1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    119
    Мајки што кондурчиња за проодување препораувате и сте задоволни?
     
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.331
    Допаѓања:
    22.994
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 да се надоврзам. Гумени чизми за тазе проодено, а притоа не стабилно уште не е најдобра опција, видете некој на горатекс патика/чизма за пороодување. Тешко е со гумени да се оди, кај зглобовите се ептен широки
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Јас му земав цицибан имаат модели за проодување. Лесни се, се виткаат кај што треба. Јас сум задоволна
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.082
    Исто, а мене ми е второ со првото немав вакво нешто,сега можи задоцнив.....
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    41.025
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас стварно на моменти се осеќам како лоша мајка оти моево дете како поминува времето хранењето е се похаосно. Кога почна да јаде си седеше во столче, со лигавче и си јадеше се, тоа траеше до година некаде, еве сега е 17м и хранењето е бркање низ дома.
    Знае сам да јаде, убаво знае да користи и прибор и знае да пие од чаша и да си зема храна, супер му оди тоа, ама не сака. Ако седи во столче ќе биде тоа 3м, и толку, ако не продолжам да одам по него да му давам да јаде нема ни да јаде повеќе.
    Исто и многу пребира храна, јаде се на се 5-6 работи, овошје никогаш не одбива и пецива, со друго не се знае.
    Доручек не сака, цица на станување, потоа може ќе касне овесна каша или ако имам нешто мафини/леб, друго не.
    Ужина најчесто не сака, може нешто овошје ќе касне ама ништо повеќе.
    Ручек знае да јаде малце повеќе, ама многу доцна ми го јаде околу 4, дека спие од 12:30-1, па докај 3. И пред 12 сум нудела не сака толку рано, покасно го јаде ама малце.
    Вечера му нудам околу 7, на прсти се брои кога ќе ја изеде.

    Крвната слика, развојот и силата му се супер. Матичната рече дека и повеќе од што е нормално за негова возраст е развиен умствено, килажата тука некаде како сите деца, физички цело време е активен, има сила, не знам од каде.

    Ама јас не гледам никаков ред со јадењето, ниту на избор ниту на начин на хранење и на моменти се запрашувам дали му формирам лоша врска со храната. Притоа ништо не му бранам има пробано од се, некогаш и сладолед давам или торта малце и грцки, не е тоа често ама давам.
    Уште цица инаку, не само за спиење и денски знае да бара, може тука ми е грешката не знам.

    Дали ќе стекне навика за хранење правилно, или се вака ќе биде, се осеќам ужасно посебно кога гледам на нет како некои деца на негова возраст седат и јадат се од чинијата без молби и гонење низ дома.
    Се осеќам како јас да грешам што не сум упорна со константно седење и форсирање во стол во одредено време. И јас не јадам во одредено време искрнео ама се трудам со него да јадам секогаш, џабе е, он ќе излезе од столот и сака на маса да седи, пробав и со столчето на масата и нема разлика.

    Не знам што да правам веќе…
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    100.822
    Пол:
    Женски
    Иста мака и јас ја имав, знаеш што ми рече докторката? Ако е здрав, освен нели вируси и бактерии во градинки, ако хгб и железо е ок, ако е весел, игрив, спие, кака, се смее, плаче, се во граници на нормала, ако почне да кажува зборови со значење па дури и реченици мали за комуникација, не му се сеќирај. И моево јаде на одење, и што да правам, сигурно до војска нема да одам со тањирот по него, уште година две макс ќе почне сам и нормално да јаде. Не му се сеќирај зошто стварно се завршува, еден ден ќе седне нормално со прибор и ќе јаде. Од искуство ти кажувам со 2 деца ете веќе. Инаку тебе не ти јаде дека цица, верувај, и мојот не јадеше додека цицаше, престана да цица на годинаипол и се разјаде магично. Не ти велам одбиј го, не ме разбирај погрешно, само сакам да ти кажам дека веројатно внесува повеќе макронутриенти од многу повеќе деца кои јадат се. Гледај да е здрав само. Моево сега сам со мм, богзнае што јаде, ама што да правам, ај ако не отказ да дадам, тоа е, мора така, не можам дома да седам цел месец. Се исуши стана маче, ама ќе се опраи, тоа е.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    41.025
    Пол:
    Женски
    За зборови и комуникација што да кажам повеќе се научи да брои до 6:D, реченици цели не фала богу ама спојува неколку збора, пр. мама аде бан бан, или мама аде пако, секој збор што ќе го кажам го повторува и знае значење на повеќето работи, знае да ги именува сите делови од телото и да ти покажува, сите животни, имиња знае на неколку луѓе, мама,тато, баба , дедо, тета, дада, вујче, вујна сите ги знае и знае кој е кој. Знае каде сака да оди, знае да каже што сака и да покаже, спие добро мислам сака да биде буден ама спие доволно, кака супер 1-2 пати на ден, весел е и среќен вака, кс со железото не беше сјајна ама не беше ни лоша, ете пие железо и утре ќе видам дали е подобра веќе 3м пие.

