1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    2 години ќе прави и уште пие едно шише пред спиење и за едно се буди навечер. И мене педијатар уште пред пола година рече да го одвикнам ама јас никако да успеам. Не сака ни вода ни чај, плаче додека не му дадам млеко и не презаспива цврсто. Синоќе од 11 до 2 не давав и на 10 мин стануваше, дадов во 2 и си заспа до сабајле. Пробав и со намалување ама тогаш место да стане еднаш за млеко станува 2-3 пати, и пак иста количина испива, значи џабе скратувам. Стварно не знам како да го одвикнам
     
  2. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    Навика му е за спиење. Не знам, па не го форсирај, кога ќе сака, тогаш. Јас не гледам ништо страшно ако сака да пие. Подобро млеко него сокови и шеќери како навика.

    Кај нас не е навика, можам да ја одвикнам, не е толку зависна, па затоа прашав.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    44.703
    Пол:
    Женски
    @Sun&Moon @Anturium адаптирано давате?
    Син ми е 14м и си пие шишенце пред спиење. Babylove пие, 3ка, тоа е за до годинка. Купив и од тоа за над година што е, но се прави со 90мл вода, сигурна сум дека ќе му е малку. Во ред ли е да продолжам со 3ката?
     
  4. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    Аптамил, 3ка давам јас
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Мајки, дали некоја има искуство со outward facing foot при проодување?
    Го приметивме баш со мм, десното стапало му е свртено нанадвор кога оди. Дали ова е нормално при фазата на проодување или да барам доктор?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Јас испаничена отидов кај докторката за навнатре стапало, паника, за да ми рече до 3г им се исправаат стапалата, остај го само босо. Го победив мојот оцд и го оставив бос секаде, дури и надвор, еве го ко подисправено е. И да се качува на скали босо исто.
     
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    1.171
    Пол:
    Женски
    И на мојата и беше малку навнатре кога почна да оди, ортопед рече до 3 години дека не се стабилни и може да има такви мали искривувања и е нормално.
    Сега кога убаво и стабилно оди, веќе не се приметува.
     
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Ама нанадвор е стапалото, не е навнатре.
    Да го оставам бос не е опција, започна во градинка и по цел ден се надвор, а тука е веќе есенско време и прилично ладничко, не можам да го облечам по лесни патичиња. По гумени чизми е цел ден.
    Многу е тромав, скали не знае да качува, само по мебел се качува.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Битно е да се качува. Можеш да му нарачаш и Пиклеров триаголник. По дома оставај го бос или по чорапи, максимум што можеш. За надвор земи од Берфуд обувките.
     
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Имам триаголник дома, не сака да се качува, ги пика нозете измеѓу решетките наместо да се качува.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    100.841
    Пол:
    Женски
    Е какви мајмуни се... Мојов па само дај му да се качува. Готово го совлада и качувањето на спална а таа пуста е 90цм висока.
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Исто, се научи да се качува на прилично висок мебел, ама вака по скали да се качи/слезе не.
    Им реков и во градинка да го пазат околу скалите, ептен е тромав ќе падне ќе направи беља.
     
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Тешко се враќаме во колосек. На море беше со две дремки. Сега една или пак две. Дефинитивно овој транзит од две на една дремка е тежок. Се ни е пореметено.
    Туку кажете како одвикнувате од цуцла. Ја бара само за спиење ама и тоа веќе ме нервира. Ја плука и кога ќе осети дека не му е в уста квичи во полусон и ја бара.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  14. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Дали имаш пробано да му ја закачиш. Моето си е научено само си ја наоѓа и си ја става преку ноќ
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.409
    Пол:
    Женски
    Пробав милум - сечев цуцли да и се згади. Зборев дека е голема веќе бла бла, ништо не упали
    И ја земав, 2 дена плачеше, жива се дереше, 3тиот не ја ни побара
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    17.123
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, јас дојдов да се фалам, бебо точно на 13 месеци прооде, срцево мислев ке ми излезе кога стана, дојде и ми подаде рачиња да го кренам :party: Имам и едно прашање што ќе правааам кога ке тргне на школо, кога толку се прерадувам за одење? :lol:
     
    На lackygirl, Secret-Angel7, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    6.077
    Пол:
    Женски
    Козјо давам јас веќе од пред 2-3 месеца. Некогаш знам и кравјо да дадам ако снема козјо во најблиската продавница
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.604
    Допаѓања:
    35.488
    Пол:
    Женски
    Баш пред неколку дена тука прашував за давање млеко, се секирав што не сака.
    Сама одби да пие, не сакаше за жива глава, имаше околу 15 месеци кога престана. Прво навечер не сакаше, а после некое време прекина и наутро.
    Друго млеко не давам, но ги јаде сите млечни производи.

    Педијатри за првото дете ме советуваа да пиел до 2 години, а ако сакал, може и до 3. Тој наутро по 180 ml пиеше до 3 години, Аптамил 3 му земав.
     
  19. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Најчесто си ја наоѓа, ама ако лежи врз неа тешко .... Сакам да му ја тргнам а не да му ја закачам :D

    Имаше софи цуцла и некна од мк назад за србија по пат почна да ја гризе и тегне и ја скина. Сега имам мака што е друга цуцла, па не ја наоѓа така лесно во кревет како таа. А да видите смеење и очи светнување кога ќе ја здогледа цуцлата. Преку ден ја кријам и не ја ни бара. Ама за заспивање ако не му ја дадам градите ми ги користи како цуцла и не ме пушта. На мака голема сум :rofl:
    Ќе треба и цице да не давам за да се одвикне од цуцлата (facepalm)
     
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.332
    Допаѓања:
    22.995
    Пол:
    Женски
    Големата беше така, највеќе се приметуваше при несоодветни патики за нејзиното стапало, некои едноставно не и одговараат и не знаеше со нив како да оди, тогаш се приметуваше дека го фрла нанадвор стапало. Сега е се во ред
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.