Cim imas koj da ti go cuva ne go pustaj vo gradinka dodeka ne napolni 2 godinki. Veruvaj nisto nema da ispusti sepak se mnogu mali i jas rabotam vo gradinka zatoa i ti kazuvam. Jas sum primorana da pocnam da go nosam moeto na godina, ic nema koj da mi go cuva koga bi imala bi razmislila dali i voopsto da go pustam...
Моево во раце заспива со татко му, со баба му, со мене со цицање, со дедо му в количка, сите си имаме посебен начин и со сите 4ца заспива, исто и со мајка ми, значи и в градинка ќе заспива, ќе си најдат и тие начин. За големиот се чудев ко ќе ми речеа заспал, а дома не спиеше после 2 год. Таму спиеше. Дури и слики ми праќаа за да видам дека спија. Мене ми е дека не оди, дека лази, нон стоп е во движење дома, не застанува ич, таму во креветче ако го стават нз како ќе биди, тоа ме загрижува, башка периодов само в раце бара. Нејќи да стои на едно место, а таму неможат мн да му се посветат, фали персонал, еве чекаме да најдат жени за работа и да го носиме. Да имам избор да имаше некој да го чува немаше да го носам бар до 2 год.. Од вчера почнато со пишење денес завршив. Денес сум прегорена, цело време плачи и бара да цица и в раце.... Никако неможам да го заспијам, в раце заспива го легнувам станува и се ака наназад и пишти значи се исто како првото поминувам по 2 пат, како не ме поштеди малку ова
За нијанса подобро од вчера барем на зимање. Плачеше првите 10мин. кога ја оставив (ја слушав од надвор), никогаш не плачела така, па потоа се смири. Ми кажаа дека на секое отварање врата прва била да бега. Кога ја земав не се тресеше толку како вчера, значи вчера ептен и дојде шок и се ново. Денес цел ден ми е некако повлечена и не сака кај никој друг, освен кај мене. Сигурно и е страв да не ја оставам. Ќе видиме утре.
Изгледа само јас не плачев за големава и со нетрпение чекам да ми се јават дека за брзо и малава ќе почне..колку само добро им влијае градинката, а и вие ќе сте поопуштени. Уживајте мајки, ќе уживаат и они. Јас бев дома за големата, уште сум на породилно со малава, за жал околностите беа такви да не можев да ги пратам на година дена во градинка. Големата почна на 3 и нешто, првата градинка адаптација од прв ден ужас, рече не ја сакам оваа тета, не ни сакаше шанса да и даде, тогаш дојде и бебе дома, дополнителен стрес и беа тие 2 месеци, станувањето за градинка беше трагично, облекувањето уште потрагично, излегување од дома со препотување, ајде внеси ја да те видам..па одкажав, најдовме друга градинка и кога се навикна со бебе после некој месец тргна, таму и се погоди, адаптација траеше 2 недели јас со неа внатре, пресеков еден ден поплака и после тргна без проблем, таму сакаше да оди за среќа, потопол пристап имаа и научија кога треба да ја остават на мира, кога да ја гушнат. А помалите гледам, сакало не сакало нема толкава драма да прави уште не станато од кревет, нема да застане на сред врата и да го влечиш ако мораш да го оставиш, ќе плаче таму да ама поедноставно е. И за заспивање, секое дете знае со кого како може, како што кажа членката, со мајка заспива вака, со тетка така. Многу е важно само пред нив да не покажувате толкава слабост, туку одлучност и сигурност доколку нема опција за назад ( кај тие што нема назад секогаш успева )
Душа мила, баш ми е жал ама издржете, ќе се навикне. Поприлагодливи се од што мислиме. Вака какво детенце е по природа инаку? Сака ли да оди кај други луѓе?
Бела, знам дека не ти е сеедно, колку искуства и да собираш секое дете е различно. Во сите месеци што оди ќерка, сме имале и да влегува со трчање, и да се смее од во двор уште кога не одеше сама. И да плаче минута, две. И да плаче цел ден. Јас еве со моево НЗС не можам да најдам. Инаку и јас како @Bubish26 , едвај чекав да се навикне на градинка, да не седи со баби дома пред Тв и по дворови.