    Знам дека нема цело време да трчаме по нив ама знаеш кога гледаш колку други деца јадат не можеш да не споредуваш кога твоето јаде како глувче.
    Инаку и јас мислам дека цицањето го сецка, не сакам уште да го одбијам ама ако нешто се смени вака на физички и психички да удри нејадењето ќе морам.
    Фала ти на утехата, убаво е да се чуе од искуство.:)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    17.110
    Пол:
    Женски

    Да кажам јас сега нешто неповикана. На одмор со на мм сестра му внуката е 18 месеци, иста е ти како што го опишуваш твоето дете до таа мера што она не јаде ни овошје ни зеленчук, јајце, тост, пахувно пилешко леб со кисело млеко толку. А гумени бонбони, чипсови, смоки, лижавчиња во изобилие цел ден ке ги мотка низ раце, има 9кила.
    Сакав да кажам, јас на мм му викав да не ми е дебели детево и да не му направам проблем за понатака, до сега не сум размислувала за тоа ама после одморов многу мислам. Знам дека треба да сум среќна што јаде, не пребира, здрав прав што се вика. 13 месеци има и 12ипол кила. Правило се развива, ред јадење спиење имаме поголемиот дел од времето. Ама еве мајка што размислува обратно, ама ете во споредба со неа он е поголем покрупен, а она ситничка а постара од него пола година, не е ништо ама сега во овие години кога се развиваат брзо ептен се приметува разлика.
    И така мајки со бубачки во глава
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.920
    Допаѓања:
    100.822
    Пол:
    Женски
    Твоето е ок, внуката е слабичка. И моето е слабичко, знам. На 12м 13 кила не е многу, таман си е. Непотребно си ствараш нервози.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    41.025
    Пол:
    Женски
    Супер е твоето, и треба да е толку, нашите се ситни(10ипол е моето) ама во градбата е како мене, јас иста сум била до пубертет, ситна, кешки сега да сум ситна, а не волкава :D
    Моето ни јајце ни тост не сака, не му давам јас вакви стрволини, може смоки и бискоти некогаш, ама избегнувам друго, освен нели во пригода кога други деца јадат.
    Кисело млеко и јогурт и млеко да му давам цело време ќе јаде, месо, јајце и зеленчук(освен компир и тиква и патлиџан) друго не сака, а месо најмалку сака, испробано во секаква форма не го јаде никако, риба исто не сака, биквално на млечни производи живее.
    И јас сакам млечно и преферирам ама он ептен е заникаде.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Почнав да давам Молерс, па не ми е јасно дали треба да прекинам нешто од она што давав пред тоа (Вигантол и Омега)?
    Или Молерсот оди плус на се ова?
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.250
    Допаѓања:
    41.025
    Пол:
    Женски
    Омегата прекини, молерсот има доволно омега, друго не знам што е да ти кажам.
    Јас давам железо и вит ц сабајле и молерс навечер, некогаш заборавам ама почесто давам. ВитД прекинав летово, ќе давам пак сега кога ќе залади само чекам на ортопед да го носам па да каже колку.
     
