваат дека купуваат де. Инаку и кај нас си е супер водата од чешма. За оризови галети, ќерка ги откри пред некоја недела и баш ги сака, си грицка често.
Знам дека е реалноста таа или слична, ама малку полека. Тука има и мајки чии деца допрва ќе тргнуваат на градинка и не мора мислам таков лош вајб да ни правите. Свесни сме си што сѐ носи одењето во градинка, ама нема потреба до толку да се драматизираат и истакнуваат негативностите и да се расипува нечија еуфорија. Побрзо оздравување на малото.
Како мајка која одвај чекаше да тргне детето во градинка и тргна на 9 месеци можам да ти кажам дека сме поминале се и сешто. И мали настинки и бронхитис и пневмонија и дете си дошло изгребано, со модрини, искасано и да не набројувам. Реалноста е таа, не значи дека секое дете ќе настинува како моето. А мене, кога после 3 недели дома лечење и со антибиотици и се комплет, ќе ја вратам во градинка и уште на врата ќе видам дете со зелени мрсули до гуша донесено, ми доаѓало да и ја направам лом воспитувачката. Таа е реалноста и вистината. Лесен почеток кај вас.
Ок, сори на вознемирувањето. Се надевам твоето нема да се разболува и нема да имаш потреба некаде да се искажеш како мене. Искрено имало и полоши коментари од овие ама нејсе. Да го избришам не можам, пријави го ако сакаш ќе го избришат.
Мајка мојата е 20 месеци и оди во градинка од нејзини 9. Се разболува ама 90% деца се исти како неа. Не сум во МК и различни лекови се па со секоја мајка разменуваме совети за лекови малтене сликички сме. Ама се поминува и не си стварај негативна слика. Можеби немаат сите исто искуство ама моето е позитивно од градинката.
Мила не е се така негативно. Ќерка е скроз спротивно. Од 9 месеци е во градинка, коксаки има фатено само и доста лесно го пројде. Секое дете своја приказна.
Не мора да значи дека и кај вас така ќе биде, ама кај повеќето реалноста е таа за жал. И нормално е да сме бесни, и нормално е на форум да си искажеме колку е тешко. Не можам веќе да го гледам болен, прежален ми е. Пак е болен еј, пред 5 дена оздраве и сега изгледа има ангина. Земавме брис и чекаме резултати за дали да го почнеме антибиотикот
Ако не ги помине вирусчињава во градинка, ќе ги помине на училиште. Ви го разбирам бесот, ама така се гради имунитет.
Колку побрзо се соочиш и прифатиш толку полесно ќе се носиш со тоа. Барем кај мене е така. Тоа е процесот за жал. Од друга страна па секој може да си олесни и да си напише што му лежи на душа, така е полесно за нас мајките
Ниту А ниту Б. Супер ја поминавме последната ревакцина, петвалентната на 18м што се прима. Барем на боцкањето. После колку време сте имале реакција од оваа вакцина?
Немора да значи, секое дете е различно ама тоа е процесот. Јас не сум одела во градинка, ме чувале дома баба ми и дедо ми, почнав директ во школо и не бев болежливо дете, за разлика од брат ми кој одеше во забавиште, па во школо што не прележа кога почна...
Точно. Првата година е најтешка во градинка, ама нон стоп беше болен, значи нон стоп, како сто пиши Ангел, од понеделник до среда беше здрав, после болен потоа секоја година подобар, значи само 1 антибиотик годината и тоа декември др лесни настинки со мрсулчиња.. Се помина, сега на школо ќе видиме како ќе биди првачето Малото ваѓа горна 2ка, раце в уста, лигави, плачи, не спие 6ти заб ќе му е, долу 3 има и горе 2 моментално. Многу тешко му растат и споро. Првото дете на оваа возраст имаше 8 и 4ките тргнати беа.
Јас се изнервирав бидејќи детево 2м беше дома и отиде здраво право, за 2 недели коксаки и бактерија, епа многу е. Не е фер.
Првото одеше в градинка? Иначе така е оти му паѓа имунитетот и одма закачува друго, затоа нема крај. Јас очекувам исто да е со второво, знам дека ќе е болен цела година, само што не е почнат в градинка, не примат деца во јасли, само 6 се со една негователка, немале персонал, пукнав од нерви, вчера ми кажаа, нема кој да го чува
Или имам заборавено да. Ама не, големото од заразниве чуда само сипаници прележа, ова малово не коксаки, не парво, не што не прележа. Среќа па цврсто е, големиот беше лигуш, болен и легнува и го нема додека не се опраи. Ова болно живи не изеде дома, само јаде, само бара нешто и вика њам њам од црни зори. И цело време е во покрет.
Не мора да значи, еве моето веќе скоро 4 месеци оди до сега само два пати по малце мрсулчина друго ништо. И тоа тие два пати го носев на преглед со крвна слика со се не покажуваше ништо. Цело време му давам молерс омега, витамин ц и витамин д дали е од тоа незнам. Ама до сега фала му на господ е супер. Така да мисли позитивно секое дете си е приказна за себе.