Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Да, имаше алергиска реакција проследена со повраќање и пролив.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Хаха фала, како нов свет да откривме, колку повеќе избор имало за јадење вака, ехеее. :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    166
    Моето имаше само црвенило околу уста од допир на храната. Брзо после годинката дадов пак немаше ништо и продолжив да дадам.
    Педијатар тогаш направи алерго тест излезе негативен, ама рече мало е бебето, не е многу веродостоен тестот, само почекај не давај до година.
    Се надевам дека е океј што давам.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    47.292
    Пол:
    Женски
    @1209 пратете ги јазлите, јас мислам можно е од запчињата.

    Син ми, 14м, почнува да искажува емоции на најјако, и ако нешто не е по негово, вика/се жали, се стега целиот и дури се притресува, од што е лут, од инает, не знам како да објаснам.
    Дали е ова нормално?
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    47.216
    Пол:
    Женски
    Сосема нормално, плус и во скок е сигурно, со тек на време ќе почне да се стабилизира и ќе почне да учи на контрола, кога ќе де налути речи му знам дека е нервозно ако не е по твое, или знам како се осеќаш мама ама тоа не се прави така, или тоа не го фрламе, ама може ова(трескам од ракав ама ми ја сфаќаш поентата) и ќе префрлиш на нешто друго внимание.

    Имаку јазлите се биле од што се разболи вчера, они реагирале некој ден пред тоа, исто како кај мене, баш тие позади ушите и мене секогаш ми се најреактивни.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Мојот со позитивен алерго тест нема реакција еве после толку долго.
    Доктор кажа дека се рачуна за алергија само доколку е проследена со симптоми, голем дел од популацијата е така да кажам, несимптоматски алергичен.
    Ако нема реакција давај.
     
    На lalinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.203
    Допаѓања:
    1.765
    Пол:
    Женски
    И ние сме со отечени јазли и ларингит.
    Прво нос, па температура и вчера засипнат глас и кашлање како куче. И ставија урбазон да се намали отокот и инхалации.
    Некој вирус по крвна слика.
    3 дена во градинка и почнаа вирусите.
     
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.203
    Допаѓања:
    1.765
    Пол:
    Женски
    Барам утеха!
    3 дена градинка со вриштење, липтање и тресење.
    Кога е со мене не се одвојува и се мисли дека пак ќе ја оставам, а мене срце ми се кине поради тоа.
    Вчера бевме на лекар, само што виде непознат лик почна да вришти. Ми е страв да не се истрауматизира детево и стварно се чувствувам деновиве како лоша мајка што на сила нешто прави. ;(;(;( Згора на се и се разболе. Ужас! Многу жално.
    Кажете ми дали е нормално и дали ќе помине?
    Веќе сум на мисла да не ја мачам и носам, а знам дека сите минувате низистото на почеток.
     
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.203
    Допаѓања:
    1.765
    Пол:
    Женски
    Како сте? Читам дека со температура и вие.
    Среќа ако е истиот вирус кратко трае.
    Ние поминавме со едно чепче и оцет на нозе и вчера на доктор со урбазони и инхалации.
    Денес е подобра фала богу, како е кај вас?
    Со лесно!
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.403
    Допаѓања:
    25.048
    Пол:
    Женски
    Ако е настинато нешто, тогаш му отекуваат жлездите..

    Да ви кажам дека има многу разлика (бар кај нас) прво и второ дете. Со првото работев, му правев нон стоп активности од бебе, го анимирав, го учев, што се не, секакви дрвени играчки, книги купував... Се дружеше со деца нон стоп од другарки, в градинка од 2 год тргна и таму до крај не ја засака градинката, нејќеше да работи таму, нејќеше да игра во поголеми групи, плачеше на оставање нон стоп... Едноставно такво си е детето, таков карактер од мало. Ама еве прваче е и првата недела помина супер многу поубо од што очекував. Додека па дете што не одеше в градинка седи со мајка му на школо, плачи цело време.
    Додека пак второво се само учи, учи од брат му што го гледа, јас се чудам секој ден има новини, зборчиња подпушта, играат заедно, се караат, се бори за играчка со него, му ја зема од раце на брат му, почна да се лути, писка, глуми дека кашла, глуми смеење :D
    Ми беше зборот за градинка, учат таму да ама и дома еве учи и тоа мн побрзо од брат му... Се го гледа и повторува.. Ама мора да оди в градинка оти нема кој да го чува и вторник ќе одиме пак да видиме до кај се, ако не се жалам до министерство, до градоначалник. Последна опција ми е отказ.
    Постов од вчера е пишан :rofl:
     