  13. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    3.689
    Тоа би било опција доколку не се цело време во вирчиња. :D Има гумени чизми од највисоките, иначе ќе е утоп цело време.
    Не знам, ќе закажам преглед, да видам што ќе кажат.
     
  14. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Давајте совет како да си ги смирам емоциите, на работ сум да пукнам и да напраам нешто за што ке жалам. Не можам да го поднесам плачењето на синко за секакви глупости и без причина. Во ушите ми ечи веќе неговиот плач.
    Се качива на високо, спушти го плачи... Оди кај шпорет, тргни го плачи... Да му сменам пелена се дере ко да го колам а не пелена што му менувам.... Не можам по мочање да одам, а да не плаче и дере. Пукнав ама буквално пукнав. Така ми се иди да го удрам по газ некогаш па да има за што да плаче, така како што плачи. Нормално не го праам тоа. Ама ми е страв да не ми прилие чашата, зошто трпението ми е при крај. Се осеќам како да сум роб а не родител. И чувството ми е прегрозно искрено. Едвај чекам да почнам да работам да оладам ... Го пишам ова и ме згрозува и тоа што сакам да го оставам детето без мене, макар и на тие 8 саати. Врти кружи секако грозно се чувствувам. Да барам стручна помош изгледа најпаметно ќе ми биде.
     
    На atz1995 и lalinda им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.409
    Пол:
    Женски
    @1209 Колку помалку се замараш, толку повеќе ќе јаде. Тоа е моето искуство. Ние јадеме, местам и за нејзе. Она се лигави "Сакам друго, не сакам ова". Кревам се од маса, и си носам у кујна. Се знае кога се јаде што се јаде. Ручекот некогаш за вечера го јаде, ама го јаде. А секогаш ко ќе го изеде ручекот што сум го направила, добива нешто што сака.
    Пример од денес. Ручек гравче, знам дека го јаде и го сака, она сакаше банана да јаде. Важи, сигурно. Ние седнавме да јадеме, виде не виде, седна "Дај гравче, ама и лепче, и маслинки". Ајде, и така можело.

    Скакулец е, нема ни 12кг. Скоро 3 години е ама пука од здравје. Хгб и е подобар од мојот. Така што, ич не ми чуе дали сакала или не сакала да јаде. Да правам по 150 јадења или макарони секој ден немам намера.
    Е сега има јадења што стварно не сака да ги јаде, тие не ги ни правам. Не водам инает, се гледа дека не и е по вкус.
     
    На lackygirl, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  16. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    887
    Пол:
    Женски
    Од мене совет да почнеш на работа а дете во градинка. Колку месеци направи?
    Се имам и јас вака жалено тука, тешко е кога сакаш да си позитивна ама сѐ е со борби и плачки. Прифати го каков што е, плачењето ќе помине како што растат. А карактерот дали ќе си остане љутко останува да видиме. Да се живи и здрави. Да те утешам сега повеќе дека зборува мојот е малку подобро, не е само плачење. Прееска ми вика: какаше и уште не сум ни рекла ајде да смениме пелената тој: нејќе нејќе :) кога ќе излеземе количка веќе тешко, не ја сака. Преку улица морам да го грабнам под мишка да го носам додека плаче вришти, не дава за рака.
    Ако е годинка ипол така мислам дека убаво ќе му дојде малку промена во градинка со деца. Плус моето таму е прекрасно дете, слуша и соработува, може и кај вас ќе е така.
     
    На Carolin. и Ceneva им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.409
    Пол:
    Женски
    Оооо здраво, па ти си ми другарка по вриштала од деца.
    Ќе се навикнеш срц, само мораш да најдеш некоја занимација. Остави го некој да го чува, иди шетај на крај краеви. Да оладиш и олабавиш. Дефинитивно ти треба време за себе.

