Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    21.550
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
     
  2. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Што не кажавте дека ова одењево во градинка било стресно?
    Лелееее, не сум спремна на ова. Имам една тежина во гради, стрес, ме боли главава, многу ми е тешко што почна.
    Како сте другите со адаптација?
    Знам за децата е нормално, ама ние мајките..
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    21.550
    Пол:
    Женски
    Син ми уште не е тргнат, а јас вчера си се изнаплакав кога ми текна дека се изброени деновите до тргање. Ептен ми е тешко што после година и 5 месеци ќе бидам разделена од него, ептен.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Оффф со лесно!
    Они плачат,нормално е да плачат, него јас што плачам..
    Многу ми е жал, се чувствувам како да ја оставам.
    Денес ептен и беше стресно, кога ја земав се тресеше.
    Одвај чекам да помине адаптацијава и да сака да оди, да не и биде стрес.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Најтежок период во живот дефинитивно! Толку се радував кога почна ама и толку многу грижа на совест имав. И уште имам по пола година, секој ден се преколнувам што не се спремив доволно финансиски за да си седам дома 4 години ама тоа е. Мора да оди, а јас уште си плачам на оставање :(
     
    На sweetgirl92 и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    21.550
    Пол:
    Женски
    Исто потполно исто. Свесна сум дека кога ќе се навикнат се среќни таму со другите дечиња, ама мајки.. Посебна е нашата врска со нив и секој ваков момент ќе биде тежок како што растат. Од една страна сакам да оди и да се социјализира повеќе, а од друга душата ми плаче секој ден..
     
    На Anturium и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  7. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не можам да се одлучам да барам работа, заради носењето во градинка. Заедно сме со неа по цел ден и ноќ откако е родена, 1 година и 7 месеци, кога ја оставам со некоја од бабите на 2,3 часа, поради обврски, си имам грижа на совест...
    Туку кај да е ќе мора да оди, ама не знамм.. дење спие во нишалка и заспива само со нишање, навечер спие со нас, и тоа додека не не види до неа двајцата со татко и, не заспива. Дали ќе се навикне да заспива таму сама?
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    9.514
    Пол:
    Женски
    Не се само децата приврзани за нас, и ние сме за нив.
    Секој milestone што ќе го поминете, ќе ти се корне мислиш нешто во срцето.
    Од една страна ќе ти е жал што ти се „одвојува“ ама од друга страна ќе си среќна што напредува и се осамостојува.
    Ќе балансираш цело време колку да ти е јак или лабав стисокот и ќе го прилагодуваш на тоа колку детето има потреба од тебе..

    Ама конечно тоа е патеката што треба да ја посакуваме и да ја сметаме за нормална за да израснеме здрави и самостојни возрасни личности.
    Детето ќе биде во ред и ќе се прилагоди, потребно е малку време да се адаптирате сите.
     
    На kozuf, јolene, Miss_S и 4 други им се допаѓа ова.
  9. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    654
    Дали се добри моделчината на Скечерс за тазе проодено дете?
    Има подебела нога па некои модели на нике и адидас што се за трчање му се тесни и не му одговараат
    Дали да му земам скечерс или да барам неои други модели?
     
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    21.550
    Пол:
    Женски
    Што скок ќе беше овој 10иов бе?! Од дете што заспиваше како бубаче за 2 мин, последниве два три дена стана страшен. Налегни го да спие се тегне, мава, вришти. Исправи го како ништо да не било. Веќе два саати го заспиваме без успех, утепани сме и ние и он. Уште 15 дена има од скокот, знам дека и на него му е тешко, ама ќе пукнам жими се, многу е напорно!
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.046
    Допаѓања:
    8.529
    Пол:
    Женски
    Не да е напорно, пренапорно. Сме имале и ние таков период со нишкање по 40-50 мин в раце, и фрлање наназад од што не сака да лежи. Па период заспивање исправен. Се поминува и се менува. Ќе издржите.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ние завршивме адаптација, помина и полесно од очекуваното.
    Тешко ми беше првиот ден кога се вратив дома сама, а станот празен. Ама кога го земав од градинка истиот ден, беше толку радосен, толку полн со енергија, што ни за момент не се посомневав во одлуката. Ептен позитивна промена е кај нас. Да, имаше плачки но тоа беше 2-3 дена. Ептен забрзано почна да се развива откако тргна, и јас и мм осеќаме промена. Како да му фалела таква стимулација.
     
