Мајки ве молам за совет откако престанав со доење така почнаа сите проблеми со (не)спиење.Го доев до 20 месеци, се будеше многу често ноќе ама ке цица малку и ке презаспие, навечер заспиваше околу 20.30-21.00 најкасно, денски заспиваше околу 13.00 по една дремка има.Како престанав да го дојам така се се поремети и спиењето, прво тешко заспива навечер почна да седи буден до 22.00-22.30 не сака да заспива во спална како порано заспива во дневна сам, и тоа прво трча скока лудува на најако и потоа легнува и заспива, не дава да гасиме светло сам ги пали цело време, не слуша и да го скарам, не сака во раце, сам легнува и заспива и не малтретира сите, ке легне на двосед па ке стане па оди на тросед кој и да седи ке го растера па ке легне таму, па после на фотељата и така во круг додека не заспие, после некое време се буди и плаче, ако сме во спална станува сам и тргнува без разлика дали е скроз темно, он иде и не застанува одам по него го симнувам доле во дневна да не падне по скалите во темно зашто ако го вратам во спална бетер хистерија е, па бара вода, па чај, па плаче ни е буден скроз ниту е заспан, се лути, и после по некое време се смирува и презаспива.Некоја вечер има по една ваква епизода некоја вечер и по две ама то трае по 1-2 саати додека да заспие пак убаво.Пробав да наметнам рутина со музика и намалени светла, не успева, светлата ги пали, еве сега го скрати периодот на плачење барем кога се буди ке се симнеме долу ке се напие нешто и пак презаспива исто така шетајки од кревет на кревет. завчера му беше 2 роденден, славевме дента, не заспа воопшто, вечерта заспа околу 22.00 часот, ноќта не се разбуди, спиеше сабајле до 9. Вчера не спиеше пак цел ден, заспа сам околу 19.00, се разбуди околу 22.30 и плачки, вода бара, долу се симнавме, презаспа околу 23.00 пак. После околу 1 пак се разбуди пак долу отиде спиеше до кај 3 го оставив во дневна се вратив горе.Во 3 пак се разбуди почна да ме бара го земав во спална и заспа и спиеше до сабајле до 7.Еве денес заспал во 13.00 спиел до 14.30.Никаков ред нема, никаква рутина.и големото го ремети, го буди неможе и он да заспие од него. Иначе телефон гледа по 10 мин додека јаде, ама предходно и не гледаше воопшто па така се будеше исто.Нема цврст сон континуиран и тоа ме загрижува.Преку ден е турбо активен, весел и не е воопшто нервозен и кинкав.Како да го воведам во ред не ми е јасно.
Тука велат првата година во градинка да се очекуваат 10-12 настинки. Јас се спремав, нарачав чепчиња,сирупи, нервите ги припремам и така.
Од како почна градинка обавезно дома има парацетамол , бруфен , сирупи, чепчиња. Јас на мојата и давав капки некои витамини ама не знам колку е од помош.
Исто ќе ти кажам дека нема правило, мојава тргне во октомври во градинка, прво што закачи беше во фебруар коксаки после Операција пошо и падна тогаш имунитет и толку, никогаш не правела паузи, нити пие нешто за имунитет.. @macalavica јас искрено не гледам проблем во заспивање во дневна ако дете така се осеќа подобро. Шо знам мене од 2г до сега ми заспиваше во дневна, па префрлав, сама одлучи кога ќе сака да легне сама во кревет и заспие сама. И она така до последно лумпува и само се гаси за секудна. За другото, сигурно му влије промената што е и нормално, ќе си фатите ред само смирено, ништо со форсирање. Мојата на 2г и некој месец исфрли дремка, ако дремнеше после заспиваше тешко, а вака во 8 заспана беше.
Соочена сум јас со сѐ што треба да бидам. Знам за сите негативни и позитивни страни на градинките, сѐ ми е јасно. Муабетот е дека не мора до толку да се драматизираат негативностите. Сите деца се разболуваат во градинка, кое повеќе, кое помалку, едно поминува полесно, друго потешко итн. И да, има право секој да се ‘олесни’ тука, форум е со слобода на говор. Ама да ти се плукнам во ‘градинките гнасни’ некако ми е премногу невкусно и непотребно. Just saying.
Јас сум изнервирана што ми го префрлија детето од јасли во друга група а ни родителска ни ништо, да ги запознаеме да ни кажат што како. Само ми се јави негователката и ми кажа каде е префрлен, од кај да го земам и толку. Немам ни контакт од учителките, денес кога бев да го земам ми го даде друга, неговите си отишле и ми вика не знам да кажам како поминал. Мислам не е ок зашто пак му доаѓа како адаптација и треба да не информираат. Во другите градинки вака ли е? И колку им беше тешко на дечињата да се привикнат?