Приврзана за мене многу, овие година и четири месеци ако некој ја чувал било на саат-два. Цело време досега бевме заедно, цицалче исто така и верувам се ова придонесува за ова. Инаку со деца нема гајле ама јас да сум на видик. Ама ќе се навикне и верувам ќе и биде убаво. Дете си сака деца и треба да биде со деца.
@DaisyDoo а зошто не до 2 години? Мислам што се случува после 2рата година за да е ок да го пуштиш? Да, тешко е на почеток ама секоја промена е тешка. Знам дека и ќе се разболува, и ќе има периоди кога нема да сака да оди, ама на крај на денот знам и дека не е мало бебе, му треба игра за да се развива, а јас немам услови да му го овозможам тоа. Социјална игра со деца, истражување, рутини, па еве ќе кажам и справување со емоции, се тоа ќе го научи таму. Ок е и да плаче, човечка емоција е, ќе научи како да се справува со нив. На крај краева имаш помош за ако се разболи, барем тоа не мораш да го мислиш. И еве ќе кажам, пошто кога се вратив на работа во март паднав во блага депресија пошто нема да сум 24/7 со него. Може за тој период такви чувства ми беа валидни, сеа па искрено уживам во ова враќање во некоја рутина од “претходниот” живот. Одам на работа, се социјализирам, и луѓе искрено за тие 8 часа не го мислам воопшто. Мозокот ми е во друг мод на работа, не знам како да опишам. Од мене топла препорака за градинка.
Дете ниту помалку ниту повеќе ќе се разболува ако е болежливо, така да нема врска тоа Бар до 2 години. Исто е. На децата место им е со деца, не со баби серии да гледаат.
Така е, ќе се навикне дур трепнеш. Моето не е нешто приврзано за мене, иако сме нон стоп заедно. Последниве денови почнува да покажува некоја поголема наклоност, пример љубоморен е ако татко му ме гушка, некни се расплака зошто офнав дур ме масираше и дојде да го тргне. Ама генерално до сега не беше мајкар, може без проблем било кој да го чува. Ќе видиме како ќе бидеме ние со адаптација. Есапот дома и на пазар не е ист, ама сѐ се надминува.
Здраво мајки, би сакала некоја да сподели искуство со одбивање на инхалации (се работи за 17 месечно бебе). Пробано со гледање на омилени песнички/цртани, пробано и преку игра и на спиење - во секој момент пишти плаче и не се смирува. Бидејќи мора да ги прими инхалациите, дали некоја мајка се соочила со истото? Ви благодарам
Мајка, мојава исто со класичен инхалатор не можеше, па ни препишаа ваков, фактички се става боцата на него и се прска, доволно е 2 пати да вдише и толку. Моето беше преполно во плуќа, дури изгуби скроз и глас, ова не спаси и опраи за 3 дена. Ние сме странство ама сигурно има и Мк, прашај, ако има нека ти препишат соодветни боци.
Леле стварно . Баш се радувам за малото, нека му е наздравје. И јас се радувам што ќе тргне ќерка ми во градинка. Еве дома сум со неапостојано, не пуштам тв, ја играм, ја шетам и само на неа сум и посветена и пак и здосадува. А искрено и мене ми фали веќе да бидам нешто друго, не само мама.
Некни забележав дека позади ушите тие лимфни жлезди му се малце зголемени, денес напипувам пак исто, дури и како повеќе да се зголемени…не знам може ми се причинува. Вака ми е ок детето нема некој проблем освен што 3ките горе никако да пробијат, дали е можно да се зголемат јазлите од заби или да очекувам дека ќе се разболи? Или крај краева да дигам аларм за жлездиве? Ум немам од отечени јазли, знам дека е нормална реакција и кај мене се ептен реактивни од мала, ама еднаш беа толку реактивни што отекоа ненормално многу и цел месец во болница бев така да некоја траума иам. На друго место нема зголемени само овие.