    На Ano, lackygirl, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Ние корона сме закачиле од Турција, кој сака нека честита :@
     
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    11.783
    Пол:
    Женски
    Колку ме охрабри ова кога го прочитав, па ми светна дека не сте во Мк.

    Жени не знам, не сум паметна.
    50% е „додека имаш кој да ти го чува, барем до 2 годинки не го праќај“, тука вклучително и педијатарот, блиска што работи во градинка, мои блиски,...
    другите 50% се дечиња на пријателки што се ептен социјализирани, си јадат сѐ, најголем дел неприбирливи околу храна, по дружељубиви можда, мајки поопуштени, баби растеретени.

    Многу сум збунета на темава токму поради тоа што имам кој да ми го чува сеуште, иако имаме безброј несогласувања, тука е бабата, способна да го чува.
    Од друга страна сакам детето да ми се социјализира, да минува време со други деца, се водам по тоа дете со дете бива, ама еве нешто ме кочи. Дали исхраната таму, дали персоналот, не сум сигурна. А колку повеќе го држам дома толку потешко ќе ми е во иднина. Познавајќи си се сама себе, и на полни две или двеипол вака ќе размислувам.

    Тешко ми оди донесување одлука периодов, иако бев решена септември пуштам.
    Па и разболувањата кога ќе ми текне, моеово како што си загази еднаш...
    Да минува побрзо, мајка. Како минувате со симптоми?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.636
    Допаѓања:
    33.978
    Пол:
    Женски
    Брзо да проаѓа. Верувам најзаебаното е пројдено веќе?
     
  16. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    1.203
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место би избрала градинка бидејќи пиша дека имате многу несогласувања околу начинот на чување. Ако се согласува бабата да помогне кога ќе дојде декември, јануари и има многу разболувања ќе биде од голема помош. И точно, колку повеќе расте ќе биде потешко да ја донесеш таа одлука а мислам дека и нему ќе му биде потешко да се адаптира. Е сега ова е мое мислење, секој ќе ти каже различно. Кај нас беше баба па после градинка иако немаше несогласувања едноставно преголема обврска ми е да ѝ ја наметнам иако е млада, способна итн.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    На моево не му одговараат скечерс
    Има доста големо стапало 22ка носи и плус му е дебелко едвај ги облекувавме скечерс. Сега земавме сунѓерици на nike и еве недела дена како ги носи добро е... ама изгледа за месец дена ќе зимаме нови
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.800
    Допаѓања:
    21.550
    Пол:
    Женски
    Јас не го разбирам тоа не го праќај до 2 годинки ако имаш кој да го чува, од причина што баш на оваа возраст што се сега се полесни за адаптација. Како растат сѐ посвесни се и потешко ќе биде. Ете јас имам кој да го чува, можам да работам уште некое време од дома и да си го чувам, ама мислам дека е доволно. Колку и да ми е тешко што ќе се разделиме, свесна сум дека мора да се случи кога тогаш. Го осеќам дека станува сѐ поприврзан за мене, а со тоа и одење во градинка покасно мислам дека би било покомплицирано. Идеално време за почнување е релативна работа, то ест не постои. Секогаш ќе си има некоја ‘пречка’, ама мора да стиснеме заби. Не викам да бидеме како слеп за стап, ама преферирам да ги гледам позитивните примери околу мене и да се надевам дека и нашиот ќе биде таков. Охрабри се ајде, гледаш колку не има што ќе ги пуштаме сега.

    @Sun&Moon како поминавте денес?
     
    На јolene, lackygirl, DaisyDoo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.172
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Да подобар е веќе првите 3 дена беше најтешко. Сега послабо јаде маоку грлото го боли ама добар е му се враќа енергијата. Симптоми и јас и мали ги имавме истите. Затнат нос (не нормално затнат не знам како точно да објаснам баш ослабува мирисот и како синуси на горен дел на носот осеќаш), температура до 39 првите 2 дена, 3 ден само 37 не држеше. Многу потење 3тата вечер, тогаш престанува температурата веќе. Малку поткашлување и забрзано чукање на срцето. Малаксаност огромно и првите 2 дена многу ме болеше цела тело, едвај стоев на нозе сите коски ме вртеа. Јас немав болно грло, мали има и тоа.
     
    На DaisyDoo и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  20. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    160
    мајки, на бебиња 1+, кои зачини им ги давате кога приготвувате храна?