Во принцип не им треба многу време зошто како и да е ги знаат учителките, тие се, се мотаат тука. Инсистирај утре да ги видиш, сабајле една бар ќе има.
Скроз други се што не ги знаеме, сабајлево сопругот се запознал. Ќе видиме, се надевам утре ќе бидат таму кога ќе го земам. Инаку дали дека на одмор малку бевме па плаче многу сабајле на оставање а и плус нова група, ново сѐ. Нека ни е со лесно на сите.
Освен ако не се донесени од друг објект, они ги познаваат. Знам синко се поздравуваше со една жена цело време на улица и еден ден му викам Од кај ја знаеш? Мамо мааа, па Станче е од другиот влез воспитачка.
И кај нас од јасли се префрлени во 1ва мала ако на тоа мислиш. Јас лично не знам ниедна од воспитувачките, други родители од група што претходно имале деца во истата градинка, ги знаат. Ние само повик добивме од понеделник одите во таа и таа училница и толку.
Да чртнам.... Трет ден на одмор, синко ужива и во вода и на песок, тоа се невидени радости. Пак две дремки има, ама го оставам оти се изморува. Чак и навечер поубаво спие, да не го урочам. На идење, три и пол саати чекање на граница, ама да го пофалам за чудо супер поднесе и издржа. Само имам една огромна мака, ич не ми јаде тоа е борби, се послабо јаде, веќе ме загрижува оваа ситуација. Не знам што да сторам. Како да има само на свежо овошје и зеленчук ќе живее. Како си убаво јадеше пред два месеци, мерак да го гледаш. Што вака смена не ми е јасно. И многу ми паѓа тешко и не можам да се помирам со оваа ново настаната ситуација.
Исто и кај нас. Идам да го земам, искача нова...викам сега со вас е...ми вика да да од септември е во друга група. Ми се претстави жената. И ја прашувам како реагирал, ми вика па ние се знаеме. Цело лето беа споени групите и заедно бевме, ме познава. Не се секирај, така е кај сите. А инаку и мојот плаче на оставање, ама после тоа викаат дека одма се смирувал.
Исто бев и јас дури малку и скандал направив по тоа вибер групите, но после разговор со мноогу мајки и блиски роднини и луѓе ме убедија дека е подобро да е префрлена заради нејзиниот раст и развој. Утрото ми беше шок зошто никој не ни најави дури ни беше кажано дека не влага во новата група зошто е на почеток на годината родена иии се изнаплакав по оставање, како ќе се снајде, како ќе спие, новите учителки не и го знаат табиетот, една од старите ја тинтраше на секој можен начин а веќе ја нема хаха. И на зимање им посочив за некои проблеми и ми рекоа ааа па ние ја знаеме си се знаеме се имаме чувано, така да си потпомагале и они или се менувале кој знае. Инаку многу учат едни од други па така сега она кога е во процес на зборење не е ок да е со бебиња кои гугаат, пример. Уште одма дојде со нешто ново научено, е сега знам ќе има и доста глупости ама се е тоа нормално. И во јаслите кога почна, имаше поголеми деца, она годинка а некои славеа две години. Сега е во група на деца од 18 месеци до 3 години максимум. Веќе нема пасирана храна, учат пиење од чаша (и не се остава шише со вода), спијат на душекчиња а не во креветчиња заградени и многу други новости. Едино што ми беше страв е дека мојава е багабонт, а тие се поголеми и дека ќе има проблеми. Втор ден и веќе имало тепачки ама тоа и е одбрана, прва не напаѓа
@Miss_S @Secret-Angel7 Фала ви на сите мајки за искуствата. Ете ни тоа не кажаа дека треба чашки, 0 комуникација и затоа се изнервирав. Се надевам ќе се навикнеме брзо.
И мали на одморот прибираше храна и нејќеше да јаде вообичаени работи. Уште откако бевме на пат му се имаше изреметено јадењето, мислев само до моето отсуство е ама си продужи. Е таму почнав да не се замарам и да му давам да јаде разни работи. Сѐ си касна, гиро, пица, лигњи, октопод, помфрит, лебови и кифли еден тон, крофна, сладолед, брауни итн. Јадеше и многу овошје и зеленчук и затоа решив да пуштам срце тие неколку дена зошто имаше баланс. Сега откако се вративме го ставив на мастер рисет и да не го урочам си јаде убаво. Јас го мислам не напредува, а ромперче што му беше таман пред одмор кога се вративме му е кнап. Давај му да јаде тоа што сака и не се замарај, некој период му е. Кај син ми мислам дека беше делумно и од забот. Сега веќе е изгледа пробиен и апетитот му се враќа. Провери да не расте некое запче. Убаво да си поминете
На 11.07 ја ставивме Мрп, а на 16.08 ни е пишано во книшка некаков си Бустер ако добро читам. Каква е таа вакцина? Нели следна после Мрп е на 18 месеци?