    Мојава вришти 24/7. И у спиење вришти.Сега дека одвикната од пелени и у 3 сабајле ко ќе стане за мочање се дере МОЧААААА и плаче се додека не се измоча и не легне пак.
    Карактер или фаза е твојов, не знам. Мојава е тежок карактер. Никогаш ништо не и е погодено, и има некои невозможни желби. Преска вриштеше да се качела на некое дрво у парк. Ама јас сум отрпната веќе реално. Ме вади од такт, не викам не ама се помалце.

    Порано плачев кога вриштеше, сега само објаснувам по катаљон пати зашо не така, и како треба.
     
    На јolene, Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  18. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    387
    20 месеци е и 9кила е. Сите ми трубеа одбиј го да не цица повеќе и ќе се разјаде, апсолутно погрешно, го одбив исто си јаде. Ако на поглед не му се допадне храната апсолутно нема ни да ја проба. Манџа леќа грашак месо такви работи никако не сака, барем дома, во градинка викаат јаде ама сега што и како не можам да знам. Јаде суви работи палачинки лепче мафини ама и тоа е ко врапче по малку. На пет доктори го однесив сите викаат такво си е детето ситно и нејадач, наше е да пробуваме и да даваме храна и да не му нудиме замена кога не сака некоја храна ама не пали ни тоа, ако неќе нема да јаде ако сакаш на глава намести се.

    Не правиш ништо погрешно, ти ја сфаќам фрустрацијата со столчето ако не сака да јаде три пати каснува и толку е одма станува. Немам некој совет да ти дадам ама ете да знаеш не си сама, косата ми обеле од тоа нејадење и расправање со мм колку е он ситен а другите деца на негова возраст јадат и покрупни се. Ама веќе нема што не пробав џабе е.
     
    На Giiirl23, Carolin., 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.733
    Пол:
    Женски
    Градинка! Тоа му е мајката, господ здравје да му даде на тој што ја измислил. Медитирав цели 8 часа во темница и тишина. Ако не одеше во градинка бев на раб на лудило да се фрлам од тераса. Ама најсериозно имав такви мисли. Кој што не поминал не знае, и секоја чест еве капа доле на тој што може да издржи такво плачење. Фала му на бога се подсмири дете, еве пишете ме за немајка, тргнав и по бајачки да го носам. До толку не се издржуваше. Во градинка златен, само пофални зборови имаат учителките, само што ќе го земев вриштеше ако не ја погодев вратата од кај што сака да влези во кола. И да, на најјако пуштен вриштеше точно 2.5 часа, пола час пауза и јово на ново. Искрено преживеавме пекол сите дома, се будеше и ноќе, во сон плачеше исто толку, без прекин цели ДВА И ПОЛ часа. Прв пат во мојот живот доживеав паничен напад, почнав целата да се тресам, градите ме болеа толку силно и плачев што детево се исплаши и почна да засилува со плачење. Среќа мм беше тука да се бори со него. Хоророт траеше 2-3 месеца, и сега плачи но фала му на бога знае да се залажи.
    Никаде не сакав да одам, имав страв да не ми направи во јавност така, и само еднаш се случи. Во кафич со игротека сакаше количето да го вози на улица, кога нормално пробав да го залажам почна хистерично да ми се отфрла од раце, почна да вришти колку што го држи глас, ме тепаше со сета сила и наочарите ми ги фрли на земја. Во тој момент посакав да ме снема, полно беше, сите почнаа да зјапаат со осудување, дури една баба се крстеше. Се воздржав да не заплачам и се јавив кај мм да го земе.
    Во истиот период имал и воспалени уши, најверојатно нервозата од тоа била…
    Фала му на бога помина, дали беше фаза или искушение, преживеавме… Во план бев да посетам психијатар и за него и за мене, добив и препораки да му прават еег, но помина.
    Во тој период и јас и тој пиевме б6. Секако не помогна ништо:rofl:
     
    На Secret-Angel7, јolene, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  20. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    2.915
    Ти на мака си била ама ме пресмеа со бабето. Го замислив детето се дрецка, мајка разбушавена се бори со него и баба што се крсти
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.