    На Giiirl23, Bella_Stella и 1209 им се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.044
    Пол:
    Женски
    Една од повеќето причини поради која што сакам да оди во градинка е тоа што е сам, нема брат/сестра. Со брзиов живот и немаме баш услови да се дружиме секојдневно со другари со деца и премногу му недостасуваат деца во секојдневието. Кога ќе ни дојде некој или кога шетаме низ парк он е прероден. Толку е среќен, па се труди да покаже сѐ што знае и да ги импресионира сите. Општо мнооогу сака луѓе и деца, ептен е екстроверт. Јас се трудам да му правам активности, ама искрено од премногу обврски немам ни идеи, ни време. За стимулација на говорот конкретно многу е важно цело време да слуша муабет. Јас му зборувам, му читам, ама не можам по цел ден тоа да правам. Му треба и самостојна игра, и игра со нас, ама и игра со дечиња. Затоа колку и да ми е тешко за периодот што следи, сметам дека местото на дечињата е во градинка. Разболувањата се составен дел од растењето, дали дома или во градинка мора да се разболуваат и да јачаат организам. Само да поминува полесно и без компликации. Иначе дечињата што растат со братче/сестричка секогаш се ‘понапредни’ и побрзо совладуваат одредени работи.
     
    На H.VAGA, Giiirl23, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Заврши првиот одмор на синко. Беше толку воодушевен што тоа не се опишува. Идење на плажа, едвај го соблекував, сака одма во вода. И тоа оди сам шиба човекот мој :rofl:. Во песокот си играше. Баш баш беше весел. Полно срцето на мама. Сега враќање дома и прилагодување неколку дена и да прими вакцина конечно.
     
    На Secret-Angel7, Giiirl23, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    26.727
    Пол:
    Женски
    Без разлика на годините, исто поминуваат.. веќе пишав дека на 3 и нешо почна прво, цел месец адаптација ја 9ти месец тогаш бев не се одкажував сакв да се научи. Она, кога ќе ме стиснеше за нога, не дваше да мрднам, тоа маваше со главата од под, тоа начека отворена врата и избега, среќа надворешната врата има квака скроз горе, тоа пискотници уште не станата, само не наидовме на разбирање од страна на втората учителка и кога се породив доби уште еден стрес и ја одпишав.. кога почна во деугата, не соработуваше таму, не се делеше од мене пошо тука адаптација е внатре со родител заедно, чудни потези праеше со децата, за на крај да плаче кога ќе дојдев да ја земам од градинка. Обожаваше, викенд само прашуваше кога ќе дојде понеделник.. со солзи ја отпишавме од градинка ради преселба и чекаме место тука, веќе знае шо ја чека и сака да оди ама пак ќе биде лепенка на почеток знам.
    По тоа што ми кажувале и според мое искуство,втората недела е најтешка за адаптација, тогаш ги фаќа криза, амкциозност што е многу нормално, после тоа следи стекнување доверба во учителките. Они никој таму не познаваат, нити место, нити луѓе, тоа е за нив стрес без разлика дали се 1 или 3 години, таа фаза мора да се помине. Ќе биде добро. Не си воопшто лоша мајка.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Тешка е втората пошто веќе се навикнати на рутината и знаат што следува. Уште кога го облекувам насабајле почнува да се буни.
    Го оставам и плаче, не е дека е весел. Ама ми праќаат редовно слики, го гледам на сите слики насмеан, ужива, и не се секирам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    47.216
    Пол:
    Женски
    Каде да најдам гумени чизми и мантил за дожд за до 2г? Веќе гледам ќе почне сезона на дожд а мое дете дома нема да задржам си го знам, па да се спремам.
     
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    9.743
    Зара има преубави.
    Има и во Метро Обуча, и КК shoes, ова све онлајн достава има.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.540
    Пол:
    Женски
    Мантил за дожд види во Просветно дело, таму му купив на големиот и имаше и за помали деца.
    Јас и тој сме шетари по дожд, опремени целосно за шлапање по вирови. И да врне и да вее, ние сме надвор со чадори, кабаници, чизми. Погодени сме, и јас многу сакам да шетам и шлапам со него како дете некое :fubar:
    Спремај се :wasntme:
     
    На Ceneva и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.297
    Допаѓања:
    47.216
    Пол:
    Женски
    Треба и за мене да најдам, неам јакна таква баш за дожд, мислам имам јакна ама не е за со дете:D
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.203
    Допаѓања:
    1.765
    Пол:
    Женски
    До кога давате млеко?
    Година и 4 месеци е, се мислам дали веќе да не и давам, докторкава вика дека и е доста, не била мало бебе.
    Пие пред спиење само и многу ретко навечер ако неможе да презаспие.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.159
    Пол:
    Женски
    Додека цицаше цицаше, друго млеко не доби никогаш.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.